Свети Писма
Јаков 1


Книгата на Јаков
Братот на Нефи

Зборовите од неговото проповедање на неговите браќа. Тој го збуни човекот кој бараше да го сруши Христовото учење. Неколку зборови во врска со историјата на Нефитскиот народ.

Глава 1

Јаков и Јосиф бараат да ги убедат луѓето да веруваат во Христос и да ги одржуваат Неговите заповеди—Нефи умира—Пакоста преовладува помеѓу Нефитите. Околу 544–421 п.н.е.

1 Зашто ете, се случи да беа поминале педесет и пет години од времето кога Лехи го напушти Ерусалим; затоа, Нефи ми даде на мене, Јаков, заповед во врска со малите плочи, врз кои овие нешта се врежани.

2 И ми даде на мене, Јаков, заповед да напишам врз плочиве неколку од нештата кои сметам дека се најдрагоцени; дека не смеам да навлегувам, освен полека, во врска со историјата на овој народ кои се нарекува Нефитски народ.

3 Зашто кажа дека историјата на неговиот народ треба да биде врежана на другите негови плочи, и дека треба да ги зачувам овие плочи и да ги предадам на моето потомство, од поколение до поколение.

4 И ако имаше проповедање кое беше свето, или откровение кое беше големо, или пророкување, дека треба да ги врежам најглавните нешта на плочиве, и да опфатам колку што е можно повеќе, за доброто на Христос, и за доброто на нашиот народ.

5 Зашто поради вера и голема грижа, навистина ни беше прикажано во врска со нашиот народ, за нешта кои ќе му се случат.

6 И ние исто имавме многу откровенија, и духот на многу пророштво; затоа, знаевме од Христос и Неговото царство, Кое ќе дојде.

7 Затоа работевме трудољубиво помеѓу нашиот народ, да ги убедиме да дојдат при Христос, и да земат од добрината на Бог, за да влезат во Неговата почивка, за да не се случи на некои начини Тој да ги проколне со Неговиот бес да не влезат, како при бунтот во деновите на искушение додека децата на Израел беа во дивината.

8 Затоа, ние би сакале од Бог да можеме да ги убедиме сите луѓе да не се побунат против Бог, да не го провоцираат Него на бес, туку сите луѓе да веруваат во Христос, и да ја гледаат Неговата смрт, и да го претрпат Неговиот крст и да го носат срамот на светот; затоа, јас, Јаков, превземам врз мене да ја исполнам заповедта на мојот брат Нефи.

9 Сега Нефи започна да старее, и виде дека наскоро мора да умре; затоа, помаза човек да биде цар и владетел врз неговиот народ сега, според владеењето на царевите.

10 Народот премногу го љубеше Нефи, тој беше нивен голем заштитник, управувајќи со мечот на Лабан во нивна одбрана, и работејќи сите негови денови за нивна благосостојба.

11 Затоа, народот посакуваше да го задржи во сеќавање неговото име. И сите што владееа на негово место беа наречени од народот втор Нефи, трет Нефи, и така натаму, според владеењето на царевите; и така беа наречени од народот, нека имаат какво и да имаат име.

12 И се случи Нефи да умре.

13 Сега луѓето кои не беа Ламанити беа Нефити; сепак, беа наречени Нефити, Јаковити, Јосефити, Зорамити, Ламанити, Лемуилити, и Исмаилити.

14 Но јас, Јаков, повеќе нема да ги разликувам според овие имиња, туку ќе ги наречам Ламанити кои настојуваат да го уништат народот на Нефи, и оние кои се пријатели на Нефи ќе ги наречам Нефити, односно Нефитски народ, според владеењето на царевите.

15 И сега се случи Нефитскиот народ, под владеењето на вториот цар, започна да се стврднува во срцето, и да се препушта на некакви пакосни практикувања, како што Давид во минатото посакуваше многу жени и конкубини, а исто и Соломон, неговиот син.

16 Да, и исто така започнаа да бараат многу злато и сребро, и започнаа да бидат кренати со некаква гордост.

17 Затоа, јас, Јаков, им ги дадов овие зборови додека ги поучив во храмот, прво добивајќи ја мојата задача од Господ.

18 Зашто јас, Јаков, и мојот брат Јосиф бевме посветени за свештеници и учители на овој народ, од раката на Нефи.

19 И ја зголемивме нашата служба кај Господ, превземајќи ја врз нас одговорноста, одговарајќи за гревовите на луѓето врз нашите глави ако не ги учевме на Божјето слово со сета трудољубивост; затоа, работејќи со нашата моќ нивната крв да не може да дојде на нашите облеки; во спротивно нивната крв ќе биде на нашите облеки, и нема да бидеме безгрешни на последниот ден.