Свети Писма
Јаков 6


Глава 6

Господ ќе го поврати Израел во последните денови—Светот ќе биде изгорен со оган—Луѓето мораат да Го следат Христос за да го избегнат езерото од оган и сулфур. Околу 544–421 п.н.е.

1 И сега, ете, браќа мои, како што ви реков дека ќе пророкувам, ете, ова е моето пророштво—дека нештата кои овој пророк Зенос ги кажа, во врска со Израеловиот дом, кои ги спореди со питомо маслиново дрво, сигурно ќе се случат.

2 И денот кога Тој повторно ќе ја испружи Неговата рака по втор пат да го собере Неговиот народ, е денот, да, и тоа последниот пат, дека Господовите слуги ќе се истакнат со Неговата моќ, да го негуваат и режат Неговото лозје; и после тоа крајот брзо ќе дојде.

3 И како се благословени оние кои трудољубиво работеле во Неговото лозје; и колку се проклети оние кои ќе бидат отфрлени во нивното сопствено место! А светот ќе биде изгорен со оган.

4 И колку е милостив нашиот Бог со нас, бидејќи Тој се сети на Израеловиот дом, и на корените и на гранките; и Тој ги испружува неговите раце на нив цел ден; и тој е вкочанет и контрадикторен народ; но сите што нема да ги закорават срцата ќе бидат спасени во Божјото царство.

5 Затоа, мои љубени браќа, ве преколнувам со зборови на трезвеност да се покаете, и да дојдете со целосна намера на срцето, и да се држите до Бог како што и Тој се држи до вас. И додека Неговата рака на милоста е испружена кон вас во светлината на денот, не ги закоравувајте вашите срца.

6 Да, денес, ако го чуете Неговиот глас, не закоравувајте ги вашите срца; бидејќи зошто да умрете?

7 Зашто ете, откако ќе бидете негувани од доброто Божјо слово цел ден, дали ќе донесете злобен плод, за да морате да бидете пресечени и фрлени во огнот?

8 Ете, дали ќе ги одбиете овие зборови? Дали ќе ги одбиете зборовите на пророците; и дали ќе ги одбиете сите зборови кои беа кажани во врска со Христос, откако толку многу зборуваа во врска со Него; и го негирате доброто Божјо слово, и Божјата моќ, и дарот на Светиот Дух, и го згаснувате Светиот Дух, и го исмевате големиот план за искупување, кој беше положен за вас?

9 Зарем не знаете дека ако ги направите овие нешта, моќта на искупувањето и воскреснувањето, која е во Христос, ќе ве доведе да стоите со срам и ужасна вина пред Божјиот суд?

10 И според моќта на правдата, бидејќи правдата не може да биде негирана, морате да одите во тоа езеро од оган и сулфур, чии пламени се неизгасливи, и чиј чад се воздига секогаш и засекогаш, а тоа езеро од оган и сулфур е бескрајно мачење.

11 О тогаш, мои љубени браќа, покајте се, и влезете во таа права порта, и продолжете по патот кој е тесен, додека да добиете вечен живот.

12 О бидете мудри; што повеќе можам да кажам?

13 На крај, ви посакувам збогум, додека не ве сретнам пред пријатниот Божји суд, чиј суд ги погодува пакосните со страшен ужас и страв. Амин.