Генерална Конференција
Нештата на Мојата Душа
Oктомври 2021 Генерална Конференција


Нештата на Мојата Душа

Кои нови работи учите? „Кои нешта навистина ти значат на тебе?“ „Кои се нештата на твојата душа?“

Мои браќа и сестри како што стојам во нашиот сакан конференциски центар уште еднаш, потсетен сум на зборовите на Апостолот Петар: „Господе добро е за нас да бидеме тука.“1

Моите мисли денес се целосно насочени кон зборовите на пророкот Нефи, кој водеше запис за неговиот народ после смртта на Татко Лехи. Нефи напиша, „И врз овие ги пишувам нештата на мојата душа.“2

Јас порано го читав овој стих, мислејќи на зборот нешта дека не беше многу елегантен ниту духовен, не доволно грандиозен да се спои со „мојата душа.“ Сепак научив дека зборот нешта е користен во светите писма 2,354 пати.3 На пример, во Мојсеј: „Јас сум Почетокот и Крајот, Семоќниот Бог; од мојот Единороден ги создадов овие нешта.”4 И зборовите на Нефи: „Ете мојата душа се восхитува на нештата на Господ; и моето срце размислва постојано за нештата што сум ги видел и слушнал.“5

Зборовите на Нефи го поставуваат прашањето „За кои нешта размилсуваш?“ „Кои нешта навистина ти значат на тебе?“ „Кои се нештата на твојата душа?“

Нештата на нашата душа се често разјаснети и продлабочени преку поставување прашања.

Старешина Расбанд на виртуелен состанок.
Ресурси за младите
Пренос за млади возрасни.

За време на пандемијата се сретнав со млади од целиот свет на многу сесии, големи и мали, преку преноси и социјални медиуми, и ние дискутиравме за нивните прашања.

Четиринаесет годишниот Џозеф Смит имаше прашање длабоко во неговата душа, и го праша Господ. Старешина Расел М. Нелсон нагласи: „Однесете ги вашите прашања до Господ и други верни извори. Проучувајте со желба да верувате наместо со надеж дека ќе пронајдете мана во животот на пророкот или недостаток во светите писма. Престанете да ги зголемувате вашите сомнежи повторувајќи им ги на другите сомничави. Доволете му на Господ да ве води на вашето патување на духовно откритие.“6

Младите често ме прашуваат во што верувам и зошто верувам.

Се сеќавам како виртуелно посетив една жена во нејзиниот дом. Ја прашав дали за прв пат Апсотол влегол кај неа дома. Таа брзо одговори, „Да.“ Нејзиното прашање за мене беше добро: „Кои се најважните нешта кои треба да ги знам?

Јас одговорив со „Нештата на мојата душа,“ нештата кои ме подготвуваат да слушнам поттикнувања, кои го креваат мојот поглед врз начините на светот, кои даваат цел на мојата работа во евангелието и во самиот мој живот.

Можам ли да споделам некои од „нештата на мојата душа“? Овие нешта важат за сите кои сакаат да бидат вистински ученици на Исус Христос. Десет би бил добар, заокружен број. Денес ви давам седум со надеж дека ќе ги завршите осум, девет, и десет од вашите сопствени искуства.

Прво, љубете го Бог Отецот и Исус Христос, нашиот Спасител.

Исус ја издаде својата прва заповед: „Вие ќе го љубите Господ вашиот Бог со сето ваше срце, и со сета ваша душа, и со целиот ваш ум.“7

Претседателот Нелсон ја прогласи својата посвеност на Бога, нашиот Вечен Отец, и на Неговиот Син, Исус Христос, кога беше повикан да ја води Господовата Црква, велејќи, „Ги Знам, ги љубам, и се колнам да им служам—и на вас со секој преостанат здив на мојот живот.“8

Прво, љубете го Бог Отецот и Синот

Второ, „Љубете го вашиот сосед.“9

Ове не само што е добра идеја; тоа е втората голема заповед. Вашите соседи се вашето семејство и пријатели, членови на оддел, колеги од работа, цимери, тие кои не се од нашата вера, оние на кои им треба помош, и искрено, сите. Суштината на „Љуби го соседот“ е нагласена во химна „Љубете се едни со други.“10

Претседателот Нелсон не потсетува, „Кога го љубиме“ Бог со сите наши срца, тој го свртува нашите срца кон благосостојбата на другите.”11

Трето, љубете се себеси.

Овде многумина се мачат. Зарем не е невообичаено што да се сакаме себеси станува се помалку лесно отколку да ги сакаме другите? Сепак, Господ кажа, „Љубете го соседот како себеси.“12 Тој ја вреднува божественоста внатре во нас; исто мораме и ние. Кога сме оптеретени со грешки, болки во срцето, чувства на неадекватност, разочарување, гнев, или грев, моќта на Помирувањето на Спасителот е , со божествен план, едно од нештата кое ја возвишува душата.

Четврто, одржувајте ги заповедите.

Господ појасни: „Ако ме љубите, одржувајте ги моите заповеди.“13 Стремете се секој ден да бидете подобри и да напредувате во праведност.

Петто, секогаш бидете достојни да присуствувате во храмот.

Јас го нарекувам тоа да се биде препорачан на Господ. Без разлика дали имате пристап до храм или не, ви треба важечка храмска препорака за да останете цврсто на заветниот пат.

Шесто, бидете весели и радосни.

„Бидете со добра радост, и не се ?!плашите,“14 Господ кажа. Зошто? Како, кога се соочуваме со предизвици на секој чекор? Поради ветувањата кои ги вети Исус Христос: „Јас Господ сум со вас, и ќе стојам со вас.“15

Претседател Нелсон го опишува обновеното евангелие како „порака за радост“!”16 И тој објаснува, „Радоста која ја чувствуваме има малку ?со околностите на нашите животи и со фокусот на нашите животи.“17

Седмо, следете го живиот пророк на Бог.

Ова може да е седмо од мојата листа на нешта, но е на врвот на мојот ум во услови на важност денес.

Имаме пророк на Бог на земјата денес! Никогаш не попуштајте што тоа значи за вас. Запомнете ја младата жена која ја спомнав на почетокот. Таа сакаше да знае кои нешта се најважни. „Следете го живито пророк,“ кажав тогаш и нагласив денес.

Ние се раликуваме како црква бидејќи сме водени од пророци, јасновидци, и откровители повикани од Бог за ова време. Ви ветувам дека кога го слушате и следите нивниот совет, никогаш нема да бидете водени настрана. Никогаш!

Ние живееме во време во кое сме „фрлени и удрени,“18 кога духовноста, чесноста, интегритетот, и почитта се под напад. Мораме да направиме избори. Го имаме гласот на Господ низ Неговиот пророк да ги смириме нашите стравови и да се кренеме на нашите погледи, зашто кога Претседателот Нелсон зборува, тој зборува за Господ.

Ние сме благолсовени со свети писма и учења што не потсетуваат, „Моите мисли не се ваши мисли, ниту вашите начини се мои начини, кажа Господ.“19

Така беше и со Нааман, голем воен лидер во Сирија, сепак скокач, на кого му беше кажано дека пророкот Елисеј би можел да го исцелува. Елисеј го прати својот слуга да му рече на Нааман да се измие седумпати во реката Јордан и ќе биде исчистен. Наман се смееше. Секако постоеше посилна река од Јордан, и зошто да го очекувам слугата Елисеј, пророкот, лично да го исцели? Наман излезе, но на крајот беше убеден од слугите: „Ако проркот ти наредеше да направиш нешто големо, зарем не би го направил?“20 Нааман конечно се потопи седум пати во реката Јордан и беше исцелен.

Записот на Нааман не потсетува за ризикот на одбирање и наоѓање делови пророчки совет кое одговара на нашето размислување, очекување, или денешните норми. Нашиот пророк постојано ни посочува на сопствените Реки Јордан за да бидеме исцелени.

Најважните зборови што можеме да ги слушнеме, размислиме, и да следиме се откриени преку живиот пророк. Сведочам дека се советував со Претседателот Нелсон да дискутирам за тешки нешта во Црквата и во светот, и сум видел откровение како тече низ него. Тој го знае Господ, тој ги знае Неговите начини, и тој посакува сите Божји деца го слушнат Него, Господ Исус Христос.

Долги години слушнавме од пророкот двапати годишно на генерална конференција. Но за сложените прашања од денешницата, Претседател Нелсон зборува многу повеќе на форумите,21 социјални медиуми,22 молитвените сесии,23 и дури кратки брифинзи.24 Јас го набљудував како се подготвува и презентира длабоки откровителни пораки кои поттикнаа поголема благодарност, промовираат поголема инклузија-вклученост за сите браќа и сестри на земјата, и зголемен мир, надеж, радост, и исцелување во нашите сопствени животи.

Претседателот Нелсон е надарен комуникатор, но многу поважно, тој е пророк на Бог. Тоа е запрепастувачко кога ќе помислиш на тоа, но е важно е да се свати дека неговите јасни насоки сите ќе не заштитат од секакви измами, лукавства, и секуларни начини застекнување на моментум во светот денес.25

Пророчката наметка е посветена на откровение. „,” Април 2020 Генерална Конференција, ги нагласува дека Господ ја насочува неговата работа. . Земјата никогаш повеќе нема да биде иста, така што Господ ќе ги собере заедно сите нешта на Христос (Ефесјани 1:10).”26

„Сите нешта во Христос“27 и „нештата на мојата душа“28 се она за што зборува оваа Црква, ова евангелие, и овој народ.

Завршувам со покана до секој од вас да ги разгледа седумте „нешта на мојата душа“ Јас споделив денес: љубете го Бог Отецот и Исус Христос, нашиот Спасител; љубете го вашиот сосед, љубете се себеси, одржувајте ги заповедите; секогаш бидете достојни за храмска препорака; бидете радосни и весели; и следете го живиот пророк на Бог. Ве повикувам да ги идентификувате вашите осум, девет и десет. Размислете за начините на кои би можеле да ги споделите вашите „искрени нешта“ со другите и да ги охрабрите да се молат, да размислуваат, и да ја бараат водство од Господ.

„Нештата на нашата душа“ се исто толку драгоцени за мене како што се за вас. Овие нешта ја зацврстуваат нашата служба во Црквата и во сите области на животот. Тие не посветуваат на Исус Христос, тие не потсетуваат на нашите заповеди, и ни помагаат да се чувствуваме безбедни во рацете на Господ. Јас сведочам дека тој посакува нашите души „“29 со Неговата љубов додека бараме да станеме како Негови вистински ученици, да бидеме едно со Него како што тој е со Отецот. Во името на Исус Христос, амин.