Генерална Конференција
Порака за Добредојде
Април 2021 Генерална Конференција


Порака за Добредојде

Добредојдовте на генералната конференција и привилегијата да се слушне Господовиот глас.

Почитувни мои браќа, сестри и пријатели ширум светот, го нудам своето лично добредојдовте на оваа генерална конференција. Се собравме како едно големо глобално семејство со желба да му богослужиме на нашиот Господ и на Спасителот, Исус Христос. Ви благодарам што ни се придруживте.

Оваа последна година беше година од книгите на рекорди. Без сомнение, секој од нас научи по нешто што претходно не сме го знаеле. Некои лекции што ги знаев од претходно се напишани во моето срце на нови поучни начини.

На пример, со сигурност знам дека Господ ги води работите во Својата Црква. Тој рече, „Ќе [ви] покажам дека сум способен да ја работам својата работа.“1

Често, моите советници и јас гледавме со сoлзи во очите како Тој интервенираше под екстремно тешки околности откако дадовме сѐ од себе и повеќе ништо не можевме да сториме. Ние навистина стоевме сите запрепастени.

Сега, исто така, разбирам подобро дека Тој навистина мислеше кога рече, „Ете, ќе ја забрзам својата работа кога ќе дојде време.“2 Повторно и одново се радував кога Тој ја водеше и ја забрзуваше Неговата работа—дури и за време на глобалната пандемија.

Почитувани мои браќа и сестри, силата на црквата лежи во напорите на нејзините членови и во вечниот-раст на нивините сведоштва. Сведоштвата најдобро се негуваат во домот. Во текот на оваа измината година, многу од вас драматично го зголемивте проучувањето на евангелието во вашите домови. Ви благодарам, а и вашите деца ќе ви се заблагодарат.

Големиот проект за реновирање на Храмот Солт Лејк продолжува. Имам седиште во првиот ред од мојата канцеларија за да гледам како напредува работата на храмскиот плоштад.

Градежни работи на храмскиот плоштад

Додека ги гледав работниците како ги ископуваат старите корења, водоводот, жиците и фонтаните што протекуваат, размислував за потребата за секој од нас да ги отстрани, со помош на Спасителот, старите остатоци од нашите животи.

Евангелието на Исус Христос е евангелие за покајание.3 Поради Спасителовото Покајание, Неговото евангелие ве повикува да продолжите да се менувате, да растете и да станете почисти. Тоа е евангелие на надежта, на исцелувањето и на напредокот. Значи, евангелието е порака на радоста! Нашите духови се радуваат на секој наш мал чекор напред.

Дел од собирот на Израел, и еден многу важен дел, е нашата одговорност како народ да бидеме достојни и подготвени да помогнеме светот да се подготви за Второто Доаѓање на Господ.

Додека ги слушаме пораките подготвени од нашите водачи под водство на Светиот Дух многу внимателно, ве повикувам да се молите за да ги идентификувате остатоците што треба да ги отстраните од вашиот живот за да можете да станете подостојни

Ве сакам, почитувани мои браќа и сестри, и сведочам дека нашиот Небесен Отец и неговиот Возљубен Син ве познаваат и ве сакаат поединечно. Тие се подготвени да ви помогнат во секој ваш чекор напред. Добредојдовте на генералната конференција и привилегијата да се слушне Господовиот глас. Во името на Исус Христос, амин.