Генерална Конференција
Бог Меѓу Нас
Април 2021 Генерална Конференција


Бог Меѓу Нас

Дека Бог е меѓу нас—и е лично вклучен во нашите животи и активно ги води Своите деца.

Низ вековите, Бог зборуваше преку Неговите слуги, пророците.1 Ова утро, ја имавме таа привилегија да го слушнеме пророкот Божји како зборува со целиот свет. Ние ве сакаме, Претседателе Нелсон, и ги поттикнуваме сите насекаде да ги проучуваат и да внимаваат на вашите зборови.

Непосредно пред мојот 12-ти роденден, нашето семејство беше принудено двапати да го напушти нашиот дом и да започне одново меѓу хаосот, стравот и неизвесноста предизвикана од војната и политичките поделби. Беше тоа вознемирувачко време за мене, но мора да беше и застрашувачко за моите сакани родители.

Мојата мајка и татко споделија малку за овој товар со нас четирите деца. Тие го поднесуваа напорот и страдањата најдобро што можеа. Стравот сигурно бил опресивен, голтајќи им ги часовите и пригушувајќи им ја надежта.

Ова време на црнила по Втората Светска Војна остави белег врз светот. Остави белег и врз мене.

Тогаш, во интимноста на моите најосаменти часови, често се прашував, „Остана ли малку надеж во светот?“

Ангели меѓу Нас

Додека размислував за ова прашање, помислив на нашите млади Американски мисионери кои служеа меѓу нас во текот на овие години. Ја оставија безбедноста на своите домови оддалечени половина свет оттука и допатуваа во Германија—земјата на нивните доскорешни непријатели—да понудат божествена надеж на нашиот народ. Тие не дојдоа да обвинуваат, да ни држат лекции или да нѐ засрамат. Доброволно ги даваа своите млади животи без да размислуваат за земските придобивки, сакајќи само да им помогнат на другите да ја пронајдат радоста и мирот што тие го доживеале.

За мене, овие млади мажи и жени беа совршени. Сигурен сум дека имаа недостатоци, но јас не можев да ги забележам. Секогаш ќе размислувам за нив како луѓе со многу импресивни квалитети—ангели на светлината и славата, слуги на сочувството, добрината и вистината.

Додека светот се давеше во цинизам, горчина, омраза и страв, примерот и учењата на овие млади луѓе ме исполнуваа со надеж. Евангелската порака што тие ја нудеа ја надминуваше политиката, историјата, инаетот, навредите и личните дневни планови. Таа даваше божествени одговори на важни прашања што си ги поставувавме за време на овие тешки времиња

Порака беше дека дури и во овие часови на превирања, конфузија и хаос, Бог живее и се грижи за нас. Дека Тој всушност се појавил во наше време за да ја обнови вистината и светлината—Неговото евангелие и Неговата Црква. Дека Тој зборува со пророците повторно; дека Бог е меѓу нас—и е лично вклучен во нашите животи и активно ги води Своите деца.

Неверојатно е што можеме да научиме кога малку подобро го погледнеме планот за спасение и егзалтација на нашиот Небесен Отец, планот на среќата за Неговите деца. Кога се чувствуваме безначајно, отфрлено и заборавено, учиме дека може да бидеме сигурни дека Бог не нѐ заборавил—во суштина, дека Тој им нуди на сите Свои деца нешто незамисливо: да станат „наследници на Бога, и сонаследници со Христос.“2

Што тоа значи?

Дека ќе живееме засекогаш, ќе ја примиме потполната радост,3 и имаме потенцијал да „наследиме тронови, царства, кнежества и власт.“4

Толку е понизно да се знае дека ваква голема и неземна иднина е можна—не заради тоа кои сме туку заради тоа кој е Бог.

Знаејќи го ова, како би можеле некогаш да шепотиме или да останеме огорчени? Како би можеле некогаш да го задржиме погледот кон земјата кога Царот на Царевите нѐ повикува да полетаме кон незамисливата иднина на божествената среќа?5

Спасение меѓу Нас

Заради совршената љубов на Бога кон нас и вечната жртва на Исус Христос, нашите гревови—и мали и големи—можат да се избришат и повеќе да не се паметат.6 Можеме да застанеме пред Него чисти, достојни и осветени.

Моето срце е преполно со благодарност за мојот Небесен Отец: Сватив дека Тој не ги осуди Неговите деца да се сопнуваат низ смртноста без да имаат надеж за светла и вечна иднина. Дал упатства што го откриваат патот назад кон Него. А во центарот на сето тоа е Неговиот Возљубен Син, Исус Христос,7 и Неговата жртва за нас.

Бесконечното помирување на Спасителот целосно го менува начинот на кој ги гледаме нашите престапи и несовршености. Наместо да размислуваме на нив и да се чувствуваме без можност за коригирање или безнадежни, можеме да научиме од нив и да имаме надеж.8 Прочистувачкиот дар на покајанието ни дозволува да ги оставиме нашите гревови зад себе и да се појавиме како ново суштество.9

Поради Исус Христос, нашите грешки не мора да нѐ дефинираат. Тие можат да нѐ прочистат.

Како музичар кој ги повторува скалите, ние можеме да ги согледаме нашите погрешни чекори, недостатоци и гревови како можности за поголема само-свест, подлабока и почесна љубов за другите и прочистување преку покајание.

Доколку се покаеме, грешките нема да не дисквалификуваат. Тие се дел од нашето движење кон напред.

Сите ние сме новороденчиња во споредба со битијата на слава и величественост што треба да станеме. Ниту едно смртно суштество не напредува од ползење преку одење до трчање без чести сопки, удари и модринки. На тој начин учиме.

Доколку искрено продолжиме да вежбаме, секогаш обидувајќи се да се држиме до божјите заповеди, и да се трудиме да се покаеме, да издржиме и да го примениме она што сме го научиле, малку по малку, ќе собереме светлина во нашите души.10 И иако можеби сега не го рабираме во потполност нашиот целосен потенцијал, „Ние знаеме дека, кога [Спасителот] ќе се појави,“ ќе го видиме Неговиот лик во нас, и „ќе го видиме каков што е .“11

Какво славно ветување!

Да, светот е во превирање. И да, ние имаме слабости. Но не треба да ја обесиме главата во очај, бидејќи може да му веруваме на Бога, може да му веруваме на Неговиот Син, Исус Христос, и може да го прифатиме дарот на Духот да нѐ води на овој пат кон живот исполнет со радост и божествена среќа.12

Исус Меѓу Нас

Често се прашував, Што Исус би поучувал и што би правел да беше меѓу нас денес?

По Воскресението, Исус Христос го исполнил Неговото ветување дека ќе ги посети своите „други овци.“13

Книгата на Мормон: Уште едно Сведоштво за Исус Христос зборува за такво појавување кај луѓето од Американскиот континент. Го имаме овој бесценет запис како конкретно сведошто за делото на Спасителот.

Луѓето од Книгата на Мормон живееја од другата страна на земјината топка—нивните истории, културите и политичките клими беа многу различни од луѓето кои Исус ги подучуваше за време на Неговата смртна служба. А сепак Тој ги научил за многу исти работи за кои поучувал во Светата Земја.

Зошто би го сторил тоа?

Спасителот секогаш поучува безвременски вистини. Тие се однесуваат на луѓе од секоја возраст и во какви било околности.

Неговата порака беше и е порака на надеж и припадност—сведоштво дека Бог нашиот Небесен Отец не ги напуштил своите деца.

Дека Бог е меѓу нас!

Спасителот се врати на Земјата пред двесте години. Заедно со Бог Отецот, Тој му се појави на 14-годишниот Џозеф Смит и започна со Возобновувањето на евангелието и Црквата на Исус Христос. Од тој ден па натака, небесата се отворија и небесните пораки се спуштија од салите на бесмртната слава. Светлина и знаење се излејаа од небесниот престол.

Господ Исус Христос уште еднаш зборуваше со светот.

Што Тој кажа?

За наш благослов, многу од неговите зборови се запишани во Учења и Завети—достапни до секој во светот кој сака да ги чита и да ги проучува. Колку бесценети се овие зборови за нас денес!

И не треба да бидеме изненадени ако Спасителот повторно ја поучува основната порака на Неговото евангелие: „Возљуби го Господа, твојот Бог со сето свое срце, со сета своја моќ, памет и сила; и во името на Исус Христос ти ќе му служиш.“14 Тој нѐ инспирира да го бараме Бога15 и да живееме според учењата што Тој им ги откри на своите слуги, пророците.16

Тој нѐ поучува да се сакаме едни со други17 и да бидеме „полни со милосрдие кон сите луѓе.“18

Нѐ повикува да бидеме неговите раце, да одиме и да правиме добрина.19 „Ајде да не сакаме со зборови … туку со дела и навистина.“20

Не предизвикува да ја послушаме Неговата одлична порака: да сакаме, да споделувеме да ги повикаме сите на Неговото евангелие и Неговата Црква.21

Ни заповеда да градиме свети храмови и да влегуваме и да служиме таму.22

Нѐ поучува да станеме Негови ученици—дека нашите срца не треба да тежнеат кон лична моќ, богатство, признание или позиција. Тој нѐ учи да „ ги оставиме настрана нештата од овој свет, и да бараме нешто подобро.“23

Нѐ повикува да бараме радост, просветлување, мир, вистина, среќа,24 и ветувањето за бесмртност и вечен живот.25

Ајде да одиме чекор понатака. Да претпоставиме дека Исус дошол во вашиот оддел, гранка или во вашиот дом денес. Како би било тоа?

Тој би погледнал право во срцето. Надворешниот изглед би ја изгубил важноста. Тој би ве познавал по тоа што сте. Исус би ги знаел желбите на вашето срце.

Кротките и скромните би ги подигнал.

Би ги исцелувал болните.

Сомичавите би ги исполнил со верба и храброст за да поверуваат.

Би нѐ поучувал да ги отвориме нашите срца кон Бога и да им пружиме рака на другите.

Би ја препознал и испочитувал чесноста, понизноста, интегритетот, лојалноста, сочувството и добротворството.

Еден поглед во Неговите очи и ние никогаш нема да останевме истите. Ќе се променевме засекогаш. Трансформирани од длабокото сознание дека, Бог е меѓу нас.

Што да направиме?26

Со љубезност гледам на младиот човек кој бев во мојата младост. Кога би можел да се вратам назад во времето, би го утешил и би му кажал да остане на вистинскиот пат и да продолжи да истражува. И би го замолил да го покани Исус Христос во неговиот живот, зашто Бог е меѓу нас!

До вас, мои почитувани браќа и сестри, мои почитувани пријатели, и до сите кои бараат одговори, вистина, и среќа, им го нудам истиот совет: Продолжете да истражувате со вера и трпение.27

Побарајте, и ќе ви се даде. Затропајте, и ќе ви биде отворено.28 Верувајте му на Господа.29

Во нашиот секојдневен живот, тоа е нашата примарна задача и благословена можност да се сретнеме со Бог.

Ако ја оставиме гордоста настрана и пристапуваме кон Неговиот престол со скршено срце и дух,30 Тој ќе ни се приближи.31

Додека се обидуваме да го следиме Исус Христос и да чекориме по патот на ученоста, малку по малку, ќе дојде денот кога ќе го доживееме овој незамислив дар на примање на целосна радост.

Мои возљубени пријатели, вашиот Небесен Отец ве сака со совршена љубов. Ја има докажано својата љубов на бескрајно многу начини, жртвувајќи го над сѐ Неговиот Единствен Син како жртва и дар до Неговите деца за да го направи враќањето кон небесните родители реалност.

Јас сведочам дека нашиот Небесен Отец живее, дека Исус Христос ја води Својата Црква, и дека Претседателот Расел М. Нелсон е Негов пророк.

Ви ја упатувам мојата љубов и благослов во оваа радосна Велигденска сезона. Отворете ги вашите срце кон нашиот Спасител и Откупител, без оглед на околностите, искушенијата, страдањата или грешките; може да знаете дека Тој живее, дека ве сака, и дека поради Него, никогаш нема да бидете сами.

Бог е меѓу нас.

За ова јас присуствувам и сведочам, во светото име на Исус Христос, амин.