Генерална Конференција
Сакам да го Гледам Храмот
Април 2021 Генерална Конференција


Сакам да го Гледам Храмот

Храмот е местото каде можеме да добиеме потврда за саканите семејни врски што ќе продолжат после смртта и ќе траат засекогаш.

Мои почитувани браќа и сестри, благодарен сум да бидам тука со вас на оваа прва сесија од генералната конеренција. Говорниците, музиката и молитвите го донесоа Духот—како и чувството на светлина и надеж.

Ова чувство ми ги врати сеќавањата на првиот ден кога влегов во Сол Лејк Сити. Јас бев млад човек. Моите родители беа единствените кои ме придружуваа тој ден. Внатре, тие застанаа за момент за да се поздрават со храмскиот работник. Јас чекорев пред нив, сам за момент.

Бев поздравен од една мала белокоса госпоѓа во прекрасен бел храмски фустан. Таа ме погледна, се насмевна и потоа кажа многу тивко, „Добредојдовте во храмот, Брат Ајринг“. За момент помислив дека е ангел зашто го знаеше моето име. Не се сетив навреме дека една мала картичка со моето име беше поставена на реверот на моето палто.

Зачекoрив покрај неа и застанав. Погледнав накај високиот бел таван што ја правеше собата толку светла, што скоро изгледаше како да е отворена кон небото. Во тој момент, мислата ми дојде на памет со овие јасни зборови: „Сум бил на ова светло место и претходно.“ Но потоа, веднаш ми паднаа на памет овие зборови, не мојот сопствен глас: „Не, никогаш не си бил тука претходно. Се сеќаваш на еден момент пред да се родиш. Си бил на вакво свето место.“

На надворешната страна од нашите храмови, ги ставаме зборовите: „Светост на Господа.“ И сам знаев дека овие зборови се вистина. Храмот е свето место каде откровението доаѓа до нас лесно кога нашите срца се отворени кон него и сме достојни за тоа.

Подоцна тој прв ден јас повторно го почувствував истиот Дух. Храмската церемонија вклучува неколку зборови што ми носат чувство на жарење во моето срце, потврдувајќи дека прикажаното е вистина. Она што го чувствував беше лично во врска со мојата иднина, а стана реалност 40 години подоцна преку повикот за служба од Господа.

Го доживеав истото чувство како кога бев венчан во Храмот Логан во Јута. Претседателот Спенсер В. Кимбал го изведе запечатувањето. Со неколкуте зборови што ги изговори, тој го даде овој совет, „Хал и Кети, живејте така што кога ќе дојде време да бидеш повикан, да може лесно да заминете.“

Додека ги кажуваше тие неколку збора, јасно видов во мислите, во целосна боја, стрмен рид и пат што води нагоре. Бела заштитна ограда се спушташе по левата страна на патот и исчезнуваше во дрворедот на врвот на ридот. Белата куќа беше едвај видлива низ дрвјата.

Една година подоцна, го препознав тој рид додека мојот дедо-по закон нѐ возеше по истиот тој пат. Тоа беше она што во детали го видов додека Претседателот Кимбал го даваше својот совет во храмот.

Кога стигнавме на врвот од ридот, мојот дедо-по закон застана покрај белата куќа. Нѝ кажа дека тој и неговата сопруга го купуваат имотот и дека сакаат неговата ќерка и јас да живееме во гостинската куќа. Тие би живееле во главната куќа, на само неколку метри оддалеченост. Така, за време на 10-те години додека живеевме во оваа прекрасна семејна средина, мојата сопруга и јас ќе си речевме скоро секој ден, „Подобро да уживаме додека можеме, зашто нема да останеме тука долго.“

Повикот дојде од Црковниот Комесар за Образование, Нил А. Максвел. Предупредувањето од Претседателот Кимбал да може „лесно да се замине“ стана реалност. Тоа беше повик да се остави навидум идилична семејна состојба за да служам на задача на место за кое не знаев ништо. Нашето семејство беше подготвено да го напушти тоа благословено време и место зашто еден пророк, во свет храм, место на откровение, виде еден иден настан за кој што тогаш бевме подготвени.

Знам дека храмовите на Господ се свети места. Мојата цел денес кога зборувам за храмовите е да ја зајакнам вашата и сопствената желба да бидеме достојни и подготвени за зголемените можности за храмски искуства што доаѓаат за нас.

За мене, најголемата мотивација да се биде достоен за храмско искуство е она што Господ го кажа за Неговите свети куќи:

„Сѐ додека мојот народ не изгради куќа за мене во името на Господа, и не дозволува ништо нечисто да влезе во неа, за да не се осквернави, на неа ќе почива славата моја;

„Да, и моето присуство ќе биде таму, зашто јас ќе влезам, и сите оние со чисто срце што ќе влезат, ќе го видат Бога.

„Но, ако се осквернави, јас нема да влезам и мојата слава нема да биде таму; зашто не сакам да влегувам во храмови кои не се свети.“1

Претседателот Расел М. Нелсон јасно ни стави до знаење дека можеме да „го видиме“ Спасителот во храмот во смисла дека Тој веќе не е непознат за нас. Претседателот Нелсон рече вака: „Ние Го разбираме. Ја разбираме Неговата работа и Неговата слава. И почнуваме да го чувствуваме бескрајното влијание од Неговиот беспримерен живот.“2

Ако вие или јас не влеземе во храмот доволно чисти, можеби нема да го видиме, според моќта на Светиот Дух, духовното учење за Спасителот што можеме да го примиме во храмот.

Ако сме достојни да ги примиме ваквите учења, нашето храмско искуство може да ја зголеми надежта, радоста и оптимизмот во текот на нашите животи. Таа надеж, радост и оптимизам се достапни само преку прифаќање на обредите изведени во светите храмови. Храмот е местото каде можеме да добиеме потврда за блиските семејни врски што ќе продолжат после смртта и ќе траат засекогаш.

Пред години, додека служев како епископ, еден убав млад човек се спротивстави на мојата покана да стане достоен да живее со Бога во семејства засекогаш. На агресивен начин, ми раскажа за убавите моменти што ги поминал со пријателите. Го оставив да зборува. Потоа ми раскажа за еден момент за време на една од неговите забави, среде вревата, кога одеднаш сватил дека се чувствува осамено. Го запрашав што се случи. Тој кажа дека се сеќава на едно време како мало момче, како седи во скутот на мајка му, прегрнат од нејзините раце. Во тој момент додека ја раскажуваше таа приказна, тој се насолзи. Му реков дека она што јас го знам е вистина: „Единствениот начин на кој може да го сочуваш чувството на таа семејна прегратка засекогаш, е да станеш достоен да ги примиш храмските обреди и да им помогнеш на другите да ги примат запечатувачките обреди на храмот.“

Не ги знаеме деталите од семејните врски во духовниот свет и не знаеме што може да се случи откако ќе воскреснеме. Но, знаеме дека пророкот Илија дојде, како што вети, да ги преобрати срцата на татковците кон децата и децата кон татковците.3 И знаеме дека нашата вечна среќа зависи од тоа дали ќе дадеме сѐ од себе за да им ја понудиме истата трајна среќа на што повеќе наши роднини.

Ја чувствувам истата желба да успеам да ги покнам живите членови на семејствата да посакаат да станат достојни да ги примат и да ги почитуваат обредите за запечатување на храмот. Тоа е дел од ветениот собир на Израел во подоцнежните дни од двете страни на превезот.

Еден од нашите најповолни моменти е кога членовите на нашите семејства се млади. Тие се родени со Светлината на Христос како дарба. Тоа им овозможува да сватат што е добро а што лошо. Поради таа причина, дури и самото гледање на храм или на слика од храм може кај едно дете да развие желба да биде достоен и привилегиран за еден ден да влезе внатре.

Тогаш може да дојде денот кога, како млади, ќе примат храмска препорака за да извршуваат крштавања во име на други лица во храмот. Како што расте ова искуство, нивните чувства, дека обредите во храмот секогаш посочуваат на Спасителот и Неговото Помирување, се зголемуваат исто така. Сѐ додека чувствуваат дека тие и даваат шанса на некоја личност од духовниот свет да се исчисти од грев, вашето чувство дека му помагате на Спасителот во Неговата света работа на благословувње на дете на нашиот Небесен Отец ќе се расте.

Јас видов како моќта на таквото искуство го промени животот на еден млад човек. Пред неколку години отидов со една ќерка во храм доцна попладне. Таа беше последна во редот за да служи во крстилницата за крштевање на други лица. Од мојата ќерка беше побарано да остане подолго за да се завршат обредите за сите луѓе чии имиња беа однапред подготвени. Таа кажа да.

Јас гледав како мојата мала ќерка зачекори кон крстилницата. Крштевањето започна. Водата течеше по лицето на мојата мала ќерка секој пат кога ќе ја подигнеа од водата. Таа беше прашувана повторно и повторно, „Можеш ли да издржиш уште еднаш?“ Секој пат таа ќе речеше да.

Како загрижен татко, почнав да се надевам дека ќе биде изземена да направи уште крштавања. Но сѐ уште се сеќавам на нејзината цврстина кога беше прашана дали би можела да направи уште едно крштавање а таа со решителен мал глас кажа, „Да“. Остана сѐ додека и последното лице на списокот не ги прими благословите на крштевањето тој ден во името на Исус Христос.

Кога излеговме од храмот заедно со неа таа ноќ, се прашував што видов. Едно дете беше возвишено и променето пред моите очи служејќи му на Господ во Негова куќа. Сѐ уште се сеќавам на чувството на светлина и мир додека се враќавме заедно од храмот.

Поминаа години. Таа сѐ уште одговара да на прашањето од Господ дали таа ќе стори повеќе за Него кога тоа е многу тешко. Ова е тоа што храмската служба може да стори за да нѐ промени и возвиши. Затоа, се надевам дека вие и целото ваше сакано семејство ќе израснете со желба и решителност да бидете достојни да одите во куќата на Господ онолку често колку што околностите ви дозволуваат.

Тој сака да го поздрави нашето доаѓање таму. Се молам да се обидете да создадете желба во срцата на децата на Небесниот Отец да одат онаму, каде што ќе можат да се чувствуваат блиску до Него, и дека исто така ќе ги поканат вашите предци да се квалификуваат да бидат со Него и со вас засекогаш.

Овие зборови може да бидат наши:

Сакам Да Го гледам Храмот.

Еден ден ќе одам таму.

За да го почувствувам Светиот Дух,

За да слушам и да се молам.

Зашто храмот е куќа на Бог,

Место за љубов и убавина.

Ќе се подготвам додека сум млад;

Ова е мојата света должност.4

Давам свечено сведоштво дека ние сме децата на саканиот Небесен Отец. Тој го избра Својот Сакан Син, Исус Христос, да биде нашиот Спасител и Откупител. Единствениот начин да се вратите да живеете со Нив и со нашето семејство е преку обредите на светиот храм. Сведочам дека Претседателот Расел М. Нелсон ги поседува и практикува сите клучеви на свештенството што го прават вечниот живот можен за сите Божји деца. Јас така сведочам, во светото име на Исус Христос, амин.