Запомнете го Патот Назад кон Дома
Го имаме совршениот план на Исус Христос за да го следиме, а патувањето до нашиот вечен дом е возможно само поради Неговите учења, Неговиот живот, и Неговата помирувачка жртва.
Во 1946 младиот истражувач Артур Хаслер планинареше долж еден планински поток близу до неговиот дом од детството кога имаше искуство кое водеше до важно откритие за тоа како рибите го пронаоѓаат патот назад кон дома до нивните родни струи.
Планинарејќи по планината, сепак далеку од очите на неговиот омилен водопад од детството, Хаслер одненадеж беше вратен на едно заборавено сеќавање. Тој кажа, „Како студен ветер, со мирис на мов и кандилка, зафатени околу камењарникот, деталите за овој водопад и неговата локација на планината одеднаш ми паднаа на памет.“1
Овие мириси ги оживеаја неговите сеќавања од детството и го потсетија на домот.
Ако мирисот може да активира вакви спомени за него, тој резонираше дека можеби мирисот би можел да биде исто толку предизвикувачки за лососот кој, по години поминати во океанот, се враќа на точната струја од своето раѓање за да се мрести.
Врз основа на ова искуство, Хаслер, заедно со останатите истражувачи, покажаа дека лососот се сеќава на мирисите што ќе му помогнат да исплови илјадници километри за да го пронајде патот до дома од морето.
Овој извештај ме натера да мислам дека една од најважните работи што можеме да ја направиме во овој живот е да го препознаеме и запаметиме патот назад кон нашиот Небесен Отец и верно и радосно да истраеме низ патувањето.
Помислив на четирите посетници што, кога се употребуваат и применуваат постојано во нашите животи, можат да ни ги оживеат чувствата на нашиот небесен дом.
Прво, Можеме да Запомниме Дека Сме Божји Деца.
Имаме божествено наследство. Знаејќи дека сме Божји деца и дека Тој сака да не врати во Негово приуство е едно од првите чекори на ова патување назад кон нашиот небесен дом.
Потсетете се на ова наледство. Редовно наоѓајте време за зајакнување на вашиот духовен имун систем сеќавајќи се на благословите што сте ги примиле од Господ. Повеќе да верувате на упатствата што ви се дадени од Него, отколку да се свртите исклучиво на светот за да ја измерите вашата лична достојност и да го пронајдете вашиот пат.
Неодамна посетив една моја блиска откако беше во болница. Со емоција ми рече дека додека лежела на болничкиот кревет, сѐ што посакувала било некој да и ја испее песната „Јас сум Божје чедо“, (“I Am a Child of God.”). Самата таа мисла, таа кажа, и го даде мирот што и требаше во тој час на невојла.
Знаењето кои сте го менува она што го чувствувате и што го правите.
Разбирањето кои сте навистина подобро ве подготвува да го препознаете и запомните вашиот пат назад до нашиот небесен дом и копнежот да се биде таму.
Второ, Можеме Да ја запомниме основата која нѐ зашитува.
Силата доаѓа до нас кога одржуваме праведност, вистинитост, и верност кон Небесниот Отец и Исус Христос, дури и тогаш кога другите прекумерно ги занемаруваат заповедите и принципите за спасение.2.
Во Книгата на Мормон, Хеламан ги поучува своите синови да запамтат дека тие мора да ги изградат нивните основи на Исус Христос со цел да имаат сила да се спротивстават на искушенијата на противникот. Моќните ветришта и бури на Сатаната нѐ удираат, но нема да имаат моќ над нас да нѐ повлечат надолу доколку својата доверба ја ставиме на најбезбедното место—во нашиот Откупител.3
Знам од лично искуство дека додека избираме да го слушнеме Неговиот глас и да го следиме, ќе ја примиме Неговата помош. Ќе добиеме поширока перспектива на нашите околности и подлабоко разбирање за смислата на животот. Ќе ги почувствуваме духовните поттикнувања што ќе не одведат до нашиот небесен дом.
Трето, можеме да запомниме да бидеме Побожни
Живееме во време кога со еден едноставен допир или гласовна наредба, можеме да започнеме да бараме одговори на речиси било која тема во немерливоста на податоци складирани и организирани во огромната и комплексна мрежа на компјутери.
Од друга страна, ја имаме едноставноста на поканата да започнеме да бараме одговори од небото. „Молете се секогаш, и јас ќе го излеам мојот Дух врз вас.“ Тогаш Господ вети, „и голем ќе биде вашиот благослов—да, дури и повеќе отколку да требаше да ги примите богатствата на земјата.“4
Бог е потполно свесен за секој еден од нас и е подготвен да ги слуша нашите молитви. Кога ќе се сетиме да се помолиме, ја наоѓаме Неговата поддршка со љубов, и колку повеќе му се молиме на нашиот Отец на Небесата во Христово име, толку повеќе го носиме Спасителот во нашиот живот и подобро го препознаваме патот кој го означил до нашиот небесен дом.
Четврто, Можеме Да Запамтиме да им Служиме на Другите
Додека се стремиме да го следиме Исус Христос служејќи им и покажувајќи љубезност кон другите, го правиме светот подобро место.
Нашите постапки можат во значителна мерка да ги благословат животите на оние околу нас и нашите животи исто така. . Нежна служба додава значење на животите и на давателот и на примателот на служењето.
Не го потценувајте потенцијалот што го имате за да влијаете на другите засекогаш, служејќи им преку своите постапки и служејќи им преку својот пример.
Нежната служба кон другите нѐ води по патот кон нашиот небесен дом—патот да станеме како нашиот Спасител.
Во 1975, како резултат на цивилна војна, Арналдо и Евгенија Телис Грајло и нивните деца морале да го напуштат својот дом и сѐ што изградиле низ децениска напорна работа. Назад во својата родна држава Португалија, брат и сестра Телис Грајло се соочија со предизвикот да започнат сѐ од почеток. Но години подоцна, откако се придружија на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, тие кажаа, „Изгубивме сѐ што имаме, но тоа беше добра работа затоа што нѐ принуди да размислиме за важноста на вечните благослови.“5
Го загубија нивниот земјен дом, но го најдоа патот назад кон нивиот небесен дом
Што и да оставивте зад себе за да го следите патот кон вашиот небесен дом, еден ден ќе изгледа како да не сте жртвувале ништо.
Го имаме Исусовиот совршен пример за да го следиме, и патувањето до вечниот дом е возможното само заради Неговите учења, Неговиот живот, и Неговата помирувачка жртва—вклучувајќи ги Неговата смрт и славното Воскресение.
Ве повикувам да ја доживеете радоста на сеќавањето дека сме деца на Бог и дека Тој толку го сака светот што Го испрати Неговиот Син6 да ни го покаже патот. Ве поканувам да се сетите да бидете верни, да го свртите вашиот живот кон Спасителот и да ја изградите сопствената основа врз Него. Запомнете да бидете побожни на вашето патување и да им служите на другите по патот.
Почитувани браќа и сестри, на оваа Велигденска Недела, јас сведочам дека Исус Христос е Откупителот и Спасителот на светот. Тој е тој што може да нѐ донесе на трпезата на радосен живот и да нѐ води на нашето патување. Нека се сеќаваме и Го следиме дома. Во името на Исус Христос, амин.