Генерална Конференција
Надеж во Христос
Април 2021 Генерална Конференција


Надеж во Христос

Копнееме да им помагаме на сите што се чувствуваат сами или чувствуваат дека не припаѓаат. Дозволете ми да ги споменам, особено, оние кои во моментот се сами.

Браќа и сестри, во ова време на Велигден се фокусираме на славното Воскресение на нашиот Господ и Спасител, Исус Христос. Се сеќаваме на Неговата со љубов искажана покана „дојдете кај мене, сите изморени и обременети и јас ќе ве успокојам.

„Земете го Мојот јарем на себе, и учете од мене; зошто сум кроток и смирен по срце: и ќе најдете одмор за вашите души.

„Зашто јаремот мој е лесен, и товарот мој е исто така“.1

Спасителовата покана да дојдат при Него не е само повик да дојдат кај Него, туку, исто така, да припаѓаат на Неговата Црква.

Во стихот кој претходи на оваа грижлива покана, Исус поучува како да го сториме тоа, настојувајќи да Го следиме. Тој изјавил, „Сѐ ми е предадено од Мојот Отец и ниту еден маж [или жена], не го познава Синот, освен Отецот; ниту Отецот Го познава некој освен Синот, и кому што сака Синот да Го открие.“2

Исус сака да знаеме дека Бог е саканиот Небесен Отец.

Знаејќи дека ние сме сакани од нашиот Небесен Отец ќе ни помогне да дознаеме кои сме и дека припаѓаме на Неговото големо вечно семејство.

Клиниката Мајо неодамна забележа: „Да се има чувство на припадност е толку важно. … Скоро секој аспект од нашите животи е насочен кон припаѓање кон нешто“. Овој извештај додава, „ Ние не можеме да ја одделиме важноста на чувството за припадност од нашето физичко и ментално здравје“3—и, јас би додал, нашето духовно здравје.

Токму вечерта пред Неговото страдање во Гетсеманија и смртта на крстот, Спасителот се сретна со Неговите ученици за Последната Вечера. Тој им рече, „Во светот ќе имате искушенија: но бидете радосни; Јас го надминав светот“.4 Пред изгрејсонце следниот ден, Исус Христос страдаше и „умре [на крстот] за нашите гревови.“5

Се прашувам колку само осамено мора да се чувствувале верните жени и мажи што го следеа во Ерусалим додека заоѓаше сонцето и ги опфаќаше темнина и страв.6

Како и овие древни ученици од пред скоро 2.000 години, многумина од вас можеби исто така се чувствуваат осамено одвреме навреме. Јас ја доживеав оваа осаменост од смртта на мојата скапоцена сопруга, Барбара, нешто повеќе од две и пол години. Знам како е да се биде опкружен од членови на семејството, пријатели, и соработници но сѐ уште да се чувствувате осамено—бидејќи љубовта на мојот живот не е повеќе покрај мене.

Пандемијата КОВИД-19 на многумина им го нагласи ова чувство на изолација и осаменост. Сепак, и покрај предизвиците со кои се соочуваме во животот, ние можеме, како она прво велигденско утро, да се разбудиме за нов живот во Христа со нови и прекрасни можности и нови реалности, кога се обраќаме кон Господа за надеж и припадност.

Јас лично ја чувствувам болката на оние на кои им недостасува чувство на припадност. Додека гледам вести од целиот свет, гледам многумина кои се чини ја доживуваат оваа осаменост. Мислам дека, за многумина, тоа е така бидејќи не знаат дека се сакани од Небесниот Отец и дека сите ние припаѓаме на Неговото вечно семејство. Верувањето дека Бог нѐ сака и дека сме Негови деца е утешително и уверува.

Бидејќи сме ние духовни деца на Бога, секој има божествено потекло, природа, и потенцијал. Секој од нас „е возљубен духовен син или ќерка на небесните родители.“7 Ова е нашиот идентитет! Ова сме ние всушност!

Нашиот духовен идентитет се зајакнува кога ќе ги разбереме нашите моногубројни смртни идентитети, вклучително и етничкото, културното, или национално наследство.

Ова чувство на духовен и културен идентитет, љубов, и припадност може да инспирира надеж и љубов кон Исус Христос.

Јас не зборувам за надежта во Христос како за посакување. Наместо тоа, зборувам за надежта како очекување што ќе се оствари. Ваквата надеж е основна за надминување на невољите, зајакнување на духовната отпорност и снага, како и сознанието дека ние сме сакани од нашиот Вечен Отец и дека сме Негови деца, кои припаѓаат на Неговото семејство.

Кога имаме надеж во Христос, доаѓаме до сознание дека кога имаме потреба од склучување и одржување на светите завети, нашите најпосакувани желби и сништа може да се исполнат преку Него.

Кворумот на Дванаесетте Апостоли се советуваше заедно во дух на молитва и копнеж да разберат како да им помогнат на сите оние кои се чувствуваат сами или пак дека не припаѓаат. Копнееме да им помагаме на сите што се чувствуваат на овој начин. Да ги споменам, конкретно, оние кои во моментот се слободни.

Браќа и сестри, повеќе од половината возрасни во Црквата денес се вдовици, вдовци, разведени или сѐ уште нeвенчани. Некои се прашуваат за своите можности и место во Божјиот план и во Црквата. Треба да разбереме дека вечниот живот не е прашање само на моменталниот брачен статус, туку на ученост и „храброст во сведочењето за Исус.“8 Надежта за сите кои се слободни е иста како и за сите членови на Господовата обновена Црква—пристап до милоста Христова преку „покорност кон законите и обредите на Евангелието.“9

Ако може да сугерирам дека постојат некои важни принципи што треба да ги разбереме.

Прво, светите писма и пророците од подоцнежните дни потврдуваат дека секој кој е верен во одржување на евангелските завети ќе има можност за егзалтација. Претседателот Расел М. Нелсон поучуваше: „На Господов сопствен начин и време, ниту еден благослов нема да им биде ускратен на Неговите верни Светители. Господ ќе му суди и ќе го награди секој поединец според искреноста на желбата и спрема делото“.10

Второ, точното време и начинот на кој се дарувани благословите на егзалтација не се целосно откриени, но сепак се осигурани.11 Претседателот Далин Х. Оукс објасни дека некои од околностите „на смртност ќе бидат поставени точно во Илјадалетието, кога е времето за исполнување на сѐ што е недовршено во големиот план за среќа за сите достојни деца на нашиот Отец“.12

Тоа не значи дека секој благослов е одложен сѐ до Милениумот; некои се веќе примени а други ќе продолжат да бидат примани сѐ до тој ден.13

Трето, чекањето на Господа подразбира постојана послушност и духовен напредок кон Него. Да се чека на Господ, не значи да одвоите време. Никогаш не треба да се чувствувате како да сте во собата за чекање.

Да се чека на Господ подразбира акција. Во текот на годините научив дека нашата надеж во Христос се зголемува кога им служиме на другите. Преку служење како што Исус служеше, природно ја зголемуваме нашата надеж во Него.

Личниот развој што една личност може да го постигне сега додека чека на Господа и Неговите ветувања е непроценлив, свет елемент од Неговиот план за секој еден од нас. Придонесите што може да ги дадете сега за да помогнете да се изгради Црквата на земјата и да се собере Израел се многу потребни. Брачниот статус нема никаква врска со нечиј капацитет за служење. Господ високо ги почитува оние кои му служат и чекаат на Него трпеливо и со вера.14

Четврто, Бог нуди вечен живот за сите Негови деца. Сите оние кои го прифаќаат благодатниот подарок на Спасителот за покајание и ги живеат Неговите заповеди ќе добијат вечен живот, иако не ги постигнуваат сите негови карактеристики и совршености во смртноста. Оние што се каат ќе ја искусат Господовата подготвеност да се прости, како што Тој уверуваше: „Да, и онолку често колку што мојот народ ќе се покае толкупати ќе му ги простувам неговите престапи против мене.“15

На крај, ќе бидат земени во предвид сите нешта, капацитетот на една личност, неговите желби и можности по прашањата како што се право на избор и одлучување, вклучувајќи ја квалификацијата за вечен благослов. Сето тое се работи за кои само Господ може да пресуди.

Петто нашата доверба во овие уверувања е вкоренета во нашата вера во Исус Христос, преку чија милост сите нешта што се однесуваат на смртноста се поставени правилно.16 Сите ветени благослови се возможни преку Него, кој, преку Неговото Помирување, „се спуштил под сите нешта“17 и го „надминал светот“.18 Тој „седна од десната рака на Бога, за да ги земе од Отецот своите права на милост што ги имаше над децата човечки…; затоа тој ја застапува каузата на децата човечки.“19 На крајот, „светите ќе се исполнат со неговата слава, и ќе го добијат своето наследство“20 како „сонаследници Христови.“21

Нашата желба е овие принципи да им помогнат на сите да ја зголемат надежта во Христос и да го осетат чувството на припадност.

Никогаш не заборавајте дека сте чедото Божје, на нашиот Вечен Отец, сега и засекогаш. Тој ве сака, а Црквата ве посакува и има потреба од вас. Да, ние имаме потреба од вас! Имаме потреба од вашите гласови, таленти, вештини, добрина и праведност.

Во текот на многу години, сме зборувале за „млади самохрани возрасни,“ „самохрани возрасни,“ и „возрасни.“ Ваквите именувања можат да бидат административно корисни понекогаш но можат ненамерно да го променат начинот на кој ги доживуваме другите.

Постои ли начин да се избегне оваа човечка тенденција што може да нѐ оддели едни од други?

Претседателот Нелсон побара од нас да се обраќаме кон себе како членови на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни. Тоа изгледа како да нѐ опфаќа сите нас, нели?

Евангелието на Исус Христос има моќ да не обединува. Конечно, ние повеќе наликуваме едни на други отколку што се разликуваме. Како членови на Божјото семејство, ние сме навистина браќа и сестри. Павле изјави, „И [Бог] од една крв ги создаде сите човечки нации за да живеат по целото лице на земјата.“22

До вас претседатели на кол, епископи и водачи на сестри и на кворум, ве замолувам да го земете во предвид секој член од вашиот кол, оддел, кворум или организација како член кој може да допринсе да служи на повици и да учествува на многу начини.

Секој член во нашите кворуми, организации, оддели и колови поседува од Бога дадени дарби и таленти што можат да помогнат во градењето на Неговото царство сега.

Да ги повикаме нашите членови кои се слободни да служат, да воздигнуваат и да поучуваат. Занемарете ги застарените поими и идеи што понекогаш ненамерно придонесуваат кон чувството на осаменост и за тоа дека тие не припаѓаат или не можат да служат.

Сведочам на овој Велигденски викенд за нашиот Спасител, Исус Христос, и за вечната надеж што Тој ми ја дава и на сите кои веруваат во Неговото име. И јас го давам ова сведоштво понизно во Неговото свето име, дури и Исус Христос, амин.