Генерална Конференција
Разгневувачка Неправда
Април 2021 Генерална Конференција


Разгневувачка Неправда

Исус Христос ја разбира неправдата и има моќ да обезбеди лек.

Во 1994 година, се случи геноцид во источно африканската држава Руанда што делумно се должеше на длабоко-вкоренетите племенски тензии. Проценките се дека биле убиени повеќе од половина милион луѓе.1 Извонредно е што народот во Руанда во најголем дел се помири,2 но овие настани продолжуваат да одекнуваат.

Пред една деценија, додека бев во посета на Руанда, мојата сопруга и јас започнавме разговор со друг патник на аеродромот Кигали. Тој изрази жалење за неправдата од геноцидот и потресно запраша, „Ако имаше Господ, зар немаше да стори нешто во врска со тоа?“ За овој човек—и за многумина од нас—страдањата и бруталната неправда не се совпаѓаат со реалноста на љубезниот, сакан Небесен Отец. Сепак, Тој е вистински, Тој е љубезен и Тој ги сака совршено секое од Своите деца. Оваа дихотомија е стара колку и човештвото и не може да се објасни со едноставен краток звучен бит или на налепница на браник.

За да започнеме да придаваме некое значење на сето тоа, ајде да ги истражиме различните видови на неправди. Земете за пример едно семејство во кое секое дете прима неделен паричен додаток за извршени заеднички домашни работи. Едниот син, Џон, купил бонбончиња; додека ќерката Ана, си ги штеди своите пари. На крај, Ана си купила велосипед. Џон смета дека е потполно неправедно Ана да добие велосипед а тој не. Но, Џоновиот избор ја создал неправдата, а не дејствијата на родителите. Одлуката на Ана да се откаже од моменталното задоволство при јадење на бонбона не наметнала никаква неправда кон Џон зашто и тој ја имал истата можност како својата сестра.

Нашите одлуки исто така можат да имаат долгорочни предности или недостатоци. Како што Господ обелоденил, „Ако една личност стекне повеќе знаење и интелегенција во овој живот преку својата трудољубивост и покорност отколку друга, ќе има толку многу предности во светот што доаѓа.“3 Кога другите добиват придобивки поради нивниот внимателен избор, ние не можеме со право да заклучиме дека сме биле неправедно третирани кога ни е дадена истата можност.

Друг пример за неправда е ситуацијата со која се соочи мојата сопруга, Рут како дете. Еден ден, Рут дознава дека нејзината мајка ќе ја одведе помалата сестра, Марла, да ѝ купи нови чевли. Рут се пожалила, „Мамо, па тоа не е фер! Мерла го доби последниот нов пар чевли.“

Рутовата мајка запрашала, „Рут, дали големината на твоите чевли ти одговара?“

Рут одговорила, „Па, да.“

Мајката на Рут потоа рече, „Големината на чевлите на Мерла повеќе не ѝ одговара.“

Рут се согласи дека секое дете во семејството треба да има чевли со соодветна големина. Иако Рут би сакала нови чевли, нејзиното воспримање дека кон неа се постапува неправедно се разводнило кога ги видела околностите преку очите на нејзината мајка.

Некои неправди не можат да се објаснат; необјаснивата неправда ви предизвикува лутина. Неправдата доаѓа од живеењето со тела кои се несовршени, повредени или болни. Смртниот живот сам по себе е неправеден. Некои луѓе се родени во богатство; други не се. Некои имаат грижливи родители; други немаат. Некои живеат многу години; други, неколку. И така натака, и така натака. Некои поединци прават грешки што им наштетуваат на другите и на себе си, дури и кога се обидуваат да направат добро. Некои избираат да не ги ублажуваат неправдите иако можат. За жал, некои луѓе го користат своето од Бога дадено право на избор да ги повредуваат другите тогаш кога не би требало.

Различните видови на неправди можат да се случат истовремено, создавајќи цунами на прекумерна неправедност. На пример, пандемијата КОВИД-19 неравномерно влијае на оние кои веќе имаат многу различни недостатоци. Моето срце сочувствува со оние кои се соочуваат со ваквите неправди, но изјавувам од сѐ срце дека Исус Христос ја разбира неправдата и има моќ да обезбеди лек. Ништо не се споредува со неправдата што Тој ја претрпе. Не беше фер што Ги искуси сите болки и невољи на човештвото. Не беше праведно што Тој настрада за моите гревови и грешки, и за вашите. Но Тој избра да го стори тоа поради Неговата љубов за нас и за Небесниот Отец. Тој совршено разбира што доживуваме.4

Светите писма пишуваат дека старите Израелци се жалеле што Бог се однесувал неправедно кон нив. Како одговор на ова, Јехова запрашал, „Може ли жена да го заборави своето доенче, зар не треба да се сожали на синот од нејзината утроба?“ Колку и да е малку веројатно дека саканата мајка ќе го заборави своето новороденче, Јехова изјавил дека Неговата приврзаност била дури уште попостојана. Тој потврдил: „Да, тие можеби заборавија, но јас нема да те заборавам. … Види, те врежав на дланките од моите раце; твоите ѕидини се постојано пред мене“.5 Бидејќи Исус Христос ја издржа бесконечната помирувачка жртва, Тој совршено сочувствува со нас.6 Тој секогаш е свесен за нас и за нашите околности.

Во смртноста, можеме „храбро да дојдеме“ до Спасителот и да примиме сочувство, исцелување и помош.7 Дури и додека страдаме необјасниво, Бог може да нѐ благослови на едноставни, обични и значајни начини. Додека учиме да ги препознаеме овие благослови, нашата верба во Бог ќе се зголеми. Во вечностите, Небесниот Отец и Исус Христос ќе ги разрешат сите неправди. Ние разбирливо, сакаме да знаеме како и кога. Како Тие ќе го направат тоа? Кога Небесниот Отец и Исус Христос ќе го направат тоа? Според моите сознанија, Тие не открија како или кога.8 Тоа што го знам е дека Тие ќе го сторат.

Во неправедни ситуации, една од нашите задачи е да веруваме дека „сѐ што е неправедно за животот може да се корегира преку Помирувањето на Исус Христос.“9 Исус Христос го надминал светот и ја „абсорбирал“ сета неправедност. Поради Него, можеме да имаме мир на овој свет и да бидеме со ведар дух.10 Ако му дозволиме, Исус Христос ќе ја освети неправдата во наша корист.11 Не само што ќе нѐ утеши и ќе го возобнови изгубеното;12 Ќе ја искористи неправдата за наша корист. Кога станува збор за како и кога, потребно е да препознаеме и да прифатиме, како што Алма направил, „не е важно; зашто Бог ги знаел сите овие нешта; а мене ме задоволи што знам дека ова е случено.“13

Можеме да се обидеме да одговориме на нашите прашања за тоа како и кога за подоцна да се фокусираме на развивање на верата во Исус Христос, дека Тој ја има и моќта да стори сѐ како што треба и дека копнее да го стори тоа.14 Нашето инсистирање да дознаеме како или кога е непродуктивно, и на крајот на краиштата, миопично.15

Додека ја развиваме верата во Исус Христос, треба да се стремиме да станеме како Него. Потоа им пристапуваме на другите со сочувство и се обидуваме да ја ублажиме неправдата каде што ја наоѓаме;16 можеме да се обидеме да ги исправиме работите во нашата сфера на влијание. Навистина, Спасителот упати дека треба „да бидеме загрижено ангажирани во добра причина, и да направиме многу нешта според [нашата] сопствена слободна воља, и да предизвикаме многу праведност.“17

Некој кој загрижено се занимавал со борбата против неправдата е адвокатот Брајан Стивенсон. Неговата правна практика во Обединетите Држави е посветена на одбрана на оние што биле погрешно осудени, ставање крај на несоодветното казнување и заштита на основните човекови права. Пред неколку години, Господинот Стивенсон одбранил човек кој бил погрешно обвинет за убиство и бил осуден на смрт. Господинот Стивенсон ја замолил локалната Христијанска црква за помош, иако човекот не бил активен во неговата црква и бил омаловажуван поради далеку позната вонбрачна афера.

За да ја фокусира конгрегацијата на она што е навистина важно, г-динот Стивенсон им зборувал за жената која била обвинета за прељуба и била донесена пред Исус. Тужителите сакале да ја каменуваат до смрт, но Исус рекол, „Оној кој што е безгрешен помеѓу вас … , прв нека ја каменува.“18 Луѓето кои ја обвиниле жената се повлекле. Исус не само што не ја осудил жената туку побарал од неа да не направи грев повторно.19

Откако ја прераскажал оваа епизода, г-динот Стивенсон приметил дека самобендисаноста, стравот и гневот ги натерале христијаните да „фрлаат камења врз луѓето“ кои се сопнале. Тој потоа кажал, „Не можеме едноставно да набљудуваме како тоа се случува“ и ги охрабрил насобраните да станат „фаќачи на камен.“20 Браќа и сестри, не фрлањето камења кон другите е првиот чекор кон сочувствително однесување кон другите. Вториот чекор е да се обидете да ги фатите камењата фрлени од другите

Како се справуваме со добрите и лошите страни, е дел животниот тест. Ќе ни биде судено не толку според она што го кажуваме, туку според тоа како се однесуваме кон ранливите и загрозените.21 Како Светци од Подоцнежните-Дни, ние тежнееме да го следиме Спасителовиот пример, за да правиме добрини.22 Ја покажуваме нашата љубов за нашите соседи со тоа што се залагаме за достоинството на сите деца на Небесниот Отец.

Во однос на нашите сопствени добри и лоши страни, размислувањето е здраво. За Џон беше поучно да разбере зошто Ана добила велосипед. Беше поучно и за Рут да го свати мајчиниот поглед на нештата зошто Марла има потреба од нови чевли. Може да ви се разјасни, при обидот да се видат работите преку вечна перспектива. Додека сѐ повеќе наликуваме на Спасителот, развиваме повеќе емпатија, разбирање и милосрдие.

Се враќам на прашањето поставено од нашиот пријател сопатник во Кигали кога тој изрази жалење за Руандскиот геноцид и запраша, „Доколку имаше Бог, зар немаше да стори нешто во врска со тоа?“

Без минимизирање на страдањето предизвикано од геноцидот, и откако ја признавме нашата неспособност да го сватиме ваквото страдање, одговоривме дека Исус Христос сепак направил нешто за разгневувачка неправда.23 Објаснивме многу евангелски перцепции во врска со Исус Христос и со Обновувањето на Неговата Црква.24

После тоа, нашиот познаник запраша, со солзи во очите, „Мислите дека има нешто што можам да направам за моите мртви родители и вујко ми?“

Ние одговоривме,„Па, да!“ Потоа, сведочевме дека сѐ што е неправедно во врска со животот, може да се исправи преку Помирувањето на Исус Христос и дека со Неговиот авторитет семејствата можат да бидат обединети засекогаш.

Кога се соочуваме со неправда, можеме да се оттргнеме од Бога или пак да нѐ привлече кон Него за помош и поддршка. На пример, продолжувањето на војувањата помеѓу Нефијците и Ламанците различно влијаело на луѓето. Мормон приметил дека „многумина закоравеа“ додека други „омекнаа поради страдањата, толку многу што се понизија пред Бога.“25

Не дозволувајте неправдата да ве стврднува или да ја кородира верата во Бога. Наместо тоа, барајте помош од Бога. Зголемете ја вашата благодарност и доверба во Спасителот. Наместо да станете огорчени, дозволете Тој да ви помогне да се подобрите.26 Дозволете му да ви помогне да истраете, да дозволи вашите страдања да бидат „проголтани во радоста за Христос“.27 И придружете се на Неговата мисија „да се исцелат скршените срца,“28 настојувајте да ја ублажите неправдата, и да станете ловци на камен.29

Јас сведочам дека Спасителот живее. Тој ја разбира неправдата. Белезите на неговите дланки постојано го потсетуваат на вас и вашите околности. Тој ви служи за време на сите ваши маки. За оние кои ќе дојдат при Него, круната на убавина ќе ги замени пеплиштата на жалоста; радоста и веселбите ќе ги заменат болката и тагата; уважувањето и прославата ќе ги заменат обесхрабрувањето и очајот.30 Вашата вера во небесниот Отец и Исус Христос ќе бидат наградени повеќе отколку што може да замислите. Сета неправда—особено неправдата која предизвикува лутина—ќе бидат осветени во ваша корист. Јас сведочам така, во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Види Џон Ридер, (John Reader, Africa: A Biography of the Continent (1999), 635–36, 673–79.)

  2. Иако надежно, помирувањето во Руанда е сложено. Некои ја доведуваат во прашање неговата длабочина и трајност. Види, на пример (“The Great Rwanda Debate: Paragon or Prison?,” Economist, Mar. 27, 2021, 41–43.)

  3. Учење и Завети 130:19; додаден акцент.

  4. Види Евреите 4:15.

  5. 1 Нефи 21:15, -16.

  6. Види Алма 7:11–13.

  7. Види Евреите 4:16; види исто Исаија 41:10; 43:2; 46:4; 61:1–3.

  8. Свет на претпазливост: Треба да одолееме на искушението да создаваме сопствени теории како како и кога, без разлика колку е тоа доволно разумно или веродостојно. Не можеме праведно да ја пополниме празнината за она што Бог сѐ уште го нема откриено.

  9. Preach My Gospel: A Guide to Missionary Service (2018), 52; види исто Исаија 61:2–3; Откровение 21:4. „Сѐ што е неправедно за животот може да се корегира“ веројатно значи дека последиците од неправдата нанесена кон нас ќе бидат разрешени, ублажени или отстранети“. Во неговиот завршен говор на генералната конференција, (Elder Joseph B. Wirthlin, “Come What May, and Love It) Старешина Џозеф Б. Виртлин кажал: „Секоја солза денес веројатно ќе биде вратена стократно со солзи на радост и благодарност.… Преовладува принцип на компензација“ (Liahona, Nov. 2008, 28).

  10. Види Јован 16:33,

  11. Види 2 Нефи 2:2.

  12. Види Јов 42:10, 12–13; Јаков 3:1.

  13. Алма 40:5.

  14. Види Мосија 4:9.

  15. Види Расел М. Нелсон, (Russell M. Nelson, “Let God Prevail,” Liahona, Nov. 2020, 93.) Миопично значи тесен поглед на нештата.

  16. На пример, Капетанот Морони потврдил дека е погрешно што поединците стојат настарана и „ништо не превземаат“ кога можат да им помагаат на другите (види Алма 60:9–11); види исто 2 Коринтјаните 1:3.

  17. Учења и Завети 58:27; види исто стихови 26, 28–29.

  18. Јован 8:7.

  19. Види Јован 8:10–11; Преводот на Џозеф Смит стих 11 вклучува, „А жената го величеше Бог од тој час, и веруваше во неговото име“, наведува дека неосудувањето од страна на Бога и Неговата заповед „да не греши повторно“ влијаеле на целиот нејзин живот.

  20. Брајан Стивенсон, (Bryan Stevenson, Just Mercy: A Story of Justice and Redemption (2015), 308–9.)

  21. Види Матеј 25:31-46.

  22. Види Дела 10:38; види исто Расел М. Нелсон, (Russell M. Nelson, “The Second Great Commandment,” Liahona, Nov. 2019, 96–100.)

  23. Види Doctrine and Covenants 1:17, 22–23.

  24. Овие перцепции се јасно артикулирани во „The Restoration of the Fulness of the Gospel of Jesus Christ: A Bicentennial Proclamation to the World,“ ChurchofJesusChrist.org.

  25. Алма 62:41.

  26. Види Амос Ц. Браун, во Бојд Матесон, „Со оваа нација може да биде Добро, Ако го Заклучиме Оружјето како Божји Деца“, (Amos C. Brown, in Boyd Matheson, “‘It Can Be Well with This Nation’ If We Lock Arms as Children of God,” Church News, July 25, 2019, churchnews.com.)

  27. Алма 31:38.

  28. Види Лука 4:16–19. Да се исцелат скршените срца е да се обноват нивните мисли, воља, интелект или внатрешност која е оштетена или скршена (види Џејмс Стронг, (James Strong, The New Strong’s Expanded Exhaustive Concordance of the Bible [2010], Hebrew dictionary section, 139 and 271)).

  29. Види, на пример, Расел М. Нелсон, „Дозволете Бог да надвладее“, ( Liahona, Nov. 2020, 94;) Далин Х.Оукс, „Сакајте ги Вашите Непријатели“, ( Liahona, Nov. 2020, 26–29). Претседателот Нелсон поттикнуваше: „Денес ги повикувам нашите членови насекаде да се откажат од ставовите и постапките на предрасуди. Молам со вас да промовирате почит за сите за сите Божји деца.“ Ова е повеќе од само антитеза на ставовите и постапките на предрасуди. Претседателот Оукс ја цитираше почитуваната Тереза А. Диар: „Расизмот напредува со омраза, угнетување, дослух, пасивност, индиферентност и тишина.“ Потоа тој кажа, „Како членови на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, мора да работиме подобро за помогнеме да се искорени расизмот.“

  30. Види Исаија 61:3. Примање на круната за убавина значи дека ќе станеме сонаследници со Исус Христос во царството Божје. Види исто Доналд В. Пери, Џеј А. Пери и Тина М. Питерсон, (Donald W. Parry, Jay A. Parry, and Tina M. Peterson, Understanding Isaiah (1998), 541–43.)