Генерална Конференција
Поучување на Начинот на Спасителот
Април 2021 Генерална Конференција


Поучување на Начинот на Спасителот

Секој од нас е директно одговорен да го следи примерот на Главниот и да поучува како Него.

Исклучителни Учители

Пред неколку месеци, мој поранешен соученик од мојот роден град Овертон во Невада, предложи да составиме заедно Божиќен подарок за нашата сакана учителка од градинка, која неодамна го прослави својот 98-ми роденден. Таа нѐ научи како да бидеме љубезни, на важноста на добрата дремка, на радоста на крекерите со млеко и на тоа да се сакаме едни со други. Ви благодарам, Сестро Дејвис, за тоа што бевте толку прекрасна учителка.

Сестра Дејвис

Имав уште еден исклучителен учител додека го посетував Рикс Колеџот пред многу години. Се подготвував да служам мисија и помислив дека ќе биде корисно доколку посетувам мисионерски подготвителен клас. Она што го доживеав го промени мојот живот.

Уште од првиот ден на наставата, сватив дека сум во присуство на главен учител. Учител ми беше братот Ф. Мелвин Хамонд. Знаев дека братот Хамонд го сака Господ а ме сакаше и мене. Можев да го видам тоа во неговото лице и да го чујам преку неговиот глас. Кога тој зборуваше, Духот ја просветлуваше мојата душа. Тој ја поучуваше доктрината, но исто така ме повика самостојно да учам. Оваа покана ми помогна многу јасно да ја увидам својата одговорност самостојно да ја учам Господовата доктрина. Тоа искуство ме промени засекогаш. Ви благодарам, брат Хамонд, за тоа што бев поучуван на начинот на Спасителот.

Браќа и сестри, секој заслужува да доживее ваков вид на искуство на учење и дома и во црква.

Воведот на Дојдете, Следете Ме дава визија за тоа што може да постигне поучувањето на начинот кој наликува на христосовиот. „Целта на секое учење и поучување на евангелието,“ се вели таму, „е да се продлабочи нашата преобразба кон Исус Христос и да ни помогне што повеќе да наликуваме на Него. … Овој вид на евангелското учење што ја зајакнува нашата вера и води до чудесна преобразба не се случува така одеднаш. Се протега надвор од училница[та] во срцето и домот на еден поединец.“1

Светите писма покажуваат дека службата на Спасителот во древна Америка била толку ефикасна и распространета што „ сите луѓе биле преобразени кон Господ, низ целата земја, и Ламанците и Нефијците, и немало расправии и спорови меѓу нив, и секој еден се однесувал праведно кон другиот.“2

Како може нашето поучување има сличен ефект врз оние што ги сакаме? Како можеме се повеќе да поучуваме како Спасителот и да им помогнеме на другите да се преобразат подлабоко? Дозволете ми да понудам неколку предлози

Угледајте се на Спасителот

Прво и најважно, превземете ја на себе обврската да научите сѐ за Самиот Главен Учител. Како Тој ја покажувал љубовта за другите? Што тие чувствувале додека ги поучувал? Што всушност Тој поучувал? Какви беа Неговите очекувања од оние што ги поучувал? Откако ќе ги испитате ваквите прашања, проценете и прилагодете ја вашата методологија на поучување, да наликува на Неговата.

Црквата обезбедува многу ресурси за поучување достапни преку апликацијата Евангелска Библиотека и на ChurchofJesusChrist.org. Еден од ваквите ресурси е насловен Поучување на Начинот на Спасителот. Ве повикувам да го прочитате и да го проучите секој негов збор. Неговите принципи ќе ви помогнат во напорите да станете похристолики во вашето поучување.

Ослободете ја Моќта на Семејствата

Мојот следен предлог може да биде илустриран со искуството што го имав пред неколку месеци кога застанав да посетам драг пријател. Можев да ја чујам неговата сопруга во позадина како разговара со некого, па брзо се извинив за да тој може да се врати на семејството.

За нешто повеќе од еден час подоцна ја примив оваа текстуална порака од неговата слатка сопруга: „Брат Њуман, ви благодарам што навративте. Требаше да ве поканиме внатре, но сакам да споделам со вас што правевме. Откако започна пандемијата разговаравме за прирачникот Дојдете, Следете Ме со нашите возрасни деца секоја недела преку апликацијата Зум. Тој буквално правеше чуда. Мислам дека мојата ќерка за прв пат ја прочита Книгата на Мормон самостојно. Денеска беше последната лекција од Книгата на Мормон, а ние туку што привршувавме кога вие дојдовте. … Мислам дека ќе бидете заинтересирани да слушнете како Дојдете, Следете Ме, Зум и пандемијата обезбедија можност да се промени едно срце во вистинско време. … Ме натера да се запрашам колку мали чуда се случуваат во ова чудно време.“

Ова ми звучи како исполнување на ветувањето што Претседателот Расел М. Нелсон го даде во октомври 2018 година. Тој кажа дека евангелското учење кое е насочено кон домот и е црковно поддржано „има потенцијал да ја ослободи моќта на семејството, кога секое семејство совесно и внимателно го следи и се стреми да го претвори својот дом во светилиште на верата. Јас ви ветувам дека кога посветено работите на ремоделирање на вашиот дом во центар на евангелско учење, со текот на времето вашите денови на Сабат навистина ќе бидат задоволство. Вашите деца ќе бидат возбудени да ги учат и да ги живеат поучувањата на Спасителот. … Промените во вашето семејство ќе станат драматични и трајни“.3 Колку убаво ветување!

За да навистина го промени нашиот живот, преобратувањето во Исус Христос мора да ја вклучи целата наша душа и да навлезе во секој аспект од нашите животи. Значи мора да биде во центарот на нашите животи—нашите семејства и домови.

Запамтете дека Преобратувањето е Лично

Мојот последен предлог е да запамтите дека преобратувањето мора да дојде одвнатре. Како што е прикажано во параболата со десетте девици, не можеме да му го дадеме на некој друг маслото од нашето преобратување, колку и да го сакаме тоа. Како што Старешина Дејвид А. Беднар поучуваше: „Ова драгоцено масло се стекнува капка по капка… трепеливо и упорно. Нема достапна скратена постапка; Не е можна избезумно напорна подготовка во последен момент

Дојдете, Следете Ме е базиран на таа вистина. Го споредувам со ангелот кој му помогнал на Нефи да дознае за Исус Христос велејќи, „Гледај!“5 Како и тој ангел, прирачникот Дојдете, Следете Ме нѐ повикува да го побараме Спасителот во светите писма и во зборовите на пророците од модерното време, за да го пронајдеме и да го слушнеме. Како и Нефи, ќе бидеме лично поучувани од Духот додека читаме и размислуваме за зборовите Господови. Дојдете, Следете Ме е отскочна даска што на секој од нас му помага да се нурнеме длабоко во животните води од доктрината за Христос.

Одговорноста на родителите е слична на многу начини. Децата наследуваат многу нешта од своите родители, но сведоштвото не е едно од нив. Не можеме да им сведочиме на нашите деца исто како што не можеме да го натераме семето да изрти. Но може да обезбедиме хранлива и добра почва, ослободена од трње „што би го задавила зборот“. Можеме да се стремиме на создадеме идеални услови за да нашите деца—и за другите кои ги сакаме—да можат да пронајдат место за семето, „[да го слушнат] зборот, и да го [разберат] ”6 и самите да откријат “дека тоа семе е добро.”7

Брат Њуман и неговиот син Џек

Пред неколку години, мојот син Џек и јас имавме можност да играме на Стариот Курс во Сент Ендрус во Шкотска, каде започна партија голф. Беше едноставно неверојатно! По враќањето се обидов да им ја пренесам на другите големината и важноста на искуството. Но не можев. Фотографиите, видео записите и моите најдобри описи беа сосема несоодветни. Конечно сватив дека единствениот начин за некој да дознае за величенственоста на Кралскиот и древен голф клуб од Сент Ендрус е да го доживее тоа–да се видат различните видови на палки, да се вдише воздухот, да се почувствува ветрот во лицето и да исфрлат неколку залутани топки во кавернозните бункери и густите жолти грмушки, што ние го правевеме со голема ефиксност.

Така е и со Божјиот збор. Можеме да поучуваме за него, да проповедаме, да објаснуваме за него. Можеме да зборуваме за него, да го опишуваме, па дури и да сведочиме. Но додека не почувствуваме дека светиот збор се дестилира врз нечија душа како росата од небото преку моќта на Духот,8 тоа ќе биде како да гледаме разгледница или пак фотографии од нечие патување. Вие сами треба да одите таму. Преобратувањето е лично патување—патување на собирање.

Секој што поучува дома или во црква, може да им ја понуди на другите можноста да имаат сопствени духовни доживувања. Преку овие доживувања, вие самите ќе ја „спознаете вистината за сите нешта“.9 Претседателот Нелсон учеше, Ако имате искрени прашања за евангелието или за Црквата, кога дозволувате Бог да надвладее, ќе бидете одведени да ги пронајдете и да ги разберете апсолутните, вечни вистини што ќе го водат вашиот живот и ќе ви помогнат да останете цврсто на заветниот пат.“10

Драматично Подобрување на Наставата

Ги повикувам водачите и учителите од секоја организација на Црквата да се советуваат заедно со родителите и младите со цел драматично да ја подобрат наставата на секое ниво—во коловите, во одделите и дома. Ова ќе биде постигнато преку поучување за доктрината и повикување на духовна дискусија за вистините за кои нѐ поучуваше Светиот Дух во тивките моменти на нашето лично проучување.

Почитувани мои пријатели по Христа, одговорноста целосно лежи врз секој од нас, да го следиме примерот на Главниот и да поучуваме како Него. Неговиот начин е вистинскиот! Додека го следиме Него „кога тој ќе се појави ќе бидеме како него, зашто ќе го видиме каков што е; за да може да ја имаме оваа надеж; за да може да бидеме прочистени дури и чисти како што е тој“.11 Во името на Тој кој воскресна, Самиот Главен Учител, Исус Христос, амин.