Не како што Светот го Дава
Инструментите што ни се потребни за да создадеме посветол ден и раст во економијата на вистинска добрина во изобилство се дадени во евангелието на Исус Христос.
Пред тој прв Велигден, додека Исус го привршувал новиот сакраментален обред со кој управувал со Дванаесетмината, го започнал својот величествен проштален говор и се преселил кон Гетсеманија, кон предавството и распнувањето. Меѓутоа, кога ја почувствувал загриженоста и можеби дури и отворениот страв на кој што некои од овие луѓе сигурно биле изложени, им Го кажал ова ним (а и нам):
„Не дозволувајте вашето срце да биде вознемирено: верувате во Бога, верувајте исто така и во мене.…
„Нема да ве оставам без утеха: Ќе дојдам кај вас. …
„Мир ви оставам, мирот Свој ви го давам: но не како што го дава светот. Да не се плаши срцето ваше, ниту да стравува.“1
Во овој смртен свет, доаѓаат времиња на искушение, исто така и за верниците, но утешителната порака на Христос е дека Тој, Пасхалното јагне, би сакал да оди како „овца пред своите стрижачи“2 Тој сепак би се издигнал, како што вели псалмистот, да биде „наше прибежиште и сила, докажан помошник [во време] на невоља“3
Согледувајќи какви тешки часови доаѓаат пред Христос додека се приближувал кон крстот и пред Неговите следбеници како што би го излагале Неговото евангелие пред Светот во меридијанот на времето, придружете ми се сега до сродна порака за членовите на Спасителовата Црква од подоцнежните дни. Оваа порака лежи во зачудувачки број на стихови во Книгата на Мормон кои се занимаваат со различен вид на конфликти, од вечно досадното однесување на Ламан и Лемуел до конечните битки со стотици илјади војници. Една од очигледните причини за овој акцент е што овие автори, (кои и самите доживеале толку многу војна) пророчки нѐ предупредуваат дека насилството и конфликтот ќе бидат потписна карактеристика на односите во последните денови, бидејќи Книгата на Мормон е пишувана за публиката од подоцнежните-дни.
Секако, мојата теорија околу несогласувањето од подоцнежните дни не е многу оригинална. Речиси пред 2000 години, Спасителот предупреди дека во последните дни таму ќе има „војни и гласини за војни“,4 подоцна велејќи дека „мирот [би] бил земен од земјата“.5 Сигурно овој Принц на Мирот, кој недвосмислено поучуваше дека несогласувањето е од ѓаволот,6 мора да плаче, заедно со неговиот Божествен Отец, над оние во човечкото семејство од наше време кои се „без возбудување“, светите писма велат, и не можат да сватат како да живеат заедно во љубов.7
Браќа и сестри, ние гледаме премногу конфликти, лутина, и општа нецивилизираност околу нас. За среќа, сегашната генерација не се соочи со Трета Светска Војна, ниту пак доживеавме голем глобален економски крах, како оној од 1929 што одведе до Голема Економска Криза. Меѓутоа, соочени сме со еден вид на Трета Светска Војна што не е битка за да се победат нашите непријатели, туку регрутирање што ги зближува децата Божји да се грижат повеќе еден за друг и да помогнат да се залечат раните што ги наоѓаме во еден конфликтен свет. Големата Економска криза со која се соочуваме сега нема ништо заедничко со надворешната загуба на нашите заштеди а има заедничко со внатрешната загуба на нашата самодоверба, со вистински недостаток на вербата, надеж и мислосрдие насекаде околу нас. Но инструментите што ни се потребни за да создадеме посветол ден и раст во економијата со вистинска добрина во општеството, во изобилство се дадени во евангелието на Исус Христос. Не можеме да си дозволиме—и овој свет не може да си дозволи—да не успееме да ги ставиме овие евангелски концепти и воспоставени завети во целосна употреба лично и јавно.
Така, во свет „фрлен во бура, и не утешен“, како што Јехова најави дека ќе биде, како ќе го најдеме она што Тој го нарече „ заветот на …мирот“? Го наоѓаме свртувајќи се кон Него кој вели дека ќе има милост кон нас и „со вечна добрина“ ќе им додели мир на нашите деца.8 Така, и покрај застрашувачките пророштва и вознемирувачките стихови од светите писма кои изјавуваат дека мирот ќе биде одземен од земјата генерално, пророците, вкучувајќи го и нашиот возљубен Расел М. Нелсон, поучуваат дека тој не мора да биде одземен од нас поединечно!9 Значи, овој Велигден, да се обидеме на вежбаме мир на личен начин, применувајќи ја милоста и исцелувачкиот мелем од Помирувањето на Господ Исус Христос на нас самите и на нашите семејства и сите оние што можеме да ги достигнеме околу нас. За среќа, дури и неверојатно е, што овој ублажувачки мелем ни е достапен „без пари и без цена“.10
Таквата помош и надеж е повеќе од потребна бидејќи на овој светски собир денес има многумина кои се соочуваат со низа предизвици—физички или емотивни, социјални или финансиски, или дузина други видови на проблеми. Но, многу од овие ние не сме доволно силни да си ги припишеме на самите себе, зашто помошта и мирот што ни се потребни не е од типот на „светот го дава“.11 Не, за навистина тешките проблеми ние имаме потреба од она што во светите писма се нарекува „моќта на небесата“, а за да пристапиме кон овие овластувања мора да живееме спред како што истите свети писма го нарекуваат „принципи на праведност“.12 Сега, за да се разбере поврзаноста помеѓу принципот и моќта е единствената лекција што човечкото семејство се чини никогаш не е во состојба да ја научи, така вели Бог на небото и земјата!13
А кои се тоа принципи? Па, тие се повторуваат повеќе пати во светите писма, се учат повторно и повторно на конференции како оваа, а во нашата евангелска епоха му беа дадени на Пророкот Џозеф Смит како одговор на неговата сопствена верзија на крикот „Мој Боже, мој Боже, зошто ти ме напушти?“14 Во ладното, без сочувство за туѓите страдања затворање во затворот Либерти, тој беше поучуван дека принципите на праведност вклучуваат такви доблести како што се трпеливост, долго-трпеливост, нежност, и апсолутна љубов.15 Во отсуство на овие принципи, беше речиси сигурно дека ќе соочиме со раздор и непријателство.
Во тој контекст, дали можам за момент искрено да зборувам за отсуството на овие принципи на праведност во некои квартови во денешно време. По правило, јас сум оптимист, ведар тип а има толку многу добрина и убавина во нашиот свет. Секако имаме повеќе матерјални благослови од било која генерација во историјата, но во културата на 21-виот век генерално, а премногу често и во Црквата, сѐ уште гледаме животи кои се во невоља, со компромиси што водат до многу скршени завети и премногу скршени срца. Размислите за грубиот јазик кој е паралела на сексуалните престапи, и двете толку многу присутни во филмовите или на тв, или бидете свесни за сексуално вознемирување и другите форми на несоодветност на работното место за кои толку многу читаме деновиве. За прашања како што е заветната чистота, светото премногу често се прави вообичаено а светите премногу често се вулгаризираат. До сите оние кои се во искушение да одат, да зборуваат или да се однесуваат на овие начини— „како светот што ги дава“, да се рече така— не очекувајте дека тоа ќе ве одведе до мирно искуство; Ви ветувам во името на Господ дека нема. „Порочноста никогаш не била среќа“,16 еднаш кажал еден древен пророк. Кога танцот е завршен, свирачот мора секогаш да биде платен, а најчесто вредноста со која се плаќа се солзите и жалењето.17
Или можеби гледаме други форми на злоупотреба и понижување. Колку двојно повнимателни мора да бидеме како ученици на Господ Исус Христос да не учествуваме во такво однесување. Во никој случај не треба да бидеме виновни за било каква форма на злоупотреба, неправедна доминација или неморално присилување—не физичко ниту емоционално или црковно или од било кој друг вид. Се сеќавам дека ја чувствував страста на Претседателот Гордон Б. Хинкли пред неколку години кога тој им зборуваше на мажите од Црквата во однос на оние што тој ги нарече „тирани во сопствените домови“:18
„Колку е трагичен и целосно одвратен феноменот на злоупотреба на сопругата,“ вели тој. „Секој маж во оваа Црква што ја злоупотребува неговата сопруга, кој ја понижува, ја навредува, кој практикува неправедно владеење врз неа е недостоен да биде свештеник. … [Тој] е недостоен да добие храмска препорака.“19 Подеднакво презирно, вели тој, беше било каква форма на злоупотреба на децата—или било каква друга злоупотреба.20
Во премногу случаи, инаку верните мажи, жени, па дури и деца може да бидат виновни затоа што зборуваат нељубезно, дури и деструктивно, со оние со кои се можеби запечатени со свет обред во храмот на Господ. Секој има право да биде сакан, да се чувствува мирно, и да ја најде безбедноста на домот. Ве молам, можеме ли да се обидеме да го одржиме ваквото опкружување таму. Ветувањето за тоа што сте миротворец е дека ќе го имате Светиот Дух како ваш постојан придружник а благословите ќе течат кон вас „без присилни средства“ засекогаш.21 Никој не може да користи остар јазик или нељубезни зборови и сѐ уште „да ја пее песната на откупителната љубов“.22
Може ли да завршам од каде што почнав. Утре е Велигден, време за праведни принципи на евангелието на Исус Христос и за Неговото Помирување и време за „надминување“—да преминеме преку конфликтот и несогласувањето, преку очајот и престапот, и конечно да преминеме преку смртта. Тоа е време за давање на цврсто ветување во зброот и делото на Јагнето Божје, оној кој „ги [носеше] нашите таги, и ги поднесе нашите гревови“23 во Неговата одлучност да го заврши делото на спасение во наше име.
И покрај предавството и болката, злоупотребата и суровоста, и со сите натрупани гревови и грижи за човечкото семејство, Синот на Живиот Бог погледна по долгиот пат на смртноста, нѐ виде овој викенд, и рече: „Мир ви оставам, мирот Свој ви го давам: но не како што го дава светот. Да не се плаши срцето ваше, ниту да стравува.“24 Имајте благословен, радосен и мирен Велигден. Неговите безмерни можности веќе ги плати Прицот на Мирот, кого јас го сакам со сето свое срце, чија Црква е оваа, и за кого Јас сведочам, дури и Господ Исус Христос, амин.