Вие ќе бидете слободни
Исус Христос е светлината за која треба да се држиме дури и во мрачните времиња на нашите смртни животи
Мои љубени браќа и сестри, многу сум благодарен за привилегијата да ви се обратам од Африка. Благослов е да се има технологијата денес и да се искористи на најефективен начин за да се досегне до вас каде и да сте.
Во Септември 2019, сестра Муомбо и јас, додека служевме како лидери на Мериленд Балтимор Мисијата, имавме привилегија да посетиме некои Црковни историски знаменитости во Палмира, Њујорк, додека присуствувавме на мисионерски семинар за лидерство. Ја завршивме нашата посета во Светата Шума. Нашата намера да ја посетиме Светата Шума не беше да имаме специјална манифестација или визија, туку да го почувствувавме Божјото присуство во ова свето место. Нашите срца беа исполнети со благодарност кон пророкот Џозеф Смит.
Додека се враќавме назад сестра Мутомбо забележа дека имав голема насмевка додека возев, па ме праша, „Што е причината за твојата возбуда?“
И одговорив, „Моја драга Натали, вистината секогаш ќе триумфира врз погрешното, и темнината нема да продолжи на земјата поради обновеното евангелие на Исус Христос.“
Бог Отецот и Исус Христос го посетија младиот Џозеф Смит да го изнесат на светлина она што беше скриено, за да може да го примиме „знаењето за нештата какви што се, … какви што беа, и какви што [ќе бидат]“ (Учење и Завети 93:24).
После речиси 200 години, многумина се уште ги бараат виситните за да се ослободат од некои традиции и лагите кои непријателот ги шири низ светот. Многу се „заслепени од суптилната лукавост на човека“ (Учење и Завети 123:22). Во неговото послание до Ефесјаните, Павле поучува: „Разбуди се ти кој спиеш, и стани од мртвите, и Христос ќе ти ја даде светлината“ (Ефесјани 5:14). Спасителот вети дека Тој ќе биде светлината на сите оние што ги слушаат Неговите зборови (see 2 Нефи 10:14).
Пред триесет и пет години, моите родители беа исто така заслепени и сакаа да ја дознаат вистината и беа загрижени за тоа каде да одат за да ја пронајдат. Моите родители беа родени на село, каде традициите беа длабоко вкоренетиво на животите на поединци и семејствата/индивидуалци и фамилии. Тие и двајцата го напуштија нивното село кога беа млади и дојдоа во градот, , барајќи подобар живот.
Тие се венчаа и го основаа семејството на многу скромен начин. Ние бевме речиси осум луѓе во мала куќа—моите родители, две од моите сестри и јас, и братучед кој живееше со нас. Се прашував дали навистина бевме семејство, бидејќи не ни беше дозволено да вечераме на иста маса со нашите родители. Кога нашиот татко се враќаше од работа , од нас побараа да одиме и да излеземе надвор веднаш штом ќе влезеше во куќата./ни кажаа да излеземе и да одиме надвор. Нашите ноќи беа многу кратки, бидејќи не можевме да спиеме поради недостатокот на хармонија и вистинска љубов во бракот на нашите родители. Нашиот дом не беше само мал, туку беше и мрачно место. Пред да се сретнеме со мисионерите, присуствуваме во различни цркви секоја Недела. Беше јасно дека нашите родители бараа нешто што светот не можеше да понуди.
Ова продолжуваше се додека не се запознаеме со Старешина и Сестра Хачингс, првата мисионерска двојка повикана да служи во Заир (денес познато како ДР Конго или Конго-Киншасаа) Кога започнавме да се сретнуваме со овие прекрасни мисионери, кои беа како ангели што дошле од Бога, забележав дека нешто започна да се менува во нашето семејство. После нашето крштавање ние прогресивно започнавме да имаме нов животен стил поради обновеното евангелие. Зборовите на Христос започнаа да ги зголемуваат нашите души. Тие започнаа да го просветлуваат нашето разбирање и станаа вкусни за нас, зашто вистините што ги примивме беа јасни, и можевме да ја видиме светлината, и оваа светлина светеше се појасно и појасно секој ден.
Ова разбирање зошто евангелието ни помагаше да стаенеме повеќе како нашиот Спасител. Големината на нашиот дом не се смени; ниту пак нашите социјални услови. Но забележав промена на срцето кај моите родители додека се молевме, наутро и навечер. Ја проучувавме Книгата на Мормон; одржувавме семејна домашна вечер; навистина станавме семејство. Секоја Недела се будевме во 6 часот. да се подготвиме за во црква, и патувавме со часови за да присуствуваме на Црковните средби секоја недела без да се жалиме. Тоа /Беше прекрасно искуство да се посведочи. Ние, кои претходно чекоревме во темнина, ја бркавме темнината од нас (види Учење и Завети 50:25) и видовме „голема светлина“(2 Нефи 19:2).
Се сеќавам еден ден кога не сакав да се рабудам рано наутро за нашата семејна молитва, им мрморев на сестрите, „Нема навистина ништо што можеме да направиме во овој дом, само да се молиме, молиме, молиме“ Мојот татко ги слушна моите коментари Се сеќавам не неговата реакција додека тој прекрасно но цврсто ме поучи: „Додека сте во оваа куќа ќе се молите, молите, молите.“
Зборовите на мојот татко одекнуваа во моите уши. Што мислите дека Сестра Мутомбо и јас правиме со нашите деца денес. Ние се молиме, молиме, молиме Тоа е нашето наследство
Човекот кој беше роден слеп и беше исцелен од Исус Христос, откако беше притиснат од неговите соседи и Фарисеите кажа:
„Човек што се нареува Исус направи глина, и ги помази моите очи, и ми кажа, Оди во базенот на Силоам, и измиј се: И јас отидов и се измив, и добив вид. …
“… Едно нешто [кое] јас го знам [е] дека … Јас бев слеп, сега јас [можам] да гледам” (Јован 9:11, 25).
Ние исто бевме слепи и сега можеме да гледаме. Обновеното евангелие влијаеше на нашето семејство од тоа време. Разбирањето на „зошто“ на евангелието благослови 3 генерации од мојата семејство и ќе продолжи да благословува многу генерации кои следуваат.
Исус Христос е светлината која сјае во темнината. Тој што го следи Него „нема да чекори во темнина, туку ќе ја има светлината на животот” (Јован 8:12).
За речиси една година помеѓу 2016 и 2017 луѓето во Касаи регионот се справија со лоша трагедија. Беше многу мрачен период за луѓето поради традиционална група на воини и сили на владата. Насилството се прошири од градовите во провинцијата Касаи Централ до поширокиот регион. Многу луѓе избегаа од нивните домови поради безбедност и се скрија во грмушките. Нема храна ниту вода, ниту било што, и помеѓу нив беа некои членови од Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни во областа Канага. Некои членови на Црквата беа убиени од милицијата.
Братот Хоноре Мулумба од Нганза Одделот во Кананга и неговото семејство беа некои од малкуте луѓе кои останаа скриени во своите домови, не знаејќи каде да одат бидејќи сите улици беа претворени во стрелипта/трансформирани во огнени полиња. Еден ден неколку членови на милицијата го забележале присуство на Братот Мулумба и неговото семејство, додека една вечер излегоа надвор да пронајдат зеленчук во семејната градина да јадат. Група на милицијата дошлајде во нивниот дом ги извлече и има кажа да се придржат до нивните практики на милицијата во спротивно ќе бидат убиени.
Братот Мулумба храбро им кажа, „Јас сум член на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни“ Моето семејство и јас го прифативме Исус Христос и имаме вера во Него. Ќе останеме верни на нашите завети и ќе прифатиме да умреме.“
Тие им кажаа, „Штом сте го одбрале Исус Христос, вашите тела ќе ги јадат кучињата,“ и ветија дека ќе вратат назад. Но тие никогаш не се вратија, и семејството остана таму два месеца и ниогаш повеќе не ги виде. Братот Мулумба и неговото семејство го сочуваат факелот на верата да гори. Тие се сетија на нивните завети и беа заштитени.
Исус Христос е светлината за која треба да се држиме дури и во мрачните времиња на нашите смртни животи (види 3 Нефи 18:24). Кога бираме да го следиме Христос, бираме да бидеме променети. Човек променет за Христос ќе биде пводен од Христос, и ќе се прашуваме, како Павле се прашувал, „Господе, што би сакал јас да направам?“ (Дела 9:6). Ќе ги следиме „неговите чекори“ (1 Петар 2:21). Ќе „чекориме како што тој чекоеше“ (1 Јован 2:21). (Види, “Роден ос Бог,” Тамбули, Окт. 1989, 2, 6.)
Јас сведочам за Тој што умре, беше закопан, и стана повторно на третиот ден и се воздигна на небото за ти и јас да добиеме благослов на бесмртност и возвишување. Тој е „светлината“ … животот, и вистината” (Етер 4:12). Тој е противотровот и лекот за збунетост на светот. Тој е мерка за извонредност во возвишеноста, дури и Исус Христос. Во името на Исус Христос, амин.