Исус Христос: Тој што се грижи за нашата душа
Мои драги пријатели, сведочам дека додека автентично се покајуваме за нашите гревови, ние дозволуваме помирувачката жртва на Христос да биде комплетно ефективна во нашиот живот.
Мои драги браќа и сестри, за време на ова осветлено Велигденско утро моето срце се радува сеќавајќи се на најзачудувачкото, највеличественото, и најнемерливото дело кое се случило во целата човечка историја—помирувачката жртва на нашиот Господ, Исус Христос. Прочуените зборови на пророкот Исиаија додаваат на величината и алтруизмот за животот на Спасителот во името на сите Божји деца:
„Сигурно тој ја носел нашата жал, и нашите таги: сепак го ценевме погоден, удрен од Бог, и мачен.
„Но тој беше ранет заради нашите престапи, тој беше повредуван заради нашите злодела: казната за нашиот мир лежи врз него; и со неговите гребнатини се исцелуваме.“”1
Со доброволно превземање на гревовите на човештвото врз себе, со тоа што беше окован на крстот нефер, и победнички освојувајќи ја смртта на третиот ден,2 Исус даде посвето значење на обредот за Сакрамент кој беше даден на Израел во древните времиња.3 За исполнување на пророштвото, Тој се понуди како голема и последна жртва,4 легитимирајќи ги традиционалните симболи користени при славење на Сакраментот на Господ преку жртвување на Неговото сопствено тело и крв.5 При правење на тоа, Христос искуси физичко и духовно страдање кое е несеопфатно за човечкиот ум. Спасителот Самиот рече:
„Зашто ете, Јас, Бог, ги трпев овие нешта за сите, …
„Чие страдање предизвика самиот јас, и тоа Бог, најголемиот од сите, да трепери од болка, и да крвари од секоја пора, и да страда и со тело и дух—и со тоа да не пијам за да не пијам од горкара чаша, и да исчезнам—“
“Сепак, нека му е слава на Отецот, и јас земав и ги завршив своите подготовнки за човечките деца.“6
Христос милозливо ја исполни вољата на Отецот7 преку Неговата бесконечна и милостива жртва. Тој го избегна бодежот на физичка и духовна смрт,8 претставен на светот со Падот,9 нудејќи ни ја можноста за вечно спасение.10
Исус беше способен да направи едно вечно и совршено жртва за сите нас.11 Тој беше одбран и предодреден од Големиот Совет на небесата, дури и пред светот да беше создаден.12 Понатаму, да се биде роден од смртна мајка, Тој ја наследи физичка смрт, но од Бог, како Единороден Син на Отецот, Тој ја наследи моќта да го положи Неговиот сопствен живот и повторно да го земе.13 Понатаму, Христос живеел совршен живот кој бил беспрекорен и совршено чист, и затоа бил ослободен од барањата на божествената правда.14 Сведоштвото на Пророкот Џозеф Смит:
„Спасение не може да дојде на светот без посредување на Исус Христос.
Бог … подготви жртва со дарот на својот Син, кој треба да биде пратен за скоро време … да отвори врата низ која човекот може да влезе во присуство на Бог“15
Иако Спасителот автоматски го отстрани ефектот на физиќка смрт преку неговата жртва,16 Тој не ја елиминираше нашата лична одговорност да се покае за претапите кои ги извршуваме.17 Наместо тоа, Тој ни даде посебна покана да се смириме со нашиот Вечен Отец. Преку Исус Христос и неговата помирувачка жртва, можеме да искусиме моќна промена на умот и срцето, носејќи свеж став, кон Бог и генерално кон животот.18 Коха искрено се каеме од нашите гревови, вртејќи ги нашето срце и волја кон Бог и Неговите заповеди, можеме да ја добиеме неговата прошка и да го почувствуваме влијанието на Неговиот Свет Дух во поголемо изобилство во нашиот живот. Дополнително, избегнуваме да ја искусиме флабочината на стардање која Спасителот ја издржа.19
Дарот на покајание е изразување на Божјата љубезност кон Неговите деца и е прикажана со неговата неспоредлива моќ да помогне да се надмине престапите кои ги извршуваме. Исто така е доказ за трпението и макотрпноста на нашиот Вечен Отец за нашите слабости и болни места. Претседателот Расел М. Нелсон, нашиот драг пророк, посочи на ова како “дар за среќа и мир на умот.”20
Мои драги пријатели, сведочам дека додека автентично се покајуваме за нашите гревови,21 ние дозволуваме помирувачката жртва на Христос да биде комплетно ефективна во нашиот живот.22 Ќе станеме слободни од оковите на смртта, ќе пронајдеме радост, ќе најдеме радост во нашето земјено патување, и ќе бидеме квалификувани да го примиме вечното спасение, кое беше подготвено од основањето на светот за оние кои веруваат во Исус Христос и доаѓаат при Него.23
Во прилог на на овој велчествен дар, Спасителот ни нудѕ олеснување и утеха додека се соочуваме со маки, искушенија, и слабости на смртен живот, вклучувајќи ги и околностите кои сме ги иксусиле неодамна со моменталната пандемија. Можам да ве уверам дека Христос е секогаш свесен за непријателствата што ги искусуваме во смртноста. Тој ја разбира сета горчина, агонија, и физичка болка како и емоционалните и духовни предизвици со кои се соочуваме. Утробите на Спасителот се полни со милост, и Тој е секогаш спремен да ни помогне. Ова е возможно бидејќи Тој лично искусил како е да се преземе болката за нашите слабости и недостатоци.
Со питомост и понизност на срце, тој се спушти од сите нешта и профати да биде презиран, одбиен, и понижен од луѓето, бидејќи беше ранет за нашите престапи и беззаконија. Тој ги претрпе овие нешта за сите, земајќи ги врз Него сите гревови на светот,25 и Тој стана нашиот семоќен духовен згрижувач.
Додека се приближуваме кон Него, предавајќи му се духовно н неговата грижа, ќе можеме да го преземеме неговиот јарем, кој е лесен, и Неговиот товар кој е лесен. Така наоѓајќи го тој комфорт и одмор. Понатаму, ќе ја добиеме силата која ни треба да ги надминеме тешкотиите, слабостите, и тагите на животот, што ќе биде прекумерно тешко да се издржи без негова помош и исцелувака моќ.26 Светите писма не поучуваат да „го префрлиме нашиот товар врз Господ, и тој ќе ве поддржи.“/го кажеме нашиот товар на Бог и тој ќе не поддржи.”27 „И тогаш Бог нека ни додели нашиот товари да бидат лесни, преку радоста на неговиот Син”28
При крајот на минатата година, дознав за починувањето на драгар двојка, Марио и Реџина Емерик, кои беа верни на Бог и починаа 4 дена едне после друг, поради компликации со Ковид 19.
Еден од нивните синови, кој мментално служи како епископ во Бразил, ми го кажа следново на мене: „Беше могу тешко да се види како моите родители си заминуваат од овој свет во таа состојба, но јасно можев да ја почувствувам раката на Бог во мојот живот на сред трагедијата, бидејќи добив мир и сила кои го намдинуваат моето разбирање.“ Преку мојата вера во Исус Христос и неговото Покајание, добив боженствена сила да ги зацврстам и утешам моите членови на семејството и сите оние кои ни помогнаа за време на ова испитувачко искуство. Дури иако чудото за кое сите се надеваа не се случи, лично сум сведок на промената која се случи во мојот живот и животите на моето семејство. Почувстував неопислив мир кој пенетрираше во длабочината на моето срце, давајќи ми надеж и верба во љубовта на Спасителот за мене и за планот за спасение на Бог за неговите деца. Научив дека за време на деновите исполнети со најмногу жал, прекрасните раце на Спаителот се секогаш испружени кога го бараме со сето наше срце, моќ, ум, и сила.
Мои дарги браќа и сестри, за време на ова Велигденска Недела, свечено сведочам дека Исус стана од мртвите и дека Тој живее. Ви сведочам дека преку Него и Неговото искупување, Спасителот не научи да ја победиме смртта и физички и духовно. Како прилог на овие благослови, тој исто не утешува и уверува во тешки времиња. Ве уверувам дека додека ја ставаме нашата вера во Исус Христос и неговото помирување, издржувајќи во нашата вера до крај, ќе уживаме во ветувањата на нашиот Небесен Отец, кој е спремен да направи се во Негова моќ да ни помогне да се вратиме кај Него еден ден. „Ние сме [Неговото] дело и неговата слава.“29 Ви сведочам дека Исус е Христос, Искупителот на светот, ветениот Месија, воскреснувањето на живототI.30 Ги споделувам овие вистини со вас во Неговото свето име, Единородениот од Отецот, нашиот Господ, Исус Христос, амин.