Суштински Разговори
Родители, не можеме едноставно да чекаме преобратувањето да им се случи на нашите деца. Случајното преобратување не е принцип на евангелието на Исус Христос.
Дали некогаш сте се запрашале зошто го нарекуваме Основното „Основно“? Додека името посочува на деца што добиваат духовно учење во најмладите години, за мене тоа е исто така потсетник за една моќна вистина. За нашиот Небесен Отец, децата никогаш не биле споредни—тие секогаш биле “први по важност.”1
Тој нѝ верува дека ќе ги вреднуваме, почитуваме, и заштитуваме како деца на Бог. Ова значи дека никогаш не ги повредуваме физички, вербално, или емоционално на било кој начин, дури и кога притисоците и тензиите се големи. Наместо тоа ние ги цениме децата, и правиме сѐ што можеме за борба против злата на злоставување. Грижата за нив е основна задача за нас—како што е за Него.2
Една млада мајка и татко седнаа на нивната кујнска маса прегледувајќи го денот. Слушнаа тап удар од ходникот. Мајката праша, „Што беше тоа?“
Потоа слушнаа тивок плач како доаѓа од спалната соба на нивниот четиригодишен син. Тие побрзаа кон ходникот. Таму беше тој, лежеше на подот покрај неговиот кревет. Мајката го крена малото момче и го праша што се случило.
Тој кажа,„Паднав од креветот“.
Таа праша, „Зошто падна од креветот?“
Тој крена раменици и кажа, „Не знам. Претпоставувам дека едноставно не навлегов доволно внатре(во креветот).“
Се работи за „навлегувањето доволно далеку во“ за кое сакам да зборувам ова утро. Наша привилегија и одговорност е да им помагаме на децата да „навлезат доволно далеку во“ во евангелието на Исус Христос. И не можеме да зпочнеме премногу рано.
Постои единствено посебно време во животите на децата кога се заштитени од влијанието на Сатаната. Тоа е време кога тие се невини и безгрешни.3 Тоа е свето време за родителот и детето. Децата треба да бидат поучувани, преку збор и пример, пред и откако „ќе стигнат до годините на одговорност пред Бога.“4
Претседателот Хенри Б. Ајринг поучуваше: „Ја имаме најголемата можност со младите. Најдоброто време за поучување е рано, додека децата се сѐ уште имуни на искушенијата од смртен [иот] непријател, и долго пред зборовите на вистината да им биде тешко да ги слушнат поради бучавата од нивните лични борби“.5 Ваквото поучување ќе им помогне да го сватат сопствениот божествен идентитет, нивната цел, и богатите благослови што ги чекаат додека склучуваат свети завети и примаат обреди по заветниот пат.
Не можеме да чекаме преобратувањето едноставно да им се случи на нашите деца. Случајното преобратување не е принцип на евангелието на Исус Христос. Да се стане како нашиот Спасител нема да се случи случајно. Да се биде настојчив во сакањето, поучувањето, и сведочењето може да им помогне на децата да започнат уште од најрана возраст да го чувствуваат влијанието на Светиот Дух. Светиот Дух е суштински за сведоштвата и пробратувањето на нашите деца кон Иус Христос; посакуваме тие „секогаш да се сеќаваат на него, за да можат го имаат Неговиот Дух да биде со нив“6
Размислете за вредноста на семејните разговори за евангелието на Исус Христос, есенцијални разговори, што може да го поканат Духот. Кога водиме вакви разговори со нашите деца, им помагаме да создадат основа, „која е сигурна основа, основа која што ако ја изградат нема да можат да паднат.“7 Кога зајануваме едно дете, го зајакнуваме семејството.
Овие важни расправи можат да ги доведат децата да:
-
Го разберат учењето за покајанието.
-
Имаат верба во Христос, Синот на живиот Бог.
-
Го одберат крштавањето и дарот на Светиот Дух кога ќе наполнат осум години.8
-
И да молат и „исправено да чекорат пред Господа.“9
Спасителот ургираше, „Затоа ви ја давам оваа заповед, да ги поучувате овие нешта слободно на вашите деца.”10 А за што сакаше Тој ние толку слободно да поучуваме?
-
Падот на Адам
-
Помирувањето на Исус Христос
-
Важноста да се биде препороден11
Старешина Д. Тод Кристоферсон рече, „Секако противникот е задоволен кога родителите го запоставуваат поучувањето и обуката на сопствеите деца да имаат верба во Христос и да бидат духово препородени“.12
Спротивно на тоа, Спасителот би сакал ние да им помогнеме на децата „да [му] веруваат на оној Дух што води кон правење добрина“.13 За да го правиме тоа, можеме да им помагаме на децата да препознаат кога го чувствуваат Духот и да распознаат кои постапки предизвикуваат Тој да замине. Така тие учат да се покајат и да се вратат на светлината преку Помирувањето на Исус Христос. Ова помага да се поттикне духовната отпорност.
Можеме да се забавуваме додека им помагаме на нашите деца да изградат духовна отпорност на секоја возраст. Тоа не мора да биде сложено или да трае долго. Едноставно, грижливите разговори можат да ги наведат децата да знаат не само во што да веруваат, туку нјаважно, зошто да веруваат во тоа. Грижливите разговори, што се случуваат природно и постојано, можат да одведат кон подобро разбирање и подобри одговори. Ајде да не дозволиме удобноста на електкронските уреди да нѐ оддалечи од учењето и слушањето на нашите деца и од погледот во нивните очи.
Дополнители можности за есенцијални разговори можат да се појават преку играње на улоги. Членови на семејсвото можат да одглумат ситуации каде биле предизвикани или притиснати да донесат лоша одлука. Ваквата вежба може да ги зајакне децата да бидат подготвени во опкружување полно со предизвици. На пример, можеме да го одглумиме и потоа да разговараме за тоа додека ги прашуваме децата што би направиле тие:
-
Ако се во искушение да го прекршат Словото на Мудроста.
-
Ако се изложени на порнографија.
-
Ако се во искушение да лажат, да крадат, или да подметнуваат.
-
Ако слушнат нешто од пријател или учител на училиште што ги оспорува нивните верувања.
Додека тие одглумуваат а потоа разговараат за тоа, децата можат да се вооружат со „штитот на вера каде што [ тие ] треба да можат да ги изгаснат сите огнени стрели на пакосниот“14, наместо да бидат фатени неподготвени во непријателска средина во група на врсници,
Близок личен пријател ја научи оваа судбоносна лекција кога имаше 18 години. Тој се пријавил во војската на Соединетите Држави за време на конфликтот помеѓу Соединетите Држави и Виетнам. Добил основна обука за пешадија за да стане пешадиски војник. Објасни дека обуката беше исцрпувачка. Го опиша неговиот инструктор за вежби како суров и нехуман.
Еден одреден ден, неговата чета беше облечена во целосна борбена опрема, пешачејќи по огромна жештина. Инструкторот за вежби одненадеж издаде наредба да се легне на земја и да не се мрда. Инструкторот внимаваше дури и на најмалото движење. Секое движење ќе резултираше со сериозни последици подоцна. Четата страдаше повеќе од два часа на жештината со растечки гнев и огорченост кон нивниот водач.
Многу месеци подоцна нашиот пријател се најде себе си како ја води својата чета низ џунглите од Виетнам. Ова беше реалност, не само обука. Пукотници започнаа да бучат од висините на околните дрва. Целата чета веднаш падна на земјата.
Што бараше непријателот? Движење. Било какво движење ќе предизвика пожар. Мојот пријател ни кажа дека додека лежел испотен и неподвижен на земјениот под во џунглата, чекајќи ја темнината неколку долги часови, неговите мисли се вратија назад кон основната обука. Тој се сети на сопствената силната одбивност кон инструкторот за обука. Сега, чувсвуваше силна благодарност—за тоа што тој го научил и како го подготвил за оваа критична ситуација. Инструкторот за обука мудро го „опремил“ нашиот пријател и неговата чета со способност да знаат што да прават кога се водеше битката. Тој , всушност, го спасил животот на нашиот пријател.
Како можеме да го сториме истото за нашите деца духовно? Долго пред да влезат на бојното поле на животот, како можеме поцелосно да вложиме напор во нивното поучување, зајакнување, и подготовка?15 Како може да ги поканиме да „да навлезат доволно далеку во“? Зар попрвин не би ги оставиле „да се потат“ во безбедната домашна средина за учење отколку да крварат на боиштата на животот?
Кога ќе се навратам наназад, имаше времиња кога мојот маж и јас се чувствувавме како инструктори за време на обука во нашата сериозност да им помогнеме на нашите деца да го живеат евангелито на Исус Христос. Пророкот Јаков се чини дека ги искажа истите чувства кога рече: „Јас сум желен за благосостојбата на вашите души. Да, мојата загриженост е огромна за вас; и вие и сами знаете дека отсекогаш било така.“16
Додека децата учат и напредуваат, нивните верувања ќе бидат оспорувани. Но кога тие се соодветно опремени, дури и среде силно спротивставување, можат да растат во вера, храброст, и самодоверба.
Алма не поучуваше „да ги припремиме умовите на деца [та]“.17 Ја подготвуваме генерацијата што расте да бидат идните бранители на верата, да разберат „дека [тие] се слободни да дејствуваат [сами за себе]—да го одберат патот на вечна смрт или патот на вечниот живот.“18 Децата заслужуваат да ја научат оваа голема вистина: вечноста е погрешна работа за која треба да се погреши.
Нека нашите едноставни, но суштински разговори со сопствените деца им помагнат да „уживаат во зборовите за вечен живот“ сега, за да можа да уживаат „во вечниот живот во светот што доаѓа, дури и бесмртната слава“.19
Додека ги негуваме и подготвуваме нашите деца, им ја дозволуваме сопствената слобода на избор, ги сакаме со сето наше срце, ги поучуваме за Божјите заповеди и Неговот дар на покајание, и ние никогаш, некогаш, не се откажуваме од нив. На крајот на краиштата, зарем тоа не е Господовиот начин со секој од нас?
Да продолжиме „напред со непоколебливост во Христос“, знејќи дека преку нашиот сакан Спасител можеме да имаме „совршен отсјај на надеж“20 .
Јас сведочам дека Тој е секогаш одговорот. Во светото име на Исус Христос, амин.