Бог ги Сака Своите Деца
Би сакал да споделам со вас три конкретни начини на кои нашиот Небесен Отец ја покажува Неговата љубов за нас, Неговите деца.
Браќа и Сестри, се радувам заедно со вас во евангелието на Исус Христос. Ви ја пренесувам љубовта од издржливите членови од Филипинските острови, и Mabuhayво нивно име!
Ова велигденско утро, јас сведочам за живиот Христос, дека тој се издигна од мртвите и дека Неговата љубов за нас и за нашиот Отец на Небесата е чиста и вечна. Денес, посакувам да се фокусирам на љубовта на Небесниот Отец и Исус Христос за сите, што се манифестира преку Помирувањето на Исус Христос. „Зашто Бог толку го сакаше светот, што го даде својот еднороден Син“ (Јован 3:16).
Кога пророкот Нефи беше запрашан од еден ангел за неговото знаење за Бога, Нефи одговорил едноставно, „Јас знам дека ги сака своите деца“ (види 1 Нефи 11:16-17).
Еден стих од Книгата на Мормон: Уште едно сведоштво за Исус Христос моќно ја опишува совршената љубов на Спасителот: „А светот, поради беззконијата ќе го осуди како ништовен; … го бичуваа, … го удираа, … плукаа по него, а тој и тоа го истрпе, поради својата љубезна добрина и неговата долготрајна трпеливост кон децата човечки” (1 Нефи 19:9). Универзалната љубов на Спасителот е мотивирачката сила позади сѐ што Тој прави. Ние знаеме дека тоа е истата онаа љубов што нашиот Отец на Небото ја има за нас, бидејќи Спасителот понизно поучуваше дека Тој и Отецот „се едно“ (види Јован 10:30; 17:20-23).
Како, тогаш, ние ја возвраќаме и покажуваме нашата благодарност за Нивната универзална љубов? Спасителот нѐ поучуваше на оваа едноставна, сеопфатна покана: „Ако ме сакате, ќе ги почитувате моите заповеди“ (Јован 14:15).
Претседателот Далин Х. Оукс поучуваше, „Божјата универзална и совршена љубов е прикажана во сите благослови од Неговиот евангелски план, вклучувајќи го фактот дека Неговите избрани благослови се резервирани за оние кои се покоруваат на Неговите заповеди.“1
Би сакал да споделам со вас три специфични начини на кои нашиот Небесен Отец ја манифестира Неговата љубов за нас, Неговите деца.
Прво, Врската на Бог и Семејството е еден вид на Манифестација на Неговата љубов
Нашите највредни односи се со Отецот и Синот и со нашите сопствени семејства, бидејќи нашите врски со нив се вечни. Големиот план за среќа е прекрасна манифестација на Божјата љубов за нас. Со очи вперени кон Божјиот план, ние доброволно избираме да ја издлабиме земјата и камења во нас што поддржуваат себични желби и да ги замениме со основи што градат вечни врски. На некој начин, ова може да биде наречено „духовно ископување“. Изведувајќи го нашето духовно ископување, мора најнапред да го побараме Бога и да се повикаме на Него (види Еремија 29:12-13).
Кога го бараме и се повикуваме на Него започнуваме процес и обезбедуваме простор за градење и зајакнување на нашите вечни односи. Тоа го проширува нашиот духовен поглед на нештата и ни помага повеќе да се фокусираме на промените што можеме да ги контролираме, отколку на стравот што е вон наша контрола. Проучувајќи го животот и службата на нашиот Спасител, Исус Христос, ќе ни овозможи да ги видиме овие други грижи од една вечна перспектива.
Одвлекувањата на вниманието понекогаш можат да нѐ спречат да ја доживееме Божјата љубов во нашите семејни врски и активности. Една мајка, која сметаше дека уредите ги преземаат нејзините семејни врски, пронаоѓа решение. На трпезата и во текот на другите семејни периоди, таа едноставно извикува, „телефоните нека бидат подготвени; ајде да зборуваме лице во во лице преку интернет.“ Таа вели дека ове е нова норма во нивното семејство и дека имањето време за себе ја зајакнува нивната врска како семејство. Тие сега уживаат во квалитетните Дојдете, Следете Ме разговори заедно како семејство.
Второ, Тој ја манифестира Својата Љубов за Неговите Деца повикувајќи Пророци
Нашиот денешен свет е преплавен од „војна од зборови и бура од мислења“ (Џозеф Смит—Историја 1:10). Павле нѐ потсетува дека „има … кој знае колку различни гласови во светот“ (1 Коринтјаните 14:10). Кои од гласовите се издигаат јасно и осмислено над кавгата? Тоа е гласот на Божјите пророци, јасновидци и откровители.
Многу јасно се сеќавам, дека непосредно после оперирацијата во 2018 година, откако веќе се вратив на работа, бев во гаражата за паркирање во седиштето на Црквата. Одеднаш, го слушнав гласот на Претседателот Расел М. Нелсон како вика, „Таниела, Таниела.“ Истрачав накај него, и тој ме запраша како сум.
Јас реков, „Се опоравувам многу добро, Претседателе Нелсон.“
Тој ми даде совет и ме прегрна. Јас навистина го почувствував личното служење на еден пророк кон еден обичен човек.
Претседателот Нелсон патуваше до многу нации на земјата. Во моите мисли, тој не само што им служи на илјадниците, туку им служи на илјадниците од „оние“. Притоа, тој ја споделува Божјата љубов за сите Негови деца.
Неодамна, зборовите на Претседателот Нелсон беа извор на сила и инспирација на народот од Филипините. Како и секоја друга држава во светот, за време на 2020 Филипините беа сериозно погодени од КОВИД-19 пандемијата, како и вулканска ерупција, земјотреси, јаки тајкуни и разорни поплави.
Зборовите на пророкот дојдоа, како столб светлина што сјае низ темните облаци на стравот, осаменоста и очајот. Вклучуваа повик за пост и молитва ширум светот и молитва и совет да се продолжи напред и покрај пандемијата. Тој нѐ повика да ги направиме нашите домови лични светилишта на верата. Се повика на Светците од Подоцнежните-Дни насекаде да ги почитуваат сите Божји деца и да дозволат Бог да надвладее во нашите животи.2
Подеднакво потттикнувачки беше неодамнешното видео сведоштво на Претседателот Нелсон за моќта на благодарноста, и неговата завршна молитва, која одекна на Филипините.3 Во провинцијата Лејте, видео записот беше пуштен за време на интерен верски настан, а исто така беше спомнат како дел од свештеничка беседа. Филипините, како и целиот свет, се толку благословени што ја почувствуваа Божјата љубов преку зборовите на Неговиот избран пророк.
Трето, Казнувањето Може Да Биде Манифестација на Божјата љубов за Неговите Деца
Понекогаш, Бог ја покажува Својата љубов казнувајќи нѐ. Тоа е начин на потсетување дека Тој нѐ сака и дека знае кои сме. Неговиот ветен благослов за мир е отворен за сите кои храбро чекорат по заветниот пат и се подготвени да се корегираат.
Кога ќе го препознаеме казнувањето и сме подготвени приматели, тоа станува духовна операција. Патем, кој е оној што сака операции? Но до оние на кои таа им е потребна и се спремни да ја прифатат, тоа може да биде од животно значење. Господ ги казнува оние кои ги сака. Светите писма ни кажуваат дека е така (види Евреите 12:5–11; Хеламан 12:3; Учење и Завети 1:27; 95:1). Тоа казнување, или духовна операција, ќе ја донесе потребната промена во нашите животи. Ќе сватиме, браќа и сестри, дека тоа ги оплеменува и ги прочистува нашите внатрешни садови.
Џозеф Смит, Пророкот на Обновувањето, беше казнет. Откако Џозеф ги изгуби 116-те страници од ракописот на Книгата на Мормон, Господ го корегира и му ја покажа својата љубов велејќи: „Не требаше да се плашиш од човекот повеќе од Бога. … Требаше да бидеш верен. … Види, ти си Џозеф, и ти беше избран. … Запамти, Бог е милостив; затоа, покај се“ (Учење и Завети 3:7–10).
Во 2016, додека служев мисија во Литл Рок, Арканзас, го замолив Брат Кава да достави пакет до мојата сестра, која живееше на еден остров во Фиџи. Не го очекував неговиот одговор. „Претседателе Ваколо,“ тој застенка, „вашата сестра почина и ја закопавме пред 10 дена.“ Ме фати самосожалување па дури и се почувствував помалку вознемирено што моето семејство не се ни потруди да ме извести.
Следниот ден, додека мојата сопруга ги поучуваше мисионерите, оваа мисла ми помина низ главата: „Таниела, сите овие искуства се за твое добро и развој. Поучуваш за и го споделуваш твоето сведоштво за Помирувањето на Исус Христос; сега живеј соодветно на твоето учење.“ Бев потсетен дека „среќен е човекот кој Бог го корегира; затоа [ние треба] да не го презираме … казнувањето на Семоќниот“ (Јов 5:17). Тоа беше духовна операција за мене, а исходот беше моментален.
Токму кога размислував за искуството, бев повикан да ги дадам своите завршни размислувања за разговорот. Покрај другите нешта, ја споделив лекцијата која туку што ја бев научил: под еден, тукушто бев казнет од Светиот Дух и ми се допадна тоа бидејќи бев единствениот кој го слушна; под два, поради Спасителовата жртва и откуп, нема повеќе да ги нарекувам моите предизвици искушенија и невољи, туку сопствени искуства при учењето; и трето, поради неговиот совршен и безгрешен живот јас нема повеќе да ги нарекувам моите недостатоци и неспособности слабости туку попрво сопствени можности за развој. Ова искуство ми помогна да знам дека Бог нѐ казнува бидејќи не сака.
Заклучувам. Нашиот Вечен Отец и Неговиот Син, Исус Христос, ја прикажуваат Нивната љубов со тоа што ни овозможуваат да имаме вечни односи со Нив и членовите на нашето семејство, повикувајќи ги пророците од модерното време да нѐ подучуваат и да ни служат и казнувајќи нѐ за да ни помогнат да научиме и да израснеме. „Боже ти благодарам за ненадминливиот дар од Неговиот божествен Син“,4 нашиот воскреснат Господ, дури и живиот Христос. Во името на Исус Христос, амин.