Соба во Гостинската Куќа
Во оваа велигденска сезона, Исус Христос нѐ повикува да станеме, како Него, добриот Самарјанин, да ја направиме собата во гостинската куќа (Неговата Црква) засолниште за сите.
Почитувани браќа и сестри, иако почина пред 20 години, постојат времиња кога ми недостасува мојот татко. Велигден ми ветува дека ќе го видам повторно.
Кога бев на факултет во Англија, мојот татко дојде да ме посети. Неговото татковско срце знаеше дека ми недостига домот.
Мојот татко сакаше авантури освен во исхраната. Дури и во Франција, која е позната по својата кујна, тој ќе речеше, „Ајде да јадеме Кинеска храна.“ Како долгогодишен патријарх во Црквата, мојот татко беше продуховен и длабоко сочувствителен. Една ноќ, додека амбулантните возила на брзата помош со гласни сирени се тркаа низ Париз, тој рече, „Гарет, овие врисоци се раните на еден град.“
На ова патување, почувствував други врисоци и рани. Млада жена продваше сладолед од мала рачна количка. Нејзините корнети беа толку големи колку што е една топка сладолед. Поради некоја причина, висок човек се конфротираше со младата жена. Врискајќи и туркајќи, тој ја преврте нејзината количката, истурајќи и ги корнетите за сладолед. Ништо не можев да направам кога тој ги смачка корнетите со своите чизми. Сѐ уште можам да ја видам младата жена како клечи на колена, обидувајќи се да спаси парчиња од нејзините искршени корнети, а солзите од страв течеа низ нејзиното лице. Нејзината слика ме прогонува, потсетување на грубоста, рамнодушноста, недоразбирањето што премногу често си ги нанесуваме едни на други.
Едно друго попладне, во близината на Париз, татко ми и јас ја посетивме големата катедрала во Шартр. Малком Милер,1 светски експерт за катедрали, ни кажа за трите видови на виртраж на прозорците од Шартр. Ни кажа дека тие прераскажуваат приказна.
Првите прозорци прикажуваа како Адам и Ева ја напуштаат Едемската градина.
Вторите ја прераскажуваа параболата за добриот Самарјанин.
Третите го прикажуваа Второто Господово Доаѓање.
Кога ќе се погледнат како целина, овие виртражи прозорци го опишуваат нашиот пат низ животот. Тие нѐ канат да им посакаме добредојде на сите со соба во гостинската куќа.2
Како Адам и Ева, доаѓаме во свет полн со трње и чичеци.3
На нашите правливи патишта кон Ерихон, ние сме малтретирани, ранети, и оставени во болка.4
Иако треба да си помагаме едни на други, премногу често преминуваме на другата страна на патот, од било која причина.
Сепак, со сочувство, Добриот Самарјанин застанува и ги преврзува нашите рани со вино и со масло. Симболите на сакраментот и на другите обреди, виното и маслото нѐ насочуваат кон духовно заздравување во Исус Христос.5 Добриот Самарјанин нѐ става на своето магаре или, според некои виртражни записи, нѐ носи на рамениците. Тој нѐ внесува во собата во гостинската куќа, што може да ја претставува Неговата Црква. Во собата во гостинската куќа, добриот Самарјанин вели, „Погрижете се за него; … кога ќе дојдам повторно, ќе ви се оддолжам“.6 Добриот Самарјанин, симболот на нашиот Спасител, ветува дека ќе се врати, овој пат во величественост и во слава.
Во оваа Велигденска сезона, Исус Христос нѐ повикува да наликуваме, на Него, еден добар Самарјанин, да ја направиме Неговата соба во гостинската куќа (Неговата Црква) засолниште од животните рани и бури за сите.7 Ние се подготвуваме за Неговото ветено Второ Доаѓање додека секој ден правиме „за најмалиот од овие“8 како што би правеле за него. „Најмалиот од овие“ е секој од нас.
Кога доаѓаме со Добриот Самарјанин до собата во гостинската куќа, учиме пет нешта за Исус Христос и за нас самите.
Прво, доаѓаме до собата во гостинската куќа онакви какви што сме, со маните и несовршеностите што секој од нас ги има. Сепак, сите треба да придонесеме по нешто. Нашето патување кон Бога често се наоѓа заедно. Припаѓаме како обединета заедница—без разлика дали се соочуваме со пандемии, бури, шумски пожари, суши или пак премолчено се соочуваме со дневните потреби. Добивме инспирација додека се советуваме заедно, слушајки ја секоја личност, вклучително и секоја сестра и Духот.
Додека нашите срца се менуваат и ние ја примаме Неговата слика во нашиот лик,9 го гледаме Него и нас самите во Неговата Црква. Во Него, пронаоѓаме јасност, а не неусогласеност. Во Него, наоѓаме пронаоѓаме причина да правиме добрина, причина да бидеме добро, и да го зголемиме сопствениот капацитет за станување подобри. Во Него, откриваме трајна вера, ослободувачка несебичност, грижлива промена и верба во Бога. Во Неговата соба во гостинската куќа, го пронаоѓаме и го продлабочуваме нашиот личен однос со Бог, нашиот Отец, и со Исус Христос.
Ни верува дека ќе помогнеме неговата соба во гостинската куќа да стане местото што Нему му треба. Додека ги нудиме нашите таленти и најдобри намери, Неговите духовни дарби исто така зајакнуваат и благословуваат.10
Толкувачот за шпански јазик ми рече, „Старешина Гонг, знаев преку Духот што ќе кажете и така можев да преведувам,“ кажа овој верен брат, „преку дарот на јазиците.“
Даровите на верата и уверувањето доаѓаат, и се манифестираат различно во различни ситуации. Една почитувана сестра прими духовна утеха кога нејзиниот сопруг почина од КОВИД-19. Таа рече, „Го познавам мојот драг сопруг и повторно ќе бидеме заедно.“ Во една друга КОВИД ситуација, друга почитувана сестра рече, „Почувствував дека би можела да пледирам со Господ и докторите за да му дадат на мојот сопруг само малку повеќе време.“
Второ, Тој нѐ преколнува да ја направиме Неговата соба во гостинската куќа, соба на милост и простанство, каде што секој може да се собрере, со простор за секого. Како ученици на Исус Христос, сите сме еднакви, без второ-класни групи.
Сите се добредојдени да присуствуваат на сакраменталните состаноци, на другите Неделни состаноци, и општествени збиднувања.11 Ние со почит му служиме на нашиот Спасител, внимателно и грижливо едни кон други. Ја гледаме и признаваме секоја личност. Ние се насмевнуваме, седиме до оние кои седат сами, учиме имиња, вклучувајќи ги и оние на ново преобратените лица, браќа и сестри кои и се враќаат на Црквата, млади мажи и жени, секое драго дете од Основно.
Замислувајќи се себе си на нивно место, им посакуваме добредојде на пријателите, посетителите, на ново-доселените, на вработените луѓе растргнати во премногу насоки. Ние оплакуваме, се радуваме и тука сме едни за други. Кога ќе ги промашиме нашите идеали и ќе бидеме избрзани, безнадежни, кога осудуваме, или пак имаме одредени предрасуди, си бараме прошка едни на други и работиме подобро.
Семејство од Африка кое сега живее во Обединетите Држави вели, „Од првиот ден, членовите на Црквата беа пријателски расположени и правеа да се чувствуваме добредојдено. Сите правеа да се чувствуваме како да сме дома. Никој не нѐ погледна.“ Таткото рече, „Светата библија поучува дека евангелските овошја доаѓаат од евангелски корења.“ „А мисионерите,“ таткото и мајката рекоа, „сакаме нашиот син и ќерка да пораснат како овие мисионери.“ Браќа и сестри, нека секој од нас го поздрави доаѓањето на сите во Неговата соба во гостинската куќа.
Трето, во Неговата соба во гостинската куќа, учиме дека совршеноста е во Исус Христос, а не во перфекционизмот на светот. Нереално и несоодветно, светската „инстант-совршеност“ онаа кој намерно нѐ оттргнува од проблемите може да нѐ направи да се почувствуваме несоодветно, заробено кога лизгаме, лајкуваме или допираме двапати. Спротивно на тоа, нашиот Спасител, Исус Христос знае сѐ за нас, што не сакаме никој друг да знае, а сепак Тој нѐ сака. Неговото е евангелие за втори и трети шанси, овозможени преку Неговата откупителна жртва.12 Тој го повикува секој од нас да биде еден добар Самарјанин, помалку да се осудува а повеќе да си простува сам на себе и на другите, дури и кога се трудиме поцелосно да ги одржуваме Неговите заповеди.
Си помагаме самите на себе кога си помагаме едни со други. Едно семејство што го познавам живееше во близина на прометен пат. Патниците честопати застануваа да побараат помош. Рано едно утро семејството слушна силно тропање на нивната врата. Уморни и загрижени како што би биле во 2:00 наутро, тие се прашуваа дали, само овој пат, некој друг би можел да им помогне. Додека упорното тропање продолжувало, тие слушнале, „Пожар—има пожар позади вашата куќа.“ Добрите Самарјани си помагаат едни на други.
Четврто, во неговата соба во гостинската куќа ние стануваме дел од евангелска заедница во чиј фокус е Исус Христос, закотвена во обновената вистина, живите пророци и апостолите, и уште едно сведоштво за Исус Христос—Книгата на Мормон. Тој нѐ носи до Неговата соба во гостинската куќа и исто така до Неговата сопствена куќа—светиот храм. Куќата на Господ е место каде, како со ранетиот човек на патот кон Ерихон, Добриот Самарјанин може да нѐ прочисти и облече, да нѐ подготви да се вратиме на Божјото присуство, и да нѐ обедини вечно во Божјото семејство. Неговите храмови се отворени за сите кои го живеат Неговото евангелие со вера и покорност.
Храмската радост вклучува евангелско единство меѓу разните наследства, култури, јазици и генерации. За време на претставувањето на новите идеи за Храмот Тејлорсвил во Јута, 17-годишниот Макс Харкер, сподели наследство од семејна вера започнато шест генерации претходно од неговиот пра-пра-пра-дедо Џозеф Харкер и неговата сопруга, Сузана Снит. Во обновеното евангелие на Исус Христос, секој од нас може да стекне силна врска во нашите семејни генерации.
Конечно, петто, се радуваме што Бог ги сака Своите деца, тој има простор за сите во Неговата соба во гостинската куќа со нашето различно потекло и околности, за секоја нација, поколение и јазик.
Во изминатите 40 години, членовите на Црквата станаа сѐ повеќе меѓународни. Уште од 1998, сѐ повеќе членови на Црквата живеат надвор отколку во Соединетите Држави и Канада. Очекуваме дека до 2025, бројот на членови на Црквата кои живеат во Латинска Америка, да се изедначи со бројот на членови во Соединетите држави и Канада. Собирот на верните потомци на Таткото Лехи ги исполнува пророштвата. Верните Светци, вклучувајќи го пионерскиот коридор, остануваат резервоар на посветеност и служба за светската Црква.
Исто така, мнозинството на возрасни црковни членови во моментот се невенчани, вдовици/вдовци или разведени. Ова е значајна промена. Вклучува повеќе од половина од нашите сестри од Зружението за Помош и повеќе од половина од нашите возрасни свештеници браќа. Овој демографски пример се случува во Црквата ширум светот уште од 1992 година а во Црквата во Соединетите Држави и Канада уште од 2019.
Нашето стоење пред Господ и Неговата Црква не е прашање на нашиот брачен статус, туку на нашето станување верни и храбри следбеницина Исус Христос.13 Возрасните сакаат да бидат видени како возрасни и да бидат одговорни и да придонесуваат како возрасни. Следбениците на Исус Христос доаѓаат од секаде, во секаква форма, големина, боја, возраст, секој со сопствените таленти, праведни желби, и огромни капацитети да благословува и да служи. Секојдневно бараме да го следиме Исус Христос со вера во покајание14 и трајна радост.
За време на овој живот, ние понекогаш оставаме на Господ да одлучи. Можеби сѐ уште не се наоѓаме онаму каде што се надеваме и посакуваме дека ќе бидеме во иднина. Една побожна сестра вели, „Да се чека верно на Господ за Неговите благослови е света позиција. Не смее да се дочека со сожалување, туторство или осудување туку со света чест.“15 Во меѓувреме, живееме сега, не чекајќи животот да започне.
Исаија ветува, „Тие што чекаат на Господ ќе си ја обноват силата; ќе се искачат со крилја како орли; ќе трчаат, но нема да бидат уморни; ќе чекорат, но нема да се онесвестат.“15
Нашиот Добар Самарјанин ветува дека ќе се врати. Чуда се случуваат кога се грижиме едни за други како што Тој би се грижел. Кога доаѓаме со скршени срца и покајанички духови,17 можеме да го најдеме гласот во Исус Христос, да бидеме прегрнати од Неговата полна со разбирање прегратка на безбедност.18 Светите обреди нудат заветната припадност и „овластување за побожност“19 да ја освети внатрешната намера и надворешното дејствување. Со Неговата блиска-љубезност и долго-трпеливост, Неговата Црква станува нашата соба во гостинската куќа.
Додека создаваме простор во Неговата соба во гостинската куќа, поздравувајќи го доаѓањето на сите, нашиот Добар Самарјанин може да нѐ исцелува на нашите правливи смртни патишта. Со совршена љубов, Нашиот Отец и Неогвиот Син, Исус Христсос, ветуваат „мир на овој свет, и вечен живот во светот што доаѓа“20—„каде што сум јас и ти ќе бидеш исто така“.21 Јас така благодарно присуствувам и сведочам во светото име на Исус Христос, амин.