Храмовите и Вашата Духовна Основа
Секогаш кога во вашиот живот ќе се случи некаков пресврт, најбезбедното место за духовен живот е во вашите храмски завети!
Почитувани мои браќа и сестри, благодарен што сум тука со вас ова утро за да ги споделам чувствата на моето срце.
Како што знаете, ние вршиме големи реновирања на историскиот Храм Солт Лејк. Овој комплексен проект вклучува големо засилување на првобитната основа, што служеше многу добро повеќе од еден век. Но овој храм мора да стои многу подолго. Во втората половина на мај, го проверив напредокот на овој голем проект. Помислив дека ќе бидете благодарни за гледањето на тоа што мојата сопруга, Венди и јас го видовме. Мислам дека ќе видите зошто химната „How Firm a Foundation“1 доби ново значење за нас.
Видео запис од местото на реставрација на Храмот Солт Лејк: „Гледаме во оригиналната основа на Храмот Солт Лејк. Јас стојам на просторот под она што тогаш беше Градина. Додека ја испитував изработката на целата оваа зграда, се воодушевував од сѐ она што го постигнаа пионерите. Потполно сум воодушевен кога ќе земам во предвид дека тие го изградиле овој величествен храм само со алатите и техниките што им биле достапни пред повеќе од еден век.
„Меѓутоа, овие многу декади подоцна, ако одблизу ги провериме темелите, може да ги видиме ефектите на ерозија, празнини во првобитната камена обработка, и различен степен на стабилност во ѕидањето.
„Јас апсолутно сум воодушевен сега кога гледам што современите инжињери, архитекти, и експерти за конструкција можат да направат за да ги зајакнат првобитните темели. Нивната работа е запрепастувачка!
„Основата на секоја зграда, особено оние што се големи како оваа, мора да биде цврста и доволно отпорна за да издржи земјотреси, корозија, силни ветришта и неизбежното слегнување што влијае врз сите згради. Сложената задача на зајакнување која сега е во тек ќе го зајакне овој свет храм со основа што може и ќе го издржи тестот на времето.
Не штедиме напори на овој преподобен храм, што стана сѐ поранлив, да му дадеме темел што ќе ги издржи силите на природата во Илјадалетието. На сличен начин, сега е време секој од нас да спроведе вонредни мерки—можеби мерки што никогаш порано не сме ги презеле—за да ги зајакнеме нашите лични духовни темели. Невидени времиња бараат мерки без преседан.
Почитувани мои браќа и сестри, ова се подоцнежните денови. Ако вие и јас треба да ги издржиме претстојните опасности и предизвици, императив е секој од нас да има цврста духовна основа, соѕидана врз карпата на нашиот Искупител, Исус Христос.2
Затоа, ве прашувам секој од вас, колку цврста е вашата основа? И какви засилувања на вашето сведоштво и разбирање за евангелието се потребни?
Храмот лежи во центарот на зајакнување на нашата вера и духовна цврстина бидејќи Спасителот и Неговата доктрина се во самото срце на храмот. Сѐ што сме научиле во храмот, преку поука и преку Духот, го зголемува нашето разбирање за Исус Христос. Неговите основни обреди нѐ врзуваат за Него преку светите свештенички завети. Потоа, додека ги одржуваме нашите завети, Тој нѐ дарува со Неговата исцелувачка, зајакнувачка моќ.3 И Ооо, колку ќе ни биде потребна Неговата моќ во деновите што претстојат.
Ни беше ветено дека „ако [ние] сме подготвени [ние] нема да стравуваме.“4 Ова уверување има длабоки последици денес. Господ изјави дека и покрај денешните предизвици без преседан, оние кои ја градат својата основа врз Исус Христос, и научиле како да се потпрат на Неговата моќ, не треба да подлегнуваат на единствените грижи на оваа ера.
Храмските обреди и завети се древни. Господ им даде поука на Адам и Ева да се молат, да склопуваат завети, и да нудат жртви.5 Навистина, „секогаш кога Господ имал народ на земјата што ќе се покори на Неговиот збор, им било заповедано да градат храмови.“6 Стандардните дела се полни со референци за учења во храмовите, облека, јазик и друго.7 Сѐ она во што ние веруваме и секое ветување што Бог им го дал на Својот заветен народ, се собира во храмот. На секое време, храмот ја нагласува драгоцената вистина дека оние кои се заветуваат со Бога и ги одржуваат овие завети се деца на заветот.
Така, во домот Господов, можеме да ги склопиме истите завети со Бога што ги склопија Авраам, Исак и Јаков. И можеме да ги добиеме истите благослови!
Храмовите беа дел од оваа евангелска епоха од самиот почеток.8 Илија му ги предаде клучевите на овластување за запечатување на Џозеф Смит во Храмот Киртленд. Клучевите на моќ и благословите беа обновени и вратени на свештениците во Храмот Наву.9
Сѐ до неговото мачеништво, Џозеф Смит продолжил да прима откровенија што го подобрија обновувањето на обредите на дарување и запечатување.10 Тој сепак, препозна, дека е потребно дополнително прочистување. После изведувањето на дарување на Брингам Јанг во мај 1842, Џозеф му кажа на Брингам, „Ова не е правилно средено, но ние направиме сѐ што можевме под околностите под кои се наоѓаме, и посакувам да ја превземеш оваа работа во свои раце и да ги организираш и систематизираш сите овие обреди.“11
После смртта на Пророкот, Претседателот Јанг го надзре завршувањето на Храмот Наву12 и подоцна изгради храмови на Територијата на Јута. На посветувањето на пониските спратови од Храмот Сент Џорџ, Брингам Јанг енергично ја објави итноста од подвижна храмска работа кога рече, „Кога размислувам за оваа тема сакам јазиците на седумте громови да ги освестат луѓето.“13
Од тоа време па наваму, храмските обреди постепено се усовршуваа. Претседателот Херолд Б. Ли објасни зошто процедурите, политиките па дури и управувањето со храмските обреди постојано се менуваат во Спасителовата обновена Црква. Претседателот Ли рече: „Принципите на евангелието на Исус Христос се божествени. Никој не ги менува принципите и [доктрината] на Црквата освен Господ преку Откровение. Но методите се менуваат кога инспиративна насока доаѓа до оние кои претседаваат во одредено време.“14
Размислете како извршувањето на обредот сакрамент се менуваше во текот на годините. Порано, водата за сакраментот и беше понудена на конгрегацијата во еден голем сад. Сите пиеле од него. Сега ние користиме посебни чашки за една употреба. Процедурата е променета, но заветите остануваат исти.
Размислете за овие три вистини:
-
Обновувањето е процес, а не настан, и ќе продолжи сѐ додека Господ не дојде повторно.
-
Крајната цел на собирот на Израел15 е да ги донесе благословите на храмот до Божјите верни деца.
-
Додека бараме како поефикасно да ја постигнеме таа цел, Господ обзнанува повеќе сознанија. Тековното Обновување бара тековно откровение.
Првото Претседателство и Кворумот на Дванаесетте Апостоли често го прашуваа Господ дали постојат подобри начини храмските благослови да се донесат до Неговите верни деца. Редовно баравме упатства за тоа како да обезбедиме светска точност и доследност на храмските поуки, завети и обреди и покрај разликите во јазикот и културата.
Под Господовото водство и како одговор на нашите молитви, неодамна се направени процедурални прилагодувања. Тој е Оној кој сака вие со голема јасност да разберете за што точно склопувате завети. Тој е Оној кој сака вие целосно да ги доживеете Неговите свети обреди. Тој сака вие да ги сватите вашите привилегии, ветувања и одговорности. Тој сака вие да имате духовни прегледи и освестувања што досега не сте ги имале. Ова Тој го посакува за сите храмски патрони, без разлика каде живеат.
Тековните прилагодувања во храмските процедури, и сѐ друго што ќе следи, се постојан доказ дека Господ активно ја насочува Неговата Црква. Тој дава можности за секој од нас поефикасно да ги зацврсти нашите духовни темели со тоа што ќе го насочи својот живот на Него и на обредите и заветите од Неговиот храм. Кога ќе ја донесете вашата храмска препорака, скршено срце, и ум што бара во Господовиот дом на учење, Тој ќе ве поучи.
Доколку оддалеченоста, здравствените предизвици или други ограничувања треба да го забранат вашето храмско присуство за една сезона, ве повикувам да одредите редовно време за да ги повторите во вашиот ум заветите што ги склопивте.
Ако сѐ уште не сакате да одите во храмот, одете почесто—не поретко. Дозволете Господ, преку Неговиот Дух, да ве поучи и да ве инспирира таму. Ви ветувам дека со текот на времето, храмот ќе стане место на безбедност, утеха и откровение.
Кога би можел да разговарам со секој млад човек поединечно, би ве замолил да барате сопатник со кој ќе бидете запечатени во храмот. Можеби се прашувате каква промена тоа ќе изврши во вашиот живот. Ви ветувам дека сѐ ќе се промени! Кога се венчавате во храмот и постојано се враќате, ќе бидете зајакнати и водени при вашите одлуки.
Доколку би можел да разговарам со секој сопруг и сопруга кои сѐ уште не се запечатени во храмот, би ве замолил да ги превземете неопходните чекори за да го примите тој врвен, животно-значаен обред.16 Дали тоа ќе направи промена? Само ако сакате да напредувате засекогаш и да бидете заедно засекогаш. Желбата да се биде заедно засекогаш нема да го направи тоа. Ниту една друга церемонија или договор нема да го направи тоа.17
Кога би можел да разговарам со кој било маж или жена која копнее по брак но сѐ уште го нема пронајдено својот вечен сопатник, ве охрабрувам да не чекате до бракот за да бидете дарувани во домот на Господ. Започнете сега за да научите и да искусите што значи да се биде вооружан со свештеничка моќ.
И до секој од вас кој склопил храмски завети, ве преколнувам да барате—преку молитва и доследно—да ги разберете храмските завети и обреди.10 Духовните врати ќе ви се отворат. Ќе научите како да го издвоите превезот помеѓу небото и земјата, како да побарате да бидете во присуство на Божјите ангели, и како подобро да добиете насока од небото. Вашите вредни напори да го направите тоа ќе ја зајакнат и оснажат вашата духовна основа.
Почитувани мои браќа и сестри, кога реновирањето на Храмот Солт Лејк ќе заврши, ќе нема по безбедно место за време на земјотрес во Долината Солт Лејк од внатрешноста на тој храм.
Слично, кога во вашиот живот ќе дојде до било каков пресврт, најбезбедното место да се биде духовно е да се живее во вашите храмски завети!
Ве молам да ми верувате кога велам дека доколку вашата духовна основа е цврсто градена врз Исус Христос, вие немате потреба да стравувате. Кога сте верни на вашите завети дадени во храмот, ќе бидете зајакнати од Неговата моќ. Потоа, кога ќе се случат духовни земјотреси, ќе бидете во можност да останете јаки бидејќи ваша духовна основа е цврста и неподвижна.
Ве сакам, почитувани браќа и сестри. Овие вистини ги знам: Бог, нашиот Небесен Отец, сака вие да изберете да дојдете кај Него. Неговиот план за вечен напредок не е компликуван, и тој го почитува вашето право на избор. Слободно може да изберете кои ќе бидете—и со кого ќе бидете—во светот што доаѓа!
Бог живее! Исус е Хростос! Ова е Неговата Црква, обновена за да ви помогне да ја исполните вашата божествена судбина. Јас така сведочам во светото име на Исус Христос, амин.