Книгата на Мормон
Извештај напишан од
Раката на Мормон
врз плочи земени
од плочите на Нефи
Затоа, ова е скратено издание од записот на народот на Нефи, а исто така и на Ламанитите—Напишан за Ламанитите, кои се остаток од домот на Израел; а исто така и за Евреин и за Неевреин—Напишан според заповед, а исто и преку духот на пророштвото и на откровението—Напишан и запечатен, и скриен кај Господ, за да не може да биде уништен—За да се појави преку дарот и силата на Бог, во толкувањето од него—Запечатен од раката на Морони, а скриен кај Господ, за да се појави во очекувано време според начинот на Неевреинот—Толкувањето од него преку дарот на Бог.
Едно скратено издание земено од Книгата на Етер исто така, кое е запис од народот на Јаред, кој беше распрснат во времето кога Господ го измеша јазикот на луѓето, кога градеа кула, за да стигнат до небесата—Кој треба да му покаже на остатокот од домот на Израел какви големи дела Господ направи за нивните татковци; и дека можат да ги знаат заветите на Господ, за да не бидат отфрлени засекогаш—А исто и за убедувањето на Евреинот и на Неевреинот, дека Исус е Христос, Вечниот Бог, кој им се покажува Самиот на сите нации—И сега, ако има недостатоци, тие се грешките на луѓето; затоа, не осудувајте ги нештата од Бог, за да можете да бидете безгрешни пред судскиот престол на Христос.
Оригинален превод од плочите на англиски
од Џозеф Смит-помладиот.