Сведоштвото на Тројцата Сведоци
Нека им биде познато на сите нации, колена, јазици и народи, кај кои ова дело ќе дојде: Дека ние, преку благодатта на Бог Отецот, и нашиот Господ Исус Христос, сме ги виделе плочите кои го содржат овој запис, кој е запис на народот на Нефи, а исто и на Ламанитите, нивните браќа, а исто и на народот на Јаред, кој дојде од кулата за која беше зборувано. А ние исто знаеме дека беа преведени преку дарот и моќта на Бог, бидејќи Неговиот глас ни го објави тоа на нас; затоа знаеме со сигурност дека делото е вистинско. И ние исто сведочиме дека сме ги виделе гравурите кои се врз плочите; и тие ни беа покажани на нас преку моќта на Бог, а не на човек. И ние објавуваме, со зборови на трезвеност, дека ангел на Бог се симна од небото и ни ги донесе и положи пред очите, така што ги здогледавме и видовме плочите, а и гравурите на нив; и знаеме дека е преку благодатта на Бог, Отецот, и нашиот Господ Исус Христос, што ние ги видовме и сведочиме дека овие нешта се вистински. И тоа е зачудувачко во нашите очи. Сепак, гласот на Господ ни заповеда да сведочиме за тоа; затоа, за да бидеме послушни на заповедите на Бог, сведочиме за овие нешта. И знаеме дека ако сме верни во Христос, ќе ги исчистиме нашите облеки од крвта на сите луѓе, за да бидеме безгрешни пред судскиот престол на Христос, и ќе живееме со Него вечно во небесата. И честа нека Му е на Отецот, и на Синот, и на Светиот Дух, Кои се еден Бог. Амин.
Оливер Каудери
Давид Витмер
Мартин Харис