Свети Писма
Кратко Објаснување за Книгата на Мормон


Кратко Објаснување за Книгата на Мормон

Книгата на Мормон е свет запис на народите во древна Америка и беше врежан врз метални плочи. Изворите од кои овој запис беше составен ги вклучуваат следниве:

  1. Плочите на Нефи, кои беа од два вида: малите плочи и големите плочи. Првите беа поконкретно посветени на духовни нешта и служењето и учењата на пророците, додека другите се исполнети главно со светска историја на засегнатите народи (1 Нефи 9:2–4). Сепак, големите плочи од времето на Мосија исто вклучуваа предмети од голема духовна важност.

  2. Плочите на Мормон, кои се состојат од скратено издание од Мормон на големите плочи на Нефи, со многу коментари. Овие плочи исто содржеа продолжение на историјата од Мормон и дополнувања од неговиот син, Морони.

  3. Плочите на Етер, кои претставуваат историја на Јаредитите. Овој запис беше скратен од Морони, кој вметна негови сопствени коментари и го вклучи записот со општата историја под насловот „Книгата на Етер.“

  4. Плочите од Месинг донесени од народот на Лехи од Ерусалим во 600 п.н.е. Овие ги содржеа „петте книги на Мојсеј“, …а исто и запис на Евреите од почетокот, …до започнувањето на владеењето на Седекија, цар на Јуда; а исто и пророштвата на светите пророци (1 Нефи 5:11–13). Многу цитати од овие плочи, цитирајќи ги Исаија и другите библиски и небиблиски пророци, се појавуваат во Книгата на Мормон.

Книгата на Мормон се состои од петнаесет главни делови односно поделби, познати, со еден исклучок, како книги, вообичаено означени по името на нивниот главен автор. Првиот дел (првите шест книги, што завршуваат со Омни) е превод од малите плочи на Нефи. Меѓу книгите на Омни и Мосија е додаток наречен Словата на Мормон. Овој додаток го поврзува записот врежан на малите плочи со Мормоновото скратено издание на големите плочи.

Најдолгиот дел, од Мосија до Мормон глава 7, е превод на Мормоновото скратено издание на големите плочи на Нефи. Заклучниот дел, од Мормон глава 8 до крајот на збирката, беше врежан од синот на Мормон—Морони, кој, откако го заврши записот за животот на татко му, направи скратено издание на Јаредитскиот запис (како книгата на Етер) и подоцна ги додаде деловите познати како Книгата на Морони.

Во, односно околу 421 н.е., Морони, последниот од Нефитските пророци-историчари, го запечати светиот запис и го сокри кај Господ, за да се појави во подоцнежните денови, како што е предвидено од гласот на Бог преку Неговите древни пророци. Во 1823 н.е. овој ист Морони, тогаш воскресната личност, го посети Пророкот Џозеф Смит а потоа му ги предаде врежаните плочи на него.

За ова издание: Оригиналната насловна страница, веднаш претходејќи на страницата со содржина, е земена од плочите и е дел од светиот текст. Воведите со ненагласен фонт, како во 1 Нефи и веднаш претходејќи на Мосија глава 9, се исто така дел од светиот текст. Воведите со нагласувања, како во насловите на главите, не се оригинални за текстот, но се помошно вклучени за погодност при читање.

Некои мали грешки во текстот беа задржани во минатите изданија на Книгата на Мормон објавена на Англиски. Ова издание содржи поправки кои изгледаат соодветни за да се доведе материјалот во сообразност со ракописите за пред објавување и раните изданија уредени од Пророкот Џозеф Смит.