Генерална Конференција
Вечниот принцип на љубовта
Октомври 2022 Генерална Конференција


Вечниот принцип на љубовта

Љубовта на нашиот Небесен Отец за секое од Неговите деца е вистинска. Тој е таму за сите.

Вечниот принцип на љубовта се манифестира со живеење според двете големи заповеди: Сакај го Бога со сето свое срце, душа, ум и сила и сакај го својот ближен како себеси.1

Се сеќавам на мојата прва зима овде во Јута—снег насекаде. Доаѓајќи од пустината Соноран, во првите неколку денови уживав, но по неколку дена сфатив дека морам да станам порано за да го отстранам снегот од коловозот.

Едно утро, среде снежна бура, се препотувавринејќи снег, кога го видов мојот сосед преку улицата како ја отвора својата гаража. . Тој е постар од мене, па мислев дека ако завршам наскоро, би можел да му помогнам. Тој е постар од мене, па мислев дека ако завршам наскоро, би можел да му помогнам.

Тој се насмевна и рече: „Ти благодарам, Старешина Монтоја“. Потоа, од својата гаража извади чистач за за снег , го запали моторот и за неколку минути го отстрани целиот снег пред својата куќа. Потоа, ја премина улицата со својата машина и ме праша: „Старешина, дали ти треба помош?”

Со насмевка реков: „Да, благодарам“.

Ние сме подготвени да си помагаме бидејќи што се сакаме, а потребите на мојот брат ми стануваат мои потреби, а моите негови. Без разлика на кој јазик зборува брат ми или од која држава доаѓа, ние се сакаме затоа што сме браќа, деца на истиот Отец.

Кога беше најавено служењето, Претседателот Расел М. Нелсон рече: „Ќе спроведеме понов, посвет пристап кон грижата и служењето на другите“.2 За мене, посвет значи поличен, подлабок, повеќе сличен на начинот на Спасителот: „Имајте љубов еден кон друг“.3 еден по еден.

Не е доволно да избегнуваме да бидеме камен на сопнување за другите; не е доволно да ги приметите сиромашните на улица и да ги одминете. Да ја искористиме секоја прилика да му помогнеме на нашиот ближен, дури и ако тоа е прв и единствен пат да го сретнеме во овој живот.

Зошто љубовта кон Бога е првата голема заповед?

Мислам дека тоа е поради тоа што Тој е важен за нас/ни значи. Ние сме Негови деца, Тој ја надгледува нашата благосостојба, ние сме зависни од Него и Неговата љубов нè штити. Неговиот план вклучува право на избор; затоа, најверојатно ќе направиме неклку грешки.

Тој исто така ни дозволува да бидеме ставени пред тест/испитани и искушени. Но, без разлика дали правиме некои грешки или запаѓаме во искушение, планот обезбедува Спасител за да можеме да бидеме откупени и да се вратиме во присуството на Бога.

Неволјите во нашите животи можат да предизвикаат сомнеж за исполнувањето на ветувањата што ни се дадени. Ве молам, верувајте во нашиот Отец. Тој секогаш ги исполнува своите ветувања, и можеме да научиме што сака да нѐ научи.

Дури и кога го правиме она што е исправно, околностите во нашиот живот можат да се променат од добри во лоши, од среќа во тага. Бог одговара на нашите молитви според Неговата бескрајна милост, љубов и во Негово сопствено време.

  • Поточето каде што Илија пиел вода се исушило.4

  • Финиот челичен лак на Нефи бил скршен.5

  • Младо момче било дискриминирано и исфрлено од училиште.

  • Долгоочекуваното дете почина во рок од неколку дена од раѓањето.

Околностите се менуваат.

Кога околностите се менуваат од добри и позитивни во лоши и негативни, сепак можеме да бидеме среќни бидејќи среќата не зависи од околностите туку од нашиот став кон околностите. Претседателот Нелсон рече, „Радоста што ја чувствуваме има малку врска со околностите во нашите животи, но се е поврзано со фокусот во нашите животи.“6

Можеме ништо да не правиме/да седиме и да чекаме околностите сами да се променат, или можеме да бараме и да предизвикаме нови околности.

  • Илија отиде во Сарепта, каде една вдовица му даде да јаде и да пие.7

  • Нефи направил дрвен лак и ловел животни за да јаде.8

  • Младото момче седеше да слушајќи и фаќајки белешки покрај прозорецот, а денес е наставник во основно училиште.

  • Парот разви голема вера во Спасителот Исус Христос и доверба во планот за спасение. Нивната љубов кон долгоочекуваното дете кое ненадејно почина е поголема од нивната тага.

Кога ги слушам прашањата „Небесен Оче, дали навистина си таму? И дали ја слушаш и одговараш на секоја молитва на [секое] дете?“,9 Сакам да одговорам: „Тој бил, Тој е и секогаш ќе биде тука за мене и тебе. Јас сум Негов син, Тој е мојот Отец и учам да бидам добар татко, како што е Тој.

Мојата сопруга и јас секогаш се трудиме да бидеме тука за нашите деца, во секое време, под какви било услови и на било кој начин. Секое дете е единствено; нивната вредност пред Бога е голема, и без разлика какви се нивните предизвици, гревови и слабости , Бог ги сака , а и ние исто така.

Кога го примив овој повик како Генерална власт, на последниот ден пред нашето патување во Солт Лејк, сите мои деца и нивните семејства беа заедно во нашиот дом на семејна вечер, каде што ја изразивме нашата љубов и благодарност. По лекцијата, му дадов свештенички благослов на секое од моите деца. Сите беа во солзи/насолзени. По благословите, мојот најстар син изрази благодарност во име на сите наши деца за големата љубов што им ја дававме од денот на нивното раѓање до тогаш.

Благословувајте ги вашите деца, без разлика дали имаат 5 или 50 години. Бидете со нив, бидете тука за нив. Иако обезбедувањето на физичките и финансиските потреби на нашето семејство е одговорност утврдена преку божествениот план, не смееме да заборавиме да споделиме радосно време со нашите деца.

Љубовта на нашиот Небесен Отец за секое од Неговите деца е вистинска. Тој е таму за сите. Не знам како го прави тоа, но Тој го прави тоа. Тој и Неговиот Единороден се едно во вршењето на делото и славата на Отецот, „за да се оствари бесмртноста и вечниот живот на човекот“.10 Тие ни го испратија Светиот Дух да нè води, да нè предупредува и да нè утеши ако е потребно.

Тој му наложи на Својот сакан Син да ја создаде оваа прекрасна земја. Им даде упатства на Адам и Ева и им го даде правото на избор. Со години испраќа гласници за да можеме да ја примиме Неговата љубов и Неговите заповеди.

Тој беше во Светата шумичка и одговараше на искреното прашање на младиот Џозеф и го викајќи го по име. Тој рече: „Ова е Мојот возљубен Син. Слушајте го!”11

Верувам дека врвната демонстрација на Божјата љубов кон нас се случи во Гетсиманија, каде што Синот на живиот Бог се молеше: „Оче мој, ако е можно, нека премине оваа чаша од мене: но не како јас што сакам јас, туку како што сакаш ти.“12

Забележав дека малиот дел од она што можам да го разберам од Помирувањето на Исус Христос ја зголемува мојата љубов за Отецот и Неговиот Син, ја намалува мојата желба да грешам и да бидам непослушен и ја зголемува мојата подготвеност да бидам подобар и да правам подобро.

Исус одеше без страв и без сомнение до Гетсиманија, верувајќи во Неговиот Отец, знаејќи дека Тој мора сам да гази по винската преса. Ги издржа сите болки и сите понижувања. Беше обвинет, суден и распнат на крст. За време на сопствената агонија и страдање на крстот, Исус се фокусирал на потребите на Неговата мајка и на Својот сакан ученик. Го понуди својот живот.

На третиот ден Тој воскресна. Гробницата е празна; Тој стои од десната страна на Својот Отец. Тие се надеваат дека ќе избереме да ги одржиме нашите завети и да се вратиме во Нивното присуство. Смртноста на е нашата финална состојба, ние не припаѓаме на овој земен дом, туку сме вечни вечни суштества кои живеат привремени искуства.

Исус е Христос, Синот на живиот Бог. Тој живее, и бидејќи живее, сите Божји деца ќе живеат вечно. Благодарение на Неговата искупителна жртва, сите ние можеме да живееме заедно со нив. Во името на Исус Христос, амин.