Генерална Конференција
На овој Ден
Октомври 2022 Генерална Конференција


На овој Ден

Нашиот жив пророк го одработува својот дел да ја преплави земјата со Книгата на Мормон. Мора да го следиме неговото водство.

Драги мои браќа и сестри, во Книгата на Мормон фразата „овој ден“1 се користи постојано за да се привлече вниманието на советите, ветувањата и учењата. Царот Венијамин, во своето последно обраќање, го опомена народот: „Послушајте ги моите зборови што ќе ви ги кажам на овој ден; … отворете ги ушите за да можете да слушнете, и вашите срца за да разберете, и вашите умови за да ви се откријат Божјите тајни“.2 Генералната конференција е слично опкружување. Доаѓаме да го слушнеме советот за „овој ден“, за да можеме да бидеме „верни во секое време“3 на Господ и Неговото евангелие Притискањето врз мене „овој ден“ е важноста да ја обновиме нашата посветеност на Книгата на Мормон, која Џозеф Смит ја нарече „најправилната од која било книга на земјата.“4

Копија од Книгата на Мормон на Старешината Расбенд

Во раката држам примерок од Книгата на Мормон. Ова е моето старо издание од 1970 година и е многу важно за мене. По својот изглед, таа е уморна и истрошена, но ниту една друга книга не е толку важна во мојот живот и за моето сведоштво како оваа. Читајќи го, добив сведоштво преку Духот дека Исус Христос е Син Божји,5 дека Тој е мојот Спасител,6дека овие свети списи се словото Божјо7 и дека Евангелието е обновено.8 Овие вистини почиваат длабоко во мене. Како што рекол пророкот Нефи, „Мојата душа се радува во нештата на Господ“.9

Старешина Расбенд со претседателот на неговата мисија и Старешината Хенкс

Од лево кон десно: Старешина Роналд А. Расбенд, млад мисионер; Претседател Харолд Вилкинсон, Претседател на Мисијата на Источните американски држави; и СтарешинаМерион Д. Хенкс, Генерален Овластен за Седумдесетминара.

Еве ја заднината на приказната. Како млад мисионер, го послушав советот на Старешина Мерион Д. Хенкс, кој не посети на Мисијата на Источните држави. Тој беше поранешен Претседател на Британската мисија и двајца негови мисионери се на штандот денес: моите драги браќа, Старешуна Џефри Р. Холанд и Старешина Квентин Л. Кук.10 Исто како со неговите мисионери во Англија, тој нѐ поттикна да ги прочитаме необележаните примероци на Книгата на Мормон најмалку два пати. Ја презедов задачата. За Првото читање требаше да означам или да подвлечам сè што укажуваше или сведочеше за Исус Христос. Користев црвен молив и подвлеков многу пасуси. Вториот пат, Старешина Хенкс рече да ги обележиме принципите и доктрината на евангелието, а овој пат јас користев сино за да ги обележам светите писма. Ја прочитав Книгата на Мормон два пати, како што беше предложено, а потоа уште два пати користејќи жолта и црна боја за да ги обележам пасусите што ми изгледаа важни.11 Како што може да видите, фатив многу белешки.

Обележана копија од Книгата на Мормон

Имаше нешто многу повеќе во моето читање, од едноставно обележување на стиховите. Со секое читање на Книгата на Мормон, од почеток до крај, бев исполнет со длабока љубов кон Господ. Почувствував длабоко вкоренет сведок за вистинитоста на Неговите учења и како тие се применуваат на „денес“. Оваа книга одговара на нејзиниот наслов, „Уште едно сведоштво за Исус Христос“.12 Преку тоа проучување и добиеното духовно сведоштво, станав мисионер на Книгата на Мормон и ученик на Исус Христос.13

На „Овој ден“, еден од најголемите мисионери на Книгата на Мормон е претседателот Расел М. Нелсон. Кога беше новоповикан апостол, тој држеше предавања во Акра, Гана.14 Присуствуваа достоинственици, вклучувајќи го и африканскиот племенски крал, со кого тој разговараше преку преведувач. Кралот бил сериозен ученик на Библијата и го сакал Господ. По забелешките на Претседателот Нелсон, му пријде тој крал, кој на совршен англиски праша: „Само кој си ти?“ Претседателот Нелсон објасни дека е ракоположен апостол на Исус Христос.15 Следното прашање на кралот било „Што можеш да ме научиш за Исус Христос?“16

Претседателот Нелсон посегнал по Книгата на Мормон и му ја отворил на 3 Нефи 11. Заедно, Претседателот Нелсон и кралот ја прочитале проповедта на Спасителот до Нефитите: „Ете, јас сум Исус Христос, за кого пророците пророкуваа дека ќе дојде на светот. … Јас сум светлината и животот на светот.”17

Претседателот Нелсон му го подари на кралот тој примерок од Книгата на Мормон, на што кралот одговори: „Можеше да ми дадеш дијаманти или рубини, но ништо не ми е поскапоцено од ова дополнително знаење за Господ Исус Христос“.18

Тоа не е единствениот пример за тоа како нашиот сакан пророк ја споделува Книгата на Мормон. Тој им дал примароци на Книгата на Мормон на стотици луѓе, и секогаш го споделувал своето сведоштво за Исус Христос. Кога претседателот Нелсон се среќава со гости, претседатели, кралеви, шефови на држави, водачи на бизниси и организации и на различни вери, без разлика дали се во седиштето на Црквата или на нивните локации, тој со почит ја презентира оваа книга за обелоденетото свето писмо. Тој можеше да им даде толку многу работи завиткани во панделки што може да седат на маса или биро или во кабинети како потсетник за неговата посета. Наместо тоа, тој го дава она што за него е најскапоцено, многу повеќе од рубините и дијамантите, како што опиша племенскиот крал.

„Вистините од Книгата на Мормон“, рече Претседателот Нелсон, „имаат моќ да лекуваат, утешуваат, обновуваат, помагаат, зајакнуваат, смират и да ги развеселат нашите души“.19 Гледав како овие примероци од Книгата на Мормон беа одненеадеж зграбени од оние кои ги добија од нашиот Божји пророк. Не би можело да има поголем подарок.

Претседателот Нелсон со првата дама на Гамбија

Неодамна се сретна и со првата дама на Гамбија во неговата канцеларија и понизно ѝ ја врачи Книгата на Мормон. Тој не застана тука. Ги отвори страниците на книгата за да чита со неа, да поучува и да сведочи за Исус Христос, Неговото Помирување и Неговата љубов кон сите Негови деца-секаде.

Нашиот жив пророк го одработува својот дел да ја преплави земјата со Книгата на Мормон.20 Но, тој не може сам да ги отвори портите што ќе дозволат да протече водата. Мора да го следиме неговото водство.

Инспириран од неговиот пример, се обидував понизно и пожестоко да ја споделам Книгата на Мормон.

Старешина Расбанд со претседателот на Мозамбик

Неодамна бев на задача во Мозамбик. Граѓаните на оваа прекрасна земја се борат со сиромаштија, слабо здравје, невработеност, бури и политички немири. Ја имав честа да се сретнам со претседателот на земјата, Филипе Њуси. На негово барање, се молев за него и за неговата нација; Му реков дека градиме храм на Исус Христос21 во неговата земја. На крајот од нашата посета, му презентираб примерок од Книгата на Мормон на португалски, неговиот мајчин јазик. Додека тој со благодарност ја прифаќаше книгата, сведочев за надежта и ветувањето за неговиот народ, што може да се најдат во Господовите зборови на нејзините страници.22

Старешина Расбанд со кралот и кралицата на Лесото

Во друга прилика, мојата сопруга Мелани и јас се сретнавме со кралот Леци III од Лесото и неговата сопруга во нивниот дом.23 За нас, најважниот момент од нашата посета беше подарувањето на примерок од Книгата на Мормон а потоа споделувањето на моето сведоштво. Кога ќе се навратам на тоа искуство и на другите, ми паѓа на памет еден стих од светото писмо од подоцнежните денови: „Целосноста на моето евангелие може да се прогласи од слабите и едноставните, до краевите на светот, и пред цареви и владетели“.24

Старешина Расбанд со Амбасадорот Пандеј
Црковните водачи со Неговата Светост Патријарх Вартоломеј

Ја споделив Книгата на Мормон со индиската Амбасадорка во Обединетите нации во Женева, Индра Мани Пандеј25со Неговата Светост Патријарх Вартоломеј26од Источната православна црква; и со многу други. Го почувствував Господовиот Дух со нас додека лично им го предавав овој „темелник на нашата религија“ 27 и го давав моето сведоштво за Исус Христос, камен-темелникот на нашата вера.28

Сега, браќа и сестри, не мора да одите во Мозамбик или Индија или да се сретнете со кралеви и владетели за да ја дадете некому оваа книга со свети учења и ветувања. Ве поканувам, на овој деn, да им ја подарите Книгата на Мормон на вашите пријатели и семејството, соработниците на работа, вашиот фудбалски тренер, или производителот од вашиот пазар. Ним им се потребни зборовите на Господ кои се наоѓаат во оваа книга. Ним им требаат одговори на прашањата од секојдневниот живот и за вечниот живот што доаѓа. Тие треба да знаат за заветниот пат поставен пред нив и за постојаната љубов на Господ кон нив. Сето тоа е тука во Книгата на Мормон.

Кога ќе им ја предадете Книгата на Мормон, ги отворате нивните умови и срца за Божјата реч. Не треба да носите печатени примероци од книгата со вас. Можете лесно да го споделите од вашиот мобилен телефон од делот за свети списи на апликацијата Gospel Library.29

Помислете на сите оние кои би можеле да бидат благословени со евангелието во нивните животи, а потоа испратете им копија од Книгата на Мормон од вашиот телефон. Не заборавајте да го вклучите вашето сведоштво и како оваа книга го благословила вашиот живот.

Почитувано мои пријатели, како Апостол на Господ, повторно ја упатувам мојата покана да го следите нашиот сакан пророк, Претседателот Нелсон, во преплавувањето на земјата со Книгата на Мормон. Потребата е толку голема; треба да дејствуваме сега. Ветувам дека ќе учествувате во “најголемото дело на земјата” собирот на Израел,30 идејќи сте инспирирани да допрете до оние што биле „зачувани од вистината затоа што не знаат каде да ја најдат“.31 Тие имаат потреба од вашето сведоштво и сведоштво за тоа како оваа книга ви го промени вашиот живот и ве приближи до Бога, Неговиот мир,32 и Неговата „прилози на голема радост“.33

Сведочам дека по божествен план Книгата на Мормон била подготвена во древна Америка за да се појави и да ја објави Божјата реч, да донесе души на Исус Христос и Неговото обновено евангелие, на “овој ден“. Во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Види Јаков 2:2–3; Moсија 2:14, 30; 5:7; Алма 7:15; и многу други стихови во Книгата на Мормон.

  2. Moсiја 2:9.

  3. Алма 53:20.

  4. Teachings of Presidents of the Church: Joseph Smith (2007), 64. Целосната изјава дадена од Џозеф Смит на 28 ноември 1841 година, во советот со дванаесетте апостоли: „Им реков на браќата дека Книгата на Мормон е најправилната од која било книга на земјата и клучот на нашата религија и човек ќе му се приближи на Бога ако се придржува кон неговите заповеди, отколку со која било друга книга.“ Клучната референца за „точно“ може да се припише на откровението добиено при нејзиниот превод и на доктрината научена во Книгата на Мормон која подобро од која било друга книга ги воспоствуца „јасните и скапоцените“ вистини на евангелието (види 1 Нефи 13:40).

  5. Види “The Living Christ: The Testimony of the Apostles,” проглас на Првото Претседателство и Кворумот на Дванаесетте апостоли од 1 јануари 2000 година: „Ние сведочиме, како Негови соодветно ракоположени апостоли - дека Исус е Живиот Христос, бесмртен Син Божји. Тој е големиот Цар Емануел, кој денес стои од десната страна на Својот Отец. Тој е светлината, животот, и надежта на светот Неговиот пат е патот што води до среќа во овој живот и вечен живот во светот што доаѓа. Му благодариме на Бог за тој неспоредлив подарок на Неговиот божествен Син“. (ChurchofJesusChrist.org).

  6. Види Iсаија 49:26; 1 Нефи 21:26; 22:12; Учење и Завети 66:1.

  7. Божјото слово се наоѓа во Светите писма. На пример, во Книгата на Мормон, Ламан и Лемуел се прашуваат, „Што значи железната прачка?“ мислејќи на Лехиевиот сон. Нефи одговорил: „И им реков дека беше словото на Бог и кој ќе го послуша словото Божјо, и ќе се држи цврсто за тоа, никогаш нема да загине; ниту искушенијата ни огнените стрели на противникот не би можеле да ги совладаат до слепило, за да ги одведат до уништување.“.(1 Нефи 15:23-24

  8. Види “The Restoration of the Fulness of the Gospel of Jesus Christ: A Bicentennial Proclamation to the World,” кој го вклучува следново: “We declared that The Church of Jesus Christ of Latter-day Saints, organized on April 6, 1830, is Christ’s New Testament Church restored. Оваа Црква е вкотвена во совршениот живот на нејзиниот Главен камен-темелник Исус Христос и во Неговото бескрајно Помирување и буквално Воскресение. Исус Христос уште еднаш ги повика Апостолите и им даде свештеничко овластување. Тој не повикува сите нас да дојдеме кај Него и Неговата Црква, да го примиме Светиот Дух, обредите за спасение и да стекнеме трајна радост. … Со задоволство изјавуваме дека ветеното Обновување се одвива според тековно откровение. Земјата никогаш повеќе нема да биде иста, бидејќи Бог „за да соедини сѐ под една глава – во Христос.“ (Ефесјани 1:10).”(ChurchofJesusChrist.org).

  9. 2 Нефи 4:16.

  10. Види Quentin L. Cook, “Be Not Weary in Well-Doing” (Brigham Young University devotional, Aug. 24, 2020), speeches.byu.edu; “This Week on Social: How to Develop a Love for the Lord, Yourself and Others,” Church News, July 17, 2020. thechurchnews.com.

  11. Трето читање, жолто: геологија или географија; четврто читање, црно: приказната за Книгата на Мормон.

  12. „Уште едно сведоштво за Исус Христос“ беше додаден како поднаслов на сите изданија на Книгата на Мормон. Црковните водачи направија промена на името за дополнително да ја нагласат целта на книгата како што е наведено на насловната страница: „И, исто така, за да ги убедат Евреите и неевреите дека Исус е Христос, Вечниот Бог, кој им се покажува на сите народи“.

  13. Да се ​​биде ученик на Исус Христос е израз на нашата љубов кон Него. Учениците се крстени; го земаат на себе името на Исус Христос; тие се трудат да Го следат со тоа што ќе ги прифатат Неговите особини како што ги опишал апостол Петар: „Давајте секаква трудољубивост, додајте на својата вера доблест; и доблесно знаење; и на знаење воздржаност; и на воздржаност трпение; и на трпение побожност; и на побожноста братска добрина; и на братската добрина“ (2 Петрово 1:5–7; исто така види Preach My Gospel: A Guide to Missionary Service [2019], 121–32).

  14. Претседателот Расел М. Нелсон, меѓународно познат кардиохирург пред неговиот повик во Кворумот на Дванаесетте Апостоли во 1984 година, одржа предавање во медицинското училиште во Акра, Гана, во 1986 година за историјатот на операција на срце. Интервјуиран подоцна од медиумите, тој објасни дека таму бил во својство на „слуга на Господ за да им помогне [на луѓето] да станат подобри граѓани, да изградат силни семејства, да стекнат вистинска среќа и да напредуваат во земјата“. Тој се врати во Акра, Гана, 16 ноември 2001 година, за положување на темелите на храмот во Акра Гана (види “Ground Broken for First Temple in West Africa,” Church News, Nov. 24, 2001).

  15. Види General Handbook: Serving in The Church of Jesus Christ of Latter-day Saints, 5.1.1.1: „Во нашево време, Господ ги повикува мажите преку Претседателот на Црквата да бидат ракоположени за Апостоли и да служат во Кворумот на Дванаесетте Апостоли (види Учење и завети 18:26–28).” (ChurchofJesusChrist.org).

  16. Види Russell M. Nelson, “The Book of Mormon: What Would Your Life Be Like Without It?,” Liahona, Nov. 2017, 60.

  17. 3 Нефи 11:10-11.

  18. Russell M. Nelson, “The Book of Mormon: What Would Your Life Be Like Without It?,” 61.

  19. Russell M. Nelson, “The Book of Mormon: What Would Your Life Be Like Without It?,” 62.

  20. Види Moses 7:62.

  21. Храмот Беира во Мозамбик беше најавен 4 април 2021 од Претседателот Расел М. Нелсон. Повеќе од половина милион луѓе живеат во Беира, која лежи на брегот на Индискиот Океан.

  22. Примери за надежта и ветувањата пронајдени во Книгата на Мормон се вклучени во 2 Neфи 31:20; Jaкoб 4:4–6; Aлма 13:28–29; 22:16; 34:41; Eтер 12:32; Moрони 7:41; 8:26.

  23. Старешината и Сестра Расбанд се сретнаа со кралското семејство 10 февруари 2020 , кога биле на задача во Африка да го посветат Храмот Дурбан во Јужна Африка

  24. Учење и завети 1:23.

  25. Старешината Расбанд се сретна со амбасадорката Индра Мани Пандеј, постојан претставник на Индија во Обединетите Нации и другите меѓународни организации во Женева, додека беше на задача на Меѓуверскиот форум во Болоња, Италија, на 17 септември 2021 година.

  26. Старешина Расбанд се сретна со Неговата Светост Вселенскиот Патријарх Вартоломеј од Источната Православна црква додека беше на задача на Меѓуверскиот форум во Болоња, Италија, на 13 септември 2021 година.

  27. Teachings: Joseph Smith, 64. A keystone-(носечки ѕид) е парче ѕид во облик на клин што се наоѓа на круната на лакот и ги држи другите делови на своето место. Пророкот Џозеф ја опишал Книгата за Мормон како „носечки ѕид на нашата религија“ поради нејзината важност во обединувањето на Црквата преку принципите и обредите. Книгата на Мормон служи како „носечки ѕид“ за животите на членовите, помагајќи им да останат цврсто на патот на заветот.

  28. Види Ефесјаните 02:19-20. Исус Христос е главниот камен-темелник на нашата Црква, која го носи Неговото име. Исто како што поставувањето камен-темелник во храмот е симболично за основниот камен што го формира аголот на темелите на Божјиот дом, Исус Христос е камен-темелникот на нашата вера и нашето спасение. Тој го даде Својот живот за да ние може да живееме; Никој не е рамен на Него според силата, целта или љубовта.

  29. Можете да јасподелите од вашиот мобилен телефон. Еден начин е со отворање на апликацијата Евангелска Библиотека, оди на Колекција Свети Писма, а потоа допри на „Сподели Сега“ на врвот. Или од апликацијата Книгата на Мормон, можете да ја допрете иконата „Сподели“, која прикажува кода што пријателот лесно може да го скенира користејќи го неговиот телефон.

  30. Расел М. Нелсон, “Надеж на Израел” (духовна молитвена сесија ширум светот 3 јуни 2018), HopeofIsrael.ChurchofJesusChrist.org. „На 3 јуни 2018 година, претседателот Расел М. Нелсон и неговата сопруга, Венди В. Нелсон, ги поканија младите „да се пријават во младинскиот баталјон на Господ“ и да учествуваат во „најголемиот предизвик, најголемa кауза, и најголемото дело на земјата.’ А кој е најголемиот предизвик? The gathering of Israel” (Charlotte Larcabal, “A Call to Enlist and Gather Israel,” New Era, Mar. 2019, 24).

  31. Учење и Завети 123:12.

  32. Види 2 Neфи 4:27; Moсија 4:3; 15:18; Aлма 46:12.

  33. 1 Нефи 13:37.