Генерална Конференција
Градење Живот Отпорен на Непријателот
Октомври 2022 Генерална Конференција


Градење на живот отпорен на Непријателот

Се молам да продолжиме и да ги градиме нашите животи според плановите и техничките спецификации на божествениот цртеж нацртани од нашиот Небесен Отец.

Во текот на годините од оваа прекрасна говорница во Конференцискиот Центар, добиваме величествени совети, инспирација, упатства, поуки и откровенија. Понекогаш, говорниците користат споредби поврзани со нивната област на познавање и искуство за јасно и моќно да ги илустрираат принципите на евангелието на Исус Христос

На овој начин, на пример, научивме за авоините и летовите кај кои мало првично отстапување може да нѐ доведе на место далеку од нашата првична дестинација.1 На овој начин исто така, учевме од споредбата за функционирање на нашето физичко срце со моќната промена на срцето потребна за да се одговори на Господовата покана да го следиме Него.2

Овој пат, би сакал понизно да додадам една споредба инспирирана од областа на мојата професионална подготовка. Мислам на светот на градежништвото. Од почетокот на моите универзитетски студии, сонував за денот кога би се квалификувал да посетувам часови за да научам како да цртам згради и други структури што потоа би се сметале за отпорни на земјотреси.

Конечно пристигна денот за мојот прв час по овој предмет. Првите зборови од професорот беа следните: „Сигурно сте нетрпеливи да започнете со овој курс и да научите како да цртате структури отпорни на земјотрес,“ на што многумина од нас желно климнаа со главите. Потоа професорот рече, „Жалам што ќе ви кажам дека ова не е можно, зашто јас не можам да ве научам како да испланирате зграда што е против, која е ‘анти-,’ или која се спротивставува на земјотрес. „Нема смисла“, рече тој, „бидејќи земјотреси сепак ќе се случат, сакале ние или не.“

Потоа додаде, „Она што јас можам да ве научам е како да нацртате структури што се сеизмички отпорни, структури способни да ги издржат силите на земјотресот, така што структурата останува да стои без да претрпи било какви сериозни оштетувања и потоа може да продолжи да ја нуди услугата за која е оформена.“

Инжинерот ги врши пресметките кои укажуваат на димензиите квалитетите и карактеристиките на темелите, столбовите, гредите, бетонските плочи, и другите конструктивни елементи кои се проектираат. Овие резултати се претвораат во планови и технички спецификации, што градежникот мора стриктно да ги следи со цел работата да се матерјализира и на тој начин да ја исполни целта за која таа зграда била нацртана и изградена.

Иако поминаа повеќе од 40 години од првиот курс по земјотресно инжењерство, совршено се сеќавам на моментот кога почнав да стекнувам подлабоко и поцелосно разбирање за виталната важност што овој концепт би ја имал во структурите што ќе ги дизајнирам во мојот иден професионален живот. Не само тоа, туку дури и уште поважно—дека тој ќе биде трајно присутен во просветлувањето на мојот сопствен живот и на оние врз кои јас би можел да имам позитивно влијание.

Колку сме благословени што можеме да сметаме на знаењето на планот за спасение создаден од нашиот Небесен Отец, што го имаме обновеното евангелие на Исус Христос, и што се потпираме на инспиратувните упатства од живите пророци! Сите претходни сочинуваат божествено нацртани „планови“ и „технички спецификации“ што јасно нѐ учат како да се изгради среќен живот—живот што е отпорeн на гревот, отпорeн на искушенијата, отпорeн на нападите од Сатаната, оној кој очајно бара да ја оневозможи нашата вечна судбина да бидеме заедно со нашиот Небесен Отец и со нашите сакани семејства.

Лично Спасителот, на почетокот од Неговата служба, „беше оставен да биде искушуван од ѓаволот.“3 Но, Исус успешно се оддалечил од овој голем тест. Како му послужило да има став против-Сатаната или против-искушенијата ? Она што го донесе Исус трумфално од овие најтешки времиња беше Неговата духовна подготовка, која му овозможи да биде во позиција да се спротивстави на искушенијата на противникот.

Кои се некои од факторите што му помогнале на Спасителот да биде подготвен за тој клучен момент?

Прво, тој постел 40 дена и 40 ноќи, пост што мора да бил проследен со постојана молитва. Така, иако бил физички слаб, Неговиот дух бил многу силен. За среќа, и покрај тоа што, од нас не се бара да постиме толку долго—туку само 24 часа и еднаш во месецот—постањето ни носи духовна сила и нѐ подготвува да бидеме отпорни на тестовите од овој живот.

На второ место, во записот за искушенијата со кои се соочил Спасителот, гледаме дека тој секогаш одговарал на Сатаната имајќи го на ум светото писмо, цитирајќи го, и применувајќи го во вистинскиот момент.

Кога Сатаната го искушувал да ги претвори камењата во леб за да може да ја задоволи гладта од неговиот долг пост, Господ му рекол, „Напишано е: Човек нема да живее само од леб, туку од секој збор што излегува од устата на Бога.“4 Потоа, кога Господ бил на врвот од храмот, ѓаволот се обидел да го искуша, за јавно да ја покаже Неговата моќ, на што Господ одговорил со авторитетен глас: „Повторно е запишано, не искушувај го Господа твојот Бог.“5 И на третиот обид на Сатаната, Господ одговорил, „Запишано е, на Господ твојот Бог да му се поклонуваш и само нему да му служиш.“6

Случајот на земјотрес остава белег дури и на структури кои биле правилно нацртани и изградени—како што се пукнатини, паднат мебел или тавани и скршени прозорци Но, овие добро конструирани и добро-изградени зданија ќе ја исполнат целта: да ги заштитат своите станари, и со одредени поправки, ќе се вратат во првобитната состојба.

На ист начин, шамарите на противникот исто така може да предизвикаат „пукнатини“ или делумна штета во нашите животи, и покрај нашите напори да ги изградиме нашите животи според совршената божествена цел. Овие „пукнатини“ може да се манифестираат преку чувство на тага или грижа на совест за направените грешки и затоа што не сме направиле сѐ совршено, или поради чувството дека не сме доволно добри колку што сакаме да бидеме.

Но, она што е навистина важно е тоа што ги следевме божествено оформените планови и спецификации, како што е евангелието на Исус Христос, за кое сите ние се залагаме. Структурата на нашите животи не е урната од напорите на непријателот или поради тешките ситуации со кои моравме да се соочиме; наместо тоа, подготвени сме да одиме напред.

Радоста ветена во светите писма како цел на нашето постоење7 не треба да се свати дека значи дека нема да имаме тешкотии или таги, дека нема да имаме „пукнатини“ како резултат на искушенија, неволји, или вистински испити на нашиот земен живот.

Оваа радост е поврзана со Нефиевиот поглед кон животот кога тој вели, „Иако видов многу несреќи во текот на моите денови, сепак имав голема наклоност од Господ во сите мои денови.”8 Сите негови денови! Дури и во деновите во кои Нефи страдал за време на недоразбирањата и отфрлањето од неговите сопствени браќа, дури и кога тие го врзале на бродот , дури и на денот кога неговиот татко, Лехи, починал, дури и кога Ламан и Лемуил станале смртни непријатели на неговиот народ. Дури и во тие тешки денови, Нефи ја чувствувал големата наклоност од Годпод.

Можеме да бидеме спокојни поради сознанието дека Господ никогаш нема да ни дозволи да бидеме искушувани повеќе од она на што можеме да го издржиме. Алма нѐ повикува да „се чуваме и да се молиме непрекинато, за [ние] да не бидеме искушувани повеќе од она што [ние] може да го издржиме, и така да бидеме водени од Светиот Дух, станувајќи понизни, покорни, трпеливи, исполнети со љубов и трпеливост“.9

Истото важи и за животните тестови. Амон нѐ потсетува на зборовите на Господ: „Одете … и издржете ги со трпение вашите тешкотии, и ќе ви дадам успех.“10

Господ секогаш ни помага да се соочуваме со неволји, искушенија, недоразбирање, слабости, па дури и смрт Тој рекол, „И сега вистина ви велам, а она што го велам на еден, го велам на сите вас, бидете оптимисти, мали деца; зашто јас сум во вашата средина, и не сум ве напуштил.“11 Тој никогаш нема да нѐ напушти!

Се молам за да можеме да продолжиме да ги градиме нашите животи следејќи ги плановите и техничките спецификации на божествениот цртеж нацртан од нашиот Отец и постигнат преку нашиот Спасител, Исус Христос. Така, заради милоста што ни доаѓа преку Помирувањето на нашиот Спасител, ние ќе бидеме успешни при градба на живот кој ќе е отпорен на грев, и искушение, и зајакнати за да ги издржиме тажните, тешки времиња во нашите животи. И уште повеќе, ќе можеме да пристапиме до сите благослови ветени од љубовта на нашиот Отец и нашиот Спасител. Во името на Исус Христос, амин.