Генерална Конференција
Следете го Исус Христос по стапките на верата
Октомври 2022 Генерална Конференција


Следете го Исус Христос по стапките на верата

Христос може да нè носи денес низ тешки времиња. Тој го направи тоа за првите пионери, и го прави сега за секој еден од нас.

Му благодарам на хорот што ја отпеа „Faith in Every Footstep.“ Музиката и зборовите на таа песна се напишани во 1996 година од Брат Њуел Дејли1 како подготовка за прославата на 150-годишнината од доаѓањето на првите пионери во долината на Солт Лејк во 1847 година.

Иако оваа песна е напишана како подготовка за таа прослава, нејзината порака важи за целиот свет.

Отсекогаш го сакав рефренот:

Со вера во секој чекор, го следиме Христос, Господ;

И исполнети со надеж преку неговата чиста љубов, ние пееме во еден акорд.2

Браќа и сестри, сведочам дека додека го следиме Исус Христос по стапките на верата, има надеж. Има надеж во Господ, Исус Христос. Има надеж за сите во овој живот. Има надеж да ги надминеме нашите грешки, нашите таги, нашите борби, нашите тестови и нашите неволји. Има надеж во покајанието, во тоа да ни биде простено и ние да им простиме на другите. Сведочам дека во Христа има надеж и мир. Тој може да не носи и денес низ тешки времиња. Го правел тоа за првите пионери, ќе го направи и сега за секој од нас.

Оваа година се одбележуваат 175 години од доаѓањето на првите пионери во долината на Солт Лејк, што ме натера да размислувам за моите предци, некои од нив пешачеа од Наву до долината на Солт Лејк. Имам прабаби и прадедовци кои шетале по рамнините во младоста. Хенри Балард имаше 20 години;3 Маргарет Мекнил имаше 13 години;4 и Џозеф Ф. Смит, кој подоцна стана шестиот претседател на Црквата, имаше само 9 години кога пристигна во долината на Солт Лејк.5

Тие се соочија со осиромашувања/лишувања од секаков вид на патот, како студени зими, болести и недостаток на соодветна облека и храна. На пример, кога Хенри Балард влегол во долината на Солт Лејк, се радувал што ја видел „Ветената Земја“, но живеел во страв дека некој може да го види затоа што облеката што ја носел била толку износена што не го покривала неговото тело. Цел ден се криел зад грмушките додека не се стемни. Потоа отишол во една куќа и молел за облека за да може да го продолжи патувањето и да ги најде родителите. Му беше благодарен на Бог што безбедно стигна до својот иден дом.6

Моите прабаба и прадедо го следеле Исус Христос по стапките на верата во текот на секое нивно искушение. Јас сум им благодарен што никогаш не се откажале. Нивните стапки на верата ме благословија мене и следните генерации, исто како што вашите стапки на верата денес, ќе го благословат вашето потомство.

Зборот пионер е и именка и глагол. Како именка може да значи лице кое е меѓу првите што истражува или населило нова територија. Како глагол, може да значи создавање или подготовка на патот за другите да го следат.7

Додека размислувам за пионерите кои го подготвиле патот за другите, прво помислувам на пророкот Џозеф Смит. Џозеф беше пионер затоа што неговите стапки на верата го одведоа до шумата со дрвја каде што клекна во молитва и ни го отвори патот да ја имаме целосноста/полнотата на евангелието на Исус Христос. Верата на Џозеф да „бара од Бога“8 во тоа пролетно утро во 1820 година создаде можност за Обновување на полнотата на евангелието на Исус Христос, што вклучуваше пророци и апостоли повикани повторно да служат на земјата.9 Знам дека е Јосиф Смит пророк на Бога. Знам дека неговите стапки исполнети со вера го наведоа да клекне во присуство на Бог Отецот и Неговиот возљубен Син, Исус Христос.

Стапките на вера на пророкот Џозеф му овозможија да биде Господовото орудие за да се појави Книгата на Мормон, што е уште едно сведоштво за Исус Христос и Неговата помирувачка благодат.

Преку верата и истрајноста на Џозеф Смит и покрај неверојатните предизвици и противење, тој можеше да биде инструмент во рацете на Господ во воспоставувањето на Црквата на Исус Христос уште еднаш на земјата.

За време на последната генерална конференција, зборував за тоа како мојата полновремена мисионерска служба ме благослови. Бев благословен додека поучував за славниот план за спасение на нашиот Небесен Отец, Првото Видение на Џозеф Смит и неговиот превод на Книгата на Мормон. Овие обновени учења и доктрина ги водеа моите стапки на верата во подучување на оние кои беа спремни да ја слушаат пораката за Обновување на евангелието.

Нашите мисионери денес се современи пионери затоа што ја споделуваат оваа славна порака со луѓето ширум светот, отворајќи го на тој начин патот за децата на нашиот Небесен Отец да Го запознаат Него и Неговиот Син, Исус Христос. Прифаќањето на евангелието на Исус Христос го отвора патот за сите да се подготват и да ги примат обредите и благословите на Црквата и на храмот.

На последната генерална конференција, Претседателот Расел М. Нелсон уште еднаш потврди „дека Господ побарал од секој достоен, способен млад човек да се подготви и да служи мисија“ и дека „мисијата е исто така моќна, но изборна, можност“ за „младите и способни сестри“.10

Драги млади мажи и млади жени, вашите стапки на верата ќе ви помогнат да ја следите поканата Господова да служитемисии - да бидете современи пионери - со тоа што ќе го отворите патот за Божјите деца да го најдат и да останат на заветниот пат кој води назад кон Неговото славно присуство.

Претседателот Нелсон беше пионер во Црквата. Како Апостол тој патувал и отворил многу можности за проповедање на Евангелието. Набрзо, откако стана пророк и Претседател на Црквата, тој пледираше со нас да „го зголемиме [нашиот] духовен капацитет за да добиваме откровение“.11 Тој продолжува да не учи да ги зајакнуваме нашите сведоштва. За време на духовната молитвена сесија за млади возрасни, тој рече:

„Ве молам да преземете одговорност за вашето сведоштво. Работете на тоа. Имајте го како ваше. Грижете се за него. Негувајте го за да расте. …

„[Потоа] гледајте чуда да се случуваат во вашиот живот.”12

Тој нѐ учи како да станеме духовно самостојни. Тој рече дека „во деновите што доаѓаат нема да биде возможен духовен опстанок без водечкото, директно, утешително и постојано влијание на Светиот Дух“.13

Сведочам дека претседателот Расел М. Нелсон е Божјиот пророк на земјата денес.

Нашиот Спасител, Исус Христос, е последниот пионер во подготовка на патот. Всушност, Тој е „патот“14 за исполнување на планот за спасение за да можеме да се покаеме и да се вратиме кај нашиот Небесен Отец, преку вера во Него.

Исус рече: „Јас сум патот, вистината, животот; никој не доаѓа кај Отецот, освен преку мене.“15 Тој вети дека нема да не остави сираци/неутешени; Тој ќе дојде кај нас во нашите искушенија.16 Нѐ покани да „дојдеме кај [Него] со целосна одлучност на срцето и [Тој] ќе [нѐ] исцели“.17

Сведочам дека Исус Христос е наш Спасител и нашиот Искупител, наш Застапник кај Отецот. Нашиот Небесен Отец ни го отвори патот да се вратиме кај Него следејќи го Неговиот возљубен Син, Исус Христос, со вера во секоја стапка.

Моите прабаба и дедо и другите рани пионери се соочија со многу препреки додека доаѓаа со вагони, рачни колички и пешачејќи до долината на Солт Лејк. И ние ќе се соочиме со предизвици во нашите индивидуални патувања низ нашите животи. Не туркаме рачни коли или не возиме покриени вагони преку стрмни планини и низ длабоки снежни наноси; ние се обидуваме како и тие, духовно да ги надминеме искушенијата и предизвиците на нашето време. Имаме искушенија за да ги изодиме; имаме ридови — а понекогаш и планини — за искачување. Иако искушенијата денес се разликуваат од оние на раните пионери, тие не се помалку предизвикувачки за нас.

Важно е да го следиме пророкот и да ги држиме нашите нозе цврсто поставени на заветниот пат на верноста, како што тоа беше случајот со раните пионери.

Да го следиме Исус Христос со вера по секоја стапка. Имаме потреба да му служиме на Господа и да си служиме еди на други. Треба духовно да се зајакнеме со одржување и почитување на нашите завети. Не треба да го губиме чувството за итност да ги одржуваме заповедите. Сатаната се обидува да ја затапи нашата посветеност и нашата љубов кон Бога и Господ Исус Христос. Ве молам запомнете дека ако некој го загуби својот пат, никогаш нема да бидеме изгубени за нашиот Спасител. Со благословте на покајанието, можеме да се обратиме кон Него. Тој ќе ни помогне да учиме, да растеме и да се менуваме додека се трудиме да останеме на заветниот пат.

Нека секогаш одиме по стапките на Исус Христос и, со вера во секој наш чекор, да се фокусираме на Него, држејќи ги нашите нозе цврсто засадени на заветниот пат, е мојата скромна молитва во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Види K. Newell Dayley, “Faith in Every Footstep,” Ensign, Jan. 1997, 15; Liahona, Feb. 1997, 22–23.

  2. Dayley, “Faith in Every Footstep,” Ensign, Jan. 1997, 15; Liahona, Feb. 1997, 23.

  3. Види Henry Ballard diary, L. Tom Perry Special Collections, Harold B. Lee Library, Brigham Young University, Provo, Utah, archives.lib.byu.edu/repositories/ltpsc/resources/upb_msssc998.

  4. Види “A ‘Small Glimpse’ into Pioneer Experiences,” Church News, June 15, 1996, thechurchnews.com.

  5. Види Teachings of Presidents of the Church: Joseph F. Smith (1998), xiv.

  6. Види Douglas O. Crookston, ed., Henry Ballard: The Story of a Courageous Pioneer, 1832–1908 (1994), 14–15.

  7. Види Merriam-Webster.com Dictionary, “pioneer.”

  8. Јаков 1:5.

  9. Види Joseph Smith—History 1:5–20.

  10. Russell M. Nelson, “Preaching the Gospel of Peace,” Liahona, Мај 2022, 6; оригиналниот акцент е отстранет.

  11. Russell M. Nelson, “Revelation for the Church, Revelation for Our Lives,” Liahona, Мај 2018, 96.

  12. Russell M. Nelson, “Choices for Eternity” (worldwide devotional for young adults, May 15, 2022), broadcasts.ChurchofJesusChrist.org.

  13. Russell M. Nelson, “Revelation for the Church, Revelation for Our Lives,” 96.

  14. Јован 14:6.

  15. Јован 14:6.

  16. Види Јован 14:16-18.

  17. 3 Нефи 18:32.