Облечи ја Својата Сила, О Сионе
Секој од нас мора да ги процени своите временски и духовни приоритети со искреност и молитва.
Параболите се алатка за дефинирање на умешениот пристап на Господ Исус Христос кон учењето. Едноставно кажано, параболите на Спасителот се приказни што се користат за да споредат духовните вистини со матерјалните работи и смртните искуства. На пример, евангелијата на Новиот Завет се преполни со учења кои го споредуваат небесното царство со синапово зрно,1 со бисер од непроценлива вредност,2 со домаќинот и работниците во неговото лозје,3 со десетте девици,4 и со многу други. За време на дел од Галилејска служба на Господ, светите писма укажуваат дека „без параболи не му се говореше.“5
Предвиденото значење или пораката на параболата обично не се изразува експлицитно. Напротив, приказната само ја пренесува божествената вистина на примачот пропорционално со неговата вера во Бога, неговата лична духовна подготовка, и неговата подготвеност да научи. Така, поединецот мора да го практикува моралното право на избор и активно да „моли, бара и чука“6 за да ги открие вистините содржани во една парабола.
Искрено се молам Светиот Дух да го просветли секој од нас додека сега го разгледуваме значењето на параболата за царската свадбена гозба.
Царската Свадбена Гозба
„И Исус … одговарајќи пак им говореше во параболи, и рече,
„Царството небесно прилега на еден цар, кој направи свадба за својот син,
„И ги испрати своите слуги да ги викаат поканетите на свадба; а тие не сакаа да дојдат.
„Потоа, испрати други слуги, велејќи : Кажете им на поканетите, ете приготвив јадење: јунците мои и сѐ што е угоено се заклани, и сѐ е готово: дојдете на свадба.
„Но тие не сакаа да знаат за тоа, туку си отидоа, кој на нива, кој по трговија.“7
Во древни времиња, една од најрадосните прилики во животот на Евреите била свадбената прослава—настан што траел една недела па дури и две. Ваквиот настан бара внимателно опсежно планирање, а гостите биле однапред известени, со потсетник испратен на денот на отворање на свеченостите. Покана од царот до неговите поданици, на ваква свадба, во суштина се сметало за наредба. Сепак, многу од заповеданите гости во оваа парабола не дошле.8
„Одбивањето да се присуствува на царската гозба е смислен чин на бунт против … царската власт и лично понижување против владеачкиот суверен и неговиот син … . Пренасочувањето на еден човек кон својата фарма а на друг кон неговите [деловни интереси]“9 ги одразува нивните погрешни приоритети и целосно непочитување на царевата волја.10
Параболата продолжува:
„Тогаш им рече на слугите свои, Свадбата е готова, но поканетите не беа достојни.
„Затоа одете по крстопатите и колкумина ќе најдете, поканете ги на свадба.
„И излегоа слугите на крстопатите, ги собраа сите што ги најдоа, и лоши и добри: и се наполни свадбениот дом со гости.“11
Обичајот во тоа време бил домаќинот на свадбарската гозба—во оваа парабола, царот—да обезбедува облека за свадбарите. Овие свадбарски облеки беа едноставни, неопсни фустани што сите учесници ги носеа. На овој начин, рангот и локацијата станаа небитни, а сите на гозбата можеа да се мешаат како еднакви.12
Поканетите од патиштата да присуствуваат на свадбата немаше да имаат ниту време ниту средства да набават соодветна облека како подготовка за настанот. Следствено, царот веројатно им подарил облека од сопствената гардероба. Сите имаа можност да се облечат во облека на царското семејство.13
Кога царот влегол во свадбената сала, ја испитувал публиката и веднаш забележл дека еден каприциозен гостин не носи свадбената облека. Човекот беше донесен, и царот праша: „Пријателе, како влезе овде, необлечен во свадбена руба? А тој молчеше.“14 Во суштина царот прашал, „Зошто не носиш свадбена облека, иако ти е обезбедена?“15
Човекот очигледно не бил соодветно облечен за оваа посебна пригода, и репликата, „А тој остана без зборови“ укажува дека човекот не се извинил.16
Старешина Џејмс Е. Талмаџ го дава овој поучен коментар за значењето на човековите постапки: „Дека необлечениот гостин е виновен за небрежност, намерно непочитување или посериозен прекршок, е јасно од контекстот. Царот најпрво бил милозливо обѕирлив, распрашувајќи се само како влегол човекот без свадбена облека. Ако гостинот можеше да го објасни неговото невообичаено појавување, или ако имаше било каков разумен изговор да понуди, сигурно ќе зборуваше; но ни велат дека останал без зборови. Повикот на царот беше слободно упатен до сите што ги најдоа неговите слуги; но секој од нив мораше да влезе во царската палата покрај портата; и пред да стигне до салата за банкет, во која лично ќе се појави царот, сите ќе бидат соодветно облечени; но необлечениот, по некој начин влегол поинаку; и бидејќи не ги помина стражарите на портата, тој беше натрапник.“17
Христијанскиот автор, Џон О. Рид, забележал дека одбивањето на мажот да ја облече свадбарската облека било пример за бесрамно „непочитување на царот и неговиот син.“ Нему не му недостасуваше свадбарска облека; напротив, тој сам избрал да не ја носи. Тој бунтовно одбил да се облече соодветно за приликата. Реакцијата на царот беше брза и решителна: „Врзете му ги рацете и нозете, одведете го и фрлете го во темнината надвор; ќе има плач и чкртање со заби.“18
Расудувањето на царот за човекот не се заснова првенствено на отсуството на свадбена облека—туку на фактот дека тој, всушност, бил решен да не носи таква облека. Човекот … ја посакувал честа да присуствува на свадбената гозба, но … не сакал да го следи царскиот обичај. Тој сакал да постапува по свое. Неговата несоодветна облека го открива неговиот внатрешен бунт против кралот и неговите упатства.”19
Многумина се Повикани, а малкумина се Избрани
Параболата потоа заклучува со овој продорен библиски стих, „Зашто многумина се повикани, а малкумина избрани.“20
Интересно, Џозеф Смит ги направил следните промени на овој стих од Матеј во неговиот инспиративен превод на Библијата: „Зашто многумина се повикани, а малкумина се избрани; затоа не сите носат свадбена облека.“21
Поканата за свадбената гозба и изборот за учество на гозбата се поврзани, но различни. Поканата е за сите мажи и жени. Поединец, може дури и да ја прифати поканата и да седне на гозбата—а сепак да не биде избран да учествува, зашто тој или таа ја нема соодветната свадбена облека за пребратената вера во Господ, Исус Христос и Неговата божествена милост. Значи, го имаме и Божјиот повик и нашиот индивидуален одговор на тој повик, и многумина може да бидат повикани но малкумина се избрани.22
Да се биде или да станеме избран не е ексклузивен статус што ни е доделен нам. Наместо тоа, вие и јас на крајот можеме да избереме да бидеме избрани преку праведно вежбање на нашето морално право на избор.
Ве молам имајте ја во предвид употребата на зборот избран во следните познати стихови од Учењата и Заветите:
„Ете, многумина се повикани, но само малкумина се избрани. А зошто тие не се избрани?
„Затоа што нивните срца се толку многу посветени на работите од овој свет и копнеат по почестите човечки.“23
Верувам дека импликацијата на овие стихови е прилично едноставна. Бог нема список на омилени имиња на кој ние мора да се надеваме дека нашите имиња еден ден ќе бидат додадени. Тој не ги ограничува „избраните“ на неколкумина. Наместо тоа, нашите срца, нашите желби, нашето почитување на светите евангелски завети и обреди, нашата покорност кон заповедите, и што е најважно, Спасителовата искупителна милост одредуваат дали сме вброени меѓу Божјите избраници.24
„Зашто трудољубиво се трудиме да пишуваме, да ги убедиме нашите деца, а исто така и нашите браќа, да веруваат во Христоа, и да се помират со Бога; бидејќи знаеме дека преку благодат сме спасени, после сѐ што можеме да направиме.“25
Во метежтот и вревата на нашиот секојдневен живот и во метежот и вревата на современиот свет во кој живееме, може да бидеме одвлечени од вечните нешта што се најважни, со тоа што ќе ги направиме задоволството, просперитетот, популарноста и озлогласеноста наши примарни приоритети. Нашата краткорочна преокупација со „нештата од овој свет“ и „човечките почести“ може да нѐ натера да се откажеме од нашето духовно право на раѓање за многу помалку од една чинија чорба.26
Ветување и Сведоштво
Ја повторувам Господовата опомена до Неговиот народ дадена преку старозаветниот пророкот Агеј: „Сега вака вели Господ Саваот; Преиспитајте ги своите патишта.“27
Секој од нас треба искрено и со молитва да ги процени нашите временски и духовни приоритети за да ги идентификува работите во нашите животи што може да ги спречат богатите благослови што Небесниот Отец и Спасителот се подготвени да ни ги даруваат. И сигурно Светиот Дух ќе ни помогне да се видиме себеси онакви какви што навистина сме.28
Ако соодветно го бараме духовниот дар на очи за гледање и уши за слушање ,29 ветувам дека ќе бидеме благословени со способност и суд да ја зајакнеме нашата заветна врска со живиот Господ. Ние, исто така ќе ја добиеме моќта на побожност во нашите животи26—и на крајот ќе бидеме повикани и избрани за Господовата гозба.
„Разбуди се, разбуди се; облечи ја својата сила, О Сионе.“31
„Зашто Сион мора да расте во убавина и светост; нејзините граници мора да се прошират; нејзините колови мора да се зајакнат; да, вистина ви велам, Сион треба да стане и да ја облече својата убава облека.“32
Со радост го објавувам моето сведоштво за божественоста и живата реалност на Бога, нашиот Вечен Отец и Неговиот Возљубен Син, Исус Христос. Сведочам дека Исус Христос е наш Спасител и Откупител, и дека Тој живее. И исто така сведочам дека Отецот и Синот му се појавиле на детето Џозеф Смит, со што го иницирале обновувањето на евангелието на Спасителот во Подоцнежните Дни. Секој од нас нека бара и нека биде благословен со очи бидејќи гледаат и со уши бидејќи слушаат, се молам во светото име на Господ Исус Христос, амин.