Неговиот Јаремот е Благ и Неговото Бреме е Лесно
Да се потсетиме дека секое лице на оваа земја е Божјо дете и дека Тој го сака секој еден од нас.
Приказната е кажана за човек по име Џек кој имал омилено ловџиско куче птичар по име Кеси. Џек бил толку горд на Кесии што често се фалел за тоа колку вешто куче била таа. За да го докаже ова, Џек повикал неколку пријатели да ја видат Кеси додека настапува. Откако пристигнале во ловечкиот клуб, Џек и дозволил на Кеси да се истрча додека тој влегол во клубот за да се пријави.
Кога дошло време да започнат, Џек сакал да се пофали со неверојатните вештини на Кеси. Сепак, Кеси делувала чудно. Таа не сакала да се покори на заповедите дадени од Џек, што вообичаено волно ги извршувала. Сѐ што сакала да прави е да остане покрај него.
Џек бил фрустриран, засрамен и лут на Кеси; наскоро предложил да си заминат. Кеси не сакала ниту да скокне во задниот дел на камионот, па Џек нетрпеливо ја подигнал и ја турнал во одгледнувчницата. Тој се лутел додека оние околу него го исмејувале поради однесувањето на неговото куче сѐ до дома. Џек не можел да свати зошто Кеси се однесува лошо. Таа била добро издресирана, а порано нејзината единствена желба била да му угодува и да му служи.
Откако пристигнале дома, Џек започнал да ја прегледува Кеси за повреди, рани, крлежи, како што обично правел. Кога ја ставил раката на нејзините гради, почувствувал нешто влажно и открил дека неговата рака е облиена со крв. За негов срам и хорор, открил дека Кеси има долг, широк оток десно од нејзината градна коска. Пронашол уште еден на нејзината десна предна нога, исто до коската.
Џек ја земал во рацете и почнал да плаче. Неговиот срам од неговата погрешна процека и однесување бил огромен. Кеси се однесувала некарактеристично претходно во текот на денот бидејќи била повредена. Нејзиното однесување било предизвикано од нејзината болка, нејзиното страдање, и нејзините рани. Тоа немало никаква врска со недостаток на желба да се покорува на Џек или недостаток на љубов кон него.1
Ја слушнав оваа приказна пред неколку години и никогаш не ја заборавив. Колку ранети поединци има меѓу нас? Колку често им служиме на другите врз основа на нивниот надворешен изглед и постапки, или недостаток на дејствие, кога, доколку целосно сме разбрале, наместо тоа, би изреагирале со сочувство и желба да се помогне наместо да им се додаде на нивните товари со нашиот суд?
Сум се обвинувала за ова многупати во мојот живот, но Господ трпеливо ме поучи преку личните искуства, и слушање на животните искуствата на многу други. Започнав целосно да го ценам примерот на нашиот драг Спасител бидејќи Тој помина голем дел од Неговото време служејќи им со љубов на другите.
Животното искуство на мојата најмлада ќерка вклучуваше проблеми со емотивното здравје уште од мало девојче. Имаше многу моменти во нејзиниот живот кога се чувствуваше како да не може да продолжи понатаму. Ќе им бидеме вечно благодарни на земните ангели кои беа таму во овие времиња: седеа со неа; ја слушаа; плачеа со неа; и споделуваа заедно уникатни дарби, духовни разбирања и заеднички љубовен однос. Под такви топли околности, товарот често пати се олеснувал на двете страни.
Старешина Џозеф Б. Виртлин, цитирајќи 1 Коринтјаните, вели, „Иако зборувам на со сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што звони, или кимбал, што ѕвечи.”2
Тој продолжи:
„Павловата порака до ова ново тело на Светите беше едноставна и директна: Ништо што правите не прави голема разлика ако немате милосрдие. Можете да зборувате на јазици, да имате дарба за пророштво, да ги разбирате сите мистерии, и да поседувате целото знаење; дури и да имате верба да поместите планини, без милостина нема да ви користи.
„‘Милосрдието е чистата љубов на Христос’ [Морони 7:47]. Спасителот ја илустрирал оваа љубов.“3
Во Јован читаме, „По тоа ќе ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов еден кон друг.“4
Многу говори се дадени од нашите црковни водачи на тема милосрдие, единство, љубов, љубезност, сочувство, простување и милост. Јас верувам дека Спасителот нѐ повикува да живееме на повисок, посвет начин5—Неговиот начин на љубов каде сите може да чувствуваат дека навистина припаѓаат и се потребни.
Заповедено ни е да ги сакаме другите,6 не да им судиме.7 Да го оставиме овој тежок товар; не е наше да го носиме.8 Наместо тоа, можеме да го прифатиме јаремот на љубов и сочувство на Спасителот.
„Дојдете кај мене, сите изморени и обременети, и јас ќе ве успокојам.
„Земете го мојот јарем на себе, и поучете се од мене; …
„Зашто мојот јарем е благ, и моето бреме е лесно.“9
Спасителот нѐ толерира грев туку ни ја нуди Својата љубов, и дава прошка кога се каеме. На жената фатена во прељуба, Тој ѝ вели, „Ни Јас не те осудувам: оди си, и немој повеќе да грешиш.“10 Оние кои Тој ги допрел ја почувствувале Неговата љубов, и таа љубов ги излекувала и ги преобразила. Неговата љубов ги инспирирала да сакаат да ги променат своите животи. Живеењето на Негов начин носи радост и мир, и Тој ги покани другите да живеат на овој начин со благост, љубезност и љубов.
Старешина Гери Е. Стивенсон кажа, „Додека се соочуваме во животните ветришта и бури, болести и повреди, Господ—нашиот Овчар, нашиот Чувар—ќе нѐ нахрани со љубов и добрина. Тој ќе ги исцелува нашите срца и обнови нашите души.“11 Како следбеници на Исус Христос, не треба ли да го направиме истото?
Спасителот бара од нас да учиме од Него12 и да ги правиме делата што сме виделе дека Тој ги прави.13 Тој е олицетворение на милосрдието, на чистата љубов. Додека постепено учиме да го правиме она што Тој го бара од нас—не од должност, па дури и за благословите што би можеле да ги добиеме, туку само од љубов кон Него и нашиот Небесен Отец13—Неговата љубов ќе тече низ нас и ќе направи сѐ што Тој ќе побара, не само возможното, туку на крајот многу полесно и посветло15 и многу посреќно отколку што некогаш можевме да замислиме. Ќе биде потребна пракса; може да потрае години, како што беше за мене, но, бидејќи посакуваме, дури и љубовта да биде наша движечка сила, Тој може да ја земе таа желба,16 тоа семе, и на крајот да го претвори во прекрасно дрво, полно со најслатките плодови.17
Ние пееме во една од нашите сакани химни: „Кој сум јас да судам други, кога и јас совршен не сум? В срце мирно лежи скрита, тагата невидлива.“18 Кој меѓу нас може да има скриени таги? Очигледно бунтовното дете или адолесцент, децата од разведените, самохраната мајка или татко, оние со физички или ментални здравствени проблеми, оние кои ја доведуваат во прашање нивната вера, постарите лица, расните малцинства, оние кои се жртви на расни или културни предрасуди, оние кои се чувствуваат осамено, оние кои сакаат да бидат во брак, оние со несакани зависности, и толку многу други кои поминуваат низ широк спектар на тешки животни искуства—често дури и оние чии животи изгледаат совршени на површина.
Никој од нас нема совршен живот или совршено семејство; јас секако дека немам. Кога сакаме да сочувствуваме со другите кои исто така се соочуваат со предизвици и несовршености, тоа може да им помогне да почувствуваат дека не се сами во нивните борби. Секој треба да почувствува дека навистина тука припаѓа и дека е потребен во телото Христово.19 Голема желба на Сатаната е да ги подели Божјите деца, и тој имаше голем успех, но таква моќ има во единството.20 И колку рака под рака мора да одиме еден со друг во ова тешко патување на смртноста!
Нашиот пророк, Претседателот Расел М. Нелсон, вели, „Секоја злоупотреба или предрасуда кон другите поради националност, раса, сексуална орјентација, полот, степенот на образование, култура, или други важни идентификатори е навредлива за нашиот Творец! Таквото лошо постапување нѐ тера да живееме под нашиот раст како синови и ќерки на Неговиот завет!“21
Кога Претседателот Нелсон ги покани сите, да застанат и да останат на заветниот пат кој води назад кај нашиот Небесен Отец, тој исто така го понуди и следниот совет: „Ако пријателите и семејството … се оддалечат од Црквата, продолжете да ги сакате. Не е на вас да судите за туѓиот избор, повеќе отколку што заслужувате да бидете критикувани за вашата верност.“22
Пријатели, да се потсетиме дека секој човек на оваа земја е Божјо чедо23 и дека Тој го сака секој од нив.24 Постојат ли луѓе на вашиот пат за кои сте се чувствувале склони да им судите? Ако е така, запомнете дека ова се драгоцени можности за нас да практикуваме љубов како што Спасителот љуби.25 Кога го следиме Неговиот пример, можеме да бидеме во јарем со Него и да помогнеме да се зајакне чувството на љубов и припадност во срцата на сите наши деца на Отецот.
„Ние го љубиме, бидејќи Тој отпрвин нѐ возљуби.“26 Кога сме исполнети со љубовта на Спасителот, Неговиот јарем навистина може да биде благ, a Неговото бреме може да изгледа лесно.27 За ова јас така сведочам, во името на Исус Христос, амин.