Подигнат на Крстот
За да се биде следбеник на Исус Христос, понекогаш е потребно да се носи товар и да се оди таму каде што се бара жртва, а страдањето е неизбежно.
Пред години, по јавната расправа на постдипломсите студии на тема американската верска историја, еден колега студент ме праша, „Зошто Светите од Подоцнежните Дни не го усвоија крстот што другите Христијани го користат како симбол на нивната вера?“
Бидејќи ваквите прашања за крстот често се прашање за нашата посветеност на Христос, веднаш му реков дека Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни ја гледа помирувачката жртва на Исус Христос како централна неспорна вистина, клучната основа, главна доктрина, и крајно изразување на божествената љубов во големиот Божји план за спасение на своите деца.1 Објаснав дека спасителната милост својствена за овој чин е суштинска и универзално надарена за целото човечко семејство од Адам и Ева до крајот на светот.2 Го цитирав Пророкот Џозеф Смит, кој рече, „Сите … нешта што се однесуваат на нашата религија се само додатоци“ на помирувањето на Исус Христос.3
Потоа му прочитав што Нефи има запишано 600 години пред Исусовото раѓање: „И … ангелот ми зборуваше … , велејќи: Еве! И јас погледнав и го видов Јагнето Божјо, … [кој] беше подигнат на крстот и убиен за гревовите на светот.”4
Со мојата ревност „сакај, сподели, покани“ што сега се втурна во голема брзина, продолжив да читам! На Нефитите од Новиот свет, воскреснатиот Христос им рекол: „Мојот Отец ме испрати да бидам подигнат на крстот; …со цел да ги привлечам сите луѓе кон мене, …и поради оваа причина јас бев подигнат.”5
Само што сакав да го цитирам Апостол Павле, кога забележав дека очите на мојот пријател почнаа да блескаат. Еден брз поглед на неговиот рачен часовник очигледно го потсети дека треба да биде некаде—каде било—и тој запиша нешто набрзина на својот фиктивен состанок. Така заврши нашиот разговор.
Утрово, некои 50 години подоцна, решен сум да го завршам ова појаснување—дури и кога секој од вас, осамен, почнува да ги гледа вашите рачни часовници. Додека се обидував да објаснам зошто општо земено ние не ја користиме иконографијата на крстот, сакам да бидам сосема јасен и да ја изразам нашата длабока почит и восхит за мотивациите исполнети со вера и посветените животи на оние што го користат.
Една од причините поради кои што не го нагласуваме крстот како симбол, произлегува од нашите библиски корени. Бидејќи распнувањето било едно од најмачните форми на егзекуција во Римската Импрерија, многу рани следбеници на Исус избрале да не го истакнат овој брутален инструмент на страдање. Значењето на Христовата смрт секако беше клучно за нивната вера, но во текот на некои 300 години тие воглавно се обидуваа да го пренесат својот евангелски идентитет на други начини.6
Во четвртиот и петтиот век, крстот е воведен како симбол на Христијанството воопшто, но нашето не е „воопштено Христијанство“ Бидејќи ние не сме ниту Католици ниту Протестанти, туку, ние сме обновена црква, обновената Ново Заветна Црква. Така, нашето потекло и нашето овластување датираат уште од пред времето на советите, христијанските деноминации, и иконографијата.7 Во оваа смисла, непостоењето на симбол што бавно стапил во општа употреба е уште еден доказ дека Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни е обнова на вистинските Христијански почетоци.
Уште една причина поради која не се користат иконизирани крстови е нагласување на целосното чудо на Христовата мисија—Неговото славно воскресение како и Неговите жртвени страдања и смрт. За да го нагласам овој однос, забележувам две уметнички дела8 што служат како позадина за Првото Претседателство и Кворумот на Дванаесетте Апостоли на нивните свети неделни храмски средби секој четврток во Солт Лејк Сити. Овие претстави постојано нѐ потсетуваат на цената што е платена и победата што ја извојува Оној чии слуги сме ние.
Појавен приказ на Христовиот триумф во два дела е нашата употреба на оваа мала Торвалдсенска слика, на воскреснатиот Христос кој воскреснува во слава од гробот, а раните од Неговото распнување се сѐ уште очигледни.9
Конечно, да се потсетиме дека Претседателот Гордон Б. Хинкли еднаш поучуваше, „Животот на нашиот народ треба да биде симбол на нашата [вера].“10 Овие размислувања—особено последните—ме водат до она што може да биде најважното од сите библиски референци за крстот. Тоа нема никаква врска со приврзоци или со накит, црковни купола или објавување знаци. Но, наместо тоа, има врска со цврст интегритет и крут морален столб што Христијаните треба да ги донесат при повикот на Исус до секој од Неговите следбеници. Во сите земји и во секое време, Тој ни рече на сите, „Ако некој маж [или жена] сака да врви по мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст, и нека Ме следи.“11
Ова зборува за крстовите што ги претрпуваме, а не за оние што ги имаме на себе. За да некој биде следбеник на Исус Христос, понекогаш мора да понесе товар—свој или туѓ—и да оди онаму каде е потребно жртвување и е неизбежно страдање. Вистинскиот Христијанин не може да го следи Учителот само во области со кој тој или таа се согласува. Не. Го следиме насекаде, вклучително, доколку е потребно, и во арените исполнети со солзи и превирања, каде понекогаш, може да останеме многу сами.
Познавам луѓе, во или надвор од Црквата, кои со таква верност го следат Христа. Познавам деца со тешки телесна попреченост, и ги познавам родителите кои се грижат за нив. Гледам дека сите работат на моменти до целосна исцрпеност, во потрага по сила, безбедност, и неколку моменти на радост кои не доаѓаат поинаку. Познавам многу возрасни самци кои копнеат по и заслужуваат лојален придружник, прекрасен брак, и дом полн со свои деца. Ниту една желба не може да биде поправедна, но од година во година таква среќа сѐ уште не доаѓа. Ги познавам оние кои се борат со ментални болести од секаков вид, кои викаат за помош молејќи се и прицврстувајќи се и прилепувајќи се за ветената земја на емоционална стабилност. Ги познавам оние кои живеат во исцрпувачка сиромаштија но, кои пркосејќи му на очајот, бараат само шанса да ги подобрат животите на своите најблиски и оние кои имаат потреба околу нив. Познавам многумина кои се борат со потресни прашања за идентитетот, полот и сексуалноста. Плачам за нив, плачам со нив, знаејќи колку ќе бидат важни последиците од нивниот одлуки.
Ова се само неколку од многуте тешки околности со кои може да се соочиме во животот, свечени потсетници дека има цена за учеништвото. На Орна, кој се обидел да се испазари со цар Давид давајќи му волови за сепаленица а кола и опрема за впрегнување на воловите—за дрва, Цар Давид му рече, „Не; но јас сигурно ќе ти платам колку што чини: … [зашто јас] [нема да] му принесам … на Господ мојот Бог … жртва, земена како дар.“12 Така велиме и сите ние.
Додека ги земаме нашите крстови и Го следиме, навистина би било трагично ако тежината на нашите предизвици не нѐ натера да бидеме поемпатични и да внимаваме на товарот што го носат другите. Еден од најмоќните парадокси на Распетието е тоа што рацете на Спасителот беа широко подадени и потоа заковани таму, прикажувајќи несвесно но точно, дека секој маж, жена и дете од целото човечко семејство не само што се добредојдени, туку и поканети во Неговата искупителна и воздигнувачка прегратка.13
Како што славното Воскресение, следеше по мачното Распетие, така благословите од секаков вид се излеваат врз оние кои се подготвени, како што вели пророкот Јаков од Книгата на Мормон, да „веруваат во Христос, и да ја погледнат неговата смрт, и да го страдаат неговиот крст.“ Понекогаш овие благослови доаѓаат порано а понекогаш подоцна, но прекрасниот заклучок до нашиот личен „via dolorosa“14 е ветувањето од Самиот Учител дека тие ќе дојдат. За да добиеме такви благослови, да го следиме—без неуспех, никогаш не ослабнувајќи, ниту бегајќи, никогаш не отстапувајќи од задачата, ни тогаш кога нашите крстови можат да бидат тешки, зашто по некое време, патот може да затемни. За вашата сила, вашата лојалност, и вашата љубов ви изразувам длабока лична благодарност. Денеска давам апостолско сведоштво за Оној кој е „подигнат“15 и за вечните благослови што ги дава на оние „подигнатите“ со Него, дури и Господ Исус Христос, амин.