Модели на Учеништво
Учењето за Христос и Неговите начини нѐ наведува да го запознаеме и да Го сакаме.
Модел за Вера
Ова утро нашите две деца и тројца внуци во Северна Америка и околу половина свет го водоа сјајот на сонцето кое величествено изгреа на исток. Останатите три деца и седумте внуци во Африка, и во другата половина на светот гледаат како темнината полека ги надвива додека сонцето заоѓа на западниот хоризонт.
Оваа безвременска постојаност на почетокот на денот и ноќта е еден дневен потсетник на реалноста што ги води нашите животи и ние не можеме да ја промениме. Кога ja почитуваме и го ускладуваме она што го правиме со овие вечни реалности, доживуваме внатрешен мир и хармонија. Кога не го правиме тоа, ние сме нерасположени, и работите не функционираат онака како што очекуваме.
Ден и ноќ е еден пример на моделите што Бог ги има дедено до сите кои некогаш живееле на земјата, за работите такви какви што навистина се. Апсолутната вистина на нашето човечко постоење е дека ние не можеме да преговараме според нашите сопствени желби а притоа никој да не дознае за тоа. Се сеќавам на ова секој пат кога летам од Африка, за да дојдам на генералната конференција, ресетирајќи го телесниот часовник за 10 часа во еден ден.
Секогаш кога сакаме да приметиме, гледаме дека Небесниот Отец ни дава доволно сведоци за вистината за да управуваме со нашите животи, така што ќе го запознаеме Него и ќе ги имаме благословите на мирот и радоста.
Преку Пророкот Џозеф Смит, Духот на Господ потврдува, „И повторно, јас ќе ви дадам модел за сите нешта, за да не може да ве излажат; зашто Сатаната е надвор од земјата, и излегува мамејќи ги народите.“1
Корихор ати-Христот падна на таква измама, неверувајќи во постоењето на Бога и доаѓањето на Христос. Нему пророкот Алма му сведочеше, „Сите работи означуваат дека постои Бог; да, дури и земјата, и сѐ што е на неа, да, и нејзиното движење, да, и сите планети што се движат во својата правилна форма, сведочат дека постои Врховен Творец.“2
Кога Корихор инсистираше да му биде даден знак пред да би можел да поверува, Алма предизвикал тој да онемее. Понизен поради својата мака, Корихор слободно признал дека бил измамен од ѓаволот.
Ние не треба да бидеме измамени. Чудото на интелигентен живот постојано се одигрува пред нас. Едно кратко набљудување и размислување за чудесата на небото украсени со безброј ѕвезди и галаксии ја поттикнува душата на верното срце да објави, „Боже Мој, Колку голем си ти!”3
Да, Бог нашиот Небесен Отец живее, и тој Ни се прикажува цело време на различни начини.
Модел за мир
Но да признаеме, за да се верува, и да се продолжи во Бога, нашите срца треба да бидат приемчиви за духот на вистината. Алма поучуваше дека на верата и претходи понизноста.4 Мормон додаде дека е невозможно некој кој не е „кроток и смирен по срце“ да има вера и надеж и да го прима Духот Божји.5 Царот Бенџамин изјавил дека било кој, кој дава приоритет на славата на светот е „непријател на Бог.“6
Со потчинување на крштевањето за да се исполни сета праведност, иако Тој беше и праведен и свет, Исус Христос јавно покажа дека понизноста пред Бога е основна карактеристика на Неговите следбеници.7
Од сите нови ученици се бара јавно да покажат понизност пред Бога преку обредот на крштавање. На тој начин „сите оние кои се понизни пред Бога, и посакаат да бидат крстени, и се појават со скршено срце и покајанички дух … ќе бидат примени со крштевање во неговата црква.”8
Понизноста го приклонува срцето на следбеникот кон покајание и послушност. Духот на Бога може да ја донесе вистината во тоа срце, и тоа ќе најде влез.9
Токму недостатокот на понизност најмногу придонесува за исполнување на пророштвото на Апостол Павле во овие подоцнежни денови:
„Зашто луѓето ќе станат себељубиви, среброљубиви, самофалци, горделивци, хулители, непокорни кон родителите, неблагодарни, неправедни,
„непомирливи, клеветници, невоздржливи, нескротливи, недоброљупци.”10
Поканата на Спасителот да се учи за Него е повик да се оттргнеме од примамливоста на световното и да станеме како што е Тој—кротки и смирени по срце, понизни. Тогаш можеме да го преземеме Неговиот јарем и да откриеме дека е лесно—дека учеништвото не е товар туку радост, како што толку елоквентно и постојано нѐ учи Претседателот Нелсон.
Љубовен Модел
Учењето за Христос и Неговите начини нѐ води кон тоа да го запознаеме и да го сакаме Него.
Тој покажа со пример дека со понизен став навистина е можно за се познава и да се сака Бог Отецот, со целото наше битие и да се сакаат другите како што се сакаме себе си, не задржувајќи ништо. Неговата служба на земјата, во која ја ставил и својата волја и своето тело пред олтарот, била модел за примена на тие принципи, врз кои е втемелено Неговото евангелие. И двата принципи се насочени кон надвор и се во врска со тоа како се однесуваме кон другите, а не барање на лично задоволство или слава.
Чудесна иронија на ова е што кога ги фокусираме нашите најдобри напори да го сакаме Бога и другите, можеме да ја откриеме сопствената божествена вредност, како синови и керќи Божји, со целосниот мир и радост што ги носи ова искуство.
Стануваме едно со Бога и еден со друг преку љубов и служба. Потоа можеме да примиме сведоштво за Светиот Дух за таа чиста љубов, плодот за кој Лехи зборува како за „најслаткиот, од сите што порано ги вкусив.“11
Круната што Христос ја примил за тоа што давал и правел сѐ што е во Негова моќ за да постави модел на љубов кон Отецот и кон нас, било за да ја прими сета моќ, дури и сѐ што има Отецот, што е егзалтација.12
Нашата можност да негуваме во нашите души трајна љубов кон Бога и нашиот ближен, започнува дома со светите навики секојдневно да се поврзуваме со Отецот, преку лична и семејна молитва во името на Неговиот единороден Син, учејќи заедно од Нив преку индивидуално и семејно проучување на светото писмо, заедничко празнување на Сабат, и индивидуално поседување на важечка храмска препорака, користејќи ја заедно колку што е можно почесто.
Како што расте секој поединечно во знаење и љубов кон Отецот и Синот, расте и нашата благодарност и љубов еден кон друг. Нашата способност да ги сакаме и да им служиме на другите надвор од домот е значително подобрена.
Домот е вистинското опкружување каде се развиваат и тестираат особините на издржливост и радосно учеништво. Најслаткиот благослов на обновеното евангелие што мојата сопруга, Гледис и јас, го добивме во нашето домаќинство, дојде од учењето да се познава и да се почитува Бог дома и да се сподели Неговата љубов со нашето потомство.
Модел на служба
Љубовта кон Бога и служењето еден кон друг негувано во домот, и служењето на другите надвор од домот, со тек на време стануваат атрибут на милосрдието.
Ова е во согласност со моделот на (п)осветено служење во царството Божје што е поставен пред нас преку Господовите живи пророци и апостоли. Ние стануваме едни од нив.
Ние тогаш сме способни да гледаме, преку нив, кон Господ „во секоја мисла,“ за да „не се сомневаме“ ниту да „страшиме.“13
Како живите пророци и апостоли Господови, ние можеме да одиме напред со „утроби … полни со милосрдие кон сите луѓе, и … кон домот на верата, и [со] доблест нека ги краси [нашите] мисли постојано; … тогаш [и нашата] растечка доверба зајакнува во присуство на Бога; и учењата за свештенството … ќе капат низ [нашата] душа[и] како росата од небото.”
Со Господовите живи пророци и апостоли, ние исто така можеме да се придружиме на доблесниот верски круг зајакнат од осветената служба во која „Светиот Дух [е нашиот] постојан придружник, [нашиот] жезол [е] неменлив жезол на праведност и вистина; и [нашата] власт е вечна власт, и без принудни средства таа[тече] кон [нас] за век и векови.“14 Зашто тоа е ветувањето на планот на Отецот. Во името на Исус Христос, амин.