Среќни и засекогаш
Навистина, истрајната радост и вечноста со оние кои ги сакаме се во самата суштина на Божјиот план за среќа.
Пријатели, почитувани браќа и сестри, дали се сеќавате дека верувавте или сакавте да верувате во среќно до крајот на животот?
Тогаш се случува животот. Ние „пораснеме“./растеме Односите се комплицираат. Овој свет е бучен, преполн, напорен, со измами и местенки. Сепак, во „длабочината на срцето“1 веруваме, или сакаме да поверуваме, дека некаде, некако, „среќни и засекогаш“ се реални и можни.
„Среќни и засекогаш“ не се замислени бајковити работи. Навистина, истрајната радост и вечноста со оние кои ги сакаме се во самата суштина на Божјиот план за среќа. Неговиот со љубов подготвен начин може да го направи нашето вечно патување среќно и засекогаш.
Имаме многу што да славиме и причина да бидеме благодарни. Сепак, никој од нас не е совршен, како и ниту едно семејство. Нашите врски вклучуваат љубов, ведар дух и природа на личноста, но честопати и конфликт, навреда, понекогаш и длабока болка.
„Зашто, како што во Адам сите умираат, така и во Христа сите ќе оживеат“.2 Живот во Исус Христос вклучува бесмртност - Неговиот дар на нашето физичко воскресение. Додека живееме со вера и послушност, живот во Христа може да вклучува и изобилен со радост вечен живот со Бога и со оние кои ги сакаме.
На извонреден начин, Господовиот пророк нè приближува до нашиот Спасител, вклучително и преку светите храмски обреди и завети кои ни доаѓаат се поблиску на повеќе места. Имаме сериозна можност и дарба да откриеме ново духовно разбирање, љубов, покајание и простување едни со други и нашите семејства, во времето и вечноста.
Со дозвола, споделувам две свети, невообичаено духовно директни искуства раскажани од пријатели за тоа како Исус Христос обединува семејства дури и лекува и генерациски конфликт.3 „Бесконечно и вечно“,4 „посилно од јажињата на смртта“,5 Исусовото помирување може да ни помогне да донесеме мир во нашето минато и надеж за нашата иднина.
Кога се приклучија на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, мојата пријателка и нејзиниот сопруг радосно дознаа дека семејните односи не мора да бидат „додека смртта не ве раздели“. Во домот Господов, семејствата можат вечно да се обединат (запечатат).
Но, мојата пријателка не сакаше да биде запечатена со нејзиниот татко. „Тој не и беше добар сопруг на мајка ми. Не беше добар татко за своите деца“, рече таа. „Мојот татко ќе мора да почека. Немам никаква желба да ја извршувам неговата храмска работа и да бидам запечатена со него во вечноста“.
Една година постеше, се молеше, зборуваше многу со Господ за нејзиниот татко. Конечно, таа беше подготвена. Храмската работа на нејзиниот татко била завршена. Подоцна, таа рече: „Во сон ми се појави татко, целиот облечен во бело. Тој беше променет. Тој рече: „Погледни ме. Јас сум целиот чист. Tи благодарам што ја заврши работата за мене во храмот“. Нејзиниот татко додаде: „Стани и врати се во храмот; твојот брат чека да биде крстен“.
Мојот пријател вели: „Моите предци и оние што починале со нетрпение чекаат нивната работа да се изаврши “.
„Што се однесува до мене“, вели таа, „храмот е место за исцелување, учење и препознавање на Помирувањето на Исус Христос“.
Второ искуство. Друг пријател посветено ја истражувал неговата семејна историја. Сакал да го идентификува својот прадедо.
Рано едно утро, мојот пријател рече дека почувствувал духовно присуство на човек во неговата соба. Човекот сакал да биде пронајден и познат во неговото семејство. Човекот почувствувал каење за грешка за која сега се покајал. Човекот му помогнал на мојот пријател да сфати дека мојот пријател нема никаква ДНК врска со личноста за која мојот пријател мислел дека е неговиот прадедо. „Со други зборови“, рече мојот пријател, „го открив мојот прадедо и дознав дека тој не е личноста за која во нашите семејни записи се вели дека е наш прадедо“.
Неговите семејни односи се разјаснија, мојот пријател рече: „Се чувствувам ослободено, во мир. Има голема разлика да се знае кое е моето семејство“. Мојот пријател сонува: „Свиткана гранка не значи лошо дрво. Како доаѓаме на овој свет е помалку важно од тоа кои сме кога ќе го напуштиме“.
Светите писма и светите доживувања/искуства на лично исцелување и мир, вклучувајќи ги и оние кои живеат во духовниот свет, подцртуваат пет доктринарни принципи.
Прво: Централно место во Божјиот план за откупување и среќа го има Исус Христос, преку Неговото Помирување, ветувањата дека ќе ги обедини нашиот дух и тело, „никогаш повеќе да не бидеме поделени, за [да] можеме да добиеме целосна радост.“6
Второ: Помирувањето - едноумие во Христа - доаѓа додека практикуваме вера и носиме на овој свет плодови за покајание.7 Како и во смртноста, така и во бесмртноста. Храмските обреди сами по себе не нѐ менуваат нас или оние во духовниот свет. Но, овие божествени обреди овозможуваат прочистувачки обреди со Господ, што можат да донесат хармонија со Него и еден со друг.
Нашата радост станува целосна додека ја чувствуваме милоста и простувањето на Исус Христос за нас. И додека си го нудиме чудото на Неговата благодат и простување еден на друг, милоста што ја добиваме и милоста што ја нудиме можат да помогнат да се направат неправдите во животот праведни.8
Трето: Бог совршено нè познава и нè љуби. „Бог не е за подигрување,“9 ниту пак може да биде измамен. Со совршена милост и правда, Тој ги прегрнува во Неговите прегратки на безбедност понизните и покајниците.
Во храмот Киртланд, пророкот Џозеф Смит го видел во визија неговиот брат Алвин спасен во небесното царство. Пророкот Јосиф се восхитил, бидејќи Алвин умрел пред да го прими спасителниот обред за крштевање.10 Утешно, Господ објаснил зошто: Господ „ќе ни суди според [нашите] дела, според желбата на [нашите] срца“.11 Нашите души оставаат запис за нашите дела и желби.
Со благодарност, знаеме дека живите и „умрените кои се каат ќе бидат откупени, преку послушност кон уредбите во Божјиот дом“12 и Христовото помирување. Во духовниот свет, дури и оние во грев и престап имаат можност да се покајат.13
Спротивно на тоа, оние кои намерно избираат прочност, кои свесно го одложуваат покајанието, или кои на било кој начин со предумисла или свесно ги прекршуваат заповедите планирајќи лесно покајание, ќе бидат осудени од Бог и „јасно сеќавањеза сите [нивни] престапи“.14 Не можеме свесно да грешиме во Сабота, потоа да очекуваме автоматско простување со причестување за време на сакраменталната среба во недела. За мисионерите или другите кои велат дека следењето на Духот значи дека не мора да се покоруваме на стандардите или на заповедите, ве молиме запомнете дека покорноста кон мисионерските стандарди и кон заповедите го повикуваат Духот. Никој од нас не треба да го одложува покајанието. Благословите на покајанието започнуваат кога ќе почнеме со каење.
Четврто: Господ ни дава божествена можност да наликуваме се повеќе на Него кога ги извршуваме спасувачките храмски обреди во име на други лица, кои не можат да го сторат тоа сами. Стануваме поцелосни и посовршени 15 додека стануваме „спасители … на планината Сион“.16 Додека им служиме на другите, Светиот Дух на Ветувањето може да ги потврди обредите и да г освети и давателот и примателот. Тие двајцата (и давателот и примателот) можат да склучат и да ги продлабочат преобразувачките завети, со текот на времето, примајќи ги благословите ветени од Авраам, Исак и Јаков.
Конечно, петто: Како што Златното Рравило17 учи, осветувачката симетрија на покајанието и простувањето повикува секој од нас да им го понуди на другите она што нам ни треба и го посакуваме.
Понекогаш нашата подготвеност да му простиме некому ни овозможува и на нив и нам да веруваме дека можеме да се покаеме и да ни биде простено. Понекогаш подготвеноста да се покаеме и способноста за простување доаѓа во различни периоди. Нашиот Спасител е наш Посредник со Бога, но Тој исто така, ни помага да се зближиме со себе и едни со други кога доаѓаме кај Него. Особено кога навредата и болката се длабоки, поправањето на нашите односи и лекувањето на нашите срца е тешко, можеби и невозможно за самостојно да го извршиме. Но, небото може да ни даде сила и мудрост над нашата сопствена за да знаеме кога да сопреме, и како да продолжиме.
Се чувствуваме помлку осамено кога сфаќаме дека не сме сами. Нашиот Спасител секогаш разбира.18 Со Негова помош, можеме да ги предадеме нашата гордост, нашите навреди(болки), нашите гревови на Бога. Како и да сме се чувствувале кога почнуваме, стануваме поцелосни кога му доверуваме Нему, да ги порави нашите односи.
Господ, кој совршено гледа и разбира, простува кому Тој сака; ние (во својата несовршеност) треба да простиме на сите. Како што доаѓаме кај нашиот Спасител, помалку се фокусираме на себе. Помалку судиме, а повеќе простуваме. Вербата во Неговите доблести, милост и благодат19 може да нè ослободи од расправии, гнев, злоупотреба, напуштеност, неправедност и физичките и менталните предизвици кои понекогаш доаѓаат со физичкото тело во смртниот свет. Среќни и засекогаш не значи дека секоја врска ќе биде среќна и вечна. Но, илјадалетието во кое сатаната ќе биде врзан 20 може да ни го даде потребното време и изненадувачки начини за да сакаме, разбереме, и да ги исправиме работите, додека се подготвуваме за вечноста.
Може да се однесуваме едни кон други како што луѓето на небото се однесуваат едни кон други.21 Божјото дело и слава значи да се донесе бесмртност и вечен живот на човекот.22 Вечниот живот и воздигнување е познавање на Бога и Исус Христос, за да, со божествена сила, бидеме таму каде што се и Тие.23
Драги браќа и сестри, Бог, нашиот Небесен Отец и Неговиот возљубен Син живеат. Тие нудат мир, радост и исцеление на секој род и јазик, на секој од нас. Господовиот пророк го води патот. Откровението на подоцнежните денови продолжува. Да се доближиме до нашиот Спасител во светиот дом Господов, и да нè зближи со Бога и едни со други додека ги спојуваме нашите срца во сочувство, вистина и милост дадена од Христос во сите наши генерации - со време и вечност, срекни и засекогаш. Во Исус Христос, тоа е можно; во Исус Христос, тоа е вистина. Јас така сведочам, во Неговото свето име, Исус Христос, амин.