Генерална Конференција
Најголемата Приказна Некогаш Кажана
Април 2023 генерална конференција


Најголемата Приказна Некогаш Кажана

Погледнете Книгата на Мормон во ново светло и да го земете во предвид длабокото сведоштво кои го дава за реалноста на восреснатиот Христос.

Писмо од Првото Претседателство на Велигден

Вие веројатно се сеќавате дека сте слушнале за писмо од Првото Претседателство како се чита во вашиот оддел или гранка пред неколку недели. Тоа писмо изјавува дека наредната Недела—Велигденската Недела—сите оддели и гранки треба да се сретнат само за средба на сакрамент, оставајќи дополнително време за обожавање во домот како фамилии кои оддаваат почит на овој најважен празник.1

Писмото од Првото Претседателство ми го привлече вниманието, и ме натера да се одразам на начинот на кој нашето семејство славаше Божиќ низ годините. Што повеќе размислував за нашите прослави, толку повеќе се пронајдов себеси како се прашувам дали ние ненамерно го менуваме вистинското значење на овој празник, толку во фокусот за сите верници во Исус Христос.

Божиќ и Велигденската Традиција

Тие мисли ме натераа да размислувам за разликите помеѓу начинот а кон го славиме Божиќ во споредба со Велигден. За време на Декември, ние некако успеваме да вклучиме забава „Џингл Белс,“ со Божиќни чорапи, и дарови покрај другите, повнимателни традиции—како грижа за тие на кои им е потребна, пеење на нашите омилени Божиќни песни и химни, и секако отворање на светите писма и читање на Божиќната приказна во Лука 2. Секоја година додека ја читаме оваа возљубена приказна од огромна стара Билбија, нашето семејство го прави тоа што веројатно вашето семејство го прави—облечено со крпи на главите и рамењата и спуштени бањарки да ги претставиме Јосиф, Марија, и многу кои дојдоа да го обожаваат бебето Исус, ние ја глумиме богатата Божиќна приказна за раѓањето на Спасителот.

Нашата семејна прослава на Велигден, како и да е, беше некако поразлична. Јас чувствувам дека нашето семејство се потпре повеќе на „одење во црква“ таа специјална Недела да обезбеди значаен дел од Велигден фокусиран на Христос, и после како семејство, ние сме се собрале да споделиме други традиции поврзани со Велигден. Јас сакам кога ги гледам нашите деца а сега и нашите внуци како ловат Велигденски јајца и копаат низ нивните Велигденски кошници.

Но писмото од Првото Претседателство беше повик за будење. Не само што тие не поканија сите нас да се осигураме дека нашата прослава на најважниот настан кој некогаш се случил на земјата—Помирувањето и Восреснувањето на Исус Христос—вклучува свеченост и почит кои Господ ги заслужува, тие исто ни дадоа повеќе време со нашите семејства и пријатели на Велигденската Недела да го правиме тоа.

Воскреснатиот Спасител

Овие зборови од Пророкот Џозеф Смит додаваат дополнителен контекст на значењето на настаните кои го опкружуваат Божиќ: „Основните принипите на нашата религија се сведоштвото на Апостолите и Пророкот, во врска со Исус Христос, дека Тој умре, беше закопан, и стана повторно на третиот ден, и се воздигна на небесата; и сите други нешта кои се однесуваат на нашата религија се само нејзини додатоци.“2

Леса и Јас дискутиравме за начини на кои нашето семејство може да направи подобро за време на оваа Велигденска сезона. Можеби прашањето кое си го поставувавме е едно за кое сите можеме да размислуваме: Како ние го моделираме учењето и прославата на Восреснување на Исус Христос, Велигденска приказна, со ист баланс, целина, и богата религиозна традиција со раѓањето на Исус Христос, Божиќната приказна?

Изгледа дека сите се трудиме. Јас запазувам растечки напор помеѓу Светците од Подоцнежните Дни кон Велигднен што е пофокусиран на Христос. Ова вклучува поголемо и повнимателно признание на Цветници и Велики Петок како што се практикувани од некои Христијански роднини. Ние исто би можеле да присвоиме соодветни Велигденски традиции фокусирани на Христос пронајдени во културите и практикувањата на земјите ширум свет.

Проучувач на Новиот Завет Н.Т. Рајт предложи: „Ние треба да преземаме чекори да славиме Велигден на нови креативни начини: со уметност, детски игри, поезија, музка, танц, фестивали, ѕвона, специјални концерти. … Ова е нашиот најголем фестивал. Тргнете го Божиќ настрана и во библиски термини вие губите две поглавја напред од Матеј и Лука, ништо друго. Тргнете го Велигден настрана, и немате Нов Завет; немате Христијанство;3

Велигден, Библијата, и Книгата на Мормон

Ние ја цениме Библијата за се што не поучува за раѓањето, служењето, Распнувањето, и Воскреснувањето на Исус Христос. Ниту едни други три збора не отелотворуваат повеќе надеж и вечни последици за сето човештво отколку тие изговорени од небесен ангел на Велигден наутро во Градината Гробница: „Тој Восресна.“4 Ние сме длабоко благодарни за светите писма од Новиот Завет кои ја зачувуваат приказната за Велигден и Велигденското служење на Спасителот во Јудеја и Галилеја.

Како што Леса и јас продолжуваме да размислуваме и бараме начини да ја прошириме нашата семејна Велигденска прослава да биде повеќе фокусирана на Христос, ние дискутиравме кои традиции за читање на светите писма ние би можеле да ги вклучиме во нашето семејство— Лука 2 кои се еквивалентни на Велигден ако сакате.

И тогаш ние го имавме ова небесно богојавление: Во прилог на важните стихови за Велигден во Новиот Завет, ние како Светци од Подоцнежните Дни сме дарувани со највпечатлив Велигденки подарок! Еден дар со уникатно сведоштво, уште едно сведоштво за Велигденското чудо кое содржи, можеби највеличествени Велигденски свети писма во сето Христијанство. Јас посочуван на дел од Книгата на Мормон, и поконкретно, на извештајот на Исус Христос кој им се појавува на жителите на Новиот Свет, во Негова величествена слава.

Пророкот Џозеф Смит ја опиша Книгата на Мормон како „најточна од било која книга,”5 и почнувајќи со 3 Нефи 11, раскажува за величествената приказна за посетата на воскреснатиот Христос на Нефитите, Велигденското служење на Спасителот. Овие Велигденски свети писма, ако ги прочитате даваат сведоштво за Воскреснувањето на Господ Исус Христос.

Во овие свети писма, Христос ги повикува Дванаесетте Апостоли, ги поучува сите собрани многу од тоа што Тој поучуваше во Неговата Проповед на Гората, објавува дека тој го исполнил законот на Мојсеј, и пророштва за собирањето во последните дни на Израел. Тој ги исцелува болните и се моли за оние луѓе на таков величествен начин што „ниту еден јазик не може да го изговори, ниту може некој човек да го напише, ниту срцата на луѓето можат да зачнат толку големи и зачудувачки нешта како што и сме виделе и сме чуле Исус да говори; и никој не може да ја зачне радоста која ги исполнуваше нашите души во времето кога го слушнавме како се молеше за нас при Отецот.“6

Исус Христос се појавува на Нефитите

Овој Велигден, нашето семејство ќе се фокусира на првите 17 стихови на 3 Нефи 11, со кои сте запознаени. Се сеќавате на големото мноштво околу храмот во земјата Изобилство кои го слушнаа гласот на Бог Отецот и го видоа Исус Христос како се спушташе од небесата да ја врачи најубавата Велигденска покана.

„Станете и истапете напред при мене, …за да можете да ги почувствувате лузните од клиновите на моите раце и стапала, дека вие може да знаете дека Јас сум … Бог на сета земја, бев убиен за гревовите на светот.

„И … мноштвото тргна напред, … еден по еден … и видоа со сопствени очи и почувствуваа со нивни раце, … и водеа извештај, дека тој беше тој, …“

„И … довикуваа во еден глас, велејќи:

„Осана! Благословено нека биде името на Највисокиот Бог! И тие паднаа долу пред стапалата на Исус, и го обожаваа него.“7

Замислете, Нефитите во Храмот Маунт всушност ги допреа рацете на восреснатиот Господ! Ние се надеваме дека ќе ги направите овие глави во 3 Нефи дел од нашата Велигднеска традиција онолку колку што е Лука 2 на нашата Божиќна традиција. Во реалноста, Книгата на Морон ја споделува најголемата Велигденска приказна некогаш кажана. Да не биде најголемата Велигденска приказна никогаш не кажана.

Но јас ве поканувам да је погледнете Книгата на Мормон во ново светло и да го земете во предвид длабокото сведоштво кои го дава за реалноста на восреснатиот Христос како и за богатството и длабочината на учењето на Христос.

Книгата на Мормон: Уште едно сведоштво за Исус Христос

Ние би можеле да се запрашаме: Како читањето на светите писма во Книгата на Мормон може да ни ги благослови животите и на нашите љубени на значаен начин? Повеќе од еден може да сватат. Секогаш кога читаме и проучуваме од Книгата на Мормон ние очекуваме впечатливи исходи.

Неодамна, Леса и Јас присуствувавме на спомен на еден драг пријател, една жена верник чиј живот беше прекинат од болест. Ние се собравме со нејзиното семејство и пријатели, менувајќи драги сеќавања за оваа убава душа која ги збогати нашите животи.

Додека стоевме настрана на одредена далечина од ковчегот разговарајќи со други, јас забележав две млади девојчина на возараст од Основно како се доближија до ковчегот и се испружија на нивните прсти на стапала—со очи кои само достигнуваа до работ—да оддадат последна почит на нивната возљубена тетка. Со никого во близина, Леса се приближи до нив и клекна покрај нив да им понуди утеха и учење. Таа ги праша како се и дали знаеја каде беше нивната тетка сега. Тие ја споделија нивната тага, но после овие скапоцени ќерки на Бог, со доверба која ги преплавуваше нивните очи, кажаа дека знаеја дека нивната тетка беше среќна сега, и таа можеше да биде со Исус.

На оваа нежна возраст, тие пронајдоа мир во големиот план за среќа и, на нивен сопствен детски начин, сведочеа за длабоката реалност и едноставната убавина на Воскреснувањето на Спасителот. Тие го знаеја ова во нивните срца поради внимателните учења на нивните прекрасни родители, семејство, и лидери на Основно кои насадија семе на верба во Исус Христос и вечен живот. Мудри повеќе од нивните години, многу од овие вистини овие млади девојчиња ги разбраа кога дојдоа кај нас преку Велигденската порака и служење на восреснатиот Спасител и зборовите на пророците како што се кажани во Книгата на Мормон.

Јас набљудував кога Претседател Расел М. Нелсон ја дава Книгата на Мормон како дар на некого кој не е од нашата вера, вклучувајќи ги и светските лидери, тој често врти на 3 Нефи и чита за појавување на восреснатиот Христос на Нефитите. Правејќи така, живиот пророк во суштина носи сведоштво за живиот Христос.

Ние не можеме да бидеме сведоци на Исус Христос додека не сведочиме за Него. Книгата на Мормон е уште едно сведоштво за Исус Христос поради низ неговите свети страни, пророк по пророк сведочат не само што Христос ќе дојде, туку и дека Тој навистина дојде.

Поради Него

Во раката држам примерок од првото издание на Книгата на Мормон. Правејќи го тоа секогаш ме допира. Поголемиот дел од мојот живот како возрасен, јас бев фасциниран, восхитен, и фиксиран на тоа што младиот Џозеф Смит направи да ја добие оваа света книга преведена и објавена. Чудата кои требаше да се случат се запрепастувачки за да се размислува.

Но оваа книга не ме допира поради тоа. Туку бидејќи оваа книга, повеќе од било која друга некогаш објавена на оваа земја, носи сведоштво за животот, служењето, учењата, Помирувањето, и Восреснувањето на Исус Христос. Мои почитувани браќа и сестри, проучувајќи често од оваа книга за Исус Христос ќе ви го промени животот. Тоа ќе ви ги отвори очите за нови можности во вашиот живот. Ќе ви ја зголеми вашата надеж и ќе ве исполни со милосрдие. Најмногу од се, ќе ја изгради и зацврсти вашата вера во Исус Христос и ќе ве благослови со сигурно знаење дека Тој и нашиот Отец ве познаваат, ве љубат, и сакаат вие да го пронајдете вашиот пат назад дома, со голема буква Д.

Драги браќа и сестри, времето дојде, претскажано од пророците од минатото, „кога знаењето на Спасителот ќе се прошири преку секоја нации, колено, јазик, и народ.“8 Ние го гледаме исполнувањето на ова пророштво со пред наши очи, преку сведоштвото на Исус Христос пронајдено во Книгата на Мормон.

Спасителот Исус Христос

Ниту една книга не прави повеќе да го покаже тоа:

  • Поради Исус Христос, се се промени.

  • Поради Него, се е подобро.

  • Поради Него, животот може да се управува—особено болните моменти.

  • Поради Него, се е можно.

Неговата посета како воскреснат Спасител, претставен од Бог Отецот, е највеличествената и триумфална Велигденска порака. Ќе им помогне на нашето семејство да стекнат сведоштво за Исус Христос како наш Спасител и Искупител, кој ги скина врските на смртта.

Јас затворам со моето сведоштво за вистината на Книгата на Мормон и Исус Христос како Син на живиот Бог. Во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Видете Писмо од на Првото Претседателство, Фев. 15, 2023

  2. Поучувања на Претседателите на Црквата на: Џозеф Смит (2007), 49; додаден акцент.

  3. Н.Т.Рајт, Изненадени од Надеж: Сеќавање на Небесата, Восреснувањето, и Мисијата на Црквата (2008), 256.

  4. Матеј 28:6.

  5. Поучувања: Џозеф Смит, 64.

  6. 3 Нефи 17:17.

  7. Види 3 Нефи 11:1-17.

  8. Мосија 3:20.