Генерална Конференција
Кога да се Добие Вашиот Патријаршки Благослов
Април 2023 генерална конференција


Кога да се Добие Вашиот Патријаршки Благослов

Кога го примате вашиот благослов, ќе сватите и почувствувате како Небесниот Отец и Исус Христос ве сакаат и како се фокусираат на секој од вас поединечно.

Вчера мојот драг пријател Старешина Рендал К. Бенет заборуваше за патријаршките благослови. Тоа беше одлична порака што нѐ инспира сите нас. Почитувани мои браќа и сестри, смеам ли и јас да зборувам за патријаршките благослови? Патријарси, бидејќи барањата за патријаршки благослов може да се зголемуваат, се молам Господ да ве благослови додека продолжувате да го величате вашиот повик.

Кога одам на конференциите на кол, секогаш го посетувам патријархот и неговата сопруга. Патријарсите се нежни, покорни, неверојатни водачи повикани од Бога. Ми раскажуваат за многу прекрасни духовни искуства. Ги прашав за возраста на најмладата и најстарата личност на која ѝ дале патријаршки благослов. За сега, најмладиот имал 11 а најстариот 93 години.

Го примив мојот патријаршки благослов како нов член на Црквата, на возраст од 19 години, две години откако бев крстен. Мојот патријарх беше неверојатно стар. Тој се приклучи на Црквата во 1916 година и беше пионер на Црквата во Јапонија. За мене беше огромна чест да го добијам мојот патријаршки благослов од овој извонреден Господов ученик. Неговиот јапонски беше тежок за разбирање, но беше моќен.

Патријарсите што ги среќавав ми кажуваат дека многу луѓе ги добиваат своите патријаршки благослови непосредно пред да одат на мисија. Почитувани мои млади мажи, млади жени, родители и епископи, патријаршките благослови не се само подготовка за служење мисија. Достојните крстени членови може да добијат патријаршки благослов во време соодветно за нив.1

Почитувани возрасни членови, некои од вас сѐ уште не сте го добиле вашиот патријаршки благослов. Запамтете, не постои максимална возраст.

Мојата баба (мајка на мојата сопруга) беше многу активен член во Црквата, служеше како учител во црковната организација Здружение за Помош сѐ до нејзината смрт на возраст од 91 години. Бев тажен кога дознав дека не добила патријаршки благослов. Таа преживеа со многу предизвици во својот живот, а бидејќи немаше носител на свештенство во нејзиниот дом, не доби многу од свештенските благослови. Патријаршкиот благослов може ќе ѝ дадеше утеха кога и беше најпотребна.

Возрасни, доколку сѐ уште не сте добиле патријаршки благослов, ве молам не грижете се! Духовната временска рамка за секого е различна. Ако имате 35 или 85 години и имате желба, разговарајте со својот епископ за добивање на благослов.

Нови членови на Црквата, сте слушнале ли за патријаршките благослови? Не знаев за можноста да го добијам кога се приклучив на Црквата, но мојот сакан епископ ми кажа за патријаршките благослови и ме охрабри да го добијам својот откако бев крстен. Почитувани мои нови членови и вие може да добиете патријаршки благослов. Господ ќе ви помогне да се подготвите за оваа света можност.

Ајде да размислиме за две цели за патријаршки благослов:

  1. Патријаршкиот благослов содржи личен совет од Господ до вас.2

  2. Патријаршкиот благослов ја објавува вашата лоза во домот на Израел.

Вашиот патријаршки благослов е и порака од вашиот Небесен Отец и најверојатно ќе вклучува ветувања и инспитативни совети кои ќе ве водат низ вашиот живот. Патријаршкиот благослов нема да ви го испланира животот или да одговори на сите ваши прашања. Ако не се спомне некој важен животен настан, немојте да мислите дека нема да ја добиете таа можност. Исто така, не постои гаранција дека сè што е во вашиот патријаршки благослов ќе се оствари во овој живот. Патријаршкиот благослов е вечен и ако живеете достојно, ветувањата што не се исполниле во овој живот ќе ви бидат дадени во следниот3

Со добивање на изјава за вашата лоза, ќе осознаете дека сте од домот Израелев и од семето на Авраам4 За да го разберете значењето на ова, фокусирајте се на ветувањата што Господ му ги дал на домот на Израел преку Авраам.

Овие ветувања вклучуваат:

  • „Ќе издигнам од тебе многу народи (види Битие 17:5–6; Авраам 2:9; 3:14).

  • „Неговото потомство, или потомците, ќе го примат евангелието и ќе го носат свештенството (види Авраам 2:9).

  • „Преку служењето на неговото потомство, ‘сите семејства на земјата [ќе] се благословат и тоа со евангелски благослови, а тоа се благослови на спасението, дури и вечен живот’ (Авраам 2:11).”5

Како членови на Црквата, ние сме деца на заветот.6 Ги добиваме благословите на Авраамовиот завет кога се покоруваме на законите и обредите од евангелието.

Подготовката за вашиот патријаршки благослов ќе ви помогне да ја зголемите верата во Небесниот Отец и Исус Христос. Кога го добивате вашиот патријаршки благослов и додека читате и размислувате за него, може почесто да се фокусирате на нив.

Претседателот Томас С. Монсон објасни, „Истиот Господ што ја обезеди Лиахона за Лехи, денес ќе ни обезбеди и вам и мене, редок и вреден подарок за да им дадеме насока на нашите животи, да ги обележиме опасностите за нашата безбедност, да го исцртаме патот, дури и сигурен премин,не во ветената земја, туку кон нашиот небесен дом.”7

Почитувани мои браќа и сестри, родители, претседатели на кворум и Здржение за Помош, водачи на мисија на оддел, браќа и сестри на служба, ве молам охрабрете ги овие млади мажи и млади жени, возрасни членови и нови членови кои сѐ уште не го добиле својот патријаршки благослов да бараат насока од Господ и помош за да се подготват себе си да направат така.

Често и во молитва го читам мојот патријаршки благослов; секогаш ме охрабрува. Препознавам што очекува Господ од мене и тоа ми помага да се покајам да бидам понизен. Кога читам и размислувам за него, посакувам да живеам достојно за да ги добијам неговите ветени благослови.

Исто како што стиховите што сме ги прочитале многупати имаат ново значење за нас подоцна, нашиот патријаршки благослов ќе има различно значење за нас во различни времиња. Мојот има различно значење сега, отколку кога имав 30 или 50 години. Не се менуваат зборовите, туку ги гледаме на поинаков начин.

Претседателот Далин Х. Оукс изјави дека патријаршкиот благослов „е даден преку инспирација од Светиот Дух и треба да се чита и интерпретира под влијание на тој ист Дух. Значењето и важноста на патријаршкиот благослов ќе се учат чекор по чекор со текот на времето преку моќта на истиот Дух кој [го] инспирирал.”8

Браќа и сестри, го давам моето сведоштво дека Небесниот Отец и Неговиот сакан Единороден Син, Господ Исус Христос, живеат Тие нѐ сакаат. Патријаршките благослови се свет дар од Нив. Кога го примате вашиот благослов, ќе сватите и почувствувате како ве Тие сакаат и како се фокусираат на секој од вас поединечно.

Книгата на Мормон е уште едно сведоштво за Исус Христос. Благодарен сум што сум воден од живиот пророк, Претседателот Расел М. Нелсон.

Толку сум благодарен за нашиот Спасител, Исус Христос. Оваа велигденска недела ќе се фокусирам на Него и на Неговото Воскресение, ќе му се восхитувам и ќе му изразам благодарност за Неговата жртва. Знам дека толку многу страдаше зашто нѐ сака толку длабоко. Знам дека воскресна поради Неговата љубов за нас. Тој е вистински. Јас сведочам така, во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Види Општ Прирачник: Служење во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, 18.17, ChurchofJesusChrist.org.

  2. Види „Patriarchal Blessings,“ in True to the Faith (2004), 112.

  3. Види „Patriarchal Blessings,“ in True to the Faith, 113.

  4. Види Авраам 2:10.

  5. Abrahamic Covenant,“ in True to the Faith, 5.

  6. Види 3 Нефи 20:25–26.

  7. Thomas S. Monson, „Your Patriarchal Blessing: A Liahona of Light,“ Ensign, Nov. 1986, 65.

  8. Dallin H. Oaks, “Patriarchal Blessings,” Worldwide Leadership Training Meeting: The Patriarch, Jan. 8, 2005, 10.