Духовно збрани во Рајот
Според планот на Отецот, ние сме во единствена позиција да го собереме Израел од двете страни на превезот како никогаш досега.
Претседателот Расел М. Нелсон, нашиот сакан пророк, мошне изразито нагласува дека наша посебна обврска е да помогнеме да се собере раселениот Израел и да го подготвиме светот за Второто Доаѓање на Исус Христос.1 Отецот на нашите духови посакува Неговите чеда да се духовно збрани во Рајот.
Планот на нашиот Небесн Отец за безбедно собирање на Неговите чеда во нивниот небесен дом не се базира на светскиот успех, економскиот статус, образованието, расата или полот. Планот на Отецот се заснова на праведност, држење до Неговите заповеди, добивање на свети обреди и почитување на заветите што ги склучуваме.2
Божествено инспирираната доктрина дека сите ние сме браќа и сестри и „сите сме исти пред Бога“ лежи во основата на ова големо собирање. Оваа доктрина е во согласност со оние кои искрено посакуваат подобар живот за луѓето со различен економски и расен статус. Ги поздравуваме и им се придрижуваме на ваквите напори. Уште повеќе, наша желба е сите Божји чеда да дојдат кај Него и да и примат вечните благослови што Тој ги нуди преку Неговото евангелие.3 Во Господовиот предговор на Учењата и заветите Тој изјавува, „Слушни далечен народе; и вие што сте на островите морски, слушајте заедно“.4
Го сакам токму првиот стих во Учењата и Заветите кој ги вклучува сите луѓе кои се на „островите морски“. Имав три конкретни повици да служам и да живеам на морските острови. Служев најпрво како млад мисионер на Британските острови, потоа како нов во Генерална Власт на Филипинските острови, и на крај, како Претседател на Област за Пацифичките Острови, кои ги вклучуваат Полинезиските Острови.
Сите три области успешно ги собираат верниците кон обновеното евангелие на Исус Христос. Првите мисионери пристигнаа на Британските Острови во 1837 година. Ова беше една година откако Џозеф Смит го посветил Храмот Киртланд, каде што Мојсеј ги предаде „клучевите за собирањето на Израел од четирите страни на земјата, и водењето на десетте племиња од земјата на север“.5 Раниот успех на Британските острови е легендарен. Во 1851 година, повеќе од половина од членовите на Црквата беа крстени преобратени лица кои живеја на Британските острови.6.
Во 1961 година, Старешина Гордон Б. Хинкли ги посети и вложи напори за воведување на полновремена мисија на Филипините. Во тоа време имаше само еден носител на Мелхиседеково свештенство на Филипините. Неверојатно, денес на Филипините има над 850 000 членови на Црквата. Му се восхитувам на Филипинскиот народ; тие имаат длабока и трајна љубов кон Спасителот.
Можеби помалку познати се тековните напори за воспоставување мисија на Полинезиските Острови Тие започнаа во 1844 година кога Адисон Прат пристигна во денешна Француска Полинезија.7 Многу Полинезијци веќе веруваа во вечни семејства и го прифатија Исус Христос како нивни Спасител. Денес скоро 25 проценти од Полинезијците, на Полинезиските Острови, се членови на Црквата8
Еднаш слушав 17 годишна девојка на далечниот остров Тахити, која беше член на седмата генреација. Таа им оддаде почит на своите предци кои биле преобратени во 1845 година на Тубуаи, две години пред да пристигнат првите членови на Црквата во Долината на Солт Лејк.9
Нашата доктрина е јасна дека ќе дојде време и период секој да ја прими и да одговори на евангелската порака. Овие примери се само дел од многу поголема слика. Претседателот Нелсон постојано нагласува дека собирањето на Израел е „најголемиот предизвик, … причина, и … дело на земјата денес.“10
До Обновувањето на Црквата на Исус Христос, вклучувајќи го и појавувањето на Книгата на Мормон и откровението и клучевите за свештенство дадени на Пророкот Џозеф Смит, разбирањето за „собирот на Израел“ беше фрагментирано и ограничено.11
Карактеристичното име „Израел“ беше титулата што му беше доделена на Јаков.12 Тој дошол да го претставува потомството на Авраам преку Исак и Јаков. Првото ветување и завет на Таткото Авраам е поставено во Авраам 2:9–10, кој делумно гласи:
„И од тебе ќе направам голем народ, …
„И ќе ги благословам [сите народи] преку твоето име; зашто колку и да се што ќе го примат ова Евангелие ќе бидат прозвани со твоето име, и ќе бидат вброени како твои потомци, а ќе станат и ќе те благословат, како нивни татко.”
Во текот на Небесниот совет во претсмртното постоење, планот за спасение беше расправан и поддржан. Тој содржи одредени закони и обреди на свештенството воспоставени пред основањето на светот и втемелени врз основа на собирањето.13 Планот за спасение го вклучува и најважниот прицип на дејствување.
По неколку векови како моќен народ, вклучувајќи го и владеењето на Саул, Давид и Соломон, Израел беше поделен. Пламето на Јуда и дел од племето на Венијамин станаа царството на Јудеа. Остатокот, идентификуван како десетте племиња, стана царството на Израел.14 По 200 години на одвоено постоење, првото раселување на Израел се случи во 721 п.н.е. кога десетте племиња на Израел биле заробени од Асирискиот цар.15 Потоа отидоа во северните земји.16
Во 600 BC на почетокот на Книгата на Мормон, Таткото Лехи ја предводел колонијата на Израелци кон Амриканските земји. Лехи го разбра расејувањето на Израел чиј дел беше и тој. Тој е цитиран од Нефи кога вели дека домот на Израел „треба да се спореди со маслиново дрво, чии гранки треба да се отсечат и да се расфрлаат по целото лице на земјата“.17
Во така наречениот Нов Свет, историјата на Нефитите и Ламанитите како што е наведено во Книгата на Мормон завршува околу 400 година од н.е. Потомците на Таткото Лехи се распространети низ американските земји.18
Тоа е јасно опишано од Мормон во 3 Нефи 5:20, каде читаме: „Јас сум Мормон, чист потомок на Лехи. Имам причина да го благословувам мојот Бог и Спасител Исус Христос, зашто Тој ги изведе нашите татковци од земјата на Ерусалим“.19
Јасно е дека најинтересниот дел на хронолошка историја на Израел е раѓањето, пораката, службата и мисијата на нашиот Господ и Спасител, Исус Христос.20
По смртта и воскресението на Спасителот што ја дефинираше вечноста, се случи втора позната распрснување на Јуда помеѓу 70 и 135 година од н.е., кога поради римското угнетување и прогонство, Евреите се распрснале низ тогаш познатиот свет
Претседателот Нелсон поучуваше, „Книгата на Мормон се појави како знак дека Господ почнал да [ги] собира децата на заветот“.21 Така, Книгата на Мормон, преведена од Пророкот Џозеф Смит преку Божји дар и сила, е упатена кон потомците на Лехи, до распрснатиот Израел и до неевреите кои се посвоени во племињата на Ираел. Поднасловот на поглавјето 1 Нефи 22 чита во делот, Израел ќе биде распрснат по целото лице на земјата—Неевреите ќе го негуваат и хранат Израел со евангелието во подоцнежните денови.“ Насловната страница на Книгата на Мормон чита дека една од целите е за да „се убедат Евреите и Неевреите дека Исус е Христос.“ Со Обновувањето и со Книгата на Мормон, концептот за собирање на Израел во голема мера се прошири.22
Оние кои го прифаќаат евангелието на Исус Христос, без оглед на потеклото, стануваат дел од собраниот Израел.23 Со овој собир и бројните изградени и најавени храмови, ние сме во единствена позиција да го собереме Израел, од двете страни на превезот како никогаш досега според планот на Отецот.
Претседателот Спенсер В. Кимбал, говорејќи за буквалното собирање на Израел, нагласи: „Сега, собирот на Израел се состои од приклучување кон вистинската црква и … доаѓање до спознание за вистинскиот Бог. … Секој, што го прифатил обновеното евангелие, и сега се обидува да му се восхитува на Господ на својот сопствен јазик и со Светците во нациите каде живее, се придржува до законот за собирање на Израел и е наследник на сите благослови ветени на Светците во овие последни денови“.24
„Собирањето на Израел сега вклучува преобраќање“.25
Гледано во широка и јасна перспектива, членовите на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни имаат голема привилегија да сакаат, да споделуваат, да покануваат и да помагаат да се собере Израел за да ја примат полнотата на Господовите заветни благослови Тука се вклучени Африкаците и Европјаните, Северните и Јужни Американци, Азијатите, Австралјанците и оние од островите на морето. „Зашто навистина гласот Господов стига до сите луѓе“.26 „Овој собир ќе продолжи сѐ додека праведниците не се соберат во конгрегациите на Светци во народите на светот“.27.
Никој не се обратил на собирот подиректно од Претседателот Расел М. Нелсон: „Секојпат кога правите нешто што му помага на некого, од двете страни на превезот, да направи чекор кон склучување на завети со Бог и примање на основните обреди за крштевање и храм, вие помагате да се донесе Израел. Тоа е толку едноставно“.28
Каде е Црквата денес? Во 62-те години од мојата мисионерска служба во 1960 година, бројот на полновремени мисионери кои служат повикани од пророкот се зголеми од 7,683 на 62,544. Бројот на мисии е зголемен од 58 на 411. Бројот на членови порасна од околу 1,700,000 на околу 17,000,000 милиони.
Пандемијата Ковид-19 привремено влијаеше на дел од нашата способност да го споделуваме евангелието. Таа исто така ни обезбеди искуство при користењето на новата технологија, што значително ќе го зголеми собирот. Благодарни сме што членовите и мисионерите сега ги прошируваат напорите да го соберат раселениот Израел. Растот продолжува насекаде, особено во Јужна Америка и Африка. Исто така го цениме тоа што толку многу ширум светот одговориле на моќната покана на Претседателот Нелсон за зголемување на мисионерската служба. Сепак, нашата посветеност да сакаме, споделуваме и покануваме може многу да се прошири
Суштински дел од овој мисионерски напор е секој член поединечно да стане пример за извор на светлина29 каде и да живееме.30 Не смееме да бидеме камуфлирани. Нашиот христијански пример за добрина, праведност, среќа и искрена љубов кон сите луѓе можат да создадат не само водечки пример за светлина за нив, туку и разбирање дека постои безбедно пристаниште во обредите за спасение и егзалтација на обновеното евангелие на Исус Христос.
Ве молиме разберете дека постојат неверојатни благослови во споделување на евангелието на Исус Христос: Светите писма зборуваат за радоста и мирот, простување на гревовите, заштита од искушенија и поддршка од Бога.31 Гледајќи подалеку од овој смртен живот, ќе бидеме подготвени да го споделиме евангелието со оние „во темнината и во ропство на гревот во големиот свет на духовите на мртвите“.32
Мојата конкретна молитва денес е секое дете, млад маж, млада жена, семејство, кворум, Здружение за Помош и клас да размислат како поединечно и колективно го прифаќаме драматичниот совет да помогнеме да се собере Израел што беше издаден од Господ и нашиот сакан пророк.
Членовите на црквата ja почитуваат способностa и привилегија што Бог ни ја дава да избираме и да дејствуваме сами за себе. Во овој секуларен свет, многумина нема да одговорат и нема да учествуваат во собирот на Израел. Но големо мнозинство од нив ќе одговорат, а Господ очекува оние кои го примиле Неговото евангелие, итно да се потрудат да бидат пример за светлина што ќе им помогне на другите да дојдат до Бога. Ова им дозволува на нашите браќа и сестри ширум земјата да уживаат во небесните благослови и обреди на обновеното евангелие на Исус Христос и да бидат духовно збрани во Рајот.
Го давам моето вистинско и сигурно апостолско сведоштво за божественоста на Исус Христос и планот на нашиот Небесен Отец во името на Исус Христос, амин