Верувајте во учењето Христово
Кога сме ги изградиле нашите куќи врз основа на заветниот однос со Христос, ние веруваме во учењето Христово.
Во мојата фантазија, го гледам остарениот пророк Нефи седнат на неговата маса, со златните плочи расфрлани пред него, со неговото длето во рака.
Нефи го завршуваше неговата последна гравура на записот. Тој напиша: “И сега, возљубени браќа мои, завршувам со моите кажувања.”1 Потоа, Духот го поттикна Нефи да се врати на својот запис и да напише завршна порака. Под силно влијание на Светиот Дух, тој голем пророк повторно го зеде длетото во рака и запиша: „Затоа, нештата кои ги напишав ми се доволни, освен неколку зборови … кои морам да ги кажам во врска со учењето на Христос.”2
Колку сме вечно благодарни за тие “неколку зборови”3 и за Духот кој го натера Нефи да ги напише. Нефиевите пишани записи за Христовата доктрина е богатство за оние кои се гостат со него. Тие содржат визија за крштевањето на Спасителот4 и гласот на Синот, повикувајќи ги сите да го следат5 и да “правете го она што [ние] видовме [Него] да ги прави.”6 Тие содржат сведоштво на Нефи дека оние кои, со вера во Христа, искрено се покаат за своите гревови и го следат Спасителот во водите на крштевањето ќе, “го примат Светиот Дух; да, тогаш доаѓа крштавањето со оган и со Светиот Дух.”7 Го слушаме и гласот на Отец како кажува: “Да, зборовите на Мојот Возљубен се вистинити и верни. Оној што ќе истрае до крај, тој ќе биде спасен.”8
Претседателот Расел М. Нелсон еднаш ја нагласи исклучителната важност на Христовата доктрина во изјавата до новоповиканите водачи на мисија: „Повеќе од сè друго, сакаме нашите мисионери … да ја имаат Христовата доктрина врежана во нивните срца – вкоренета во сржта на нивните коски“.9
Проповедајте го Моето Евангелие сумира пет важни елементи од учењето на Христос. Таа вели: „[Ние] ги покануваме другите да дојдат кај Христос помагајќи им да го примат обновеното евангелие преку вера во Исус Христос и Неговото помирување, покајание, крштевање, примање на дарот на Светиот Дух и истрајување до крај“.10
Но, важноста на Христовото учење не е само за мисионерите! Таа има многу подлабоко значење од обичен краток преглед на неговите пет клучни елементи. Го опфаќа законот на Евангелието. Тоа е големиот план за вечен живот.
Браќа и сестри, ако сакаме да ја прифатиме поканата на Претседателот Нелсон, Христовото учење да биде вкоренето во сржта на нашите коски, мораме да го продлабочиме нашето преобраќање кон Господ со проучување, со молитва и со верно живеење. Мораме да го поканиме Светиот Дух да го вреже во „врз човечки срца“11 толку длабоко и трајно како што беше врежано од Нефи на златните плочи.
Минатиот октомври, Претседателот Нелсон праша: „Што значи да се надмине светот? Меѓу другото, тој рече: „Тоа значи да му се верува на Христовото учење повеќе отколку на човечките филозофии“.12
Зборот доверба е дефиниран како „сигурно потпирање на карактерот, способноста, силата или вистината за некого или нешто.“13 Некого е Исус Христос, а нешто е Неговото учење.
Значи, како намерното верување во Христовото учење би го променило начинот на кој живееме?
Ако ние веруваме во Христовото учење, ќе Му верувавме и на Христос доволно за да живееме според секој Негов збор.14 Ние ќе го проучуваме Исус Христос доживотно,15 Неговата служба и Неговото бесконечно помирување, вклучувајќи го Неговото славно Воскресение. Ќе ги проучуваме Неговите ветувања и условите под кои тие ветувања се дадени.16 Додека учиме, ќе бидеме исполнети со поголема љубов кон Господа.
Ако ние веруваме во Христовото учење, ќе му приоѓаме на нашиот Небесен Отец секој ден во скромна, тајна молитва, каде што можеме да изразиме благодарност за дарот на Неговиот Син и за нашите благослови.17 Можеме да се молиме за Светиот Дух да нѐ придружува,18 да ја усогласува нашата волја со Неговата,19 да размислуваме за нашите завети и да ја обновиме нашата посветеност да се држиме до нив.20 Можеме да се молиме за да ја одржиме и изразиме љубовта кон нашите пророци, јасновидци и откривачи;21 да се молиме за очистувачка моќ на простување;22 и за сила да се спротивставиме на искушението.23 Ве повикувам да ја направите молитвата приоритет во вашиот живот, барајќи секој ден да ја подобрите вашата комуникација со Бога.
Ако ние веруваме во Христовото учење, би ги оставиле настрана сјајните работи на светот за да можеме да се фокусираме на Откупителот на светот.24 Би го ограничиле или елиминирале времето поминато на социјалните медиуми; интернет игри; расипничка, прекумерна или несоодветна забава; привлечноста на богатствата и суетите на овој свет; и сите други активности кои им даваат место на лажните традиции и погрешните филозофии на луѓето. Само во Христос ја наоѓаме вистината и трајното исполнување.
Искреното покајание25 ќе стане радосен26 дел од нашите животи - ќе ни биде простено за гревот и ќе се промениме според ликот на Христос.27 Покајанието со вера во Христа ни дава пристап до Христовото помирување. Претседателот Далин Х. Оукс нѐ научи дека кога Спасителот простува, Тој „не само што [нѐ] чисти од гревот, туку Тој ни дава и нова сила”28 На секој од нас му е потребна оваа сила за да ги држи Божјите заповеди и да ја исполни вечната цел на својот живот.
Во Исус и во Неговото учење наоѓаме сила. Тој рече, “Вистина, вистина, ви велам дека ова е Моето учење,, и оние кои градат врз него, градат врз Мојата карпа, и портите на пеколот нема да ги надвладеат“.29
Ова ветување го гледаме исполнето во животот на верните луѓе. Пред нешто повеќе од една година имав привилегија да ги запознаам Тревис и Кејси. Стапија во граѓански брак во 2007 година. Во тоа време, Тревис не беше член на Црквата. Кејси, иако израсната во дом на активни членови на Светците од Подоцнежните дни, се оддалечила од својата вера во тинејџерските години и се оддалечила од нејзината основа.
Во 2018 година, Тревис ги запозна мисионерите и беше крстен во 2019 година. Тревис и стана мисионер на Кејси, која исто така доживеа преобраќање што го промени животот. Тие беа запечатени во храмот на септември 2020 година. Околу две години по неговото крштевање, Тревис беше повикан да служи во претседателство на епископија.
Тревис има ретка болест која континуирано формира кластери од тумори во неговите внатрешни органи. Тој беше подложен на многу операции за отстранување на туморите кои се повторуваат, но болеста е неизлечива. Пред неколку години, на Тревис му беше кажано дека има уште помалку од 10 години живот.
Кејси има retinitis pigmentosa, ретка генетска болест која предизвикува неповратно стеснување на видното поле додека не дојде целосно слепило.
Кејси ми зборуваше за нејзината иднина. Таа го предвидела времето, не така далечно, кога ќе остане вдовица, слепа, без финансиска поддршка и оставена сама да одгледува четири деца кои растат. Ја прашав Кејси како може да се справи со толку мрачна иднина. Таа се насмевна мирно и рече: „Никогаш во животот не сум била посреќна или понадежна. Ние се држиме до ветувањата што ги добивме во храмот“.
Тревис сега е епископ. Пред два месеци тој имаше уште една тешка операција. Но, тој е оптимист и мирен. Видот на Кејси се влоши. Таа сега има куче за лица со лош вид и не може да вози. Но, таа е задоволна, ги воспитува своите деца и служи како советник во Претседателството на Младите жени.
Тревис и Кејси ја изградија својата куќа на карпа. Тревис и Кејси веруваат во учењето на Христос и на ветувањето дека Бог „ќе ги освети [нашите] неволји во [наша] корист.“30 Во Божјиот совршен план, страдањето со вера во Христа е поврзано со нашето усовршување во Христа.31 Како мудриот човек во параболата, кој ја изгради својата куќа на карпа,32 па кога падна дождот, и дојде поплавата, дуваа ветришта и удираа врз куќата што ја изградија Тревис и Кејси, но таа не падна, зашто беше основана на карпа.33
Исус не зборуваше за можноста за дожд, поплава и ветер во нашите животи; Тој зборуваше за увереност дека ќе се појават бури. Променливата во параболата не е дали ќе дојдат бури, туку како сме одговориле на Неговата покана да го слушнеме и да го направиме тоа што Тој го поучувал.34 Нема друг начин да се преживее.
Кога сме ги изградиле нашите куќи врз основа на заветниот однос со Христос, ние веруваме во Христовото учење и при нашето доаѓање кај Него, го имаме Неговото ветување за вечен живот. Луѓето кои имаат доверба во Христовото учење, притискаат напред со непоколебливост во Христа и истрајуваат до крај. Не постои друг начин на кој можеме да се спасиме во царството небесно.35
Го давам моето лично сведоштво за живата, воскресната реалност на Исус Христос. Сведочам дека Бог толку многу го сакаше светот, што го испрати Својот Син да нè искупи од грев36 и да нè исцели од тага.37 Сведочам дека Тој повика Божји пророк во наше време, дури и Претседателот Расел М. Нелсон, преку кого Тој зборува и нè води.
Со сето мое срце, ве повикувам да верувате во Христовото учење и да го изградите својот живот на карпата на Искупителот. Тој никогаш нема да ве напушти. Во името на Исус Христос, амин.