Глава 31
Нефи кажува зошто Христос беше крстен—Луѓето мора да го следат Христос, да бидат крстени, да го примат Светиот Дух, и да издржат до крај за да бидат спасени—Покајанието и крштавањето се портата до правиот и тесен пат—Вечен живот доаѓа кај оние кои ги одржуваат заповедите после крштавањето. Околу 559–545 п.н.е.
1 И сега, јас, Нефи, ставам крај на моето пророкување за вас, мои љубени браќа. И не можам да напишам освен неколку нешта, за кои знам дека сигурно мора да се случат; ниту можам да напишам само неколку од зборовите на мојот брат Јаков.
2 Затоа, нештата кои ги напишав ми се доволни, освен неколку зборови кои морам да ги кажам во врска со учењето на Христос; затоа, ќе ви говорам јасно, според јаснотијата на моето пророкување.
3 Зашто мојата душа се восхитува на јаснотија; зашто според овој начин Господ Бог делува помеѓу човечките деца. Зашто Господ Бог дава светлина за разбирање; зашто Тој им говореше на луѓето на нивниот јазик, за да разберат.
4 Затоа, би сакал да запомните дека ви говорев во врска со тој пророк кој Господ ми го покажа, што треба да го крштава Божјото Јагне, што треба да ги однесе гревовите на светот.
5 И сега, ако Божјото Јагне, Тој кој е свет, треба да биде крстено со вода, за да ја исполни сета праведност, О тогаш, уште колку треба ние, кои сме несвети, да бидеме крстени, да, и тоа со вода!
6 И сега, Јас би ве прашал, Мои љубени браќа, како Божјото Јагне ја исполни сета праведност крштавајќи се со вода?
7 Зарем не знаете дека Тој е свет? Но без оглед што Тој е свет, Тој им покажа на човечките деца дека Тој се понизи Самиот пред Отецот според телото, и Му посведочи на Отецот дека Тој ќе Му биде покорен во одржувањето на Неговите заповеди.
8 Затоа, откако Тој беше крстен со вода Светиот Дух се спушти врз Него во форма на гулаб.
9 И повторно, им ја покажа на човечките деца правилноста на патот, и теснотијата на портата, преку која треба да влезат, Тој го постави примерот пред нив.
10 И Тој им кажа на човечките деца: Следете ме Мене. Затоа, мои љубени браќа, можеме ли да го следиме Исус ако не сме спремни да ги одржуваме заповедите на Отецот?
11 И Отецот кажа: Покајте се, покајте се, и бидете крстени во името на Мојот Возљубен Син.
12 И исто така, гласот на Синот дојде кај мене, говорејќи: Тој кој е крстен во Моето име, на Него Отецот ќе му го даде Светиот Дух, како на Мене; затоа, следете ме Мене и правете ги нештата кои видовте дека Јас ги правам.
13 Затоа, мои љубени браќа, знам дека ако го следите Синот, со целата намера на срцето, делувајќи без лицемерие и без измама пред Бога, туку со вистинска намера, покајувајќи се за вашите гревови, сведочејќи Му на Отецот дека сте спремни да го примите врз вас името на Христос, преку крштавање—да, следејќи го вашиот Господ и вашиот Спасител долу во водата, според Неговото слово, ете, тогаш ќе го примите Светиот Дух; да, тогаш доаѓа крштавањето со оган и со Светиот Дух; и тогаш можете да зборувате со јазикот на ангелите, и да извикувате пофалби за Светецот на Израел.
14 Но, ете, мои љубени браќа, така дојде гласот на Синот кај мене, говорејќи: Откако ќе се покаете од вашите гревови, и му посведочите на Отецот дека сте спремни да ги одржувате Моите заповеди, преку крштавање со вода, и сте примиле крштавање со оган и со Светиот Дух, и можете да зборувате на нов јазик, да, дури и на јазикот на ангелите, и после ова ме негирате Мене, ќе беше подобро за вас да не ме бевте знаеле Мене.
15 И Јас слушнав глас од Отецот, говорејќи: Да, зборовите на Мојот Возљубен се вистинити и верни. Тој што ќе издржи до крај, истиот ќе биде спасен.
16 И сега, мои љубени браќа, знам според ова дека освен ако човек не издржи до крај, во следењето на примерот на Синот на живиот Бог, не може да биде спасен.
17 Затоа, правете ги нештата кои ви кажав дека ги видов вашиот Господ и вашиот Искупител ќе ги прави; бидејќи, за оваа цел ми беа покажани, да ја знаете портата низ која треба да влезете. Бидејќи портата низ која треба да влезете е покајание и крштавање со вода; и тогаш следи опростување на вашите гревови со оган и со Светиот Дух.
18 И тогаш сте вие на овој прав и тесен пат кој води до вечен живот; да, влеговте низ портата; направивте според заповедите на Отецот и Синот; и го примивте Светиот Дух, Кој сведочи за Таткото и Синот, за исполнување на ветувањето кое Тој го даде, дека ако влеговте по патот ќе добиете.
19 И сега, мои љубени браќа, откако стигнавте на овој прав и тесен пат, би ве прашал дали сѐ е завршено? Ете, ви говорам, Не; бидејќи не стигнавте волку далеку освен ако не беше преку словото на Христос со непоколеблива вера во Него, потпирајќи се целосно врз заслугите на Тој кој е моќен да спасува.
20 Затоа, морате да притиснете напред со постојаност во Христос, имајќи совршена јаснотија за надеж, и љубов кон Бог и кон сите луѓе. Затоа, ако притиснете напред, гоштевајќи се со словото на Христос, и издржите до крај, ете, така кажа Отецот: Ќе имате вечен живот.
21 И сега, ете, мои љубени браќа, ова е патот; и не постои друг пат ниту име дадено под небесата преку кое човекот може да биде спасен во Божјото царство. И сега, ете, ова е учењето на Христос, и единственото вистинско учење на Отецот, и на Синот, и на Светиот Дух, Кој е еден Бог, без крај. Амин.