Генерална Конференција
Жив Пророк за Подоцнежните Дни
Април 2023 генерална конференција


Жив Пророк за Подоцнежните Дни

Отецот на Небесата го одбра моделот на откривање на вистината за Неговите деца преку еден пророк.

Кога јас бев младо момче, ја сакав сабота бидејќи се што правев на тој ден изгледаше како авантура. Но без разлика што и да правев, секогаш му претходеше најважното нешто од сите—гледање цртани на телевизија. Едно такво саботно утро, додека јас стоев пред телевизорот и менував канали, открив дека цртаниот што очекував да го пронајдам беше сменет со пренос од генералната конференција на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни. Додека гледав во телевиорот и се жалев дека нема цртан филм, видов еден човек со бела коса со костим и кравата како седеше на убав стол.

Постоеше нешто поинаку во врска со него, па го прашав мојот постар брат, „Кој е тоа?“

Тој кажа, „Тоа е Претседателот Дејвид О. Меккеј; тој а пророк.“

Јас се сеќавам дека почувствував нешто и заклучив дека беше пророк. Потоа, бидејќи бев младо момче заљубено во цртани, го променив каналот. Но јас никогаш не сум заборавил што јас почувствував за време на тој краток, неочекувано откровителски момент. Со пророк понекогаш потребно е само момент да сватите.1

Знаејќи според откровение дека постои жив пророк на земјата менува се.2 Тоа предизвикува некој да биде незаинтересиран во дебатата за тоа кога еден пророк зборува како пророк, или дали некој некогаш е оправдан во селективно одбивање на совет од пророк.3 Такво откриено знаење поканува некого да верува на советот на живиот пророк, дури иако ние не разбираме целосно.4 После се, совршен и прекрасен Небесен Отец одбрал модел на отривање на вистината за Неговите деца преку еден пророк, некој кој никогаш не барал таков свет повик и кој нема потреба од наша помош за да биде свесен за неговите сопствени несовршености.5 Еден пророк е некој кого Бог лично го подготвил, повикал, исправил, инспирирал, прекорил, осветил, и поддржал.6 Затоа ние никогаш не сме духовно во ризик при следење на советот на пророкот.

Било да ни се допаѓа тоа или не, сите ние бевме одбрани на некој начин во предземниот живот да бидеме родени во овие подоцнежни денови. Постојат две реалности кои се поврзани со подоцнежните дни. Првата реалност е дека Христовата Црква ќе биде повторно воспоставена на земјата. Втората реалност е дека нештата ќе станат навистина предизвикувачки. Светите писма откриваат дека во последните денови ќе се случи голема „бура од град испратена да ги уништи посевите на земјата,“7 чуми,8 „војни и гласини за војни, и целата земја ќе биде во неред, и ќе изобилува со беззаконие.“9

Кога јас бев дете, тие пророштва на последните дни ме плашеа мене и предизвикаа да се молам за Второто Доаѓање да не се случи во мојот животен век, со одреден успех засега. Но сега се молам за спротивното, иако пророкуваните предизвици се сигурни,10 зашто кога Христос се враќа да владее, сите Негови креации ќе „лежат долу безбедно.“11

Моменталната состојба во светот предивика некои да паничат. Како заветени деца на Бог, не треба да бркаме ова или она за да знаеме како да се ориентираме низ овие проблематични времиња. Ние не треба да се плашиме.12 Учењето и принципите кои мораме да ги следиме преживуваат духовно и издржуваат физички се пронајдени во словата на живиот пророк.13 Затоа Претседателот М. Расел Балард објави дека „не е мало нешто да се има пророк на Бог на среде нас.“14

Претседателот Расел М. Нелсон сведочеше дека „Долго воспоставуваниот модел на Бог за поучување на Неговите деца преку пророци не осигурува дека Тој ќе го благослови секој пророк и дека Тој ќе ги благослови оние на кои им треба совет од пророк.”15 Па клучот е да се следи живиот пророк.16 Браќа и сестри, за разлика од класичните стрипови и класични автомобили, учењата на пророците не стануваат повредни со годините. Затоа не треба да бараме да ги користиме зборовите на минатите пророци за да не ги промашиме учењата на живите пророци.17

Јас ги сакам параболите користени од Исус Христос да поучува длабоки евангелски принципи. Јас би сакал да споделам вистинска животна парабола од тој тип со вас ова утро.

Еден ден одев во кафетеријата во штабот на Црквата да земам ручек. Откако земав послужавник со јадење, влегов во зоната за јадење и забележав маса на која сите тројца членови од Првото Претседателство беа седнати, заедно со еден празен стол. Моите несигурности ме натераа брзо да ја заобиколам таа маса, и потоа го слушнав гласот на нашиот пророк, Претседател, Расел, М. Нелсон, велејќи, „Ален има еден празен стол токму овде. Дојди и седни со нас.“ Така и направив.

При крајот на ручекот, Јас се изненадив да слушнам силен звук на дробење, и кога погледнав нагоре, видов дека Претседателот Нелсон го ставил неговото шише со вода горе и после го сплеска и го замени капачето.

Претседател Далин Х. Оукс потоа го постави прашањето кое јас сакав да го поставам, „Претседателе Нелсон, зошто го сплескавте вашето пластично шише со вода?“

Тој одговори, „Полесно е за оние кои работат со рециклирачки материјали зашто не зазема многу простор во контејнерот за рециклирање.“

Кога размислував за тој одговор, јас го слушнав истиот звук на дробење повторно. Погледнав на мојата десна страна, и Преседател Оукс беше го сплескал неговото пластично шише исто како Претседател Нелсон. Потоа јас слушнав некој бучава на мојата лева страна, и Претседател Хенри Б. Ајринг го сплеска неговото пластично шише за вода, иако тој присвојуваше поинаква стратегија правејќи го тоа додека шишето беше хоризонтално, за што беше потребен повеќе напор отколку кога шишето е исправено. Забележувајќи го ова, Претседател Нелсон љубезно му ја покажа техниката за исправено шише за полесно да го сплеска шишето.

Во тој момент, јас се навалив кон Претседател Оукс и тивко го прашав, „Дали сплескување на вашето пластично шише е нов рециклирачки услов за оваа кафетерија?“

Претседател Оукс одговори, со насмевка на неговото лице, „Па, Ален, треба да го следиш пророкот.“

Јас сум самоуверен дека Претседател Нелсон не објавуваше некое ново учење базирано на рециклирање во кафетеријата тој ден. Но ние можеме да научиме од брзиот одговор18 на Претседател Оукс и Претседател Ајринг за примерот на Претседател Нелсон и внимателноста на Претседател Нелсон да се помогне да се поучат тие инволвирани на подобар начин.19

Пред многу години, Старешина Нил А. Максвел сподели некои набљудувања и совет кои се пророчувачки на место со почит на нашето време:

„Во месеците и годините пред нас, настаните веројатно ќе налагаат секој член да одлучи дали тој или [или таа] ќе го следат Првото Претседателство. На членовите ќе им биде потешко да се задржат подолго помеѓу две мислења.

„ …Ајде да имаме запис за изборите да се јасни, дозволувајќи им на другите да прават како што посакуваат во лицето на советот од пророкот. …

„Исус кажа дека кога смоквите процветуваат, летото се ближи.“ … Така предупредени дека летото се ближи, да не се жалиме од жештината.“20

Претстојното поколение расте во време кога има повеќе цветови од смокви и повеќе жештина. Таа реалност наметнува потешка одговорност на веќе растечкото поколение, особено кога треба да се следи советот од пророкот. Кога родителите го игнорираат советот на живиот пророк, не само што ги губат ветените благослови за себеси туку и потрагично ги поучуваат нивните деца тоа што пророкот вели дека е безначајно или дека совет од пророкот може да биде собран од шведска маса без грижа за резултирачката духовна неухранетост.

Старешина Ричард Ч. Еванс еднаш набљудуваше: „Некои родители по грешка се чувствуваат дека може да се релаксираат малку за однесување и усогласеност … дека може да олеснат некои од основите без да им влијае на нивните семејства или иднината на нивните семејства. Но, ако родител фати кривина, децата веројтно ќе го надминат примерот на родителот.“21

Како поколение кое има светка обврска да го подготви растечкото поколение за неговата пророкувана улога во последните денови,22 која улога мора да биде пополнета во време кога непријателот е на врвот на неговото влијание,23 ние не можеме да бидеме извор на забуна во врска со важноста на следниот совет од пророкот. Тој самиот совет кој ќе му овозможи на растечкото поколение да го „види непријатејот додека тој [е] сеуште далеку; и потоа [тие може да] се подготват“ да го издржат нападот на непријателот.24 Нашите навидум видливи девијации, тивко запоставување, или шепотени критики како одговор на советот од пророкот може да резултира во нашето единствено чекорење на заветениот пат; но кога е зголемено од непријателот во животите на растечкото поколение, такви дејствија може да им влијаат на нив да го остават тој пат заедно. Таков резултат е цена за поколение која е превисока.25

Некои од вас може се чувствуваат дека сте потфрлиле во вашите напори да го следите советот од Претседателот Расел М. Нелсон. Ако тоа е случајот, тогаш покајте се, започнете повторно да го следите советот на одбраниот пророк од Бог. Тргнете ги настрана сите одвлекувањата на внимание од детски цртани и верувајте на помазаниот од Господ. Радувајте се бидејќи уште еднаш „постои пророк во Израел.“26

Дури ако сте несигурни, Јас сведочам дека можеме да ја издржиме жештината на подоцнежните дни и дури да напредуваме во нив. Ние сме светците од подоцнежните дни, и ова се големи денови. Бевме желни да дојдеме на земјата овојпат, имајќи доверба дека нема да бидеме оставени да се тркаламе кога сме соочени со непријателските магли кои се значително помрачни и збунувачки27 туку попрво да прифатиме совет и насока од оној кој е единствено овластен да ни каже на нас и на сиот свет, „Така кажа Господ.“28 Во светото име на пророкот кој Бог го крена, Светиот од Израел,29 и тоа Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Претседател Расел М. Нелсон неодамна покани студенти во Бригам Јанг Универзитетот да искусат исто лично откровителско искуство: Прашајте го вие Небесниот Отец дали сме навистина Господови апостоли и пророци. Прашајте дали сте примиле откровение за ова и за други работи“ („“Љубовта и Законите на Бог [Бригам Јанг Универзитет сесија, Септ. 17, 2019], speeches.byu.edu). Видете исто Нил Л. Андерсен, „Пророкот на Бог,“ Лиахона, Мај 2018, 26: „Ние имаме привилегија како Светци од Подоцнежните Дни да примиме лично сведоштво дека повикот на Преседателот Нелсон е од Бог.“ Приказната за преобратувањето на Алма од слушање на пророкот Абинади обезбедува понатамошен доказ дека откровение во врска со пророк е достапно за сите нас (види Мосија 13:5; 17:2).

  2. „Ние или имаме пророк или немаме ништо; и имајќи пророк, ние имаме се“ (Гордон Б. Хинкли, „Ние ти Благодариме, О Боже, за Еден Пророк,“ Енсајн, Јан. 1974, 122).

  3. „Тие почнуваат да не веруваат во духот на пророштвото и духот на откровение; и пресудите на Бог и зјапаат во лицето“ (Хеламан 4:23; види исто Учење и Завети 11:25). „Ние пееме и така правиме постојано, Ние ти благодариме, О Боже, за еден Пророк да не води во овие подоцнежни дни. Постојат многу кои [треба да] стават натпис и кажат : Ако тој не води како што ни одговара за нашите сопствени интереси и нашите сопствени каприци„“ (Учењата на Претседателите на Црквата: Хебер Џ. Грант [2002], 80).

  4. „Понекогаш ние ќе примиме совет кој не можеме да го разбереме или кој изгледа дека не се применува на нас, дури и после внимателна молитва и мисла.“ Не го отфрлајте советот, но држете го близу. Ако некој на кому му верувате ви предаде нешто што изгледа како ништо освен песок со ветување дека содржи злато, вие може мудро да го држите во вашата рака некое време, нишајќи го нежно. Секогаш кога сум го направил тоа со совет од пророк, после одредено време златните снегулки започнале да се појавуваат и јас сум благодарен“ (Хенри Б. Ајринг, „Пронаѓање Безбедност во Совет,” Енсајн, Мај 1997, 26; види исто 3 Нефи 1:13; Учење и Завети 1:14).

  5. Види 2 Нефи 4:17-18. „Не ме судете според моите несовршености, ниту мојот отец, поради неговите несовршености, … туку попрво заблагодарете се на Бог дека тој ви прикажал на вас за вашите несовршености, за да можете да научите да бидете помудри отколку ние што сме биле” (Мормон 9:31).

  6. Види Учење и Завети 3:6-8; види исто Учење и Завети 93:47.

  7. Учење и Завети 29:16.

  8. Види Учење и Завети 84:97; види исто Учење и Завети 87:6.

  9. Учење и Завети 45:26, 27.

  10. Види Учење и Завети 1:38.

  11. Осија 2:18. „Зашто Јас ќе се откријам себеси од небесата со моќ и голема слава, со сите тамошни војски, и ќе живеам во праведност со луѓе од целата земја илјада години, и пакосните нема да издржат“ (Учење и Завети 29:11).

  12. Види 1 Neфи 22:16-17; види исто така Учење и Завети 59:23.

  13. „Зашто ете, тие ги одбиле зборовите на пророците. Затоа, ако мојот отец живее во земјата откако на него му беше заповедано да избега од земјата, ете, тој исто ќе избега“ (1 Нефи 3:18; види исто 2 Нефи 26:3; Учење и Завети 90:5).

  14. М. Расел Балард, „Неговото Слово Ќе Го Примите,“ Лиахона, Јули 2001, 65.

  15. Расел М. Нелсон, „Прашајте, Побарајте, Тропнете,“ Лиахона, Ное. 2009, 82. „Ниту еден човек не може да биде посреќен отколку преку слушање на советот на пророкот“ (Учења на Лоренцо Сноу, ед. Клајд Ј. Вилијамс [1996], 86).

  16. „Држете го вашето око на оние кои претседаваат во Црквата денес, или утре, и измоделирајте го вашиот живот според нив наместо да живеете според тоа како што древните пророци може да гледале односно мислеле, односно зборувале“ (Учењата на Харолд Б. Ли [1996], 525).

  17. Претседателот Спенсет В. Кимбал еднаш запази дека „тие кои ги красат гробниците на мртвите пророци почнуваат сега со каменување на живите“ (Учења на Спенсер Б Кимбал, ед. Едвард Л. Кимбал [1982], 462). „Најважните зборови кои можеме да ги слушнеме, размислиме, и следиме се оние кои се откриени преку живиот пророк” (Роналд А. Расбанд, „Нештата на Мојата Душа,“ Лиахона, Ное. 2021, 40).

  18. „Кога го слушаме советот на Господ изразен преку зборовите на Претседателот на Црквата, нашиот одговор треба да биде позитивен и брз“ (М. Расел Балард, Негово Слово Ќе Примите,“ Лиахона, Јули 2001).

  19. „Црквата на Исус Христос секогаш беше водена од живи пророци и апостоли. Иако смртни и подложени на човечка несовршеност, слугите на Господ се инспирирани да ни помогнат да избегнеме пречки кои се духовно заканувачки по живот и да ни помогнат да поминеме безбедно низ смртноста кон нашата финална, крајна, небесна дестинација.“ (М. Расел Балард, „Бог Е на Кормилото,“ Лиахона, Ное. 2015, 24).

  20. Нил А. Максвел, „Едно Поодлучно Учеништво,“ Енсајн, Фев. 1979, 6970.

  21. Ричард Л. Еванс, „Основи на Среќен Дом,“ во Конференциски Извештај, Окт. 1964, 135-36.

  22. Види Учење и Завети 123:11; види исто Роберт Д. Хејлс, „“Нашата Должност кон Бог: Мисијата на Родителите и Лидерите на Растечкото Поколение,“ Лиахона, Мај 2010, 95–98.

  23. Види Учење и Завети 52:14.

  24. Учење и Завети 101:54.

  25. Види Мосија 26:1-4.

  26. 2 Цареви 5:8.

  27. „Ти ќе обрнеш внимание при сите негови зборови и заповеди кои тој ќе ги ги даде при тебе како што ги прима, … зашто преку правење на овие нешта … Господ Бог ќе ги распрсне моќите на темнината пред тебе, и ќе предизвика небесата да се тресе за твое добро, и слава на негово име“ (Учење и Завети 21:4, 6). „Ниту еден човек кој ги следел учењата или примил совет од тој што стои како претставник на Господ не застранил.“ (Учења на Спасение: Проповеди и Пишувања на Џозеф Филдинг Смит, ed. Брус Р. Мекконки [1998], 243).

  28. Езекил 03:27. „Зашто тоа слово вие ќе го примите, како да е од моја сопствена уста, со сето трпение и вера“ (Учење и Завети 21:5).

  29. Види 1 Neфи 22:20-21; види исто така 3 Нефи 20:23.