Генерална Конференција
Вашиот Патријархален благослов - Инспирирана Насока од Небесниот Отец
Април 2023 генерална конференција


Вашиот Патријархален благослов - Инспирирана Насока од Небесниот Отец

Мојот патријархален благослов ми помогна да го разберам мојот вистински вечен идентитет - кој навистина бев и кој би можел да станам.

Ме израснаа прекрасни родители кои ги сакаа и верно ги поучуваа своите деца за Евангелието. За жал, моите сакани родители се мачеа во бракот со години. Бев дете во Основно кога ми беше кажано дека веројатно ќе се разведат еден ден и моите браќа и сестри можеби ќе треба да избереме со кој родител да живееме. Како резултат на тоа, долго време преживував скрајно стресни и вознемирувачки грижи; сепак, подарокот од мојот Небесен Отец конечно промени сè за мене - мојот патријархален благослов.

Кога имав 11 години, станав сè позагрижен за односот на моите родители и длабоко го посакував мојот патријархален благослов. Знаев дека мојот Небесен Татко ме познава совршено и ги знае моите конкретни околности. И, исто така, знаев и дека ќе добијам насока од Него. Веднаш по мојот 12-ти роденден, го добив мојот патријаршиски благослов. Тоа беше пред повеќе од половина век, но во детали се сеќавам на тоа свето искуство.

За среќа, имаме инспирирана насока за патријархалните благослови во Општиот прирачникна Црквата:

„Секој достоен, крстен член има право да добие патријархален благослов, кој обезбедува инспирирана насока од Небесниот Отец“.

Членот треба да биде „доволно зрел за да го разбере значењето и светата природа на благословот“ и „да го разбере основното учење на евангелието“.

„Идеално, членот треба да биде доволно млад за да има уште многу важни одлуки што треба да се донесат во животот. Водачите на свештенството не треба да воспостават минимална возраст за членот да добие патријархален благослов“.

„Секој патријархален благослов е свет, доверлив и личен“.

„Лицето кое добива патријархален благослов треба да ги чува неговите зборови, да размислува за нив и да живее за да биде достоен да ги прими ветените благослови во овој живот и во вечноста“.1

Претседателот Расел М. Нелсон постојано поучувал за важноста на патријархалниот благослов,2 дека тој на секој примател му дава „изјава за лозата на Авраам, Исак и Јаков“3 и дека секој благослов „е личен стих за вас“4

Мојот патријархален благослов ми беше критично важен кога бев млад од многу причини. Прво, преку силата на Светиот Дух, мојот патријархален благослов ми помогна да го разберам мојот вистински вечен идентитет - кој навистина бев и кој би можел да станам. Тој ми помогна да знам, како што поучува Претседателот Нелсон, дека сум „Божји син ,“ „ дете на заветот“ и „Христов ученик.”5 Знаев дека сум познат и сакан од мојот Небесен Отец и мојот Спасител и дека тие беа лично вклучени во мојот живот. Ова ми помогна да сакам да им се приближам и да ја зголемам мојата вера и доверба во нив.

Еден драг пријател кој се приклучил на Црквата како млад возрасен сподели: „Кога патријархот ги стави рацете на мојата глава и го изговори моето име, сè се смени … не само тогаш, туку до крајот на мојот живот. Веднаш почувствував дека - преку овластувањето преку кое тој зборуваше - ме познаваа интимно и длабоко. Зборовите што тој ги изговори навлегоа во целото мое битие. Знаев дека небесниот Отец ме познава, одвнатре и однадвор“.

Знаејќи кој навистина сум ми помогна да разберам и да посакам да го направам она што Бог го очекуваше од мене.6

Ова ме наведе да ги проучувам заветите што ги склучив и ветените благослови во Божјиот завет со Авраам.7 Тоа ми даде вечна перспектива што ме инспирираше поцелосно да се држам до своите завети.

Го проучував мојот патријархален благослов често и, како млад, секојдневно, што ми помогна да го почувствувам утешното, водечко влијание на Светиот Дух, кој ми помогна да ја намалам мојата вознемиреност додека ги следев Неговите поттикнувања. Ова ја зголеми мојата желба активно да ја поканувам светлината, вистината и Светиот Дух со проучување на моите свети списи и да се молам секојдневно; и се трудам повнимателно да ги проучувам и следам учењата на Божјиот пророк и апостоли. Мојот патријархален благослов, исто така, ми помогна да сум попокорен на волјата на мојот Небесен Отец, а тој фокус ми помогна да доживеам радост, и покрај моите предизвикувачки околности.8

Добивав духовна сила секој пат кога го проучував мојот патријархален благослов. Кога моите родители конечно се разведоа, мојот патријархален благослов, како што поучуваше Претседателот Томас С. Монсон, стана „скапоцено и бесценето лично богатство“, дури и „лична Лиахона“.9

Сега, ве молам, не разбирајте погрешно. Не бев совршен. Направив секакви грешки. Мојот вечен придружник ќе потврди дека сè уште го правам тоа. Но, мојот патријархален благослов ми помогна и продолжува да ми помага да копнеам да направам подобро и да се подобрам.10 Честото проучување на мојот патријархален благослов ја зголеми мојата желба да издржам искушенија. Тоа ми помогна да имам желба и храброст да се покајам, а покајанието сè повеќе стануваше радосен процес.

За мене беше суштинско да го добијам мојот патријархален благослов додека бев млад и додека моето сведоштво сè уште растеше. Засекогаш сум благодарен што моите родители и епископот разбраа дека мојата желба покажа дека сум подготвен.

Кога имав 12 години, светот беше многу помалку збунувачки и помалку забавен од денешниот свет. Претседателот Нелсон ја опиша денешницата како „најкомплицирано време во историјата на светот“, свет кој е „заситен од грев“ и „егоцентричен“.11 За среќа, нашата младина денес е многу позрела од кога јас имав 12 години, а и тие треба да донесат исклучително важни одлуки додека се млади! Тие, исто така, треба да знаат кои се тие навистина и дека Бог ги сака и дека е совршено свесен за нив!

Не секој го посакува својот патријархален благослов како јас. Се молам дека членовите кои сè уште не го добиле својот патријархален благослов со молитва да бараат да знаат кога се подготвени. Ветувам дека ако духовно се подготвите, вашето искуство, како и моето, ќе ви биде свето. Исто така, се молам за оние кои веќе го добиле нивниот патријархален благослов да го проучат и да го чуваат. Негувањето на мојот патријархален благослов додека бев млад ме благослови со храброст кога бев обесхрабрен, утеха кога бев уплашен, мир кога чувствував вознемиреност, надеж кога се чувствував безнадежно и радост кога ми беше најпотребно. Мојот патријархален благослов ми помогна да ја зголемам мојата вера и доверба кон мојот Небесен Отец и мојот Спасител. Тоа, исто така, ја зголеми мојата љубов кон нив - и тоа сè уште го прави.12

Сведочам дека патријархалните благослови даваат инспирирана насока од Небесниот Отец. Го давам моето сведоштво за живата реалност на нашиот Отец на Небесата и Неговиот Син -нашиот Спасител, Исус Христос - кој нè познава, нè сака и сака да нè благослови. Исто така, со сигурност знам дека Претседателот Расел М. Нелсон е Божјиот пророк на земјата денес. Во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Општ прирачник: Служење во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, 18.17, 18.17.1, ChurchofJesusChrist.org.

  2. Види Расел М. Нелсоn, “Thanks for the Covenant” (Brigham Young University devotional, Nov. 22, 1988), speeches.byu.edu; “A More Excellent Hope” (Brigham Young University devotional, Jan. 8, 1995), speeches.byu.edu; “Identity, Priority, and Blessings” (Brigham Young University devotional, Sept. 10, 2000), speeches.byu.edu; “Roots and Branches,” Liahona, May 2004, 27–29; “Covenants,” Liahona, Nov. 2011, 86–89; “Youth of the Noble Birthright: What Will You Choose?” (Brigham Young University–Hawaii devotional, Sept. 6, 2013), broadcasts.ChurchofJesusChrist.org; “The Book of Mormon, the Gathering of Israel, and the Second Coming,” Ensign, July 2014, 26–31; Liahona, July 2014, 24–29; “Let God Prevail,” Liahona, Nov. 2020, 92–95; “The Everlasting Covenant,” Liahona, Oct. 2022, 1–6.

  3. Расел М. Нелсон, “Covenants,” 88.

  4. Расел М. Нелсон, “Thanks for the Covenant,” speeches.byu.edu.

  5. Расел М. Нелсон, “Choices for Eternity” (worldwide devotional for young adults, Мај 12, 2022), ChurchofJesusChrist.org; emphasis added.

  6. Види Расел М. Нелсон, “Covenants,” 86–89.

  7. Види Битие 17:1–10; види исто така Расел М. Нелсон, “Children of the Covenant,” Ensign, May 1995, 32–34.

  8. Види Расел М. Нелсон, “Joy and Spiritual Survival,” Liahona, Nov. 2016, 81–84.

  9. Томас С. Монсон, “Your Patriarchal Blessing: A Liahona of Light,” Ensign, Nov. 1986, 65–66.

  10. Види Расел М. Нелсон, “We Can Do Better and Be Better,” Liahona, May 2019, 67–69.

  11. Расел М. Нелсон, “Победете го Светот и Најдете мир,” Liahona, Nov. 2022, 95–96.

  12. Инспирирано од Џејмс Е. Фауст, “Priesthood Blessings,” Ensign, Nov. 1995, 62–64.