Генерална Конференција
„Ништо не може да биде толку силно и слатко како мојата радост“
Април 2023 генерална конференција


„Ништо не може да биде толку слатко како мојата радост“

Секојдневното покајание и доаѓањето кај Исус Христос е начинот да се доживее радост- радост над нашата замисла

Во текот на Неговата земна служба, Спасителот покажал големо сожалување за сите Божји чеда—особено за оние кои страдале или отпаднале. Кога е критикуван од Фарисеите дека прима грешници и јаде со нив, Исус одговара со поучување на трите општо познати параболи.1 Во секоја од овие параболи, Тој ја нагласува важноста да се бараат оние што залутале и радоста што се чувствува кога ќе се вратат. На пример, во параболата за изгубената овца, Тој вели, „[Поголема ќе биде] радоста на небото за еден грешник кој се кае“.2

Мојата желба денес е да ја зајакнам врската помеѓу радоста и покајанието, поконкретно радоста што доаѓа од покајанието и радоста што доаѓа од поканувањето на другите да дојдат кај Христос и да го прифатат Неговото помирување во нивните животи.

Постоиме за да Можеме да се Радуваме

Во светите писма, зборот радост обично значи многу повеќе од минливи моменти на задоволство или дури и чувства на среќа. Радоста во овој контекст е божествена особина, пронајдена во потполност кога ќе се вратиме да живееме во присуство на Бога.3 Таа е подлабока, возвишувачка, трајна и го менува животот повеќе од било кое задоволство или утеха што овој свет може да го понуди.

Создадени сме за да имаме радост. Тоа е наша предодредена судбина како чеда на нашиот сакан Небесен Отец. Тој сака да ја сподели Својата радост со нас. Пророкот Лехи почуваше дека Божјиот план за секој од нас е за ние да „може да се радуваме.“4 Бидејќи живееме во отпаднат свет, радоста на истрајувањето или вечната радост често ни се чини недостижна. Но, во следниот стих, Лехи продолжува со објаснувањето дека „Месијата [доаѓа] … , за да [нѐ] искупи од падот“.5 Искупувањето од и преку Спасителот Исус Христос, ја овозможува радоста.

Евангелската порака е порака за надеж, за „добра вест за голема радост,“6 и средство со кое сите ќе можат да доживеат мир и можности за радост во овој живот и да добијат потполна радост во животот што доаѓа.7

Радоста за која ние зборуваме е подарок за верниците, но сепак има цена. Радоста не се дава евтино ниту случајно. Таа е купена „со скапоцената крв Христова [Исус]“.8 Кога навистина би ја сватиле вредноста на вистинската божествената радост, не би се двоумеле да жртвуваме било каков матерјален имот или да ги направиме животните промени неопходни за да ја добиеме.

Моќниот но понизен цар во Книгата на Мормон го разбрал ова. „Што да направам,“ запрашал тој, „за да се родам од Бога и овој зол дух да го искорнам од моите гради и да го добијам неговиот Дух, за да можам да се исполам со радост … ? Ете, рече, ќе оставам сѐ што поседувам, да, ќе се откажам од моето царство, за да можам да ја добијам таа голема радост.“9

Како одговор на царевото прашање, мисионерот Арон му кажал, „Доколку го посакуваш тоа, … поклони се пред Бога … [и] покај се за сите свои гревови.”10 Покајанието е патот кон радоста11 бидејќи тоа е патот што води до Спасителот Исус Христос.12

Радоста доаѓа од Искрено покајание

За некои, да се размислува за покајанието како на пат до радоста може да изгледа контрадикторно. Покајанието, понекогаш, може да биде болно и тешко. Потребно е да признаеме дека некои од нашите мисли и постапки, дури и некои од нашите верувања, биле погрешни. Покајанието бара и промени, што, понекогаш, може да е непријатно. Но радоста и утехата не се иста работа. Гревот, вклучувајќи го и гревот на самозадоволство, ја ограничува нашата радост.

Како што рекол псалмистот, „Плачот трае преку ноќта, но утрото носи голема радост.”13 Кога се каеме за нашите гревови, треба да се фокусираме на големата радост што следи. Ноќите можеби изгледаат долги, но доаѓа утрото и ох, колку само е силен е спокојот и сјајна е радоста што ја чувствуваме кога помирувањето на Спасителот нѐ ослободува од грев и страдање.

Ништо не може да биде толку силно и слатко

Размислете за доживувањата на Алма во Кнгата на Мормон. Тој беше „оптоварен со вечни маки“ и неговата душа беше „растргната“ за неговите гревови. Но штом се обратил кон Спасителот за милост, тој „не можел повеќе да се сеќава на [неговите] болки.“14

„И ох, каква радост”, изјави тој, „и каква прекрасна светлина видов; да, … не може да има ништо толку силно и слатко како што беше мојата радост.”15

Ова е радоста што им е достапна на оние кои доаѓаат кај Исус Христос преку покајание.16. Како што нѐ поучува Претседателот Расел М. Нелсон:

„Покајанието ни дава пристап до моќта на Помирувањето на Исус Христос. …

„Кога избираме покајание, низ избираме промена! Му дозволуваме на Спасителот да нѐ промени во најдобрата верзија од нас самите. Избираме духовно да растеме и да добиваме радост, радоста на искупување во Него. Кога избираме покајание, бираме да наликуваме сѐ повеќе на Исус Христос!”17

Покајанието носи радост бидејќи ги подготвува нашите срца да го примат влијанието на Светиот Дух. Да се биде исполнет со Светиот Дух значи да се биде исполент со радост. А да се биде исполнет со радост значи да се биде исполнет со Светиот Дух.18 Нашата радост се зголемува кога секојдневно работиме за да го внесеме Духот во нашите животи. Како што поучуваше пророкот Мормон: „Сепак, тие постеа и често се молеа, и стануваа сè посилни и посилни во своето смирение, и поцврсти и поцврсти во [нивната] вера [во] Христа, за да ги исполнат своите души со радост и утеха“.19 Господ им ветува на сите кои се обидуваат да го следат, „Ќе ви го дадам … мојот Дух кој ќе го просветли вашиот ум, кој ќе исполни вашата душа со радост.“20

Радоста да им се помогне на Другите да се Покаат

Откако ќе ја почувствуваме радоста што доаѓа од искреното покајание, сосема природно сакаме да ја споделиме таа радост со другите. Кога го правиме тоа, нашата радост се умножува. Токму тоа се случи со Алма.

„Ова е мојата слава“, вели тој, „што можам да бидам орудие во рацете на Бога да доведам некоја душа на покајание; и тоа е мојата радост.

И ете, кога гледам како многу од моите браќа навистина се каат и се приближуваат кон Господа, нивниот Бог, тогаш мојата душа се исполнува со радост; тогаш се сеќавам што направи Господ за мене … да, тогаш се сеќавам на неговата милостива рака што ми [ја] подаде“.21

Помагање на другите да се покаат е природно изразување на нашата благодарност кон Спасителот и е извор на голема радост. Господ ветил:

„Ако е така да вие … донесете, барем една душа, о колку голема ќе биде вашата радост со неа во царството на мојот Отец!

„И сега, ако твојата радост ќе биде голема со една душа што ми ја донесе … , о колку голема ќе биде твојата радост ако ми донесеш многу души!”22

Колку голема е Неговата Радост во Душата Која се Кае

Сметам дека е корисно да се обидам да ја замислам радоста што Спасителот мора да ја чувствува секој пат кога ги добиваме благословите од Неговата помирувачка жртва во нашите животи.23 Како што цитираше Претседателот Нелсон,24 Апостолот Павле во своето послание до Евреите, ја сподели ова нежна перцепција од стварноста: „Отфрлете од себе секаков … грев што лесно се прилепува за нас, … имајќи го пред очи Зачетникот и Довршителот на верата; кој поради Неговата идна радост претрпе крст … и седна од десната страна на престолот Божји“.25. Често зборуваме за болката и страдањето во Гетсеманија и Голгота, но ретко зборуваме за големата радост што Спасителот морал да ја очекува кога го даде Својот живот за нас Очигледно, неговата болка и страдање беа за нас, за да ја доживееме радоста да се вратиме со Него во Божјото присуство.

Откако ги поучил луѓето од древна Америка, Спасителот ја изразил својата огромна љубов кон нив кога рекол:

„Сега, ете, мојата радост е голема, дури и потполна, поради вас,…; да, и дури и Отецот се радува, а исто така и сите свети ангели.…

„… Во [вас] јас имам целосна радост.“26

Додете кај Христос и Примете ја Неговата Радост

Браќа и сестри, заклучувам споделувајќи го моето лично сведоштво, што го сметам за свет дар. Сведочам дека Исус Христос е Спасителот и Искупителот на светот. Јаз знам дека Тој го сака секој од нас. Неговиот единствен фокус, Неговото „дело и [Неговата] слава,“27 е да ни помогне да добиеме целосна радост во Него. Јас сум личен сведок дека ако секојдневно се каеме и доаѓаме кај Исус Христос, може да се доживее радост- радост над нашата замисла.28 Тоа е причината што сме тука на земјата. Тоа е причината што Бог го изготви Неговиот голем план за среќа за нас. Исус Христос е навистина „патот, вистината и животот”29 и единственото „име дадено под небото со кое човекот може да се спаси во царството Божјо.“30 Јас така сведочам во светото име на Исус Христос, амин.