Пристапување до Божјата Моќ преку Завети
Додека чекориш по заветениот пат, од крштавање до храмот и преку животот, Јас ветувам дека има моќ да се оди против природниот светски тек.
Минатиот Ноември, Јас ја имав привилегијата да го осветам Белем Бразилскиот Храм. Претставуваше чест и радост да се биде со посветените членови во Црквата во северен Бразил. Во тоа време, дознав дека Белем е портата до најмоќната река во светот, реката Амазон.
И покрај силата на реката, двапати годишно, нешто навидум неприродно се случува. Кога сонцето, месечината, и земјата се усогласени така, моќен бран од плимата се издига од реката, спротивно од природниот тек на реката. Бранови со висина од шест метри1 протегајќи се во должина од 50 километри2 по горниот тек биле снимени. Овој феномен, познат воглавно како брановит удар, локално е познат како пророка или „голем извик“ поради гласниот звук кој го предизвикува. Ние можеме точно да заклучиме дека дури и моќната Амазон мора да се препушти на небесните моќи.
Како Амазон, ние имаме природен тек во нашите животи; ние се стремиме да го правиме тоа што доаѓа природно. Како Амазон, со небесна помош, можеме да правиме навидум неприродни нешта. После се, не е природно за нас да бидеме понизни, питоми, или спремни да се потчиниме на волјата на Бог. Сепак само ако правиме така можеме да бидеме трансформираним да се вратиме да живееме во присуство на Бог, и да постигнеме наша вечна судбина.
За разлика од Амазон, можеме да одбираме дали да се препуштиме на небесните моќи или „да пловиме со текот“3 Да одиме спротивно од текот може да е тешко. Но кога се препуштаме на „поттикнувањата на Светиот Дух“ и ги тргнеме себичните тенденции на природниот маж или жена,4 можеме да ја примиме спасувачката моќ на Спасителот во нашите животи, моќта да се прават тешки нешта.
Претседател Расел М. Нелсон не поучи како да го правиме ова. Тој вети, „Секоја личност која склучува завети во базенот за крштавање и во храмови—и ги одржува—има зголемен пристап до моќта на Исус Христос … [да не крева] нас над провалијата на овој паднат свет.“5 Со други зборови, можеме да пристапиме до моќта на Бог, но само кога ќе се поврземе со Него преку свети завети.
Пред земјата да беше создадена, Бог воспоставува завети како механизам преку кој ние би се обединиле себеси со Него. Базирано на вечен, непроменлив закон, Тој ги посочи условите со кои сме трансформирани, спасени, и возвишени. Во овој живот, ги склучуваме овие завети со учествување во свештенки обреди и ветувања да се прави тоа што Бог го бара од нас и за возврат, Бог ни ветува одредени благослови.6
Еден завет е заклетва за која мораме да се подготвиме, јасно да ја сватиме, и абсолутно да ја почитуваме.7 Склучувајќи завет со Бог е поразлично отколку вообичаено давање на ветување. Најпрвин свештенска власт е потребна. Второ, слабо ветување ја нема поврзувачката сила да не крене над повлекувањето од природниот тек. Ние склучуваме завет само кога имаме намера да се посветиме себеси прилично исклучиво за негово остварување.8 Ние стануваме заветени деца на Бог и наследници на Неговото царство, особено кога ние се идентификуваме самите себеси комплетно со заветот.
Терминот заветен пат посочува на серија на завети со кои ние доаѓаме кај Христос и се поврзуваме со Него. Преку оваа заветена врска, ние имаме пристап во Неговата вечна моќ. Патот започнува со вера во Исус Христос и покајание, следено од крштавање и примање на Светиот Дух.9 Исус Христос ни покажа како да влеземе на патот кога Тој беше крстен.10 Според Евангелието на Новиот Завет и извештајот на Марко и Лука, Небесниот Отец зборува директно за Исус за Неговото крштавање, велејќи, „Ти си Мојот возљубен Син; со тебе Јас сум многу задоволен.“ Кога се впуштаме на заветениот пат преку крштавање, Јас можам да го замислам Небесниот Отец како вели едно слично нешто на секој од нас: „Ти си Мое драго дете со кого Јас се восхитувам. Продолжете понатаму.”11
На крштавањето и кога земаме од сакраментот,12 ние сведочиме дека ние сме спремни да го преземеме на нас името на Исус Христос.13 Во овој контекст, да бидеме внимателни на Стариот Завет и заповедта, „Ти нема да го преземаш името на Господ твојот Бог залудно.“14 За нашите модерни уши, ова звучи како забрана против користење на името на Бог без почитување. Заповедта го опфаќа тоа, но нејзината наредба е дури и подлабока. Еврејскиот збор преведен како зема значи да се крене или носи, како некој што носи едно знаме кое го идентификува носителот со групата или индивидуалецот.15 Зборот преведен како „суетен“ значи „празен“ или „измамнички.“16 Заповедта да не се зема името на Господ залудно исто така значи, „Нема да се идентификувате себеси како еден ученик на Исус Христос освен ако имате намера да го претставувате Него соодветно.“
Ние стануваме Негови ученици и го престставуваме Него соодветно кога ние намерно и претерано го преземаме името на Исус Христос преку заветите. Нашите завети ни дваат моќ да останеме на заветениот пат поради нашата врска со Исус Христос и нашиот Небесен Отец која е променета. Ние сме поврзани со Нив преку заветувачка врска.
Заветениот пат води до обредите на храмот, како храмското дарување.17 Дарувањето е дарот на Бог за свети завети кои не поврзуваат поцелосно со Него. При дарувањето, ние, најпрвин, заветуваме да се стремиме да ги одржуваме Божјите заповеди; второ, да се покаеме со скршено срце и покајнички дух; трето, да го живееме евангелието на Исус Христос. Ние го правиме ова практикувајќи вера во Него, правејќи завети со Бог додека го примаме обредите на спасение и возвишување, одржување на тие завети преку нашите животи, и стремејќи се да ги живееме двете најголеми заповеди да го љубиме Бог и нашиот сосед. Ние, четврти, заветот да се одржува законот на чедноста и пето, да посветиме себеси и се што Господ не благословува нас да изградиме Неговата Црква.18
Преку склучување и одржување на храмски завети, ние учиме повеќе за целите на Господ и целината на Светиот Дух.19 Ние добиваме упатство за нашите животи. Ние созреваме во нашето учеништво за да не останеме вечно, неуки деца.20 Попрво, ние живееме со вечна перспектива и сме помотивирани да му служиме на Бог и на другите. Ние примаме зголемен капацитет да ги исполниме нашата цел за смртноста. Ние сме заштитени од зло,21 и добиваме поголема моќ да оддолееме на искушение и да се покаеме кога ќе се стркаламе.22 Кога ќе потфрлиме, сеќавањето на заветите со Бог ќе ни помогне да се вратиме на патот. Преку поврзување со моќта на Бог, ние стануваме сопствена поророка, која може да се спротивстави на текот на светот, низ нашите животи и во вечноста. На крај, нашите судбини се променети поради заветениот пат кој води со возвишување и вечен живот.23
Одржување на заповедите кои се склучуваат во базенот за крштавање и храмови исто не снабдуваат со сила да одолееме на смртните испити и срцеви болки.24 Учењето поврзано со овие завети го олеснува нашиот пат и обезбедува надеж, утеха, и мир.
Моите баба и дедо Лена Софиа и Мет Лендер Ренланд добиваат моќ од Бог преку нивните завети за крштавање кога се придружија во Црквата во 1912 во Финска. Тие беа среќни да бидат дел од првата гранка на Црквата во Финска.
Лендер умре од туберколоза пет години подоцна кога Лена беше бремена со нејзиното десетто дете. Тоа дете, мојот татко, беше роден два месеци после смртта на Лендер. Лена на крај не само што го закопа сопругот туку седум од нејзините десет деца. Како осиромашена вдовица таа се мачеше. 20 години таа немаше одмор за време на ноќите. За време на денот, таа собираше трошки да обезбеди храна за нејзиното семејство. Навечер, таа се грижеше за членовите на семејството кои умираат. Тешко е да се замисли како таа се справуваше.
Лена беше упорна бидејќи таа знаеше дека нејзиниот починат сопруг и деца може да се нејзнини преку вечноста. Учењето за храмските благослови, вклучувајќи го и тој за вечни семејства, и донесе мир поради што таа веруваше во запечатувачката моќ. Додека беше во смртноста таа, ниту го прими нејзиното дарување ниту беше запечатена со Леандер, туку Леандер остана како витално значење во нејзиниот живот и дел од голема надеж а иднината.
Во 1938 Лена поднесе записи за храмски обреди да може да се изведуваат за нејзините починати членови на семејството, некои од најраните поднесени од Финска. Откако таа умре, храмските обреди беа изведени преку други за неа, Леандер, и нејзините починати деца. Преку застапништво, таа беше дарувана, Лена и Леандер беа запечатени едни со други, откако нивните починати деца и мојот Отец беа запечатени со него. Како и другите, Лена „умре со вера, немајќи примено ветувања, туку гледајќи ги оддалеку,(Беше) убедена од нив, и ги прифати.“25
Лена живееше како да таа веќе склучила завети за нејзиниот живот. Лена знаеше дека нејзините завети за крштавање и сакрамент ја поврзаа со Спасителот. Таа “се препушти на слаткото копнеење за светото место на [Искупителот] да донесе надеж за [нејзиното] опустошено срце.”26. Лена го сметаше тоа за едно од Најголемите Божји милости која таа ги научила за вечните семејства пред да искуси трагедии на нејзин живот. Преку завет таа доби моќ од Бог да издржи и да се крене над депресивното повлекување на нејзините предизвици и тешкотии.
Додека чекориш по заветениот пат, од крштавање до храмот и преку животот, Јас ветувам дека има моќ да се оди против природниот светски тек—моќ да се учи, моќ да се покае, и моќ да се осветува. Јас ветувам дека вашата семејна заштите против влијанието на противникот, особено кога храмот е главен фокус во вашиот живот.
Додека доаѓате при Христос и сте поврзани со Него и нашиот Небесен Отец преку завет, понекогаш навидум неприродно се случува. Вие сте трансформирани и станувате усовршени во Исус Христос.27 Вие станувате заветени деца на Бог и наследници на Неговото царство.28 Јас можам да го замислам Него како ти вели на тебе, „Ти си мое драго дете во кого се восхитувам.“ Добредојде дома. Во името на Исус Христос, амин.