Само продолжете—со вера
Практикувањето вера во нашиот Спасител, Исус Христос, ни помага да го надминеме обесхрабрувањето без разлика на тоа на какви пречки наидуваме.
Старешина Џорџ А. Смит, апостол, доби совет од Пророкот Џозеф Смит во време на големи тешкотии: „Ми кажа никогаш да не се обесхрабрувам, какви и тешкотии да се околу мене. Дури и да потонев во најдлабоката јама во Нова Шкотска и сите Капрести Планини да се срушеа врз мене, не треба да се обесхрабрувам туку да се држам, да практикувам вера, да продолжам со храброста и конечно ќе треба да се појавам на напластениот врв.”1
Како можел пророкот Џозеф да му го каже тоа—на некој кој страда? Бидејќи тој знаеше дека тоа е вистина. Тој тоа го преживеа. Џозеф постојано доживуваше сериозни потешкотии во неговиот живот. Меѓутоа, додека практикуваше вера во Исус Христос и Неговото помирување и едноставно продолжуваше, тој ги надмина навидум непремостливите пречки.2
Денес би сакал да го обновам повикот на Џозеф да не дозволиме обехрабрувањето да нѐ обземе кога се соочуваме со разочарување, болни искуства, со нашата сопствена несоодветност или други предизвици.
Кога велам обесхрабрување, не зборувам за исцрпувачки предизвици или клиничка депресија, анксиозно пореметување или други болести што имаат потреба од посебен третман.3. Едноставно зборувам за обичната стара малодушност што доаѓа со подемите и падовите во животот.
Инспириран сум од моите херои кои постојано продолжуваат понатака—со вера—што и да се случува4 Во Книгата на Мормон, читаме за Зорам, слугата на Лаван. Кога Нефи ги добил месинганите плочи, Зорам се соочил со изборот да го следи Нефи и неговите браќа во дивината или можноста да го загуби животот.
Каков избор! Првиот нагон на Зорам бил да побегне, но Нефи го задржал и се заветил дека, доколку замине со нив, ќе биде слободен и за него ќе има место во неговото семејство. Зорам се охрабрил и заминал со нив.5
Зорам претрпе многу неволји во својот живот, сепак притискаше напред со вера. Немаме индикации дека Зорам се држел за своето минато или негувал огорченост кон Бога и другите.6 Му беше искрен пријател на Нефи, пророкот и тој и неговото семе живееја во слобода и напредок во ветената земја. Она што беше огромна пречка на патот на Зорам на крајот го одведе до богати благослови, поради неговата верност и подготвеност едноставно да продолжи,со вера7
Неодамна слушав како една храбра сестра раскажува како издржала низ тешкотиите8 Таа се бореше со некои предизвици и една недела седна во Здружението за Помош и слушаше учителка за која мислеше дека живее совршен живот– сосема поинаков од нејзиниот. Таа беше уморна и обесхрабрена. Се чувствуваше како да не е доволно добра, па дури и дека не припаѓа, па стана и замина, планирајќи никогаш повеќе да не се врати во црквата. Додека одеше до својот автомобил, почувствува посебна сугестија: „Оди во капелата и слушај го говорникот на сакраменталната средба.“ Го преиспита впечатокот но повторно силно го почувствува, па така отиде на средбата.
Пораката беше токму она што ѝ требаше. Таа го почувствува Духот. Знаеше дека Господ сака таа да остане со Него, да биде Негов ученик, да оди во црква, што и го направи.
Знаете ли зошто беше благодарна? Што таа не се откажа. Едноставно продолжи да ја посетува црквата, со вера во Исус Христос, дури и кога тоа ѝ создаваше тешкотии и таа и нејзиното семејство беа обилно благословени додека одеа напред.
Бог на небото и земјата ќе нѝ помогне да го надминеме обесхрабрувањето и сите пречки со кои се соочуваме ако се свртиме кон Него, ако ги следиме поттикнувањата на Светиот Дух9 и продолжуваме понатака—со вера.
За среќа, Господ може да ја зајакне нашата вера кога сме слаби или неспособни. Тој може да го зголеми нашата способност над сопствената. Го доживеав тоа. Пред повеќе од 20 години, неочекувано бев повикан да служам во Обласните Седумдесетмина и се почувствував многу неадекватно. После мојата обука, требаше да претседавам со мојата прва конференција на кол.10 Претседателот на кол и јас детално го испланиравме секој детал. Кратко пред конференцијата, Претседателот Бојд К. Пакер, тогаш Вршител на Должност Претседател на Кворумот на Дванаесет Апостоли, ме повика за да види дали би можел да ме придружува Бев изненаден и секако, се согласив. Го прашав како би сакал да продолжи бидејќи тој ќе претседава. Предложи да ги понштиме плановите и да се подготвиме да го следиме Духот. За среќа, имав уште 10 дена да учам, да се молам и да се подготвам.
Со отворен дневен ред, бевме на сцената 20 минути пред да почетокот на средбата на водачи. Се наведнав кон претседателот на кол и дошепнав, „Ове е прекрасен кол.
Претседателот Пакер нежно ме потттурна со лактот и рече, „Не зборувај“
Престанав да зборувам и ми падна на памет неговиот говор на генералната конференција „Reverence Invites Revelation” ( „Почитувањето го Кани Откровението“)11 . Забележав како Претседателот Пакер пишува референци од светото писмо. Духот ми потврди дека добива впечатоци за средбата. Моето ученичко искуство штотуку започна.
Претседателот Пакер зборуваше во текот на првите 15 минути и ја нагласи важноста од водење на сите средби како што е водено од Светиот Дух12 Потоа тој рече, „Сега ќе го слушнеме Старешина Кук.“
На пат кон говорницата, прашав колку долго сака да трае мојот говор и дали има тема за која сака да се обратам. Тој рече, „Зборувај 15 минути и продолжи понатака според инспирација“. Зборував 14 минути и споделив сѐ што имам на памет.
Претседателот Пакер застана повторно и зборуваше уште 15 минути. Го сподели овој стих:
„Изговорете ги мислите што се всадени во вашите срца и нема да бидете засрамени пред луѓето;
„Зашто ќе ви биде дадено … во точно тој момент, што да кажете.”13
Потоа тој рече, „Сега ќе го слушнеме Старешина Кук.“
Бев шокиран. Не размислував за можноста дека ќе биде побарано да зборувам два пати на една средба. Не ми падна ништо на памет да кажам. Сесрдно молејќи и на некој начин сметајќи на Господовата помош, некако, бев благословен со мисла, стих и можев да зборувам уште дополнителни 15 минути. Седнав потполно исцрпен.
Претседателот Пакер повторно зборуваше уште 15 минути за потребата да се следи Духот и ги сподели учењата на Павле дека не треба да зборуваме „зборови што ги учи човечката мудрост, туку оние што Светиот Дух ги поучува“14 Како што може да замислите, бев презаситен кога, тој по трет пат рече, „Сега ќе слушнеме од Старешина Кук.“
Бев празен. Немав ништо. Знаев дека е време да покажам повеќе вера. Бавно, се упатив кон говорницата, и го молев Бога за помош. Додека пристапував до микрофонот, Господ чудотворно ме благослови за некако да испратам уште една 15 минутна порака.15
Средбата конечно заврши, но брзо сфатив дека сесијата за возрасни ќе започне за еден час. Ох, не! Како и Зорам, искрено сакав да избегам, но исто како што Нефи го фати, знаев дека Претседателот Пакер ќе ме фати мене. Средбата за возрасни го следеше истиот модел. Зборував уште три пати. Следниот ден, за време на генералната сесија, зборував еднаш.
По конференцијата, Претседателот Пакер рече во афект, „Ајде да го повториме ова некогаш.“ Го сакам Претседателот Бојд К. Пакер и благодарен сум за сѐ што научив.
Знаете ли за што сум благодарен? Што не се откажав, ниту се спротивставив. Да се препуштев на мојата очајна желба да избегам од овие средби, ќе ја пропуштев приликата да ја зајакнам мојата вера и да примам богат излив на љубов и поддршка од Небесниот Отец. Научив за Неговата милост, за чудотворната овозможувачка моќ на Исус Христос и Неговото Помирување, и моќното влијание на Светиот Дух. И покрај мојата слабост,16 научив дека јас можам да служам; јас можам да придонесувам кога Господ е на моја страна ако само продолжам–со вера.
Без оглед на големината, опсегот и сериозноста на предизвиците со кои се соочуваме во животот, сите ние имаме моменти кога имаме желба да застанеме, да одиме, да избегаме или можеби да се откажеме. Но практикувањето вера во нашиот Спасител, Исус Христос, ни помага да го надминеме обесхрабрувањето без разлика на тоа на какви пречки наидуваме.
Исто како што Спасителот го заврши делото што му беше доверено, Тој има моќ да ни помогне да ја завршиме работата што ни е зададена.17 Можеме да бидеме благословени да одиме по патот на заветот, без разлика колку тој станува каменит, и на крајот да добиеме вечен живот.18
Како што рече пророкот Џозеф Смит, „Издржете, светци Божји, издржете уште малку и бурата на животот ќе помине и ќе бидете наградени од оној Бог чии слуги сте.”19 Во името на Исус Христос, амин.