Генерална Конференција
Извештај на Црковниот Оддел за Ревизија, 2022
Април 2023 генерална конференција


Извештај на Црковниот Оддел за Ревизија, 2022

До Првото Претседателство на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни.

Почитувани Браќа: Водени од откровение, како што е запишано во поглавје 120 од Учење и Завети, Советот за распределба на десеток—составен од Првото Претседателство, Кворумот на Дванаесетте Апостоли, и Претседавачката Епископија—го овластува трошењето на црковните фондови. Црковните единици исплаќаат средства во согласност со одобрените буџети, политики, и процедури.

Црковната Ревизија, што се состои од акредитирани професионалци и е независна од сите останати црковни оддели и правни субјекти, има одговорност да извршува ревизии со цел да се обезбеди разумна гаранција во врска со примените придонеси, направените трошоци и заштита на средствата на Црквата.

Врз основа на извршените ревизии, Црковната Ревизија е на мислење дека, според сите матерјални погледи, примените придонеси, направените трошоци, и средства на Црквата за 2022 година, се заведени и администрирани во согласност со Црковно-одобрените буџети, сметководствените практики, и полиси. Црквата ги следи практиките што ги учат нејзините членови како да живеат во рамки на буџетот, да избегнуваат долгови, и да штедат во време на потреба.

Со почит испратено,

Црковен Оддел за Ревизија

Џаред Б. Ларсон

Генерален Директор