Генерална Конференција
Следбеници на Кнезот на Мирот
Април 2023 генерална конференција


Следбеници на Кнезот на Мирот

Додека се стремиме да развиеме особини како оние на Спасителот, можеме да станеме инструменти на Неговиот мир во светот.

Во исполнување на пророштвото дадено на Захарија,1 Исус триумфално влегол во Светиот Град јавајќи на магаре, кое во литературата се сметало за „древен симбол на еврејското царство“2 како што навистина му доликувало на Царот на царевите и на Кнезот на мирот.3 Тој бил опкружен со мноштво радосни ученици кои ги рашириле своите облеки, лисјата од палми и другото зеленило по патеката по која поминувал Исус. Тие го фалеле Бога, викајќи со силен глас: „Благословен да е Царот Кој доаѓа во името Господово! Мир на небото и слава во висините“.4 И повторно,: „Осана на Синот Давидов! Благословен е Кој иде во името Господово! Осана на висините“5 Овој величествен настан, кој го славиме на овој ден познат како Цветници, беше радосна увертира за мачните настани што ќе се случат во текот на таа судбоносна недела што кулминираа со несебичната жртва на Спасителот и величественото чудо на празниот гроб.

Како Негови следбеници, ние сме Неговиот посебен народ, повикан да ги објавуви Неговите доблести,6 промотори на мирот толку великодушно принесен преку Него и Неговата помирувачка жртва. Овој мир е дар ветен на сите кои ги вртат своите срца кон Спасителот и живеат праведно; таквиот мир ни дава сила да уживаме во смртниот живот и ни овозможува да ги поднесеме болните искушенија на нашето патување.

Во 1847 година, Господ им даде конкретни упатства на пионерите Светци на кои им беше потребен мир за да останат смирени и обединети додека се соочувале со неочекувани тешкотии на нивното патување кон запад. Меѓу другото, Господ им наредил на светите да “престанат да се караат еден со друг и да престанат да зборуваат зло еден за друг.”7 Светите писма потврдуваат дека на оние кои практикуваат дела на праведност и се трудат да одат во кроткоста на Господовиот Дух, им е ветен мирот што им е потребен за да ги преживеат бурните денови во кои живееме денес.8

Како ученици на Кнезот на мирот, ни е укажано да живееме со “срца сплотени во единство и во љубов едни кон други.”9 Нашиот сакан пророк, Претседателот Расел М. Нелсон, неодамна изјави: „Кавгата крши сè за што Спасителот се залагал и поучувал“10 Нашиот пророк, исто така нè замоли да направиме се што можеме за да ставиме крај на личните конфликти што моментално беснеат во нашите срца и во нашите животи“.11

Да ги разгледаме овие начела во светлината на Христовата чиста љубов за нас, како Негови следбеници, што настојуваме да ја имаме еден кон друг. Светите писма го дефинира овој вид на љубов како милосрдие.12 Кога размислуваме за милосрдие, нашите умови обично се свртуваат кон дарежливи дела и донации за да го олеснат страдањето на оние кои се соочуваат со физички, материјални или емоционални тешкотии. Сепак, милосрдието не е поврзано само со нешто што го донираме некому, туку тоа е особина на Спасителот и може да стане дел од нашиот карактер. Не изненадува што Господ ни нареди да се облечеме во „врската на милосрдието, … која е врската на совршеност и мир.“13 Без милосрдието, ние сме ништо,14 и не можеме да го наследиме местото што Господ ни го подготвил во дворците на нашиот Небесен Отец.15

Исус совршено покажа што значи да се поседува оваа врска на совршенство и мир, особено кога се соочуваме со мачните настани што му претходеле на Неговото мачеништво. Размислете за момент за тоа што мора да почувствувал Исус, додека понизно им ги миел нозете на своите ученици, знаејќи дека еден од нив ќе Го предаде токму таа ноќ.16 Или кога Исус, неколку часа подоцна, милосрдно го исцелил увото на еден од мажите што го придружувале Јуда, Неговиот предавник, за да Го уапсат.17 Или дури и кога Спасителот, стоејќи пред Пилат, беше неправедно обвинет од првосвештениците и старешините, и тој не изрече ниту еден збор против лажните обвиненија против Него, и го остави римскиот управител восхитен.18

Преку овие три трагични случки, Спасителот, и покрај тоа што е оптоварен со прекумерна тага и стрес, со Својот пример нè научи дека “милосрдието да имаш голема стрпливост и да бидеш љубезен; … да не си завидлив; … да не се фалиш, да не се вообразуваш, да не бидеш груб, да не бидеш избувлив, да не памтиш зло”19

Друг важен аспект што треба да се нагласи, и кој има директни импликации врз нашето учеништво и како го промовираме мирот на Спасителот, е начинот на кој се однесуваме едни со други. За време на Неговата земна служба, учењата на Спасителот се фокусираа - не само, туку особено - на доблестите на љубовта, милосрдието, трпеливоста, понизноста и сочувството - основните карактерни особини на оние кои сакаат да му станат поблиски и да го промовираат Неговиот мир. Таквите особини се дарови од Бога, и додека се трудиме да ги развиеме, ќе почнеме да ги гледаме разликите и слабостите на нашиот ближен со поголема емпатија, чувствителност, почит и толеранција. Еден од најочигледните знаци дека се приближуваме до Спасителот и наликуваме се повеќе на Него е начинот на кој се однесуваме кон другите полн со љуобов, трпеливост и љубезност, без оглед на околностите.

Често гледаме луѓе кои се впуштаат во негативни, па дури и погрдни коментари за воочените карактеристики, слабости и мислења на другите, главно кога таквите карактеристики и мислења се разликуваат или противречат на тоа како тие дејствуваат и размислуваат. Многу е вообичаено да се видат овие луѓе како пренесуваат такви коментари на други, кои го повторуваат она што го слушнале без вистински да ги знаат сите околности околу ситуацијата. За жал, социјалните медиуми поттикнуваат вакво однесување во име на релативните вистини и транспарентност. Без воздржување, дигиталниот разговор често ги води луѓето до лични напади и жестоки расправии, создавајќи разочарувања, повредувајќи ги срцата и ширејќи пламено непријателство.

Нефи прорекол дека во последните денови, непријателот ќе бесне и ќе ги поттикнува гнев меѓу луѓето против она што е добро.20 Светите писма учат дека “сѐ што поканува и поттикнува да се прави добро, и да се љуби Бог, и да му се служи Него, е инспирирано од Бог.”21 Од друга страна, “она што е злобно доаѓа од ѓаволот; бидејќи ѓаволот е непријател на Бог, и се бори против Него постојано, и поканува и мами на грев, и постојано да се прави зло/да се прави тоа што е злобно постојано.”22

Со оглед на ова пророчко учење, не изненадува што една од тактиките на противникот е да разбудува непријателство и омраза во срцата на Божјите чеда. Тој се радува кога ќе види како луѓето се критикуваат, исмејуваат и клеветат еден со друг. Ова однесување може да го уништи карактерот, угледот и самодовербата на една личност, особено кога се суди неправедно. Од клучно значење е да се истакне дека кога дозволуваме ваков став во нашите животи, правиме простор во нашите срца за непријателот да го засади семето на раздор меѓу нас, ризикувајќи да падне во неговата незаситна стапица.

Ако не сме внимателни со нашите мисли, зборови и постапки, на крајот може да бидеме заплеткани од лукавите трикови на непријателот, уништувајќи ги нашите односи со луѓето околу нас и нашите најблиски.

Браќа и сестри, како необични Господови луѓе и промотори на Неговиот мир, не можеме да си дозволиме овие трикови на злото да се случат во нашите срца. Не можеме да носиме таков корозивен товар кој што уништува чувства, врски, па дури и животи. Евангелието претставува добра вест за голема радост.

Се разбира, никој од нас не е совршен, и секако, има моменти кога сме измамени во ваков тип на однесување. Во Неговата совршена љубов и сезнајност за нашите човечки склоности, Спасителот секогаш се обидува да нè предупреди за ваквите опасности. Тој нè научи: “зашто, со каков суд судите, со таков ќе бидете судени: и со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери.”23

Драги мои браќа и сестри, додека се трудиме да развиеме особини како оние на Спасителот, можеме да станеме инструменти на Неговиот мир во светот, според моделот што Тој Самиот го воспоставил. Ве повикувам да размислите за начините на кои можеме да се трансформираме во луѓе кои возвишуваат и поддржуваат, луѓе кои имаат разбирање и срце што простува,, луѓе кои го бараат најдоброто кај другите, секогап, секогаш сеќавајќи се дека “ако постои нешто доблесно, убаво или добро или за пофалба, ние ги бараме овие нешта.”24

Ви ветувам дека кога ги следиме и ги развиваме овие особини, ќе станеме се посрдечни и почувствителни за потребите на нашите ближни24 и ќе доживееме радост, мир и духовен раст.26 Несомнено, Господ ќе ги препознае нашите напори и ќе ни ги даде даровите што ни се потребни за да бидеме потолерантни и трпеливи кон разликите, слабостите и несовршеностите на другите. Понатаму, ќе можеме подобро да се спротивставиме на нагонот да се навредиме или да ги навредиме оние што нѐ повредуваат. Нашата желба да им простиме, како Спасителот, на оние кои не малтретираат или зборуваат лошо за нас сигурно ќе се зголеми и ќе стане дел од нашиот карактер.

Нека денес, на првата недела од влегувањето во Ерусалим , ги спростриме нашите наметки на љубов и и палмини лисја на милосрдието, чекорејќи по стапките на Кнезот на мирот додека се подготвуваме за прославување на чудото на празниот гроб, неделава што доаѓа. Како браќа и сестри во Христа, радосно да објавиме: “Осана на Синот Давидов! Благословен е Тој што доаѓа во името Господово! Осана на висините!.”27

Сведочам дека Исус Христос живее и дека Неговата совршена љубов, изразена преку Неговата помирувачка жртва, е упатена до сите кои сакаат да одат со Него и да уживаат во Неговиот мир во овој и во светот што доаѓа. Ги кажувам овие нешта во светото име на Спасителот и Искупителот, Исус Христос, амин.