Генерална Конференција
Пристапување до Божјата Моќ преку Завети
Април 2023 генерална конференција


Пристапување до Божјата Моќ преку Завети

Додека чекориш по заветениот пат, од крштавање до храмот и преку животот, Јас ветувам дека има моќ да се оди против природниот светски тек.

Минатиот Ноември, Јас ја имав привилегијата да го осветам Белем Бразилскиот Храм. Претставуваше чест и радост да се биде со посветените членови во Црквата во северен Бразил. Во тоа време, дознав дека Белем е портата до најмоќната река во светот, реката Амазон.

И покрај силата на реката, двапати годишно, нешто навидум неприродно се случува. Кога сонцето, месечината, и земјата се усогласени така, моќен бран од плимата се издига од реката, спротивно од природниот тек на реката. Бранови со висина од шест метри1 протегајќи се во должина од 50 километри2 по горниот тек биле снимени. Овој феномен, познат воглавно како брановит удар, локално е познат како пророка или „голем извик“ поради гласниот звук кој го предизвикува. Ние можеме точно да заклучиме дека дури и моќната Амазон мора да се препушти на небесните моќи.

Како Амазон, ние имаме природен тек во нашите животи; ние се стремиме да го правиме тоа што доаѓа природно. Како Амазон, со небесна помош, можеме да правиме навидум неприродни нешта. После се, не е природно за нас да бидеме понизни, питоми, или спремни да се потчиниме на волјата на Бог. Сепак само ако правиме така можеме да бидеме трансформираним да се вратиме да живееме во присуство на Бог, и да постигнеме наша вечна судбина.

За разлика од Амазон, можеме да одбираме дали да се препуштиме на небесните моќи или „да пловиме со текот“3 Да одиме спротивно од текот може да е тешко. Но кога се препуштаме на „поттикнувањата на Светиот Дух“ и ги тргнеме себичните тенденции на природниот маж или жена,4 можеме да ја примиме спасувачката моќ на Спасителот во нашите животи, моќта да се прават тешки нешта.

Претседател Расел М. Нелсон не поучи како да го правиме ова. Тој вети, „Секоја личност која склучува завети во базенот за крштавање и во храмови—и ги одржува—има зголемен пристап до моќта на Исус Христос … [да не крева] нас над провалијата на овој паднат свет.“5 Со други зборови, можеме да пристапиме до моќта на Бог, но само кога ќе се поврземе со Него преку свети завети.

Пред земјата да беше создадена, Бог воспоставува завети како механизам преку кој ние би се обединиле себеси со Него. Базирано на вечен, непроменлив закон, Тој ги посочи условите со кои сме трансформирани, спасени, и возвишени. Во овој живот, ги склучуваме овие завети со учествување во свештенки обреди и ветувања да се прави тоа што Бог го бара од нас и за возврат, Бог ни ветува одредени благослови.6

Еден завет е заклетва за која мораме да се подготвиме, јасно да ја сватиме, и абсолутно да ја почитуваме.7 Склучувајќи завет со Бог е поразлично отколку вообичаено давање на ветување. Најпрвин свештенска власт е потребна. Второ, слабо ветување ја нема поврзувачката сила да не крене над повлекувањето од природниот тек. Ние склучуваме завет само кога имаме намера да се посветиме себеси прилично исклучиво за негово остварување.8 Ние стануваме заветени деца на Бог и наследници на Неговото царство, особено кога ние се идентификуваме самите себеси комплетно со заветот.

Терминот заветен пат посочува на серија на завети со кои ние доаѓаме кај Христос и се поврзуваме со Него. Преку оваа заветена врска, ние имаме пристап во Неговата вечна моќ. Патот започнува со вера во Исус Христос и покајание, следено од крштавање и примање на Светиот Дух.9 Исус Христос ни покажа како да влеземе на патот кога Тој беше крстен.10 Според Евангелието на Новиот Завет и извештајот на Марко и Лука, Небесниот Отец зборува директно за Исус за Неговото крштавање, велејќи, „Ти си Мојот возљубен Син; со тебе Јас сум многу задоволен.“ Кога се впуштаме на заветениот пат преку крштавање, Јас можам да го замислам Небесниот Отец како вели едно слично нешто на секој од нас: „Ти си Мое драго дете со кого Јас се восхитувам. Продолжете понатаму.”11

На крштавањето и кога земаме од сакраментот,12 ние сведочиме дека ние сме спремни да го преземеме на нас името на Исус Христос.13 Во овој контекст, да бидеме внимателни на Стариот Завет и заповедта, „Ти нема да го преземаш името на Господ твојот Бог залудно.“14 За нашите модерни уши, ова звучи како забрана против користење на името на Бог без почитување. Заповедта го опфаќа тоа, но нејзината наредба е дури и подлабока. Еврејскиот збор преведен како зема значи да се крене или носи, како некој што носи едно знаме кое го идентификува носителот со групата или индивидуалецот.15 Зборот преведен како „суетен“ значи „празен“ или „измамнички.“16 Заповедта да не се зема името на Господ залудно исто така значи, „Нема да се идентификувате себеси како еден ученик на Исус Христос освен ако имате намера да го претставувате Него соодветно.“

Ние стануваме Негови ученици и го престставуваме Него соодветно кога ние намерно и претерано го преземаме името на Исус Христос преку заветите. Нашите завети ни дваат моќ да останеме на заветениот пат поради нашата врска со Исус Христос и нашиот Небесен Отец која е променета. Ние сме поврзани со Нив преку заветувачка врска.

Заветениот пат води до обредите на храмот, како храмското дарување.17 Дарувањето е дарот на Бог за свети завети кои не поврзуваат поцелосно со Него. При дарувањето, ние, најпрвин, заветуваме да се стремиме да ги одржуваме Божјите заповеди; второ, да се покаеме со скршено срце и покајнички дух; трето, да го живееме евангелието на Исус Христос. Ние го правиме ова практикувајќи вера во Него, правејќи завети со Бог додека го примаме обредите на спасение и возвишување, одржување на тие завети преку нашите животи, и стремејќи се да ги живееме двете најголеми заповеди да го љубиме Бог и нашиот сосед. Ние, четврти, заветот да се одржува законот на чедноста и пето, да посветиме себеси и се што Господ не благословува нас да изградиме Неговата Црква.18

Преку склучување и одржување на храмски завети, ние учиме повеќе за целите на Господ и целината на Светиот Дух.19 Ние добиваме упатство за нашите животи. Ние созреваме во нашето учеништво за да не останеме вечно, неуки деца.20 Попрво, ние живееме со вечна перспектива и сме помотивирани да му служиме на Бог и на другите. Ние примаме зголемен капацитет да ги исполниме нашата цел за смртноста. Ние сме заштитени од зло,21 и добиваме поголема моќ да оддолееме на искушение и да се покаеме кога ќе се стркаламе.22 Кога ќе потфрлиме, сеќавањето на заветите со Бог ќе ни помогне да се вратиме на патот. Преку поврзување со моќта на Бог, ние стануваме сопствена поророка, која може да се спротивстави на текот на светот, низ нашите животи и во вечноста. На крај, нашите судбини се променети поради заветениот пат кој води со возвишување и вечен живот.23

Одржување на заповедите кои се склучуваат во базенот за крштавање и храмови исто не снабдуваат со сила да одолееме на смртните испити и срцеви болки.24 Учењето поврзано со овие завети го олеснува нашиот пат и обезбедува надеж, утеха, и мир.

Моите баба и дедо Лена Софиа и Мет Лендер Ренланд добиваат моќ од Бог преку нивните завети за крштавање кога се придружија во Црквата во 1912 во Финска. Тие беа среќни да бидат дел од првата гранка на Црквата во Финска.

Лендер умре од туберколоза пет години подоцна кога Лена беше бремена со нејзиното десетто дете. Тоа дете, мојот татко, беше роден два месеци после смртта на Лендер. Лена на крај не само што го закопа сопругот туку седум од нејзините десет деца. Како осиромашена вдовица таа се мачеше. 20 години таа немаше одмор за време на ноќите. За време на денот, таа собираше трошки да обезбеди храна за нејзиното семејство. Навечер, таа се грижеше за членовите на семејството кои умираат. Тешко е да се замисли како таа се справуваше.

Лена беше упорна бидејќи таа знаеше дека нејзиниот починат сопруг и деца може да се нејзнини преку вечноста. Учењето за храмските благослови, вклучувајќи го и тој за вечни семејства, и донесе мир поради што таа веруваше во запечатувачката моќ. Додека беше во смртноста таа, ниту го прими нејзиното дарување ниту беше запечатена со Леандер, туку Леандер остана како витално значење во нејзиниот живот и дел од голема надеж а иднината.

Во 1938 Лена поднесе записи за храмски обреди да може да се изведуваат за нејзините починати членови на семејството, некои од најраните поднесени од Финска. Откако таа умре, храмските обреди беа изведени преку други за неа, Леандер, и нејзините починати деца. Преку застапништво, таа беше дарувана, Лена и Леандер беа запечатени едни со други, откако нивните починати деца и мојот Отец беа запечатени со него. Како и другите, Лена „умре со вера, немајќи примено ветувања, туку гледајќи ги оддалеку,(Беше) убедена од нив, и ги прифати.“25

Лена живееше како да таа веќе склучила завети за нејзиниот живот. Лена знаеше дека нејзините завети за крштавање и сакрамент ја поврзаа со Спасителот. Таа “се препушти на слаткото копнеење за светото место на [Искупителот] да донесе надеж за [нејзиното] опустошено срце.”26. Лена го сметаше тоа за едно од Најголемите Божји милости која таа ги научила за вечните семејства пред да искуси трагедии на нејзин живот. Преку завет таа доби моќ од Бог да издржи и да се крене над депресивното повлекување на нејзините предизвици и тешкотии.

Додека чекориш по заветениот пат, од крштавање до храмот и преку животот, Јас ветувам дека има моќ да се оди против природниот светски тек—моќ да се учи, моќ да се покае, и моќ да се осветува. Јас ветувам дека вашата семејна заштите против влијанието на противникот, особено кога храмот е главен фокус во вашиот живот.

Додека доаѓате при Христос и сте поврзани со Него и нашиот Небесен Отец преку завет, понекогаш навидум неприродно се случува. Вие сте трансформирани и станувате усовршени во Исус Христос.27 Вие станувате заветени деца на Бог и наследници на Неговото царство.28 Јас можам да го замислам Него како ти вели на тебе, „Ти си мое драго дете во кого се восхитувам.“ Добредојде дома. Во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Околу 20 стапала.

  2. Околу 30 милји.

  3. Имаме избор бидејќи нашиот Бог ни ја дал привилегијата да одбираме да делуваме за самите. Видете водич во светите писма, „Избор,” scriptures.ChurchofJesusChrist.org 2 Нефи 2:27; Мојсеј 7:32.

  4. Види Мосија 3:19.

  5. Расел М. Нелсон, “Надминете го Светот и Пронајдете Одмор,” Лиахона, Ное. 2022, 96, 97.

  6. Водич на Свети Писма, “Завет,” светиписма.ЦркванаИсусХристос.орг.

  7. Сите се тркалаат одвреме навреме, но Бог е трпелив со нашите падови и ни дал дар за покајание дури и после кршење на завет. Како што Старешина Ричард Г. Скот, поучуваше, „Господ гледа слабости различно отколку што Тој (гледа) бунтови (Зашто) кога Господ зборува за слабости, секогаш е со милост“ („Лична Сила преку Помирувањето на Исус Христос,“ Лиахона, Ное. 2013, 83). Така, ние треба да не се сомневаме за способноста на Спасителот да ни помогне на нас со нашите слабости. Како и да е, свесно кршејќи заветен пат со спремен план да се покае подоцна—со други зборови, однапред испланиран грев и покајание—е одбивно кај Господ (види Евреи 6:4–6).

  8. Видете Роберт Болт, Еден Човек за Сите Сезони: Една Претстава со Два Чина (1990), xiii–xiv, 140.

  9. Види 2 Нефи 31:17-18.

  10. Види 2 Нефи 31:4-15.

  11. Лука запишува, „И Светиот Дух се спушти со телесна форма како гулаб врз него, и еден глас дојде од небесата, кој вели, Ти си Мој возљубен Син; во тебе Јас сум многу задоволен. (Лука 3:22). Марк бележи, „И таму дојде еден глас од небесата велејќи, Ти си Мојот возљубен Син, во кого Јас сум многу задоволен“ (Марк 1:11). Вилијам Тиндејл и неговиот превод е уште пожив и интимен отколку Верзијата на Царот Џејмс. Во овој превод, гласот на Небсниот Отец вели, „Ти си мојот драг син во кого јас се восхитувам“ (Брајан Мојнахам, Бестелерот на Бог: Вилијам Тиндејч, Томас Мур, и Пишување на Англиска Библија—Една Приказна за Мачеништво и Предавство [2002], 58). Само Матеј изјавува дека гласот беше повеќе генерално насочен, велејќи, „И еве еден глас на небесата, велејќи, Ова е Мојот возљубен Син, во кому Јас сум многу задоволен“ (Матеј 3:17). Евангелието на Јован само изјавува за крштавањето на Јован Крстителот: „И Јас видов и носам запис дека ова е Синот на Бог“ (Јован 1:34).

  12. Види 2 Нефи 31:13; Учења и Завети 20:77.

  13. Претседател Далин Х. Оукс објаснува важноста на терминот „спремни“ додека ги обновуваме нашите завети за крштавање со сакраментот: „Тоа е значајно ког земаме од сакраментот дека ние не сведочиме дека ќе го земеме врз нас името на Исус Христос.“ Така сведочиме дека сме спремни да го правиме тоа. (Видете Учење и Завети 20:77.) Фактот дека само ние сведочиме и сме единствени сведоци кои сугерираат дека нешто друго мора да се случи пред ние всушност да го земеме светото име врз нас во најважна смисла“ (“Преземајќи го Името на Исус Христос,“ Енсајн, Мај 1985, 81). „Нешто друго“ посочува на храмски благослови и идни возвишувања.

  14. Излез 20:7.

  15. Види Џејм Стронг, Новиот Силен Проширен Изваден Дел од Билбијата (2010), Еврејски дел од релникот, страна 192 број 5375.

  16. Види Џејм Стронг, Новиот Силен Проширен Дел во Билбијата, Еврејки дел од речникот, страна 273, број 7723.

  17. Старешина Дејвид А. Беднар поучуваше: „Заветот за крштавање јасно разгледува идни настани и погледи кон храмот.“ Процесот на преземање врз себеси на името на Исус Христос кое е започнато во водите на крштавање е продолжено и зголемено во домот на Господ. Додека стоиме во водите на крштавање, ние гледаме во храмот. Додека земаме од сакраментот, ние гледаме во храмот. Ние се заколнуваме дека секогаш ќе го следиме Спасителот и одржуваме Неговите заповеди како подготовка за да учествуваме во светите обреди на храмот и да примаме највисоки благослови достапни преку името и авторитетот на Господ Исус Христос. Така, во обредите на светиот храм ние мораме комплетно и целосно да го преземеме името на Исус Христос“ („Чесно Носи Име и Позиција,“ Лиахона, Мај 2009). Процесот е најверојатно некомплетен додека „ние не станеме како него“ (Морони7:48), кога целосни сме биле трансформирани.

  18. Како што е објаснето во Генералниот Прирачник: Служејќи во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, 27.2 (ЦркванаИсусХристос,орг), заветите треба да се живеат за законот за послушност, да се почитува законот на жртвување, да се почитува законот на евангелието на Исус Христос, да се одржува законот на чедноста, и да се одржува законот на посветување; види Давид А. Беднар, „Нека Овој Дом Биде Изграден при Мое Име,” Лиахона, Мај 2020, 84-87.

  19. Види Учења и Завети 109:14-15. Старешина Д. Тод Кристоферсон поучуваше, „Целината на Светиот Дух“ вклучува како Исус опишува за ветувањето кое Јас сум го дал за вечен живот, дури и до слава на вечното царство; која слава е таа на црквата на Првородениот, дури и Бог, најсветиот од сите, преку Исус Христос неговиот Син’ (У&З 88:4–5)” (“Моќта на Заветите,” Лиахона, Мај 2009, 23, note 5).

  20. Види Учење и Завети 109:15.

  21. Види Учење и Завети 109:22, 25-26.

  22. Види Учење и Завети 109:21.

  23. Види Учење и Завети 109:15, 22; Расел М. Нелсон, „Моќта на Духовниот Моментум,” Лиахона, Мај 2022, 98.

  24. Види Расел М. Нелсон, „Надминете го Светот и Пронајдете Одмор,” 96; Учење и Завети 84:20. Секој пат кога ги барате и ги следите поттикнувањата од Духот, секој пат кога правите нешто добро—работи што „природниот човек“ не би ги направил—вие го надминувате светот.Надминете го Светот и Пронајдете Одмор,” 97).

  25. Евреи 11:13.

  26. Искупител на Израел,” Химни, бр. 6, стих 5. Ова беше омилена химна на Лена Софија Ренланд.

  27. Види Морони 10:30–33.

  28. Види Учење и Завети 132:19-20.