Потребни се Миротворци
Под водство на Бога вие сте способни да изберете помеѓу кавга или помирување, а потоа и да дејствувате. Ве повикувам да изберете да бидете миротворец, сега и засекогаш.
Почитувани мои браќа и сестри, радост е да се биде со вас. Во текот на овие изминати шест месеци, постојано бевте во моите мисли и во моите молитви. Се молам за да Светиот Дух да ви каже она што Господ сака да го слушнете додека зборувам со вас сега.
За време на моето хируршко стажирање пред многу години, му асистирав на хирург кој ампутираше нога полна со заразна гангрена. Операцијата беше тешка. Потоа, за да се додаде на тензија, еден од тимот ја извршуваше задачата лошо, на што хирургот избувна во бес. На среде најголемиот бес, тој го фрли својот скалпер исполнет со микроби. Скалперот заврши во мојата подлактица!
Сите во операционата сала, освен хирургот без контрола, беа ужаснати од ова опасно прекршување на хируршката практика. За среќа, не се заразив. Но ова искуство ми остана во долго сеќавање. Веднаш потоа, си ветив себе си дека што и да се случи во мојата операциона сала, нема никогаш да изгубам контрола врз моите емоции. Исто така се заколнав дека никогаш нема да фрлам ништо во лутина, било да се тоа скалпери или зборови.
И денес, децении подоцна, се прашувам дали контаминираниот скалпер што заврши во мојата рака беше поотровен од токсичниот аргумент што сега го заразува нашиот граѓански дијалог и премногу личните односи. Цивилизираноста и пристојноста се чини дека исчезнаа во оваа ера на поларизација и страсни несогласувања.
Вулганоста, поправање грешки и лошите зборови на другите се премногу чести. Премногу експерти, политичари, забавувачи и други инфлуенсери постојано исфрлаат навреди. Многу сум загрижен што толку многу луѓе се чини веруваат дека целосно е прифатливо да се осудуваат, клеветат и осудуваат сите кои не се согласуваат со нив. Многумина изгледаат желни да ја уништат репутацијата на другите со патетични и прецизни боцки!
Гневот никогаш не е убедлив. Покажувањето непријателство кон некого не ве прави подобри. Расправијата никогаш не води до инспиративни решенија. За жал, ние понекогаш гледаме расправии дури и меѓу членовите на црквата. Слушаме за оние кои ги омаловажуваат своите сопруги и деца, за оние кои користат лути испади за да ги контролираат другите, и за оние кои ги казнуваат членовите на семеството со „третман на молчење“. Слушаме за млади и деца кои вршат булинг и за вработени кои ги клеветат своите колеги.
Почитувани мои браќа и сестри, вака не треба да биде Како следбеници на Исус Христос, ние треба да бидеме пример за тоа како се однесуваме кон другите,особено кога имаме различни мислења. Еден од најлесните начини да се препознае вистински следбеник на Исус Христос е колку сочувствително таа личност се однесува кон другите луѓе.
Спасителот, во Своите беседи, јасно им го ставил тоа до знаење на учениците на двете хемисфери. „Благословени се моротворците“, вели Тој.1 „Кој ќе те удри по десниот образ, понуди му го и другиот“.2 А потоа, секако, Го дал предупредувањето кое го предизвикува секој од нас: „Љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат“.3
Пред смртта, Спасителот им заповеда на Дванаесетте Апостоли да се сакаат еден со друг како Тој што ги возљубил.4 Потоа Тој додаде, „По тоа ќе ве познаат дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе“.5
Пораката на Спасителот е јасна: Неговите вистински ученици градат, воздигнуваат, поттикнуваат, убедуваат и инспирираат, без разлика колку е тешка ситуацијата. Вистинските ученици на Исус Христос се миротворци.6
Денеска е првата недела од влегувањето во Еусалим . Се подготвуваме да го одбележиме најважниот и најтрансцедентниот настан што некогаш е забележан на земјата, Помирувањето и Воскреснувањето на Господ Исус Христос. Еден од најдобрите начини да му оддадеме почит на Спасителот е да станеме миротворци.7
Помирувањето на Спасителот ни овозможи да го надминеме секое зло, вклучително и расправии. Не правете грешка: расправијата е зло! Исус Христос рекол дека оние што имаат „дух на препирање“ не се од Него, туку се „од ѓаволот, кој е таткото на препирањата, и [ѓаволот] ги поттикнува срцата на луѓето да се расправаат еден со друг во голем гнев“.8 Оние кои поттикнуваат расправии вадат страница од книгата на Сатаната, без разлика дали го сфаќаат тоа или не. Ниту еден човек не може да им служи на двајца учители“.9 Не смееме да го поддржиме Сатаната со нашите вербални напади а потоа да мислиме дека уште можеме да му служиме на Бога.
Почитувани мои браќа и сестри, навистина е важно како се однесуваме еден кон друг! Навистина е важно како разговараме со другите и како разговараме дома, во црквата, на работа и на интернет. Денес, барам од вас да контактирате со другите на повисок, посвет начин. Ве молам слушајте ме внимателно. „Ако постои нешто доблесно, љубезно, што е наречено добро или достојно за пофалба“10 што можеме да го кажеме за друго лице, без разлика дали е во лице или зад грб, тоа треба да биде наш стандард за комуникација.
Ако двојка во вашиот оддел се разведе, или млад мисионер се врати дома порано, или тинејџер се сомнева за неговото сведоштво, тие немаат потреба од ваш суд. Имаат потреба да ја искусат чистата љубов на Исус Христос рефлектирана во вашите зборови и дела.
Ако пријател на социјалните мрежи има силни политички или општествени ставови што нарушуваат сè во што верувате, вашата гневна, остра реплика нема да помогне. Градењето мостови на разбирање ќе бара многу повеќе од вас, но токму тоа му треба на вашиот пријател.
Расправијата го истерува Духот–секојпат. Расправијата ја засилува заблудата дека конфронтацијата е начинот на решавање на разликите; но таа никогаш не е. Расправијата е избор. Миротворењето е избор. Вие сте способни да избирате помеѓу расправија и разделба, и мир и помирување, а потоа и да дејствувате. Ви препорачувам да изберете да бидете миротворец, сега и засекогаш.11
Браќа и сестри, ние буквално може да го промениме светот, една личност и една интеракција во исто време. Како? Преку воспоставување модел како да се постапува со искрени несогласувања со взаемно почитување и достоинствен дијалог.
Различните мислења се дел од животот. Секојдневно работам со посветени слуги на Господ кои не секогаш гледаат на проблемот на еднаков начин. Тие знаат дека сакам да ги слушнам нивните искрени идеи и чувства за сѐ што разговаравме,особено за чувствителните прашања.
Моите двајца благородни советници, Претседателот Далин Х. Оукс и Претседателот Хенри Б. Ајринг, се примерни во начинот на кој ги изразуваат своите чувства, особено кога тие може да се разликуваат. Го прават тоа со чиста љубов еден кон друг. Ниту еден не сугерира дека тој знае подобро и затоа треба ригорозно да ја брани својата позиција. Ниту еден не покажува потреба да се натпреварува со другиот. Бидејќи секој е исполнет со милосрдие, „чистата Христова љубов“,12 нашите размислувања можат да бидат водени од Господовиот Дух. Колку ги сакам и почитувам овие двајца!
Милосрдието е противотров на расправијата. Милосредието е духовен дар кој ни помага да го отфрлиме природниот човек, кој е себичен, одбранбрен, горделив и љубоморен. Милосрдието е главна особина на вистински следбеник на Исус Христос.13 Милосредието дефинира еден миротворец.
Кога ќе се понизиме пред Бога и ќе се молиме со сета сила на нашето срце, Бог ќе ни даде милосрдие.14
Оние кои се благословени со овој божествен дар се долготрпеливи и љубезни. Тие не им завидуваат на другите и не се заробени во сопствената важност. Не се провоцираат лесно и не им мислат зло на другите.15
Браќа и сестри, чистата Христова љубов е одговор на расправијата што нѐ мачи денес. Милосредието нѐ движи „да си ги носиме маките“16 наместо да ги натрупаме товарите еден на друг. Чистата Христова љубов ни дозволува „да стоиме како сведоци Божји во сите времиња и во сѐ“17—особено во тензични ситуации. Милосрдието ни дозволува да покажеме како Христијаните, мажи и жени зборуваат и постапуваат,особено кога се предизвикани.
Сега, јас не зборувам за „мир по секоја цена“.18 Зборувам за постапување кон другите на начини што се доследни на одржување на заветите што ги давате кога учествувате во земање сакрамент. Се заветивте дека секогаш ќе го помните Спасителот. Во многу напнати и конфликтни ситуации, ве повикувам да се сеќавате на Исус Христос. Молете се за да имате храброст и мудрост да кажете и да направите она што Тој би го направил или кажал. Сѐ додека го следиме Кнезот на Мирот, ќе станеме Неговите миротворци.
Во овој момент можеби мислите дека оваа порака навистина ќе му помогне на некој што го познавате. Можеби се надевавте дека ќе му помогне нему или неа да бидат пољубезни со вас. Се надевам дека е така! Но, се надевам и дека ќе погледнете подлабоко во вашето срце за да видите дали има парчиња гордост или љубомора што ве спречуваат да станете миротворец.19
Ако сериозно сакате да помогнете во собирањето на Израел и градењето односи што ќе траат низ вечноста, сега е времето да ја оставите горчината настрана. Сега е време да престанете да инсистирате дека треба да биде по ваше или никако. Сега е време да престанете да правите работи што ги тераат другите да одат по лушпи од јајца од страв да нѐ ве вознемират. Сега е време да го закопате вашето воено оружје.20 Доколку вашиот вербален арсенал е исполнет со навреди и обвинувања, сега е време да ги оставите настрана.21 Ќе се појавите како Христијанин, духовно силен маж или жена.
Храмот може да ни помогне во нашата потрага. Таму ние сме обдарени со Божја сила, што ни дава способност да му одолееме на Сатаната, поттикнувачот на сите несогласувања.22 Исфрлете го од вашите односи! Имајте предвид дека ние исто така го прекоруваме противникот секогаш кога ќе расчистиме некое недоразбирање или одбиеме да се навредиме. Наместо тоа, можеме да покажеме нежна милосрдност што е особина на вистинските следбеници на Исус Христос. Миротворците го спречуваат непријателот.
Дозволете ни како луѓе да станеме вистинската светлина на гората—светлина што „не може да се сокрие“.23 Да покажеме дека постои мирен, почитуван начин за решавање на сложените проблеми и просветлен начин за решавање на несогласувањата. Сѐ додека покажувате милосрдие што го покажуваат вистинските следбеници на Исус Христос, Господ ќе ги увелича вашите напори над вашите највисоки замисли
Евангелската мрежа е најголемата мрежа во светот. Бог ги повикува сите да дојдат кај Него, „црни, бели, заробени, слободни, машки, женски“.24 Постои простор за секого. Сепак, нема место за предрасуди, осуда или расправија од било каков вид.
Мои почитувани браќа и сестри, најдоброто допрва претстои за оние кои го поминуваат својот живот градејќи други. Денес ве повикувам да го преиспитате вашето учеништво во контекст на начинот на кој се однесувате кон другите. Ве благословувам да направите било какви прилагодувања што се неопходни за да вашето однесување е благородно, почитувано и да ве претставува како вистински следбеник на Исус Христос.
Ве благословувам да ја замените воинственоста со преколнување, непријателството со разбирање, расправија со мир.
Бог живее! Исус е Христос! Тој стои на чело на оваа Црква. Ние сме Негови слуги. Ќе ни помогне да станеме Негови миротворци. Јас така сведочам во светото име на Исус Христос, амин.