Глава 14
Самуел предвидува светлина за време на ноќта и нова ѕвезда на Христовото раѓање—Христос ги искупува луѓето од временската и духовната смрт—Знаците на Неговата смрт вклучуваат три дена темнина, раздвојување на карпите, и големи природни пресврти. Околу 6 п.н.е.
1 И сега се случи Самуел, Ламанитот, пророкуваше уште многу нешта кои не можат да бидат запишани.
2 И ете, тој им кажа на нив: Ете, ви давам знак; бидејќи ќе поминат уште пет години, и ете, тогаш ќе дојде Божјиот Син да ги искупи сите оние кои ќе веруваат во Неговото име.
3 И ете, ова ќе ви го дадам како знак во времето на Неговото доаѓање; зашто ете, ќе има големи светла на небото, толку што во ноќта пред Тој да дојде нема да има темнина, толку што ќе му изгледа на човекот како да е ден.
4 Затоа, ќе има еден ден и ноќ и ден, како да беше еден ден и да не постои ноќ; и ова ќе ви биде знакот; бидејќи ќе знаете за изгревањето на сонцето и исто така за неговото заоѓање; затоа ќе знаат со сигурност дека ќе постојат два дена и една ноќ; сепак ноќта нема да биде затемнета; и тоа ќе биде ноќта пред да се роди Тој.
5 И ете, ќе изгрее нова ѕвезда, таква каква што никогаш не сте виделе; и ова исто така ќе ви биде знак.
6 И ете ова не е сѐ, ќе има многу знаци и чуда на небото.
7 И ќе се случи сите вие да бидете зачудени, и да се прашувате, толку што ќе паднете на земјата.
8 И ќе се случи сите што веруваат во Божјиот Син, истите ќе имаат вечен живот.
9 И ете, така ми заповеда Господ, преку Неговиот ангел, дека треба да дојдам и да ви го кажам ова; да, Тој ми нареди дека треба да ви ги пророкувам овие нешта на вас; да, Тој ми кажа: Довикни му на народов, покајте се и подгответе го патот на Господ.
10 И сега, бидејќи сум Ламанит, и ви ги кажав зборовите кои Господ ми ги заповеда, и бидејќи беше тешко против вас, вие сте ми лути и настојувате да ме уништите, и ме отфрливте од помеѓу вас.
11 И ќе ги слушнете моите зборови, бидејќи, поради оваа намера се искачив на ѕидините на овој град, за да слушнете и да знаете за Божјите пресуди кои ве чекаат поради вашите беззаконија, и исто така да ги знаете условите за покајание;
12 И исто така да знаете за доаѓањето на Исус Христос, Божјиот Син, Отецот на небесата и земјата, Создавачот на сите нешта од почетокот; и за да знаете за знаците на Неговото доаѓање, во намерата да можете да верувате во Неговото име.
13 И ако верувате во Неговото име, вие ќе се покаете од сите ваши гревови, за да добиете опростување за нив преку Неговите заслуги.
14 И ете, повторно, ви давам уште еден знак, да, знак за Неговата смрт.
15 Зашто ете, Тој сигурно мора да умре за да дојде спасението; да, неопходно Му е Него, и станува целисходно Тој да умре, да го исполни воскреснувањето на мртвите, за на тој начин да може човекот да биде доведен во Господовото присуство.
16 Да, ете, оваа смрт го исполнува воскреснувањето, и го искупува целото човештво од првата смрт—таа духовна смрт; за сето човештво, поради падот на Адам отсечен од присуството на Господ, се сметани за мртви, и за привремените нешта и за духовните нешта.
17 Но ете, Христовото воскреснување го искупи човештвото, да, и тоа цело човештво, и ги врати во Господово присуство.
18 Да, и ја исполни состојбата на покајание, дека сите што се покајуваат исто не се пресечени и не се фрлени во оган; туку сите што не се покајуваат се пресечени и фрлени во оган; и повторно им следува духовна смрт, да, втора смрт, бидејќи се отсечени повторно од нештата што се однесуваат на праведноста.
19 Затоа покајте се, покајте се, инаку со знаење на овие нешта без да ги правите вие ќе се предизвикувате да дојдете под пресуда, и сте доведени во оваа втора смрт.
20 Но ете, како што ви реков во врска со уште еден знак, знакот на Неговата смрт, ете, на тој ден кога Тој ќе доживее смрт, сонцето ќе биде затемнето и Тој ќе одбива да ве осветли; и исто така месечината и ѕвездите; и нема да има светлина врз лицето на оваа земја, и тоа од времето кога Тој ќе умре, за време од три дена, до времето кога Тој повторно ќе се крене од мртвите.
21 Да, во времето кога Тој ќе го испушти духот ќе има грмотевици и молњи за многу часови, и земјата ќе се тресе и трепери; а карпите кои се врз лицето на оваа земја, кои се и над земјата и под неа, за кои знаете дека сега се цврсти, односни поголемиот дел од нив се една цврста маса, ќе бидат разбиени;
22 Да, ќе бидат расцепени на две, и отпосле засекогаш ќе бидат наоѓани во слоеви и пукнатини, и во скршени делови на лицето на целата земјата, да, и над земјата и под неа.
23 И ете, ќе има големи невремиња, и многу планини ќе се спуштат, како долината, и ќе постојат многу места кои сега се нарекуваат долини кои ќе станат планини, чија височина е голема.
24 И многу патишта ќе се распукаат, и многу градови ќе бидат опустошени.
25 И многу гробови ќе бидат отворени, и ќе испуштат многу од своите мртви; и многу светци ќе им се појават на многумниа.
26 И ете, така ми говореше ангелот; бидејќи тој ми кажа дека ќе има грмотевици и молњи за времето од многу часови.
27 И тој ми кажа дека додека грмотевиците и молњите траат, и невремето, дека ќе се случат овие нешта, и дека темнината ќе го покрие лицето на целата земја за време од три дена.
28 И ангелот ми кажа дека многумина ќе видат поголеми нешта од овие, до толку што би можеле да поверуваат дека овие знаци и чуда би се исполниле врз целото лице на оваа земја, со намера да нема причина за неверување помеѓу човечките деца—
29 И ова со намера дека сите што веруваат можат да бидат спасени, и дека сите што нема да веруваат, праведна пресуда би можела да ги стигне; а исто така ако се осудени ќе си доведат нивна сопствена пресуда.
30 И сега сетете се, сетете се, браќа мои, дека кој и да загине, загинува самиот; и кој и да прави беззаконие, го прави за себе; зашто ете, слободни сте; дозволено ви е да дејствувате за себеси; зашто ете, Бог ви даде знаење и Тој ве направи слободни.
31 Тој ви даде за да распознавате добро од зло, и Тој ви даде за да можете да одберете живот или смрт; и можете да правите добро и да бидете обновени во тоа што е добро, односно да го имате тоа што е добро да биде обновено кај вас; или можете да правите зло, и да го имате тоа што е злобно обновено кај вас.