Свети Писма
Хеламан 3


Глава 3

Многу Нефити се преселуваат во земјата на север—Тие градат куќи од цемент и водат многу записи—Десетини илјади се преобратени и крстени—Божјото слово ги води луѓето до спасение—Нефи, синот на Хеламан, ја пополнува судиската столица. Околу 49–39 п.н.е.

1 И сега се случи во четириесет и третата година на владеењето на судиите, немаше препирања меѓу Нефитскиот народ освен малку гордост што беше во црквата, што предизвикуваше некои мали раздори меѓу народот, чии работи беа решени во завршувањето на четириесет и третата година.

2 И немаше препирање меѓу народот во четирисет и четвртата година; ниту немаше многу препирање во четириесет и петтата година.

3 И се случи во четириесет и шестата година, да, имаше многу препирања и многу раздори; поради кои имаше прекумерно многу кои ја напуштија земјата Зарахемла, и тргнаа во земјата на север да ја наследат земјата.

4 И тие патуваа на прекумерно голема должина, толку многу што дојдоа до големи водени површини и многу реки.

5 Да, и тие се проширија во сите делови на земјата, во сите делови кои не беа опустошени и без дрвја, поради многуте жители кои порано ја беа наследиле земјата.

6 И сега ни еден дел на земјата не беше пуст, освен во поглед на дрвја; но поради големото уништување на народот кој порано ја наследил земјата таа беше наречена пуста.

7 И бидејќи немаше многу дрвја на лицето на земјата, сепак луѓето кои одеа таму станаа премногу вешти во изработувањето на цемент; затоа градеа куќи од цемент, во кои живееја.

8 И се случи дека тие се размножија и се проширија, и одеа од земјата на југ до земјата на север, и се проширија толку многу што почнаа да го покриваат лицето на целата земја, од морето на југ до морето на север, од морето на запад до морето на исток.

9 И народот што беше во земјата на север живееше во шатори, и во куќи од цемент, и дозволија секое дрво што би изникнало на лицето на земјата да расте, така на време би можеле да имаат дрвја да ги градат нивните куќи, да, нивните градови, и нивните храмови, и нивните синагоги, и нивните светилишта, и сите видови на нивните градби.

10 И се случи бидејќи дрвјата во земјата на север беше многу ретко, тие испраќаа многу преку бродови.

11 И така овозможуваа народот во земјата на север да можат да изградат многу градови, и од дрвја и од цемент.

12 И се случи дека имаше многу од народот на Амон, кои беа родени Ламанити, а и тие отидоа во оваа земја.

13 И сега има многу записи за постапките на овој народ, од многу на овој народ, кои се прецизи и многу опширни, во врска со нив.

14 Но ете, стотиот дел на постапките на овој народ, да, извештајот на Ламанитите и на Нефитите, и нивните војни, и препирања, и раздори, и нивното проповедање, и нивните пророштва, и нивните испораки, и нивното градење на бродови, и нивното градење на храмови, и на синагогите, и на нивните светилишта, и нивната праведност, и нивната пакост, и нивните убиства, и нивните кражби, и нивните грабежи, и секакви одвратности и блудства, не можат да бидат опфатени во овој запис.

15 Но ете, има многу книги и многу записи од секаков вид, и тие биле водени воглавно од Нефитите.

16 И Нефитие ги предаваа од едно поколение до другото, сѐ додека не паднале во престап и биле убиени, ограбени, и ловени, и протерувани, и заклани, и расејани по лицето на земјата, и измешани со Ламанитите сѐ додека повеќе не се нарекуваат Нефитите, станувајќи пакосни, и диви, и свирепи, да, дури станувајќи Ламанити.

17 И сега повторно се враќам на мојот извештај; затоа, она што реков се случи откако имаше големи препирања, и немири, и војни, и раздори, меѓу народот на Нефи.

18 Заврши четириесет и шестата година на владеењето на судиите;

19 И се случи дека уште имаше големо препирање во земјата, да, дури и во четириесет и седмата година, а и во четириесет и осмата година.

20 Сепак Хеламан ја исполни судиската столица со правда и еднаквост; да, тој гледаше да ги одржува одредбите, и пресудите, и заповедите Божји; и тој постојано го извршуваше тоа што е праведно во Божјите очи; и одеше по патиштата на татко му, толку многу што напредуваше во земјата.

21 И се случи дека тој имаше два сина. На постариот му го даде името Нефи, и на помладиот, името Лехи. И тие започнаа да раснат во Господ.

22 И се случи дека војните и препирањата започнаа да престануваат, во мал степен, меѓу народот на Нефитите, во крајот на четириесет и осмата година на владеењето на судиите над народот на Нефи.

23 И се случи во четирисет и деветтата година на владеењето на судиите, во земјата се воспостави постојан мир, освен тајните дружини кои Гадијантон разбојникот беше ги воспоствил во понаселените делови на земјата, што во тоа време не биле познати на оние кои беа на челото на управување; затоа не беа уништени од земјата.

24 И се случи дека во оваа истата година имаше премногу големо напредување во црквата, толку многу што имаше илјадници кои се собраа во црквата и се крстеа на покајание.

25 И толку многу големо беше просперирањето на црквата, и толку многу благословите што се излеваа на народот, дека дури и високите свештеници и учителите самите се зачудија вон мерка.

26 И се случи дека Господовото дело успеваше во крштавањето и обединувањето на многу души во црквата Божја, да, дури десетини илјади.

27 Така можеме да гледаме дека Господ е милостив кон сите кои, во искреноста на нивните срца, ќе го повикаат Неговото свето име.

28 Да, така гледаме дека портата небесна е отворена кон сите, дури и на оние кои ќе веруваат на името на Исус Христос, Кој е Синот Божји.

29 Да, гледаме дека сите кои ќе сакаат, можат да го задржат словото Божјо, што е живо и моќно, кое го разделува сето лукавство и замките и измамите на ѓаволот, и го води Христовиот човек во прав и тесен пат преку она вечна бездна на мизеријата што е подготвена да ги проголта пакосните—

30 И да ги постави душите нивни, да, нивните бесмртни души, на десната рака на Бог во царството небесно, да седнат со Авраам, и Исак, и со Јаков, и со сите наши свети татковци, никогаш да не излегуваат повеќе.

31 И во оваа година имаше постојано радување во земјата Зарахемла, и во сите краеви наоколу, дури во сета земја што ја поседуваа Нефитите.

32 И се случи дека имаше мир и извонредно голема радост во остатокот на четириесет и деветта година; да, а исто имаше постојан мир и голема радост во педесеттата година на владеењето на судиите.

33 И во педесет и првата година на владеењето на судиите имаше мир, освен гордоста што почнуваше да навлегува во црквата—не во Божјата црква, туку во срцата на луѓето кои тврдеа дека ѝ припаѓаат на Божјата црква—

34 И тие беа издигнати во гордоста, дури до прогонување на многу од нивните браќа. Сега ова беше големо зло, што предизвикаше понизниот дел на народот да претрпува големи прогонувања, и да помине низ голема неволја.

35 Сепак тие постеа и се молеа често, и стануваа сѐ појаки и појаки во својата понизност, и сѐ поцврсти и поцврсти во верата на Христос, до исполнувањето на нивните души со радост и утеха, да, сѐ до прочистување и осветување на нивните срца, а тоа осветување дојде поради тоа што му ги предадоа нивните срца на Бог.

36 И се случи дека педесет и втората година заврши во мир исто така, освен таа премногу голема гордост што беше навлезена во срцата на луѓето; и беше тоа поради нивните премногу големи богатства и нивното напредување во земјата: и тоа се зголемуваше од ден на ден.

37 И се случи во педесет и третата година на владеењето на судиите, да умре Хеламан, и најстариот син Нефи почна да владее на неговото место. И се случи тој да ја пополни судиската столица со правда и еднаквост; да, тој ги одржуваше Божјите заповеди, и чекореше по патиштата на татко му.