Свети Писма
Хеламан 5


Глава 5

Нефи и Лехи се посветуваат на проповедањето—Нивните имиња ги покануваат да ги обликуваат своите животи по своите предци—Христос ги искупува оние кои се покајуваат—Нефи и Лехи прават многу преобратеници и се затворени, и оган ги опкружува—Облак на темнина засенува триста луѓе—Земјата се потресува, и еден глас им заповеда на луѓето да се покајат—Нефи и Лехи разговорат со ангели, и мноштвото е опкружено со оган. Околу 30 п.н.е.

1 И се случи во таа иста година, ете, Нефи му ја предаде судиската столица на човек чие име беше Цезорам.

2 Зашто штом беа воспоставени нивните закони и нивните управувања според гласот на народот, и оние кои бираа зло беа побројни од оние кои бираа добро, затоа созреваа за уништување, бидејќи законите беа станале корумпирани.

3 Да, а тоа не беше сѐ; тие беа вкочанет народ, толку многу што ниту законот ниту правдата не можеа да ги управуваат, освен за нивното уништување.

4 И се случи Нефи да беше станал многу уморен поради нивното беззаконие; и тој ја напушти судиската столица, и презеде врз себе да го проповеда словото Божјо преку сиот остаток на своите денови, а исто и неговиот брат Лехи, целиот остаток од своите денови.

5 Зашто тие се сеќаваа на словата што им ги кажа нивниот татко Хеламан на нив. И ова се зборовите кои ги кажа:

6 Ете, синови мои, посакувам да се сеќавате да ги одржувате заповедите Божји; и би сакал да му ги објавите овие зборови на народот. Ете, ви ги дадов имињата на нашите први родители кои дојдоа од земјата Ерусалим; и тоа го направив, за кога ќе се сетите на вашите имиња да се сетите на нив; и кога ќе се сетите на нив да се сетите на нивните дела; и кога ќе се сетите на нивните дела да знаете дека е кажано, а и запишано, дека беа добри.

7 Затоа, синови мои, би сакал да го правите тоа што е добро, да може да биде кажано за вас, а и запишано, онако како што е кажано и запишано за нив.

8 И сега синови мои, ете имам уште нешто што посакувам од вас, а таа желба е, не да ги правите овие нешта за да можете вие да се пофалите, туку да ги правите овие работи да стекнете за себе богатство на небото, да, кое е вечно, и кое не избледува; да, да можете да го имате тој скапоцен дар на вечен живот, за кој со причина мислиме дека им беше даден на нашите татковци.

9 О сетете се, сетете се, синови мои, на зборовите кои му ги изрече Цар Венијамин на својот народ; да, сетете се дека нема друг пат ниту средства по кои може човек да се спаси, само преку помирувачката крв на Исус Христос, Кој ќе дојде; да, сетете се дека Тој доаѓа да го искупи светот.

10 И сетете се исто на зборовите кои му ги рече Амулек на Зезром, во градот Амониха; зашто тој му рече дека Господ сигурно ќе дојде да го искупи Неговиот народ, но нема Тој да дојде да ги искупи во нивните гревови, туку да ги искупи од нивните гревови.

11 И Тој има сила што му е дадена на Него од Отецот да ги искупи од нивните гревови поради покајание; затоа Тој ги испратил Неговите ангели да ги објават вестите за условите на покајание, што приближува до моќта на Искупителот, за спасението на нивните души.

12 И сега, синови мои, сетете се, сетете се дека е врз карпата на нашиот Искупител, кој е Христос, Синот Божји, дека морате да ја градите вашата основа; за кога ѓаволот ќе ги прати своите силни ветрови, да, своите стрели во виорот, да, кога сиот град негов и силна бура негова ќе ве удри вас, нема да има моќ над вас да ве повлече долу во бездната на беда и бескраен јад, поради тој камен врз кој сте изградени, кој е сигурен темел, темел на кој луѓе не можат да паднат ако на него градат.

13 И се случи дека овие се зборовите кои Хеламан ги поучуваше на неговите синови; да, ги поучуваше многу нешта што не се запишани, а и многу нешта што се запишани.

14 И тие се сеќаваа на неговите зборови; и затоа одеа напред, и ги одржуваа заповедите Божји, да го поучуваат Божјото слово меѓу сиот народ на Нефи, почнувајќи во градот Изобилство;

15 И оттаму до градот Гид; а од градот Гид до градот Мулек;

16 И така од еден град до другиот, додека не беа отишле меѓу целиот народ на Нефи кои беа во земјата на југ; и од таму до земјата Зарахемла, среде Ламанитите.

17 И се случи дека тие проповедаа со голема сила, толку многу што збунија многу од одметниците кои беа заминале од Нефитите, толку многу што дојдоа и ги исповедаа нивните гревови и се крстеа во покајание, и веднаш се вратија кај Нефитите да се обидат да го поправат тоа што го беа направиле.

18 И се случи Нефи и Лехи да им проповедаат на Ламанитите со толку голема сила и власт, бидејќи имале сила и власт дадена на нив за да можат да зборуваат, а и тоа што треба да кажат им беше дадено—

19 Затоа тие говореа на големото чудење на Ламанитите, убедувајќи ги, толку многу што беа осум илјади Ламанити кои беа во земјата Зарахемла и наоколу кои се крстија во покајание, и се уверија во пакоста на традициите на своите татковци.

20 И се случи Нефи и Лехи оттаму да одат во земјата Нефи.

21 И се случи да ги фати војска на Ламанитите и беа фрлени во затвор; да, дури во тој ист затвор во кој слугите на Лимхи ги фрлија Амон и неговите браќа.

22 И откако тие беа фрлени во затвор многу денови без храна, ете, влегоа во затворот да ги фатат за да можат да ги убијат.

23 И се случи Нефи и Лехи да беа опкружени како со оган, и тоа толку многу што не осмелуваа да ги стават своите раце на нив од страв да не бидат изгорени. Сепак, Нефи и Лехи не изгореа; и тие стоеја во средината на оган а не гореа.

24 И кога видоа дека се опкружени наоколу со огнен столб, и дека не ги гореше, нивните срца се охрабрија.

25 Зашто видоа дека Ламанитите не смееја да ги стават рацете на нив; ниту не смееја да се приближат кон нив, туку стоеја како да беа занемеле од запрепастување.

26 И се случи Нефи и Лехи да излезат и почнаа да им зборуваат, велејќи: Не плашете се, зашто ете, тоа е Бог што ви го покажа ова чудо, во кое ви се покажува дека не можете да ги ставете вашите раце на нас да нѐ убиете.

27 И ете, штом ги рекоа овие зборови, земјата се потресе премногу, и ѕидовите на затворот се затресоа како за малку да ќе паднат на земјата. И ете, оние кои беа во затворот беа Ламанити и Нефитите кои беа одметници.

28 И се случи да беа засенети со облак на темнина, и ги обзема ужасен голем страв.

29 И се случи да дојде некој глас како да беше над облакот на темнината, велејќи: Покајте се, покајте се, и не барајте повеќе да ги уништите Моите слуги кои Јас ви ги испратив да ви објават добри вести.

30 И се случи штом го слушнаа овој глас, и видоа дека не беше глас на громот, ниту беше глас на голема бурна врева, но ете, беше тоа тивок глас на совршена благост, како да беше шепот, а продираше дури и до самата душа—

31 И покрај благоста на гласот, ете се потресе земјата премногу, и ѕидовите на затворот пак се потресоа, како да беа спремни да паднат на земјата; и ете облакот на темнина, што ги беше засенил, не се расеја—

32 И ете повторно дојде глас, велејќи: Покајте се, покајте се, зашто се приближи царството небесно; и не барајте повеќе да ги уништите Моите слуги. И се случи земјата повторно да се потресе, и ѕидовите се потресоа.

33 И повторно, по трет пат, дојде гласот, и им говореше чудесни зборови кои човек не може да ги изрече; и ѕидовите пак се потресоа, и земјата се потресе како да ќе се раздели на парчиња.

34 И се случи дека Ламанитите не можеа да бегаат поради облакот на темнината што ги засенуваше; да, а исто и беа неподвижни поради нивниот страв што ги обзеде.

35 Сега имаше еден меѓу нив кој беше Нефит по раѓање, кој еднаш беше припаѓал на црквата Божја, но беше отстапил од нив.

36 И се случи тој да се заврте, и ете, ги виде низ облакот на темнина лицата на Нефи и Лехи; и ете, тие многу сјаеја, дури и како на лицата на ангелите. И тој виде дека ги дигнаа нивните очи кон небо; и беа во положбата како да разговораат или пак да ги дигнат нивните гласови на некое битие кого го видоа.

37 И се случи овој човек го довикуваше мноштвото, да можат да се завртат и да погледнат. И ете, имаше сила дадена на нив така што се завртеа и погледнаа; и тие ги видоа лицата на Нефи и на Лехи.

38 И тие му рекоа на човекот: Ете, што значат сите овие нешта, и кој е оној со кого разговораат овие луѓе?

39 Сега, името на тој човек беше Аминадаб. И Аминадаб им рече: Тие разговорат со Божјите ангели.

40 И се случи Ламанитите да му речат: Што да правиме, за да може овој облак на темнина да биде отстранет за да не нѐ засенува?

41 И Аминадаб им рече: Морате да се покаете, и да го довикате гласот, сѐ додека да не имате вера во Христос, за кој ве проучуваа Алма, и Амулек, и Зезром; и штом го направите ова, облакот на темнина ќе биде отстранет за да не ве засенува.

42 И се случи дека започнаа да го повикуваат гласот на Него кој ја беше потресол земјата; да, повикуваа сѐ додека не се расеа облакот на темнината.

43 И се случи кога го фрлија својот поглед наоколу, и видоа дека беше расеан облакот на темнина така што не ги засени, ете, видоа дека беа опкружени, да секоја душа, со огнен столб.

44 И Нефи и Лехи беа среде нив; да, беа опкружени; да, како да беа среде пламен оган, сепак не им наштети, ниту не ги фати ѕидовите на затворот; и беа исполнети со таква радост што е неопислива и полна со слава.

45 И ете, Светиот Божји Дух се спушти од небо, и влезе во нивните срца, и тие се исполнија како со оган, и можеа да изустат чудесни зборови.

46 И се случи да им дојде глас на нив, да, мирен глас, како да беше шепот, велејќи:

47 Мир, мир нека има врз вас, поради вашата вера во Мојот Возљубен, кој е од основањето на светот.

48 А сега, кога го слушнаа ова ги фрлија нивните погледи да видат од каде доаѓаше гласот; и ете, видоа небото да се отвори; и ангели излегоа од небото и им служеа.

49 И беа околу триста души кои ги видоа и слушнаа овие работи; и им беше заповедано да одат и да не се чудат, ниту да се сомневаат.

50 И се случи дека тие излегоа, и му служеа на народот, објавувајќи ги нештата кои беа ги слушнале и виделе низ сите области наоколу, толку многу што поголемиот дел од Ламанитите беа убедени од нив, поради големината на доказите што беа ги добиле.

51 И колку што беа убедени толку ги положија своите воени оружја, и исто нивната омраза и традицијата на своите татковци.

52 И се случи да им ги предадат на Нефитите земјите на нивниот посед.