Глава 11
Нефи Го гледа Духот на Господ и му е покажано во визија дрвото на животот—Тој ја гледа мајката на Синот на Бог и учи за удостојувањето на Бог—Тој гледа крштавање, служба, и распнување на Божјото Јагне—Тој ги гледа исто повикот и службата на Дванаесеттемина Апостоли на Јагнето. Околу 600–592 п.н.е.
1 Зашто се случи откако бев посакал да ги дознаам нештата кои татко ми беше ги видел, и верувајќи дека Господ може да ми ги открие, додека седев размислувајќи во срцето, бев одведен во Духот на Господ, да, на една извонредно висока планина, која никогаш порано не бев ја видел, и врз која никогаш порано не бев стапнал.
2 И Духот ми рече: Ете, што посакуваш ти?
3 И реков: Посакувам да ги видам нештата кои татко ми ги виде.
4 И Духот ми рече: Дали веруваш дека татко ти го виде дрвото за кое зборуваше?
5 И реков: Да, знаеш дека им верувам на сите слова на татко ми.
6 И кога бев ги изговорил овие зборови, Духот извика со силен глас, велејќи: Осана на Господ, највисокиот Бог; зашто Тој е Бог над сета земја, да, дури и над се́. И благословен си ти, Нефи, затоа што веруваш во Синот на највисокиот Бог; затоа, ќе ги видиш нештата кои ги посакуваше.
7 И ете ова нешто ќе ти биде дадено како знак, дека откако си го видел дрвото кое го роди плодот, кој татко ти го вкуси, ќе видиш исто и човек да се симне од небото, и Него ќе му сведочиш; и откако ќе му сведочиш Него ќе водиш запис дека е Синот на Бог.
8 И се случи дека Духот ми рече: Погледни! И погледнав и видов едно дрво; и тоа беше како дрвото кое татко ми беше го видел; и неговата убавина беше далеку над сѐ, да, надминувајќи ја сета убавина; и неговата белина ја надминуваше белината на наносениот снег.
9 И се случи откако бев го видел дрвото, му реков на Духот: Гледам дека ми го покажа дрвото кое е скапоцено над сѐ.
10 И тој ми рече: Што посакуваш ти?
11 И му реков: Да го знам неговото толкување—зашто му говорев нему како што човек говори; зашто видов дека беше во форма на човек; уште сепак, знаев дека беше Духот на Господ; и ми говореше како што човек говори еден со друг.
12 И се случи дека ми рече: Погледни! И погледнав како да гледам врз него, а не го видов; зашто беше си заминал од моето присуство.
13 И се случи дека погледнав и го видов големиот град Ерусалим, а исто и други градови. И го видов градот Назарет; и во градот Назарет видов една девица, и таа беше извонредно убава и бела.
14 И се случи дека ја видов небесата да се отвори; и еден ангел се спушти и стоеше пред мене; и ми рече: Нефи, што гледаш ти?
15 И му реков: Една девица, најубава и најпрекрасна над сите други девици.
16 И тој ми рече: Дали знаеш за удостојувањето од Бог?
17 И му реков на него: Знам дека Тој ги љуби Неговите деца; сепак, не го знам значењето на сите нешта.
18 И ми рече: Ете, девицата која ја гледаш е мајката на Синот на Бог, според начинот на телото.
19 И се случи дека видов дека таа беше одведена од Духот; и откако беше одведена од Духот за извесно време ангелот ми говореше, велејќи: Погледни!
20 И погледнав и ја видов девицата повторно, носејќи дете во нејзините раце.
21 И ангелот ми рече: Ете го Божјото Јагне, да, дури и Синот на Вечниот Отец! Дали го знаеш значењето на дрвото кое татко ти го виде?
22 И му одговорив, велејќи: Да, тоа е љубовта на Бог, која се излива широко во срцата на човечките деца: затоа, таа е најпосакувана над сите нешта.
23 И тој ми говореше, велејќи: Да, и најрадосно за душата.
24 И откако беше ги кажал овие зборови, ми рече: Погледни! И погледнав и го видов Синот на Бог како оди помеѓу човечките деца; и видов многумина да паднат пред Неговите нозе и да му се поклонуваат Него.
25 И се случи дека видов дека железната прачка, која татко ми ја беше видел, беше словото на Бог, која водеше до изворот на живи води, односно до дрвото на животот; чии води се симбол на љубовта на Бог; а исто и видов дека дрвото на животот беше симбол на љубовта на Бог.
26 И ангелот ми рече повторно: Погледни и види го удостојувањето на Бог!
27 И погледнав и Го видов Искупителот на светот, за кого татко ми беше говорел; а исто и го видов пророкот кој ќе го подготви патот пред Него. И Божјото Јагне отиде и беше крстено од Него; и откако беше крстен, ја видов небесата да се отвори, и Светиот Дух слезе од небото и остана врз Него во ликот на гулаб.
28 И видов дека Тој тргна служејќи му на народот, со моќ и голема слава; и мноштвата беа собрани заедно за да го слушнат Него; и видов дека го отфрлија Него од помеѓу нив.
29 А исто и видов дванаесетмина други како го следат Него. И се случи дека беа одведени од Духот од пред моето лице, и не ги видов.
30 И се случи дека ангелот ми говореше повторно, велејќи: Погледни! И погледнав, и ја видов небесата пак да се отвори, и видов ангели да се симнат врз човечките деца: и им служеа на нив.
31 И ми рече повторно, велејќи: Погледни! И погледнав, и го видов Божјото Јагне да тргне помеѓу човечките деца. И видов мноштва на луѓе кои беа болни, и кои беа погодени со секаков вид на болести, и со ѓаволи и со нечисти духови; и ангелот ми говореше и ми ги покажа сите овие нешта. И беа исцелени преку моќта на Божјото Јагне; а ѓаволите и нечистите духови беа отфрлени.
32 И се случи дека ангелот ми рече повторно, велејќи: Погледни! И погледнав и го видов Божјото Јагне, дека Тој беше одведено од луѓето; да, Синот на вечниот Бог беше осуден од светот; и јас видов и сведочев.
33 И јас, Нефи, видов дека Тој беше кренат на крстот и убиен за гревовите на светот.
34 И откако Тој беше убиен, ги видов мноштвата на земјата, дека беа собрани заедно да се борат против апостолите на Јагнето; зашто така беа дванаесеттемина наречени според ангелот на Господ.
35 И мноштвото на земјата беше собрано заедно; и видов дека беа во голема и просторна градба, слично како градбата која ја виде татко ми. И ангелот на Господ ми говореше повторно, велејќи: Ете го светот и неговата мудрост; да, ете го домот Израелов се собрал заедно да се бори против дванаесеттемина апостоли на Јагнето.
36 И се случи дека видов и сведочев, дека големата и просторна градба беше гордоста на светот; и тој падна, и неговиот пад беше извонредно голем. И ангелот на Господ ми говореше повторно, велејќи: Така ќе биде уништувањето на сите нации, колена, јазици, и народи, кои ќе се борат против дванаесеттемина апостоли на Јагнето.