Глава 20
Господ му ги открива Неговите цели на Израел—Израел е одбран во печката на маката и треба да тргне од Вавилон—Споредете со Исаија 48. Околу 588–570 п.н.е.
1 Послушајте и слушнете го ова, О дому на Јаков, кои се нарекувате со името на Израел, и кои сте произлегле од водите на Јуда, односно од водите на крштавање, кои се колнете преку името на Господ, и Го спомнувате Богот на Израел, сепак не се колнат во вистина, ниту во правда.
2 Сепак, се нарекуваат себеси дека се од светиот град, но не се потпираат на Богот на Израел, кој е Господ на Војските; да, Господ на Војските е името Негово.
3 Ете, Јас од почетокот сум ги изјавил поранешните нешта; и излегуваа од Мојата уста, и Јас ги покажав. Јас им ги покажав ненадејно.
4 И Јас го вршев затоа што Јас знаев дека си тврдоглав, и твојот врат е железна жила, а твоето чело е месинг;
5 А Јас дури од почетокот ти изјавив; пред да се случи Јас ти ги покажав; и Јас ти ги покажав од страв, да не речеш—Мојот идол ги направил, и мојот врежан лик, и мојот врежан лик им заповеда.
6 Ти си го видел и чул сето ова; и зар нема да го изјавиш? И дека Јас сум ти покажал нови нешта од ова време, дури и сокриени нешта, и ти не ги знаеше.
7 Тие сега се создадени, и не од почетокот, дури пред денот кога не ги слушна, тие беа објавени на тебе, за да не речеш—Ете ги знаев.
8 Да, и ти не слушна; да, не знаеше; да, од тоа време твоето уво не беше отворено; зашто Јас знаев дека ќе постапиш многу предавнички, и беше наречен престапник од утробата.
9 Сепак, заради Моето име Јас ќе го оттргнам Мојот гнев, и заради Мојата слава Јас ќе се воздржувам да Јас да не те отсечам.
10 Зашто, ете, Јас те прочистив, Јас те избрав тебе од печката на маката.
11 Заради Моето сопствено добро, да, заради Моето сопствено добро Јас ќе го направам ова, зашто Јас нема да дозволам Моето име да биде загадено, и Јас нема да му ја давам Мојата слава на друг.
12 Послушај ме Мене, О Јакове, и Израеле Мојот повикан, зашто сум Јас Тој; Јас сум првиот, а Јас исто сум последниот.
13 Мојата рака исто така ја постави основата на земјата, и Мојата десна рака ја опфати небесата. Јас ги повикувам нив и заедно стојат.
14 Сите вие, соберете се и слушајте; кој среде нив им ги изјавил овие нешта? Господ го возљубил; да, и Тој ќе го исполни Неговото слово кое Тој им го изјавил преку Нив; и Тој ќе го направи Неговото задоволство на Вавилон, и Неговата рака ќе стигне врз Халдејците.
15 Исто, вели Господ; Јас Господ, да, Јас сум зборувал; да, Јас сум го викнал да изјавува, Јас сум го довел, и тој ќе го направи својот пат да е успешен.
16 Приближете се до мене; Јас не сум говорел тајно; од почетокот, од времето кога тоа беше изјавено Јас сум говорел; и Господ Бог и Неговиот Дух ме пратиле.
17 И така вели Господ, твојот Искупител, Светецот на Израел; Јас сум го испратил Него, Господ, твој Бог, кој те подучува Тебе за твојата полза, кој те води по патот по кој треба да одиш, го направил тоа.
18 О да ги беше послушал Моите заповеди—тогаш твојот мир ќе беше како река, и твојата праведност како морски бранови.
19 Твоето потомство беше како песокот; потомството на твоите утроби како неговото камче; неговото име не требаше да биде отсечено ниту уништено пред Мене.
20 Излегувајте од Вавилон, бегајте од Халдејците, со распеан глас објавете, кажете го ова, разгласете до крајот на земјата; кажете: Господ го искупи Неговиот слуга Јаков.
21 И не ожеднуваа; Тој ги водеше низ пустините; Тој предизвика водите да течат од карпата за нив; Тој ја расцепи карпата исто така и водите бликнаа.
22 И без оглед на сето тоа што Тој го беше сторил тој, а и поголеми исто, нема мир, вели Господ, за пакосните.