Свети Писма
1 Нефи 21


Глава 21

Месијата ќе им биде светлина на Неевреите и ќе ги ослободи затворениците—Израел ќе биде собран со моќ во подоцнежните денови—Цареви ќе бидат нивни негуватели—Споредете со Исаија 49. Околу 588–570 п.н.е.

1 И повторно; Слушнете, О вие доме Израелов, сите вие кои сте одделени и протерани поради пакоста на пастирите на Мојот народ, да, сите вие кои сте искршени, кои сте распрснати надвор, кои сте од Мојот народ, О доме Израелов. О слушнете ме, острови, и послушајте вие народи од далеку; Господ ме повика од утробата; од утробите на Мојата мајка Тој го спомна Моете име.

2 И Тој ја направи мојата уста како остар меч; во сенката на Неговата рака ме Тој ме сокри, и ме направи сјајна осовина; во Неговата футрола Тој ме сокри;

3 И ми рече: Ти си Мојот слуга, О Израел, во кого Јас ќе бидам прославен.

4 Тогаш реков, се трудев залудно, ја потрошив својата сила за ништо и залудно; сигурно мојата пресуда е со Господ, а моето дело со мојот Бог.

5 И сега, вели Господ—кој ме обликуваше од утробата да му бидам Негов слуга, за да го вратам Јаков повторно кај Него—иако Израел не е собран, допрва ќе бидам славен во очите Господови, и мојот Бог ќе биде мојата сила.

6 И Тој рече: Малку е тоа што ќе ми бидеш слуга за да ги издигнеш племињата на Јаков, и да ги обновиш зачуваните на Израел. Јас исто ќе те дадам како светлина за Неевреите, за да можеш да бидеш Моето спасение до краиштата на земјата.

7 Така вели Господ, Искупителот на Израел, Неговиот Светец, на Него кого човекот го презира, на Него кого нациите го мразат, на слугата на владители: Цареви ќе видат и ќе станат, принцови исто така ќе се поклонат, заради Господ Кој е верен.

8 Така вели Господ: Во прифатливо време Јас сум те слушнал, О острови на морето, и во ден на спасение дека Јас сум ви помогнал; и Јас ќе ве зачувам, и ќе ви го дадам својата слуга како завет на народот, за да ја воспостави земјата, за да направи да се наследат опустошените наследства;

9 Така да можеш да им кажеш на затворениците: Излезете; на оние кои седат во темнина: Покажете се. Тие ќе се хранат на патиштата, и нивните пасишта ќе бидат на сите високи места.

10 Тие нема да огладуваат ниту ожеднуваат, ниту жештината ни сонцето ќе ги удрат; зашто Тој кој има милост за нив ќе ги води, и тоа покрај извори со вода Тој ќе ги води.

11 И сите Мои планини Јас ќе ги направам пат, и Моите патишта ќе бидат возвишени.

12 И тогаш, О доме Израелов, ете, овие ќе дојдат од далеку; и ете, овие од северот и од западот, и овие од земјата Синим.

13 Пејте, О небесо; и бидете весели, О земјо; зашто нозете на оние кои се на истокот ќе бидат воспоставени; и запејте, О планини; зашто веќе нема да бидат удирани; зашто Господ го утешил Неговиот народ, и ќе има милост врз Неговите погодени.

14 Но ете, Сион рекол: Господ ме напуштил, и мојот Господ ме заборавил—но Тој ќе покаже дека не е така.

15 Зашто, може ли жена да го заборави своето дете што цица, да нема сочувство за синот од нејзината утроба? Да, може да заборават, сепак Јас нема да те заборавам, О доме Израелов.

16 Ете, Јас сум те врежал на дланките од Моите раце; твоите ѕидови се постојано пред Мене.

17 Твоите деца ќе брзаат против твоите уништувачи; и оние кои те истрошија ќе си заминат од тебе.

18 Крени ги твоите очи и погледни наоколу и види: сите овие се собираат заедно, и ќе дојдат кај тебе. И како што Јас живеам, вели Господ, сигурно ќе се облечеш со сето тоа, како со украс, и ќе се накитиш токму како невеста.

19 Зашто твоите урнатини и твоите опустошени места, и земјата на твоето уништување, токму сега ќе биде претесна од причината на жителите; и оние кои те проголтаа ќе бидат далеку.

20 Деца кои ќе ги имаш, откако ги изгуби првите, повторно во твоите уши ќе речат: Местото е премногу право за мене; дај ми место за да можам да живеам.

21 Тогаш ќе кажеш во твоето срце: Кој ми ги роди овие, гледајќи дека сум ги изгубила децата, и сум опустошена, заробеник, и талкам ваму и таму? И кој ги одгледа? Ете, бев оставена сама; овие, каде биле?

22 Така вели Господ Бог: Ете, Јас ќе ја кренам Мојата раката на Неевреите, и ќе го поставам Моето знаме за народите; и тие ќе ги донесат твоите синови во рацете, и твоите ќерки ќе бидат носени врз нивните раменици.

23 И цареви ќе ти бидат негуватели, а нивните царици твои доилки; тие ќе ти се поклонуваат со лицето кон земјата, и ќе го лижат правот од твоите нозе; и ќе знаеш дека сум Јас Господ; зашто тие нема да бидат засрамени што ме чекаат Мене.

24 Зашто може ли да се одземе пленот од моќните, или законските заробеници да се избават?

25 Но така вели Господ, дури и заробениците на моќните ќе се одземат, и пленот на ужасните ќе биде избавен; зашто Јас ќе се препирам со оној кој се препира со тебе, и Јас ќе ги спасам твоите деца.

26 И Јас ќе ги хранам оние кои те угнетуваат со нивното сопствено месо; ќе бидат пијани со нивната сопствена крв како со благо вино; и секое тело ќе знае дека Јас, Господ, сум твојот Спасител и твојот Искупител, Моќниот на Јаков.