Глава 9
Нефи прави два комплета на записи—Секој е наречен плочите на Нефи—Поголемите плочи содржат светска историја; помалите се занимаваат првенствено со свети нешта. Околу 600–592 п.н.е.
1 И сите овие нешта татко ми ги виде, и слушна, и говореше, додека живееше во шатор, во долината Лемуил, а исто и големи други нешта, кои не можат да бидат напишани врз овие плочи.
2 И сега, како што реков во врска со овие плочи, ете не се плочите врз кои правам цел извештај за историјата на мојот народ; зашто плочите врз кои правам цел извештај за мојот народ сум ги именувал Нефи; затоа се наречени плочите на Нефи, според моето сопствено име; а овие плочи исто така се наречени плочите на Нефи.
3 Сепак, сум добил заповед од Господ дека треба да ги направам овие плочи, за посебна цел дека треба да има извештај врежан за службата на мојот народ.
4 Врз другите плочи треба да биде врежан извештај за владеењето на царевите, и војните и препирањата на мојот народ; затоа овие плочи се во поголемиот дел за службата; а другите плочи се во поголемиот дел за владеењето на царевите, и војните и препирањата на мојот народ.
5 Затоа, Господ ми заповеда да ги направам овие плочи за мудра цел во Него, која цел не ја знам.
6 Но Господ ги знае сите нешта од почетокот; затоа, Тој подготвува начин да ги исполни сите Негови дела помеѓу човечките деца; зашто ете, Тој ја има сета моќ за исполнувањето на сите Негови слова. И така е. Амин.